1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали бирате партнер според професиjа?

Дискусија во 'Врски' започната од vitomir, 27 ноември 2011.

  1. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Кога го запознав моето момче беше сосем случајно и пријателски, подоцна дознав дека кај мене го привлекло токму мојата амбициозност и знаење, беше изненаден од тоа колку долго можевме да разговараме на секакви теми, имавме многу познавање во музиката, правото, историјата..

    А јас кога прв пат го видов ме привлече физички, но само толку. Искрено, не се заинтересирав да разговарам долго со него, се додека не слушнав кој е всушност. Не е некој милионер, ниту познат богаташ, но е доста почитуван и амбициозен. Тоа ме натера да го задржам вниманието на него и сега веќе сме неразделни.
     
    На Offspring и enca.69 им се допаѓа ова.
  2. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    откако ги прочитав вашите мислења драги феминки, еве и јас да си казам за мене:

    не , не бирам партнер според професија, и не поднесувам мрзи(лези лебче да те јадам) не е вазно дали личноста икс е дипломиран или не, факт е дека секој треба да почне од некаде, да се искачува скала по скала за да достигне до врвот, не се родиле сите со златна лазичка

    личноста со која сум е вработен, со визии за иднината, амбициозен, оформен карактер,ја имам поддршката
    која мие потребна, посветен на семејството и домот ( што ми се допага :))
     
  3. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.243
    Допаѓања:
    43.110
    Не знам дали е до мене, ама до сега сите партнери, со еден исклучок, ми биле тешки електраши :lol:

    Можеби е до тоталната различност, јас сум книжевник, па до сега само такви мажи ме привлекуваат. Што е најинтересно, не сум имала предзнаење за нив, што како, едноставно низ самата дружба, симпатишање, ќе ти каже - еј па студирав електро. Јееј, си викам јас, уште еден гик! :lol:

    Ако веќе зборуваме за финансискиот дел, не знам дали тоа баш ми било прва помисла на свои 16, 17. Гледаш да си се забавуваш, ако си заљубен, не шишаш никој, и тоа е тоа. Го градиш сопственото емотивно искуство.
    Сега, на 24, секако дека ми е важно човекот со кој што сум, да е работлив. Не мора да е утепано амбициозен и да не се свртува дома под изговор - "Ова за нас, за себе за тебе го правам", зошто фала богу и јас си имам свои приходи. Зборувам за конкретна ситуација. Така што, важно ми е да е вработен, да има некаква цел што си ја следи, но да не е воркохолик. Баланс, практично.
    Професија е малку генерализирачки, зошто еве, завршив книжевност, а работам сосема друга работа. Да бев медицинар, можеби ќе бев сега во некоја од тие установи. Важно е да се работи за да се одржува дисциплината со реалноста.
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Не бирам партнер според „професија“ или во мој случај образование/класа.
    Секој партнер условно кажано со кој сум била, нормално ме привлекувал физички па после све остало. Овој партнер кој го имам сега не би го менувала за ништо и за никого. Честопати знаеме да говориме на темава, како и дали може да се успее во земјава, затоа што е без факултет и сл. и познавам и знам многу случаеви од двете страни, кај што имал мажот некој статус, пари и сл. но бракот бил една обична фарса сведен на „лепо певам, добро се носим“ а односот измеѓу нив строго службен.
    Јас сум многу традиционална во однос на прашањево, и јас ќе кажам дека од љубов се прават деца, и од љубов можеш да ги исчуваш тие деца. Ако не, воопшто немој ни да ги правиш ако немаш услови на здрав и прав пат да ги истераш. Така да, битно ми е да се има амбиции во животот, да се сака нешто да се успее во животот, да не се спие и да се чека дедо Боже да ти најде работата.
    Може немаме ни јас ни тој бог знае колку пари, но од срце му се заблагодарувам на Господ што ми го донесе овој човек кој не се срами да работи било што, за негови години има работено над 10 работи и се труди и бори за својата егзистенција. Е да, со таков човек вечно би останала заедно и покрај тоа што не секогаш ќе го имам тоа што го сакам од материјална гледна точка, отколку со некое плачипиче милениче на тато и мама, газда на сепаре и златан ланац око врата, којшто попрво би му повратила него ли да го пољубам.
     
