Зависи. Ако е заради интелектот, професијата не мора ништо да значи, побитни се оценките/академскиот просек, за тоа ќе прашувам.
Важно да работи, печали, макар и да студира, битно е да се има профит, па ако сака и вратар и молер и негувател нека е. Ако кликаме, its endgame. (Па и бакшиш да има)
Внатрешниот капацитет го ставам пред професијата, у СРМ професијата е резултат на врски, систем, среќа, штанцани дипломи итн. Луѓе со ограничен интелектуален капацитет знаат да бидат на добри работни позиции и да имаат ,,посакувана" професија. Aли хипотетички, ако бев спонзоруша, ќе одев со занаетчии, таму е кешот сега, купатило реновиравме и не чинеше скоро 3000 евра, ем плочките и санитаријата што ги одбравме беа некоја средна класа.
Битно ми било да е паметен, да е амбициозен, вреден и да е образован. Не ја гледав конкретната професија но не кликнував со мрзливи луѓе што треба да ги туркаш или па не им се учи. Природно ми доаѓаше така, уште и кога воопшто не размислував на сериозни врски.
Не, ама важно ми е да е образована, да работи, да печали, да чисти по дома, да готви, да пере, да чува деца, да не ме замара по телефон кај сум со кого сум колку пијам и слични глупости.
Не барам. Ама да барав, ќе барав со високо образование, барем додипломски студии. Т.е. па и не мора да има завршено факултет, ама да има интелектуална љубопитност, да чита, истражува, да има повеќе интреси за длабоки муабети.
Од високо образование имам завршено уличен факултет, значи знам кога некој лаже, знам да лажам, знам кога да лажам, знам брза пара како се праи и знам луѓе. А за другото, ич не прашвај, стрелец сум во хороскоп Ме зимаш ли?
Све супер, ама стрелец бее... пу штета. Ваква прилика со тешко срце се пропушта, ама ништо, со стрелец не си одговараме. Ја шкорпија, ти стрелец, ќе се утепаме од боцкање
А можевме да ставиме од твојот отров на мојата стрела и да буцкаме други луѓе, ама.... и то шо викаш. Права штета.