Не избирам партнерка по професија,но си имам одредени професии кои повеќе ги сакам кај девојката од други. Професии кои ми се ОК се: медицина,музика,ликовна уметност дизајн и архитектура,умерено можеби и книжевност,и нормално лингвистки и оние у домен на психологија. Поконкретно од медицина,интересни ми се оние кои имаат специјализација или подлабок интерес у следниве области:нервен систем,гениталии и хормони,како и генетика. Доколку е од музичка професија,тогаш битно ми е да знае да свири барем на 2 музички инструменти,и да не е претерано у етно филм.Повеќе се гледам со девојка која плива у поп-рок или џез-рок води. Од ликовна уметност дизајн и архитектура се ми е интересно,единствено не баш да се гледам со девојки кои изработуваат скулптури.Повеќе од овој домен се гледам со девојки што се занимаваат со сликарство,како и уредување на ентериер. Лингвистките се нормално интересни од повеќе причини. Прво веројатно се орално потковани ,второ со лингвисткиве важи правилото земаш една добиваш 6 или 7 или колку и да се,во зависност од тоа колку различни јазици владее. На сабајле ја имаш Марија,за ужина Анке,за ручек Бела,а за вечера Брижит или Клара.Нема зима. Професии кои се ОК но за нијанса понеатрактивни* се од следниве домени:право,економија,ИТ,електро и нормално во долниот дел на листата е машински. *Понеатрактивни од аспект на привлечност,не од материјално-финансиски аспект .
Јас мислам дека професијата кажува многу за една личност, пред се-за неговата амбиција, а тоа е тоа што е важно. Не ми е битен неговиот интерес, битна ми е желбата за да стигне до таму. Утреден нема јас да живеам од љубов, очекувам дека мојот иден маж ќе носи пари дома, не премногу, но доволно.. Сега, се разбира за се има исклучоци, ова не значи дека океј е да е порно глумец ( како што беше спомнато во другите постови )
Според професија не, али според амбиции и зацртаната цел да. Тоа премногу ми значи, толку не ми значи дал е или не е со факс одколку неговите амбиции. И не запирам док не најдам таков.
Парите не се пресудни кога ќе треба да одлучам...ама не дека не ми значат. Сакам кога партнерот ќе ја има таа и таа професија..бидејќи професираја може многу работи да ни разјасни за тој човек..какви интереси има,што сака,и дали има амбиции..
Би сакала да речам НЕ, ама на некој начин така е.Да. Не дека тоа е пресуден услов, но професијата според мене многу кажува за една личност, како и за нејзините амбиции и цели. Никој не би можел да биде со некој кој нема никаква амбиција или цел. Професијате сепак ја ставам некако во втор план, но искрено важна ми е и таа
Партнер се бира според чувства, заеднички интереси, доверба, хемија и сл. Професијата не треба да биде репер за нечиј избор, но може да се појави како пречка во дадената врска. Како на пр. - несоодветно работно време, премногу време се поминува на пат и т.н.
Јас сум израсната во семејство во кое образованието отсекогаш било мошне важна работа во која треба постојано да се вложува. Така сум воспитана и до ден денес така и размислувам. Ако некој вродено поседува интелегенција и способност за постојано надоградување, освен финансиите, ништо друго не би требало да го спречи да напредува. Имам сретнато луѓе кои се навистина многу интелегентни, ама страшно многу неамбициозни. За мене тоа е тотално неискористен потенцијал. Не велам дека образованието е секогаш мерка за тоа колку човек знае, ама самата мрзеливост и незаинтересираност, мене лично ми создава одбивност. Кога бев помала, татко ми често знаеше да ми рече: На човека можеш да му земеш сѐ, само знаењето не. Важно ми е образованието, сѐ додека е надополнето со амбициозност, визија за во иднина и пред сѐ - снаодливост.
Мојот избор на партнери досега биле поголеми или помали утки... Кога бев во средно, највеке сакав келнери...тогаш дечко ти да е келнер у дел мар беше хит... После на факултет-колеги( дали ради заеднички скрипти и книги, ) или ради иста крајна цел незнам... е сега откога сум голема--пак грешам..ама не бирам по професија..него по амбиција..мислам барем.. ама , све у свему--сакам да е успешен во тоа што го работи, да го работи со љубов и професионалност... Немора да е астрофизичар...ама сакам успешен маж покрај мене... ма да-добар професионалец-незначи добар партнер по дефолт....(сум искусила) се распишав...
Не дека бирам партнер според професија.Но,сепак сакам да е амбициозен и образован,со оглед на тоа што јас го поседувам нормално е да барам таков Не сакам да звучам како некој нарцис ама што па не сакам да бидам со некој неписмен што нема никаква цел во живот,мислам стварно.Не се гледа по тоа ама,не. Мора да биде образован и интелегентен. Ако се бира партнер по професија,бидејќи сум глумица ако бираат така машкиве мислам дека никогаш не би можела да фатам дечко за сериозна врска.
Не. Јас со мојот кога излегов прв пат не знаев ни што работи, таа вечер додека разговаравме секако ми кажа, ама ако ми одел муабетот и сум осетила хемија сигурно нема да не излезам пак поради неговата професија ако не ми се допаднала.
Не... Зашто планирам да живеам со неговиот карактер, а не со неговата професија. Може да биде интелегентен а да работи како чистач. Во денешно време ако немаш врски и партија покрај тебе, џабе ти е се.
Не ги бирам според професија, ама најчесто се со иста или слична на мојата. Мојот сегашен дечко е инженер и може да се рече дека ми е колега.
Ако бирам според професија, судејќи по сите мои одлепени колеги на факултетот и општо на мојата струка, ништо чудно на крај да останев и без дечко. Не бирам според професија, немам ништо против ако случајно се погдат слични или исти гранки, но сепак побитни ми се амбициозноста и желбата за напредок во одбраното поле. Ако немаш желба да се надоградуваш, џабе е. Баш ме радува што оваа карактеристика ја воочувам и кај мојот партнер, важам за доста амбициозна личност, понекогаш и повеќе од потребното и не би можела да се справам со личност која е неамбициозна и е на ставот „сеедно“ кога се работи за напредокот на професионален план.
Според професија не, но според планови и идеи за реализација да. Нема што тука многу да се зборува, желбата за надоградување на професионален план мене лично ми причинува задоволство, и секако дека секогаш бирам партнер кој соодветствува на тоа, и има високи критериуми.