Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали бирате партнер според професиjа?

Дискусија во 'Врски' започната од vitomir, 27 ноември 2011.

  1. Gluvcee

    Gluvcee Нов член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    27
    Битно ми е само да не ме брука во друштво а тоа го нема бидејќи е пристоен. Не сакам да пие премногу а знае дека мора да вози бидејќи мене ми е страв. Иначе исто би ми било ако работи како мајсот или во некоја банка бидејќи јас го сакам таков каков што е.
     
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.159
    Допаѓања:
    112.908
    Пол:
    Женски
    Што убав муабет се разврзал на темава :) :clap:

    Шала на страна, мислам дека поентата на Витомир му беше дали професијата = парите се пресудни кога запознаваме некој. И во претходниот пост си го кажав моето мислење и ќе си останам на тоа. Но, да бирам слепо маж зашто има професија која носи 100.000 и повеќе месечна плата и само заради тоа да сум во брак со него, категорично НЕ. Извенете ама тоа мене ми личи како на проституција, само завиена во форма на брак. Чувтсва нема, само интерес. ЛИчно за мене зборувам такво нешто не би можела да направам во животот и да паднам толку ниско за пари да се дадам на некого. Пре би работеа по 100 работи за да прежиевам ама на живот без љубов, без блискот и чувтсва, ама со полн новчаник НЕ.
     
  3. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    партнерот да го бирам според професијата?о мај гад поголема глупост немам слушнато тоа не е никаков фактор за мене битно ми е да си има своја работа да знае како се гледа семејство и да не зависи од мама и тато т.е да е способен и целосен човек не каква професија има...
     
  4. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    А, и што ако се бира по професија? Денес и најголемиот тупчо може да заврши факултет. :D

    А, кој имал партнер со некоја висока професија може да каже дека таквите луѓе се по малку и напорни. И воопшто живото со нив е понапорен. :?:

    А, кога спомна некој за метросексуалец, не е битно што работи типот, дури и метач да е, после работното време може да се скоцка, да не можеш да го препознаеш. :emo:

    Вратари не сакам, ама каков сака нека е! Ме потсетуваат на набилдани и кренати фаци. 8) А, уствари е никој. :lol:
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Професијата се менува а карактерот НЕ. Хемијата е пресудна и секако сличен карактер :inlove:
     
  6. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Јасно е. Не го бирам според професија, но повеќе од очевидно е дека образованието и позицијата многу влијаат на една врска. Да не се лажеме, од љубов се живее, меѓу другото. :!: Накратко, согласување е важно во една врска пред се.
    Една врска може да страда од огромната разлика на амбициите на партнерите.

    Важно е да е културен, вреден и принципиелен, да не се жали дека работата му е тешка (а тоа да го спомнува за секоја работа која ја работел наназад), да се труди постојано да не зависи од партнерката или родителите.

    Важно ми е да е амбициозен. Не премногу, но доволно.
    Не сакам да го поминам животот во постојано туркање. Не сакам да растам туѓи деца.
     
    На JuLleE и ljubam им се допаѓа ова.
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.164
    Допаѓања:
    138.887
    Според професија, е па како поинаку????

    До душа мојов беше малолетен кога го избрав, па кога ги спремаше документите за упис на факултет му викам - лепи, ако не се запишеш кај што ќе ти кажам - ништо од бизнисот!
    Среќа што ме послуша, инаку кој ќе бараше нов. Мислам, не дека се малку од таа професија, ама сепак ќе требаше да се помачам.

    И така си живееја долг и среќен живот.
     
  8. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Без фолирање, да, важна ми е професијата, не бирам според тоа, но важно ми е што работи. Уште ако се земе во предвид дека никогаш не сум се затрчувала по физички изглед, значи никогаш не сум паѓала на "лепотани" кои реално, не ги познавам како луѓе и никогаш не сум паѓала на "фатални погледи" |(... Не велам ни дека се затрчувам по пари, исто како што не велам дека ни дека изгледот не ми е битен т.е и тој мора да биде како што јас преферирам, туку за да се, ете заљубам во некого треба прво карактерот да ги задоволува моите критериуми, а во тие критериуми дефинитивно покрај останатото спаѓаат амбицијата и желбата за успех, кои се заемно обусловени со професијата.
    И иако во денешно време се е некако испомешано, ниту дипломата, ниту професијата зависи од знаењето, ниту амбицијата и успехот зависат од способноста, знам дека работите не се како што треба и дека ретко кој го добива она што го заслужува, сепак јас гледам да се држам до некаков ред кој сум го зацртала уште одамна. Сметам дека не барам многу.
     
