Јас повеќе го сфатив прашањето како : дали би влегле во врска со некој со проблем, а не дали би останале. Секако ако е маж ми, ќе помогнам А инаку, се приметува дека за среќа , немаш искуство со луге со СЕРИОЗНИ психички проблеми. Психоза не се лечи, се става под контрола само за жал.
Ако личноста има депресија, анксиозност..... не ми е проблем, би влегла во таква врска. Ама ако има потешки ментални проблеми како шизофренија и биполарност, не. Тие психози не се лечат и за жал, ќе треба доживотно да трпиш нервози со нив, ем шо некогаш не сакаат ни апчиња да пијат, ем шо во Мк не ни знаат убаво да им ја контролираат дозата, ем и да биде нешто лошо како на пример да скренат ептен или да бидат агресивни, полицијата нема да дојде да ти помогне. Го знам ова оти имав таква личност во фамилијата на бившиот. Така да, огромно НЕ.
Анксиозност, депресија, PTSD(неврози) -да само под услов да се високо-функционални. Било какво растројство на личност, шизофренија, нелечени трауми од детство или било какви дијагнози со изразени симптоми што не ги држат под контрола- не, прашање на време е кога тиквата ќе пукне, дали за месеци или години.