Хаха ете ваквиот тип на луѓе е за жалење не инвалидите. Често одам во кафичи со другарките, како и со мм го носиме детето во парк. Многу инвалиди биле и на параолимписки игри Бранимир и Оливера. Ама ти изгледа гледаш работи кои сакаш да ги видиш , а тоа очигледно не се инвалиди. Но бог кога создавал не те прашал тебе ,гледаш? И не замарај повеќе.
Јас знам дека не би го оставила, но да се ставам од другата страна, хендикеп од било кој аспект, не мора само инвалидска количка, знам дека не да можам да дозоволам некој да остане при мене кога би била во таква состојба. Повеќе би ми било жал за него, отколку за мене. Повеќе е работа до карактерот, отколку до инвалидитетот. Затоа, секоја чест на @Tinushka, со мерак го прочитав напишаното и претставуваш вистинска инспирација, барем за мене. Кога ти живееш во полн здив, што и да кажат останатите за нивното непостигнување е изговор. Just like a Wonder Woman
Пушти го Бранислав и Оливера, Бранислам си има убави финансии и него не му е пробле, да се социјализира а и хендикепот не му е голем, зборуваме за 90% од инвалидите кои не излегле од дома, не рачунајки ги екскурзиите преку здрузенијата кога се во кругот на себе сличните. Прошетај малку до заводот за заштита и рехабилитација Бања Банско Струмица и види како тие луге таму живеат. Ако ти мислиш дека е тоа доволно што овде ќе ти кликнат лајк а да те сретнат на улица не би те ни погледнале тогаш ок, јас само кажувам како стојат работите. Мојата хуманост ја поажувам на дело и не се фалам со тоа, знам дека вистината понекогаш е болна но лажната надеж уште поболна.
Јас како што кажав не се срамам и не се навредувам. Целта ми е . Да им докажам и покажам дека и ние сме еднакви на останатите во општеството , но има работи кои за да ги извршиме мора вие "здравите " да ни створите услови. @Summerlover ти Благодарам Јас живеев порани во заводот во Бања Банско во Струмица и не ми кажувај како живеат , јас најдобро знам и не кажувај приказни овде !
Значи ситуацијата е розева така? Со тоа што си била сместена таму зборува колку околината ио општеството биле хумани и фер кон тебе. И самата знаеш дека таму нема ни Р од рехабилитација туку се сместени луге кои нема кој да ги гледа и се претежно на подолг престој нешто како дом за инвалиди.
Јас мислам ..дека погоре спомна нешто хумана ово она . Да отидеме утре да им се извиниш ?! Таму се сместени многу лица кои заради таквите како тебе немаат храброст , а некои за жал ни поддршка од своите ! Никој не рече дека розев , не е розев . Но јас не се жалам , а ни тие не сакаат да ги сожалувате . Само им требаат пријатели кои ги прифаќаат такви какви што се !
А ги има ли такви или само кога треба да се сликаат на телевизија или вака по форуми ги прифаќаат такви какви што се? Јас мислам дека ти треба да им се извиниш што трошиш енергија на мене која апсолутно ѓи сфаќа и прифаќа како луѓе и ѓи знам нивните потреби и маки, а ти наместо на мене пренасочи ја дел од твојата енергија и изнеси ги проблемите со кои се соочуават затоа што сепак е ова јавен медиум и читаат многу луге. Со тоа што викаш дека се прифатени од останатите освен од таквите како мене, дека се е ок не им правиш услуга туку штета. Не е почит ако ти станат во автобус од сожаување, туку да ве прифатат да бидете рамни на нив. Никој не рече дека се тие глупи или грозни луге туку напротив, ама за жал остатокот ги доживува како да имаат рогови без оглед на тоа што ти мислиш дека не е така. Треба да гледаш колективно а не себично да кажеш ок јас се омажив се извлеков и се е ок имам 2 другарки и тоа е тоа, а остатокот кој е и понатаму изолиран и се претежно корисници на социјална помош со која ни основни средства да си купат а камо ли да имаат социјален живот.
@Strumka22 ne daj boze da se najdes vo takva koza,nema togas taka da zboris. sekoja cest na tie luge.navistina im se voshituvam sto i pokraj se nasle sila da prodolzat napred.