  5. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    МНогу ми е жал што овде сме повеќе жени, а само малку мажи да го кажат својот став. Еве јас ќе пробм да го кажам она што го гледам од мажите. Мислам дека денес мажите гледаат што е жената, дали има стан, дали е вработена (мама и тато му кажуваат да најде вработена, со стан, а не како порано, доволно било во мираз спална да донесе). Мислам дека на мажите им е многу поважна професијата на партнерката, затоа што гледаат дека сега е наше време, и стануваат пасивни лежачи кои одбвај чекаат некоја да ги части, издржува и да им обезбеди добар живот, а додека таа работи за него, тој некаде има и друга. Само неколку примери од околина за тоа колку на мажите им е битна професијата:
    1. Мажот на моја пријателка почна и да ја тепа за да најде работа, а таа кутрата никако да најде.
    2. Друг комшија дури си ја испротитуира својата жена додека не и најде работа во администрација.
    3. Легач дечко кој очекува девојката да му плаќа, зашто баш сега немал.
    4. Јак ебач што мисли дека толку е јак, што тоа треба да му се плати на разни начини.
    5. Пријател што сака таа да е дотерана, ама друг да и купува работи. А ако може и швалер да има за да го исцица и двајцата да си уживале????
    Е драги фемминки, светот не е толку розов, љубовта ја имаат малкумина, а се друго е интерес.
    Можеби ќе ме нападнете, но само ви кажав случки од животот.
    Затоа е најдобро златна средина и широко отворени очи при избор на партнер за цел живот.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Читам на првата страна сте се фатиле за адвокатите, па и јас да се изјаснам на прашањево: со се‘ би тргнала, освен со адвокат :D Чудни искуства си имам :D

    Партнер според професијата не бирам... се‘ уште. Млада сум, се загледувам во момци кои се отприлика на моја возраст, нека се и до 7-8 години постари. А таквите денес се претежно студенти. Што да правам, во такви пријателски кругови се движам, не познавам многу кои се решиле да не го продолжат своето образование на факултет.

    Инаку, примерот со ѓубретарот на почетокот воопшто не е на место. Сте виделе ли млад човек да го работи тоа? Јас барем не. Ми се чини денес никој од младите не е со толку ниски амбиции.
     
  7. Miss-dior

    Miss-dior Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    126
    Многу интересна тема,али еве да си кажам мое мислење:Некои може ке ме осудат други ќе ме подржат сите сме со различни сфаќања спрема тоа...како најпрво јас самата како личност си ги ценам способностите и неможам да завршам со "било"каков дечко што значи:јас како магистер неможам да бидам со личност со средно образование :!: не велам дека таквите се глупави,мрзеливи...али ипак сакам да е блиску до мое ниво на пример да има факултет. Пошто ако јас работам и земам солидна плата тој што ќе работи со средно????Што значи од старт го гледам типот каков е,дали ми одговара карактерно и што образование има и понатаму оставам да си течат работите како што треба.
     
  8. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.418
    Допаѓања:
    4.980
    Незнам точно од кој аспект да го гледам прашањево...
    Од аспект на Каква професија-да бирам, не дали е продавач или не го гледам така, туку не сакам одредени професии, едноставно неможам да се замислам со нив (како со доктор на пример, или фризер партнер, не фала). (се согласувам со Hipica дека примерот со ѓубретарот не е на место)
    исто така несакам типови како што погоре прочитав-лези лебу да те једем, па добро мајко му стара, каков татко ќе биде тој на моето дете, каков пример ќе му дава?!
    Од аспект на професија според плата-НЕ, треба да му се цени трудот, не велам не, но тоа и не ми е толку битно, битно е да биде паметен,амбициозен и да се труди, понатака се може да се надоградува, унапредува и менува.
    Секако тука играат улога и многу други фактори, но кога ќе се земе во глобала, тоа би било тоа за мене!
     