    На Juicy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. barbie-hilton

    barbie-hilton Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Не би го гледала со потценување ако е продавач или било што друго мора дасе работи нешто.. Но за сериозна врска, одамна сватив дека не се живее од љубов!
     
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Да бирав според професија немаше да го изберам него - архитект :$, само црта нешто и никаде го нема, се зезам :).
    Кога бевме во врска тој не ни студираше, беше машинист и управуваше со тешки машини па отпосле стицај околности ја доврши и дипломира архитектура. Битно ми беше да е интелегентен и снаодлив. Не му беше срам да биде потрчко на некого или да работи било што друго само да носи пари дома за фамилија.
    Факултетот не е баш некое мерило за интелегенција, денес секој може да заврши ако биде упорен и има пари ама не секој може да се снајде во оваа џунгла.
    И на двајцата ни се поклопи нивото на амбиции и заеднички цели со испреплетена хемија и оп = брак.
     
  11. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Па важна ми е и мене професијата. Ама не ми е основен критериум според кој би бирала партнер.
    Поточно, битно ми е да е снаодлив, да носи пари дома за еден ден да не дојдеме на питачки стап. :lol: Џабе ако тој е на пример машински инжињер, кога ќе ми седи дома и ќе ми зоба семки по цел ден. Имал тој диплома, како да не...за на ѕид ама. :rofl:
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.004
    Допаѓања:
    10.868

    Па макар да е и порно глумец ?
     
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Според мојата професија не, но сакам да е образован и амбициозен.
    Сакам да вложува во себе и да има високо образование, иако тоа не е мерило за ништо сепак мене ми значи дипломата. Како инаку би си успеал да има солидна работа и да заработува за живот, во денешно време со диплома неможеш да најдеш работа а не па без.
    А дали ќе биде доктор, инженер, уметник, музичар, актер, правник, економист или спортист не ми мења многу во животов :)
     
    На nela.oh му/ѝ се допаѓа ова.
  14. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Да е порно глумец и не е некоја амбиција.
    Ако е, тогаш е болна.
     
  15. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Зошто да не е амбиција па уште и болна амбиција?
    Има голема конкуренција додека да успееш во порно актерството, така да ако не си амбициозен нема нигде да стигнеш.
    Незнам што има болно во тоа, некој едноставно сака да си ужива и да успее на тој начин. И уживање и работа две во едно, а да не збориме и колку многу можат да бидат платени.
    Според мене нема ништо болно во тоа, секој си го избира својот пат. ;)
     
  16. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Точно така,секој си го избира својот пат..и од моја гледна точка, е болна амбиција. Не гледам причина да се објаснувам.
     
  17. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    10.197
    Не бирам...и разбирам дека треба малку повеќе жртва и труд на млади години за да се постигне нешто повеќе, но сепак во иднина ако ми биде маж не сакам да заборавам како изгледа,децата да не си ги гледа и постојано да се замара со работа. Премногу болна амбиција не...ниту па некој што не знае што сака, нема визија за себе и не знае што го исполнува.
     
  18. loveu

    loveu Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Не најдов некоја друга тема во врска со моето прашање па се надеваам дека оваа е соодветната...
    Дали би оделе со дечко фудбалер ??
    Викаат дека фудалерите биле многу кренати, многу изневерувале ит.н
    Ваше мислење ? :)
     
  19. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Па, ако на Бекам си му фрлила око, нема да ти е лесно :D
     
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Ништо страшно, освен што ќе те знае цела трибина каква си у кревет :lol:
    Имам мн другари фудбалери, кои се прилично на возраст околу 23-24 год, и да нездрели се, само сакаат да легнат некоја, а сите се палат на нив и тако то... а и другарите им се такви.
    Генерално професијата нема врска, се си е до човекот ;)