^ Gospod im dava sila I se pospodobni od nas "zdravite" Da ne bese taka, eve primer @Tinushka zarem ke se omazese? Pa I dete?! Sekako deka im e potesko, ama ako nemaat edno imaat drugo. Imaat darba od Gospoda I tie licnosti se posebni licnosti za kaj Gospod. Tie ne se za zalenje, tuku nie.
Па никогаш не се знае ништо на овој свет..Значи како и секоја личност што ја запознаваш така еден ден може ќе запознарш личност кој е инвалид а со тек на време ти стане мил и ти се допадне.Зошто да не?! Одговорност си носи да, ама може да успее.Сега не осудувам никој за своето мислење, ама според мене тоа не е пречка за врска.Недај боже дури и да не си роден таков може се да се случи на секому.Баш познавам личност која по сообраќајка остана во инвалидска количка.Девојката е полна со живот луѓе иако тоа и се случи, ја на такви силни луѓе ни симнувам капа.
Е тука има хендикеп, а не кај лицата со посебни потреби, јас не ги сожалувам таквите, ги сожалувам тие како тебе.
Ептен дека сум трудна, инаку како би им фукнала по некој мушки бокс на овие распекмезени, разлигавени фаци кои глумат сезнајучи на форумов... „ Јас знам ова, јас она, ти си полоша пошо си у количка, а јас со нездрав ум сум најпрекрасна нели ако ми е ретардиран мозокот“ Хуманоста девојки умоболни не се искажува преку медиум ко што тврдите вие, да се докажуваме колку сме помогнале и како, или да тераш некој кој го поминал најболното и се соочил со одредени потешкотии во животот да се навраќа и да ги раскажува по форуми за таквите како вас за кои нема спас пошо имаат умствен проблем да ги сожалуваат? Не дај боже ама па баш тие кои јадат трици ќе им биде дадена Господова награда такво дете. Ако сакаш да се дружиш - дружи се, ако нејќеш па и најздрав да си не секој сака со некој да се дружи,земе, да го гледа и помага. Доста веќе вреѓате болни низаедни! Ми е смачено што глумите смартесовци по форуми,а сум упознала и такви ко вас што во живо се најограничените суштества со најголемите комплекси! Срам да ви е што вреѓате луѓе, ВИЕ не сте луѓе кога не знаете човек по срце да цените! Бркајте работа, не замарајте и вознемирувајте нормален аудиториум тука !
Ме заинтригира од кои побуди е започната темава? Што се постигнува преку таков вовед, освен лицата со инвалидитет да се почувствуваат лошо...
Да. Доколку сака и се труди да го живее животот. Значи би барал само една ведра насмевка макар и лажна да се потруди да му се насмевне на суровиот живот. Инаку инвалидитетот не би ми претставувал проблем. Не смее да ни претставува проблем!
❤️ Ти посакувам цел живот само убавини за оваа преубава порака! Секако, ако почувствувам љубов и потреба да го делам животот, и не само со лице со инвалидитет, туку со сѐ што излегува од рамките на нормата, ама ако притоа има емотивна интелигенција и содржината која ми треба. Ако се заљубам и го видам она што ми треба во некого, не постои пречка која би ме одвратила. Само да не е психопат/социопат, оти имав веќе искуство со таков и навистина е претешко. За тие луѓе престана да ми е жал, а многу ми беше на почетокот, зашто и на нив не им е жал за себе, нити за другите и едноставно си ги фураат нивните апетити кои болеста им ги дава и љубовта со нив е еднонасочна. Нема ништо за возврат освен болка. Али лице со инвалидитет, а притоа стабилно емотивен човек, апсолутно да. Освен да се надоврзувам со текстот од членката погоре за парот кој се разделил, да не можеме да функционираме економски, па тоа да е некоја пречка, ама такви пречки има и кај парови без инвалидитет. Ако нештата се нагодат како треба, со или без инвалидитет може да се живее бајка со партнерот.
Ако таа личност јас премногу ја сакам,нема да ми биде терет да се грижам за неа.На крајот љубовта победува.
Апсолутно! Дури размислив подобро за економската пречка поради примерот со парот кој се разделиле. Сметам дека кога некого вистински сакаш, порадо би одлучил да делиш бајато парче леб отколку да се разделиш за малку побогата порција ама да ја јадеш сам. Во што е поентата на љубовта ако не делиме сѐ заедно.. Единствената пречка може да биде исчезнувањето на љубовта и потребата да го делиме животот заедно, кога таа ја има, мислам дека многу проблеми можат да се пребродат заедно, кога подлабоко ќе подразмислам.