  9. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Прочитав до 5 страна и веќе ме мрзеше, ама тука сите поштени бе? На никој не му е важна професијата :^) Мајката...Браво, како тоа сме имале многу поштени девојки у државава а јас незнам? Или тоа само на хартија и што мислите дека ЕТИЧКИ би било правилно и коректно, додека "in practice" - сосема трета приказна..

    Да ве прашам вака: Се запознавате со двајца дечковкци истовремено, едниот ви кажува дека е инжињер а другиот дека е вратар у фирма некоја....За кого би биле позаинтересирани? За кого би ви светнале очите? За инжињерот или за вратарот? Кого ќе ви е поинтересен уште од самиот старт? И да не се лажеме дека е вратарот, затоа што уште во тој момент веќе имате на ум и го имате намерено инжињерот...Убаво кажа некој дека кога бираме партнер, БИРАМЕ !!!!!!! Да важна е хемијата не викам не, и тоа доста е важна, но сепак ние уште од самиот старт според професијата си имаме претстава каков би бил тој човек, зашто според тоа имаме одредени очекувања од него и си градиме слика за тоа каков е он, што во многу случаеви - таа слика е далеку од реална, но ние сме премногу слепи за да ја видиме реалноста и живееме со ИДЕЈАТА за тоа каква е таа личност....Во нашите очи е ИДЕАЛНА и е се што сме барале....

    Друг пример....Општ разговор со другарките, праите муабет за некој и ќе слушнете аууууу тој архитект е, ауууу тој инжињер е, доктор е, што ви кажува тоа? Тоа укажува дека според професијата си имаме одредени перцепции за личностите и базирано на тоа чувствуваме моментална привлечност врз база на тоа тоа што СЕ, или што постигнале....На крај крајот сепак оваа привлечност е базирана барем на нешто вредно што го постигнал човекот за разлика од тоа да биде базирана само од физички аспект.

    И за крај да не се лажеме, затоа што тоа е реалноста....Професијата е важна !!!!!!!! Освен ако не го знаете човекот цел живот па има милијарда други фактори у прашање...А кога се запознавате со некој,И ТЕ КАКО е доста важен фактор.....Не сум ни јас нешто поарен.....Без да ги видам физички да ми кажете дека пред мене имам две девојки од кои едната со средно а другата со факултет, без мислење би сакал да се запознаам со таа што завршила факултет....Едноставно тоа ти е борба за опстанок, а ние како луѓе (а и сите други животни на земјава), се раководиме според тој инстинкт, да опстамене - да сме со супериорни личности, заради тоа што инстинктот ни укажува на дека имаме поголема можност за успех...
     
    На Miss-dior и joelle им се допаѓа ова.
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Еј! Да а? Факултет а? А кажи ми колку девојки знаеш со факултет а се изразуваат на начин ко да немаат завршено ниту осмоЉетка а? Не баш малку :) Да не ти посочувам пример, не ме терај молим те :D Факултетот одамна не е мерка за култура, вистинска начитаност, а најмалку за интелигенција и интелектуална стимулација.
    Така да поентата ми е како и во претходниот пост, дека априори без да познаваш некого е премногу глупаво да го осудуваш и создаваш заклучок за тоа каква е личноста врз основа на - диплома, професија.
    Мене ми е јасно да на некој му е пресудна професијата, ама темава е толку опширна што е многу глупаво да ја стесниме на обичното - шо си ти бе батка? У влада работам. Аааа у владаааа, леле топ. А што работиш у влада? Па чистам. Аааа - епа ај чао. И му ја треснуваш вратата пред фаца :D
    И да одделиме две ствари, битна ви е професијата пошто сакате финансиски да сте стабилни како пар, како идно семејство или сакате некој интелектуално да ве стимулира? Пак две различни ствари.
    Гледајќи ја темава све Ајнштајн до Ајнштајн искочивме - она го праќаш претходно у Менса и му правиш тест на интелигенција. Ако искача под 150 ма не го ни пипаш :D
    А ако е за финансиска стабилност, баш има голем број на професии кои онака, генерално се потценувани бидејќи се вклучува повеќе физичка отколку умствена работа, и се многу подобро платени.
    На пример - ѕидар. Хм. Или шо ти знам, некој занает. И кој вели патем дека ѕидарот или некој друг занаетџија не може да го чита во слободно време Киркегаард или да го толкува Ниче, а? :)
     
