1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали би биле во врска со личност со психички проблем?

Дискусија во 'Психологија' започната од cresa86, 6 октомври 2012.

  1. Feministkaa^

    Feministkaa^ Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2015
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    дечкоми пати од анксиозност и депресија веќе 2 години а заедно сме скоро 4.. проба да се самоубие сва среќа шо помина само со шипки во раката и лузни на лицето.. и требаше да го откачам после тоа? јас му бев и уште сум му домашен психијатар.. не е лесно воопшто, после таа случка со него сум цело време ко ќе видам дека не е баш во ред.. по цела вечер имам пешачено со него без да знам кај одам без ни збор да проговориме ама не е ни тој сигурен без мене ни јас ако е сам..
     
    На sweet&girl, ♣ Alba Viduam ♣, rose60 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
  3. sanya.n

    sanya.n Активен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Женски
    ako sakas vistina da mu pomognes a znam deka sakas togas posovetuvaj go da odi obavezno na psihjatar mu treba terapija ,razgovor so strucno lice definitivno cim posegnal po svojot zivot,normalno i ti mu trebas zatoa sto mu znacis.sekoj moze da se najdi vo takva situacija deneska sekoj vtor mlad covek pati od anksioznost i depresija.bidi hrabra i ti i sekoe dobro.
     
  4. Feministkaa^

    Feministkaa^ Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2015
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    оди на психијатар и сам е свесен дека му треба помош.. само сакав да им кажам на тие што се против дека не е страшно да си со личност која има проблеми зошто проблемите можат да се појават покасно во врската или во брак..
     
    На Bojana.20 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Зависи какви психички проблеми.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.596
    Допаѓања:
    155.805
    Пол:
    Женски
    МНОГУ зависи какви психички проблеми има партнерот ама знаејќи се себеси, ако јас сум врзана за тој партнер и тој порано или покасно има било какви проблеми место јас да решам да се држам далеку од кал ќе гледам максимално да му поможам. Секако ако многу ми значи, ако не ќе му помогнам колку можам ама како пријател.
     
    На crazylady, Priroden, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. PiaMia

    PiaMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2015
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    626
    Пол:
    Женски
    Зависи какви проблеми има... Јас неможам самата да си помогнам, а не уште да се справувам со некој друг. Не сум толку цврста личност.
     
    На Prase370 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    A koj e pa denes normalen...
     
    На Priroden, Wahnsinn, Purelove92 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Монотоните.
     
    На Priroden, CameliaMiller, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Togash vo konteskt na temata, zdodeven chovek e moj posleden izbor.
    Potochno ne vleguva ni vo posleden.
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Јас не би бил. Затоа што неможам да се замарам со нивните психички проблеми.
     
  12. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    Ако веќе би била во врска со него, и тогаш се појави тој проблем, вероватно не би го откачила.... барем не веднаш :D. Мислам зависи за каков вид психички проблем станува збор и колку би можела да се носам јас и ние двајцата заедно со истиот.
    Да дознам дека некој има проблем и е под терапија, а сме се тек запознали, највероватно толку би било од нашето познавање..

    Имам многу лошо искуство од години порано. Наиме, го запознав дечко и почнавме да излегуваме.
    Онака на прва, сосема ок дечко, спортист, се грижи за себе, амбициозен, меѓутоа еднаш сосема случајно го фатив како си се кљука со апчиња. Бев затечена и го притиснав да ми каже за што станува збор, тој првин се обидуваше да ме излаже, ама и онака многу чуден ми беше. Дали дека претходно се имаме напиено и алкохол, те.едно пиво (што он како спортист демек ретко пиеше), и плус со тие апчиња, и ми изгледаше чудно.
    Да ти он бил под терапија кој знае колку време, некој си облик на шизофренија или што веќе.
    Ми се стемни. Прво затоа што бев излажана, а и онака ситуацијата ми се згади.

