Мислев,општо,генерално,не на некој поединечно...И да има разлика од намерно те малтретираат и имаат психички проблем.Се надевам се разбираме.
Искрено јас сум во врска со таков човек се жислам дачи има психички проблеми моментално веќе сме разделени и сакав да ми го кажете вашето мислење, многу е гневен како да го мачи нешто и има експлозивно пореметување...ќе избувне одма може у тај момент да скрше нешто непредвидлив е ...и некојпат и насилен незнам веќе со се случува ама од еднаш од ништо нешто станува бесен, а ако е и под дејство на алкохол тогаш таа болест се зголемува до душа неможам да кажам дека е болест ама ми е многу чудно неговото однесување
Razdeleni sme momentalno ne sum so nego Samo neznam kakvo mislenje moze da mi dadate tuka za nego zoato e takov toa e stvarno psihicki problem ili stvarno neznam sto e
Па луѓе бре,каков е овој муабет? Најмногу им сме потребни на луѓето, со ДЕПРЕСИЈА, АНКСИОЗНОСТ, ПАНИЧНИ НАПАДИ. Зошто после се случувале самоубиства и сл? Зошто да не сум во врска ако ми се свиѓа карактерот?
Зошто луѓето кај нас се со доста ниска свест за психичкото и ментално здравје. За нив ако одиш на психолог или психијатар, автоматски си ненормален или будала (добри 80% од нашава популација така размислува). И тоа е тешко а во исто време и одвратно, и тажно! Треба да сме свесни дека може да сме со сосема здрава личност во врска, па после неколки години да му се случи психичко пореметување, и што, ќе ги оставите ли вашите партнери? Ако да, тогаш појма немате што значи љубов, и не ја ни заслужувате.
Каков? Билокаков, што не вклучува физички пресметки помеѓy двајцата партнери, тоа е веќе насилство. Што ако после 2-3-5-10 години од врска или брак, партнерот добие психичко пореметување? Ќе го прашуваш какво му е пореметувањето, или ќе бараш начин за да му помогнеш?
Би била со некој со психоза или шизофренија? Параноидна на пример . Верува дека го следат, прислушкуваат, дека од телевизор му се обраќаат нему, дека има чип во забот?
Да зависи што е во прашање со оглед на тоа колкав спектар на психички проблеми постојат. За некои од нив не можеш да му помогнеш ни ти ни психијатар. И воопшто не е наивна ситуација, од некои состојби буквално животот може да ти е загрозен.
Ќе пробам да му помогнам ако е ММ секако! Нема да го оставам на цедило, доколку не може да се реши ќе оди во болница, ќе пие лекови, ќе се подобри колки толку, не треба да се остави човек кога му е најтешко во животот.
Јас целосно ги разбирам луѓето што не сакаат да бидат во врска со личност која има психоза. Може тука на форумот ќе кажуваат приказни како тоа не им е важно, но in real life ако е во прашање, тогаш сите би рекле не. Зошто не? Е па не затоа што животот со такви луѓе е многу потежок. Затоа што треба цело време да имаш на увид дали ја зел терапијата, затоа што треба да внимаваш да не му предизвикаш психотична активност, зошто треба да имаш оооогромно трпение и зошто треба да го убедуваш во работи дека не се страшни и е нормално. Не велам дека треба да бидат избегнувани овие личности, но оваа тема е за лично што би избрале ние, не е за дискусија дали треба да се биде во врска со такви личности или не. Депресија и анксиозност се лечат со терапија и активен начин на живот.
Ако се во прашање сериозни психички проблеми не би била,а за проблеми како анксиозност и депресија секој втор човек пати од тоа денес,нема да ми пречи ако партнерот пати од депресија или анксиозност. Доколку сме во брак а партнерот се здобие со некои сериозни психички проблеми нема да го оставам туку ќе пробам да му помогнам и ќе бидам покрај него.
Не секој со депресија и анксиозност може да излезе надвор, се соочува со 1001 мисла. Тој шо не поминал, не знае.
Во моето мислење беше потенцирано терапија и активен живот. Тоа и психијатрите препорачуваат, не затворање дома, дружење со луѓе и излегување надвор.