    На Look, Lacrimosa, Strumfeta93 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. marija.hana.una

    marija.hana.una Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    35
    Битни обете. И професија и образование.

    Има безброј комбинации. Еве ги базичните:

    Мастер + амбициозен + добро платена работа = екстра премија (тешко се ловат вакви примероци)
    ВСС + добро платена работа = топ
    ВСС + лошо платена работа = фино
    ССС + надпросечно платена работа = фино
    ССС + безработник = не иде у обзир
    Мастер + неснаодлив безработник што само од книга разбира (ако разбира?!?!?) = не иде у обзир

    Е сега на кој колку му е долго чергичето, па толку да си ги пружи нозете...
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. theothertwo

    theothertwo Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    Бирам партнер според тоа СО КАКОВ СПОРТ се занимава :D :D /па нека бил и вратар м?/
     
  13. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Тука во последниве 10 години особено од кога се појавија метросексуалци, според анкети 76% од женското население повеќе сакаат tradie(ѕидар, молер итн) одколку некој со white collar profession.
    Oбјаснување им е дека tradie работи од 8-4, поприземјен е , добро заработува и се наоѓа за поправки низ дома :lol:

    А ѓубреџијата ако ви носи 1500 евра неделно пак нема да го сакате, i dont think so, толку заработуваат тука, повеќе и од доктор, особено оние што го сортираат рециклираното ѓубре, се тепаат за работа таму, $90 сатница им е,и на градежните работници тука некаде им е сатницата.

    И се сложувам со Phyramide факултетот не е мерка за култура, интелегенција, само тука на форумот колку ги има кои се на факултет а пишуваат како да се 1 одделение.

    Кога почнав да излегувам со мм не ни знаев што работи, имаше хемија, интересен и забавен ми беше и тоа ми беше најважно, битно ми беше да работи , да не седи пред тв цел ден со пивото во рака или цел ден да поминува во правење на ливчиња за спортска, колку сака нека е образуван таков никогаш не би сакала покрај себе.
     
    На Annath, srcekrsacka, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    Професијата не ми е важна, но важно ми е ТОЈ да биде на исто или на повисоко образовно ниво од мене. Важно е што има во глава, а не што работи и да може да правиме нормален муабет. Оној кој е паметен, има познавања, е амбициозен и има најосновна култура лесно ќе се снајде, па макар и почнал од нула.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Да си ми жива и здрава.
    И супер ти беше примерот на крајот со ѕидарот.
    Значи, како што тврди Мистери, нам ни светнуваат очичките на инжењери или графички дизајнери - зашто многу сакаме да слушаме за технички проблеми, наука и математика, или за јава и не знам ти таму што (ова сега лупам, стварно немам поим) или - затоа што пред очите ви излегуваат вакви симболи - $$$$$$$.

    Разграничете самите со себе дали професијата кај партнерот ја сметате за предност на финансиски или умствен план.