    После некое кратко време се обидов да ја прекинам врската.... Типот ми го загорча животот. Ме прогонуваше на секој можен чекор, ме следеше. Ми ѕвонеше на телефон од сите скриени и нескриени броеви. Ме уценуваше.
    Не ми беше сеедно. Голтав кнедла од страв, ама и јас му претив нему да ме остави на мира или ќе го пријавам. И бев решителна и одлучна.
    После некое време ме попушти, барем не ме задеваше. После некое време и патиштата ни се разотидоа, така да го и немам веќе видено.

    А среќа моја што на време го открив, инаку тој во своите приказни ептен планираше нешто сериозно.
    Кој знае каков всушност психопат се криеше во него. :worried:

    Така да, одговор е НЕ. :)
     
    На sweet&girl, rose60, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  13. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    5.433
    Ептен негативно сум изненадена од сите што одговориле дека не би биле во врска со некој што има психички проблем...Сега не сум сигурна дали проблем е еднаков на болест? Во секој случај, ако некој има психички проблем еве нека е и болест не значи дека истата е неизлечива или дека не може да се води нормален живот под терапија. Не сите луѓе кој боледуваат од некој вид на психичка болест се психопати, или дека болеста е неизлечива ниту пак значи дека тие ќе чекаат вие да им ги решите проблемите или било што. Еве на пример личност боледува од психичка болест за која зема редовно терапија и поголем дел од времето е супер, и имате личност која боледува да речеме од болест на тироидната жлезда и мора во некој случаи и доживотно да пие терапија и дел од времето нормално нема да се чуствува ок, не би биле во врска и со обете личности?
     
    На ♣ Alba Viduam ♣, sj *O*, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.999
    Допаѓања:
    279.388

    Не си сигурна дали психички проблем е еднаков на болест(facepalm), ама ВО СЕКОЈ СЛУЧАЈ не значи дека не ќе се излечи, и со терапија да си води нормален живот.

    Па и пример...е што, поголем дел од времето кога некој си е супер. Останатиот дел :mm:.

    Па и споредбава со тириодна.

    Оти вака негативно си изненадена од одговорите, ај и јас како еден од оние кои одговорија со не, да те прашам нешто.
    А ти си била ли во врска со лице со психички проблем?
    Истото лице се излече ли?
    Сведочеше ли на нуспојавите од неговата терапија?
    Она време кога он не е супер беше ли до него?
    Кога он не е ок, како се понаша знаеш ли?
    Како тоа влијаеше на тебе, на врската?
     
    На rose60, cresa-jagoda, MacenceEna и 3 други им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.997
    Допаѓања:
    261.105
    Со оглед дека имам дијагноза панично растројство, односно анксиозни епизоди, не можам баш да знам како му било на дм, ама едно ми е интересно - што се се става во еден кош :)
    Токму поради оваа стигматизација многумина никогаш не се осмелуваат да побараат помош и вечно живеат со својот проблем, измачувајќи се себеси, а и тие околу себе.

    Анксиозноста не се појави на почетокот на врската, туку многу подоцна. Симптомите се појавија наеднаш, од ведро небо - еден ден на работа ми се слоши, имав вртоглавици. Ниедно испитување не даде информација за било каква болест или проблем од органска природа. Ама, матичниот доктор никогаш и не ме посоветува да појдам на психијатар. Рамно 9 месеци одев на секакви испитувања.
    За тие 9 месеци, додека бев во очекување на ептен лоши резултати, посебно и моментот - не знаат што ми е, влијаеше и те како на вистинскиот проблем - анксиозноста. Хипохондријата го достигна својот врв, и не можев нормално да функционирам. Не сакав сама од дома да излезам, не сакав да спијам, не сакав да јадам, не сакав ништо, само сакав да знам што ми е и да го решам проблемот.

    На своја рака појдов кај психијатарот и сама си ја кажав дијагнозата :) Ми беше смачено од се што ми испитуваа.
    Знаев и што тоа значи - антидепресиви кои покрај тоа што ќе ми помогнат, во прво време ќе ме дотепаат. Губење на секаква волја за што било, губење на сексуална потреба, губење на желбата за постигнување што било.

    Искрено, немаше толку успешна да биде терапијата без дм. Се го интересираше, се сакаше да знае, сите аспекти на самата состојба. Ми беше поддршка кога не сакав да станам од кревет.

    Анксиозноста (како и скоро сите психички “болести“ - во наводници, затоа што не се болести, всушност), не е подлежна на магично решение. Си ја имаш - со здравје да си ја носиш.
    Учиш да живееш со неа.
    Учиш од ново да не се плашиш сама да појдеш до WC.
    Учиш да не се плашиш од комуникација со др. луѓе.
    Учиш како да не бидеш спремна во секоја секунда да се бориш за својот живот, учиш дека нема опасност во се околу тебе.
    И најважно, учиш дека ќе си помогнеш само со прифаќање на состојбата и контролирање на симптомите.


    А тој процес не е лесен.
    Ниту за личноста, ниту за тие околу неа.

    Лично би ги посоветувала сите кои се борат со ваков тип на психички проблем (депресија, анксиозност, и ним сличните) да не почнуваат врски се додека не си застанат на свои нозе. Не им требаат дополнителни раздразнувања, им треба стабилизација.
    А на тие што дознаваат дека личноста има психички проблем, нема потреба да бегате толку брзо.
    Не касаме. Потешки сме на свој начин, ама не сме опасни за околина.

    Едно е само сигурно - нема гаранција дека ваквите релативно чести состојби нема да се појават.
    Секој е во опасност од нив, ама баш секој, на било која возраст.
    Исто, и еден од облиците на најпорозната (и нелечлива) психичка болест - шизофренијата, често знаат да се појави во доцните дваесетти и почеток на триесетти години.
    Што значи, нема “сигурност“ дека партнерот нема да се разболи од психичка болест или нема да се соочи со психички проблем.

    Тука само би ја споменала и постпарталната депресија, секому може да се случи и е многу пострашен облик на психички проблем него самата депресија или анксиозноста. Што не значи дека треба некој да ја избегнува жената, посебно не сопругот.

    Искрено, јас ова не можам да го разберам, како што не разбирам ни зошто некои луѓе не склучуваат брак без бременост (од страв од неплодност е тоа), за мене моментот да се биде со некого е да се биде тука и кога е најлошо, без оглед дали е во прашање депресија, рак, тироида, чир на желудник, неплодност.

    Извини Даничап што тебе те цитирав, секако постот се однесуваше на цела тема.
     
    На sweet&girl, x.Daisy.x, sweet-cherry и 21 други им се допаѓа ова.
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.999
    Допаѓања:
    279.388
    Нема потреба од извинување. Добар пост, ти знаеш да ги разграничиш термините, свесна си за многу нешта, и знаеш што зборуваш.
    Предходниот пост ми беше дури некако наивен, без јасна престава за значењето на термините и она што го носат состојбите. Се/ сите беа ставени на куп.
     
    На crazylady, rose60, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.474
    На rose60 и Priroden им се допаѓа ова.
  18. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    Сепак, не може некој да замери на личноста ако не сака да вложува време и напори и да се дава за личноста која има психички проблем. Треба опасно многу да ти значи некој, да ти е близок, за да си спремен да поминуваш низ тој процес, кој ете како што е кажано погоре, не е лесен ниту за луѓето наоколу, ниту за самата личност.

    Токму поради тој факт, без разлика на обликот во кој се јавува и изразува тој психички проблем, бидејќи процесот на "излекување" е тежок, јас ги ставам сите во ист кош.
    Проблемот е во "главата", "моторот" на целиот организам, и затоа не може да се спореди ниту со еден физички недостаток. Можеби некоја тешка болест, како рак, ќе влече со себе и психички кризи и нарушувања, па по пат и со тоа ќе се справуваш, ама сега да не одиме во крајности.