    Јас веќе се изјаснив по прашањево - и не лицемерам воопшто.
    Мене ми е важно ментално да ме стимулира, да знае работи за кои јас немам поим, и секојдневно да учам од него, како и тој од мене. Да не биде мрзелив, да има визија за иднината, да знае да опстане.
    Да ме надополнува и да ме почитува, и што би рекла баба ми - да не е пијандура, коцкар и женкар.
    И да е одличен во кревет.

    Јас си тргнувам од моите родители - две сосема обични професии од средната класа, татко ми е со факултет, мајка ми со виша, значи тука треба да ја пратиме по ѓаволите :^) , нема врска што е 10 пати повредна, попаметна и поначитана од некои со титула магистер.
    Моите почнале од нула, со две украдени виљушки од ресторан, зашто немале со што да јадат по дома, за да по година дена му вратат цел сервис на сопственикот кој се изнасмеал на "крадциве." :D
    Од ништо денес изградиле се' што имаме, со љубов и труд.

    Ако мене тоа ме прави последниот непоправлив романтичар на планетава, нека биде така.
    Мене ми е важно да не се срамам од дечко ми во друштво или во јавност, да лупа некакви тикварски муабети, или да нема никакви манири на однесување.
    А ако управувач на кран или ѕидар е причина да се срамите од партнерот, а не фактот што не разликува Иран од Ирак, браво за вас.
     
    На glosipgirl, Annath, JuLleE и 14 други им се допаѓа ова.
  16. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Девојки, се сложувам со вас и еве отворено ќе си признаам - јас сум можеби чуствителна на оваа тема од лични причини. Можеби или сигурно.
    Но навистина не може толку еднодимензионално да се гледа на темава. Плус што сите сме различни како поединци. И навистина не ми се верува дека на форумов се собравме све квантни физичари. Јас еве не знам со програмер за што би правела муабет, признавам, ако му е тоа приоритет, ондак јас ќе делувам покрај него како глупава плавушица.
    Секое тенџере си бара свое капаче.

    Ви текнува на времињата кога имаше висока инфлација пред да не оправи Марковиќ? Кога сите се снаоѓаа како можеа и умееја. Ви текнува?
    Татко ми за жал тогаш изгуби работа. Ви гарантирам дека поинтелигентно суштество на планетава не сум познавала. Поначитано и поширокоспектрално со размислувањата. Знаете како почна да се извлекува од проблемите? Собираше шишиња и ги продаваше по дуќани и не се срамеше. Му беше битно да преживееме и јбг - не работеше по струка тој одреден период. Круната не му падна. Напротив за мене тој беше херој. Постепено излеговме од кризата и ја пребродивме и таа тешка ситуација која системот ни ја удри како тешка шлаканица.
    И сега - мајка ми ја замислувам како крева шмизл рака, ме зема мене и му вика на татко ми - а не! Ти шишиња собираш, не ме стимулираш повеќе, си одам!

    Фала богу што не направила така. Поентата ми е, дека во вакви ситуации битно може да ви е дали е некој работлив и амбициозен, да е одговорен и да се грижи за семејството, а сосема друго нешто е да знаете дали имате заеднички муабет.
    Ептен трето е да се срамиш за она што го работи партнерот - а тоа е веќе жално ако единствената причина за срамот е тоа дека не е по професија - хирург, адвокат, бизнисмен, банкер. Или што ти јас знам што по некоја табела на општествено позитивно признавани професии.

    Ама тоа веќе се повторувам :)
     
    На glosipgirl, Annath, JuLleE и 13 други им се допаѓа ова.
  17. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    Ајде ќе речам дека не сум можеби компетентна да дискутирам на темава затоа што со партнерот сме повеќе од 5 и пол години заедно и се знаеме уште откако студиравме двајцата, но убедена сум дека и кога би бирала сега би го направила истиот избор.

    Тогаш знаев за него што е, односно што ќе биде по професија, но не и што ќе работи. И не е програмер, но е многу слична професија и имаме милиони теми за разговор. Всушност, никогаш не се случило да молчиме или пак не дај боже да ни биде досадно и да не знаеме што да си кажеме еден на друг. Јас немам врска со неговата струка, сосема спротивно е моето образование, но заедничко е тоа што и двајцата имаме интерес за двете насоки.