    Јас лично сметам дека секој еден од нас е до некаде анксиозен, или барем во некоја ситуација имал анксиозен напад, кој ете не е дијагностициран и не е под терапија.
    И јас имам паничен напад секој пат кога треба да се симнам во подрум. Секогаш ми доаѓаат слики од филмот со Вил Смит, "Јас сум Легенда" и се мислам нешто такво долу и мене ме чека.
    Можеби звучи смешно, ама мене пример не е бидејќи навистина го преживувам тој страв.
    И секој пат се борам во главата дека тоа не е вистина и не е можно, јас одам надолу, се препотувам, нозете самите се враќаат. Па се вратам, па застанам, па си направам муабет со самата себе, па се искарам и продолжам, со тешко срце.
    А мислам, ако само еднаш направам пропуст, се вратам и му кажам на мм дека веќе не слегувам долу, и му допуштам на тој страв (нереален) да ме надвлада, дека ќе е готово - сум отворила врата на нешто повеќе и подлабоко.
    Можеби нема врска ова што зборувам, и е само еден мал дел кој ете лично е мојот мал демон, ама пак ќе кажам, проблемот е од психата (затоа е и психички проблем нели), и ако таму нешто не е во ред, навистина состојбата захтева многу работа.

    Друго што имам приметено кај луѓето што имат психички проблем и се ете под терапија (пак зборувам од моето искуство, посебно водена од она погоре), е дека ете имаат страв од соочување со луѓето.
    И кај тој бившиот мислев дека е ќутлив бидејќи е таков табиет, а оно всушност другото било.
    И кога им се каже "не", и кога наидат на отпор од особата од која очекуваат помош или поддршка или што било, тогаш стануваат многу нападни. Верувам дека таа нападноста може да варира, од "досадно напорни" до дури агресивни, зависно од личноста. Како и да е, одат во некоја друга крајност. Ама се нападни само кон таа особа која искажала негодување (а секој има право да каже "не" на нештата и да постави своја лична граница), а кон другите се исти такви смирени, повлечени и ќутливи.
    Затоа јас не би експериментирала повеќе, дури и ако се работи за пријателска врска.
     
    На rose60, oblace1 и MacenceEna им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.997
    Допаѓања:
    261.105
    Разликата меѓу неврозата и психозата е толку голема и непремостлива, што и тотален лаик може да ја увиди.
    Неврозите не се толку приметливи, обично непознавачите за личноста ќе кажат дека некогаш е многу плашлива, нервозна, напната, нетрпелива, ама ретко тоа ќе го поврзат со психички проблем.
    Неврозите не можеме да знаеме колку од населението воопшто ги има, затоа што голем дел од нивните симптоми се прифаќаат како карактеристика на некоја личност, а не и проблем.
    Сите што имаат било каква фобија, всушност да - имаат психички проблем - и тоа решлив :) Само што ако не е пренагласен, како и со секоја невроза, личноста функционира нормално и ги избегнува причинителите на стравот и паниката. Страв од затворено, страв од темнина, страв од височина, страв од инсекти итн. сите се нереални и може да се гледаат како психички проблем :) Па не бегаме од некој што се плаши од височина, од причина што иако неговиот страв е тотално нереален, личноста во целост си го има сочувано чувството за реалност.

    Од друга страна психозите не само што предизвикуваат тотално одделување и нерезликување на реалното и нереалното. Сите кои сакаат нешто повеќе да дознаат, можат да го погледната серијалот за Јануари и Боди - сестра и брат - таа пати од шизофренија, тој од психоза.
    Во самиот документарец се следни нивниот живот од раѓање.

    Овие деца веројатно никогаш нема да можат да имаат нормални и целосно самостојни животи, па шансите на ваква личност да навјасате во дискотека се непостоечки :)

    Јас мислам дека сите треба да бегаат од оние кои имаат психички проблем, но прво сами не го признаваат и избегнуваат решавање на истиот.

    Тие прво мораат својот живот да го средат :)
     
    На rose60 и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  20. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    5.433
    Според мене психички проблем е нешто моментално, за разлика од болест т.е поставена дијагноза. Да сум била со лице со дијагностицирана тешка депресија и со наследност на шизофренија во семејството, па пиеше по неколку видови на терапија. Мене ми беше јасно дека тоа е речиси доживотна терапија, и да заедно се соочувавме со нуспојавите како импотенција, потребата за време сам со себе...ама кога со некој се карактерно погодени едноставно ја сакаш личноста таква каква што е,. И никој не вели дека нема да влијае на врската, ама тоа не значи од сам старт дека врската ќе биде лоша или дека личноста е психопат како што беше некој спомнал.