    Моментално, јас сум дипломирана веќе пред 2 години, имам солидна работна позиција и примања, а он има уште многу малку и работи како продавач - работа која ни најмалку не е сродна со неговото образование и познавања, но е поштена работа и си овозможува сам егзистенција и успева да се пробие низ животот. За него е ова само искуство, отскочна даска, зашто како што напоменав погоре, оној кој знае како и умее да се снајде и да ги издржи сите шлаканици, ќе успее.

    И ќе нагласам, горда сум на неговите познавања и 100 пати имам кажано дека за мене тој е енциклопедија што се движи. Најотворено признавам дека е попаметен од мене и дека заслужува многу повеќе, дека е личност од збор, трудољубив, грижлив и внимателен, но што е негово ќе си дојде.
     
    На glosipgirl, JuLleE, Strumfeta93 и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Мислам дека во целина сме уште ај ќе речам наивни поголемиот дел од Македонкиве па не ни светкаат очиња ни па се влажниме само поради звучноста на нечија професија. Според некои психолошки толкувања ете таков машки примерок кој демек буди асоцијации на обезбедување чувство на заштита и стабилност кај жената треба да ја навлече на потреба од репродукција со него, ама во принцип тоа и не функционира баш така, вистинската сексуалност кај жената или поголемиот дел жени во современи услови нема допирни точки со големината на конто во некоја банка, има повеќе со други големини и способности :lol: нема врска со глумење светици туку главен афродизијак е љубовта и страста и стимулативниот карактер, не ласкава титула или професија, затоа Фројд на времето и др. шринкови во модерните општетства се занимаваат повеќе со фрустрации на сексуален план на повисоките класи .Знам дека се нестабилни времиња во финансиски смисол и дека често се бира од интерес, повеќето од нас доаѓаат од средна класа тука, ама можам да го разберам и моментот девојка од рурална средина која израснала во целосна немаштија без можности за било каква лична надградба да сака партнер од повисока класа и да не го осудам тоа.

    Од друга страна и факултетското образование само по себе е далеку од доволно да даде насока за нечија интелигенција или култура или евентуално за остварување на професионален план - последново дава предиспозиција која може да се оствари или пак не, додека околу првите може и да нема никаква поврзаност. И не многу интелигентните денес си го наоѓаат патот до дипломите на овој или оној начин, околу културата пак, ќе речам е сублимат на домашното воспитување и ангажманот на самиот човек, факултетот дава насоки за стекнување знаења околу обавување одредена професија, со културата или други социјални вештини како способноста за конверзација нема скоро воопшто допирни точки.

    Понатаму познавам луѓе кои не завршиле факултет причини милион - има такви што финансискиот дел ги принудил на таков чекор, други се откажале поради болест или некој друг семеен проблем итн. итн. и во оваа група има постимулативни индивидуи од многу кои дошле по заобиколен пат, на задна врата, до диплома.

    Околу компатибилноста за конверзација и тука може да дојде до проблеми од друга природа - иако имаат многу теми, ако карактерите се премногу каприциозни или конфликтно настроени или не знам нему од една страна му ласка што има мултиталентирана девојка во јавност, а потајно тој и‘ завидува на тоа итн. итн. пак ќе доаѓа до тоа да не се остварува таа нишка на слободен и стимулативен разговор. Да не правам муабет па после 40-тите год. кога неа ќе ја напаѓаат симптоми на климаксот, а тој ќе западне во кризата на средната доба кој знае во каква насока ќе се тргне дури и на професионален план. Некои баш тогаш ги губат сите амбиции, други пак тргнуваат во остварување баш тогаш. Причини и начини на човечко однесување колку и луѓе, темава е деликатна и всушност поголемиот дел од вистината е во сивата зона, така да ако се обидуваме да даваме црно-бели согледувања мислам дека не ја доловуваме баш суштината.

    Ех, да мене лично ми е мака што се укина редовно служење војска, наместо тоа кога ќе видам наоколу само метросексуалци (во кои има и доста латентни хомичи - не ми пречи нечија сексуална ориентација, туку се стеснува кругот на хетеро алфа-мажјаци де :P ), сељаци со ланци од по неколку кила и мамини синчиња (не го разбудив син ми за на работа утрото колку слатко спиеше) си велам малку вистинска воена дисциплина ќе ги доведеше повеќе во ред, ама ете се извлекоа бе...Поврзано е ова со темава, повеќе него што изгледа на прв поглед, да се разбреме :!: :D ...
     
    На RedWine, glosipgirl и Annath им се допаѓа ова.
  19. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Исто како мене во цитираново. Кога го запознав не знаев на кој факултет е и дали е воопшто. Со тек на муабет дознав дека после втора паузира, одн немаше исчистено трета, работеше работа која мораше да ја работи за да има за себе, иако тоа немаше врска со неговото образование, работеше некогаш од утро па и до 7 или 8 навечер, за празници, ги плаќаа но тоа беше ризична работа по здравјето и како поминуваше времето успеав да го убедам да се тргне од таму и да го заврши факултетот. Така и бидна, ја остави таа работа, го заврши факултетот, запиша магистерски, за работа се сноаѓаше како знае и умее. Јас немаше да го оставам и ако не го завршеше факултетот, но знаев дека е капацитет и дека има широки познавања. Бев горда на тоа, кога на прашања од милионер што јас поима немав што значат тој ги вадеше како од ракав (ова онака како пример). Никогаш не се покајавме двајцата што ја напушти работата за да го заврши факултетот. Сега не работи баш по струка и работи привремена работа, со проект. Иднината можеби не му е сигурна вака, но тој се труди а тоа е повеќе од доволно. Значи не е пресудно тоа дали е со факултет но игра значајна улога. Во спротивно секогаш ќе стои таа неостварена желба за себе до образување. Не значи дека нема да успеат двајца со не еднаков образовен степен но мое мислење е дека обично се бираме по тој принцип. И сега фала богу нормално дека ќе гледаме каков ни одговара, некој можеби ќе избере диплома без карактер и разум, но не значи дека ако бираш образование дека ги занемаруваш другите работи. Мене ми беа битни сите работи во комплет, затоа и насловот на темата повлекува и други прашања. Иако мислам дека поставувачот на темата не мислел баш на професија, зашто има професии со дипломи и без дипломи, повеќе му било да види за разликите во степенот на образование, а ние каша попара направивме :D
    Го делам мислењево особено на баба ти, одлична е :)

    Дечко ми е многу пристоен а јас не бев навикната на тоа, некој да ми отвара врата од кола па и во бутик, секаде каде што одиме заедно, прво јас влегувам, а јас па "нецивилизисана" дури му мрчев за тоа му викав ај не се занесувај бе, ама се навикнав и сега се гордеам што ете имам таква "пажња" од дечкото. И морам да признаам ама по културен е од мене во ситуации во друштво, јас знам да треснам нешто за што ќе се покајам после, а тој прво одмерува што да каже. Ама ме учи, и јас го учам него во други области :P Се надополнуваме взаемно.
     
    На Artemission му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LadyKx

    LadyKx Активен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Без да ги видам физички да ми кажете дека пред мене имам две девојки од кои едната со средно а другата со факултет, без мислење би сакал да се запознаам со таа што завршила факултет.[/quote]

    Najgolem glupost so sum slusnal do sega.
    Eve vo mojov primer,jas imam sredno,no zaminav vo stransto i pocnav od sekretarka, a denes rabotam kako accounts manager, od tolku sto sum prosta ,samo so sredno :x