1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали би биле во врска со партнер кој нема возачка/ автомобил или не сака да вози?

Дискусија во 'Врски' започната од fantastic girl, 26 јули 2020.

  1. fantastic girl

    fantastic girl Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2020
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Девојки дали би биле со партнер кој нема возачка или не сака вози и постојано чека некој друг да го вози?
     
  2. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.005
    Допаѓања:
    10.462
    Пол:
    Женски
    Се омажив за таков. :D
    Скоро купивме нова кола, па сега изрази желба да вози, ама пак јас возам 99% од времето.
     
    На Dashing:), CameliaMiller, Yeeah и 28 други им се допаѓа ова.
  3. marija305

    marija305 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2014
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    7.836
    Пол:
    Женски
    Зошто да не?
    Тоа е негово дали ќе сака да полага и вози.
     
    На staycalm, RainbowButterfly, poi и 9 други им се допаѓа ова.
  4. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.072
    Допаѓања:
    6.631
    Пол:
    Женски
    Фатите си таксист, не секој има пари моментално да полага не е тоа 100 денара или кола да купе..
     
    На GirlRose, sunshinebabe, sierra и 31 други им се допаѓа ова.
  5. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.548
    Допаѓања:
    171.419
    Пол:
    Женски
    Кои глупости..
    Мислам..сериозно?|(

    Ако не знае да јава на камила нема шанси ни муабет да му направам не па во врска да сум|(
     
    На GirlRose, Naked Gun, Milobebence и 55 други им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    16.887
    Допаѓања:
    163.044
    Сериозно?:o :rofl:
    НЕ. Јас сум таа што не вози:emo:
    Уствари може, ако ми вработи шофер;)
     
    На flawless., simoncelicius, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.222
    Допаѓања:
    27.746
    Јас самата сум возач и критериум за партнер никогаш не ми бил да има кола / да е возач. Сум немала ни желба, а ни потреба да ме префрла некој друг зошто имам и сопствено возило.

    Unpopular opinion alert:
    Како поминува време сфаќам дека навистина е потреба да е човек возач на долг рок. На пример, ако се планира семејство, испитувања во поодмината бременост, возење до болница за породување, земање дете после породување и слично се ситуации каде добро е да може партнерот да те однесе и каде самата не си во состојба да возиш. Во ситуацијава со вирусот на пример, такси не би ми била опција за превоз со новороденче, а и не би сакала да морам да малтретирам други луѓе. Автобуски линии градски немаме тука, ама и тоа не ми е опција во ситуациите погоре. Сфаќам дека не секој сака да вози, но навистина го гледам како потреба особено ако се планира семејство. И тоа за двајцата партнери, тука опишав само од женска перспектива. Понатаму доаѓаат ситуации каде децата треба да се носат до градинка, на лекар, на вакцинација и слично.

    Сепак не би можела да речам дека ми е дил брејкер во избор на партнер. Само сепак, сакам да кажам дека не е толку едноставно да се каже негов избор или да се гледа како опортунист човек кој би сакал партнер возач.
     
    Последна измена: 26 јули 2020
    На tinka-mace, CameliaMiller, KateKane и 27 други им се допаѓа ова.
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.536
    Допаѓања:
    31.539
    Пол:
    Женски
    Ма каква пречка. Таков земав. Маж ми има возачка, ама не сака да вози. Не се гледа секој како шофер. Јас немам полагано.
     
    На smile:), poi, buba4e89 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. FVP

    FVP Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    Да. Ниту јас, ниту мојот сопруг не поседуваме автомобил, а и двајцата имам возачки дозволи.
    Реално со автомобил немам потреба а се движиме никаде-на работа одиме со јавен превоз бидејќи е побрзо, поефтино, и подобро за животната средина, доколку имаме конкретна потреба од автомобил за а одиме некаде навор од градот секогаш можеме да изнајмиме. Зошто да купиме автомобил, да плаќаме градски паркинг, осигурување, поправки, и да го платиме автомобилот, кога за него немаме реална потреба и до повеќето места можеме безболно да стигнеме со велосипед? Ако ни треба да одиме до продавница тоа е на 10 минути пешки, болницата ни е 15 минути пешки исто така. Во Македонија, луѓето, посебно машките имаат навика да не се движат воопшто, паркираат одма пред кафичот, одат до маалска продавничка со автомобил, итн.

    Заработаме и двајцата и можеме да си дозволиме многу луксузи, но што е излишно е излишно.
     
    На Naked Gun, poi, Bozica1980 и 11 други им се допаѓа ова.
  10. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.174
    Допаѓања:
    8.859
    Пол:
    Женски
    Лелее Боже што ви е во последно време со ова дали некој има положено и кола, ти со колат ќе бидеш у врска или со дечкото.
    Не разбирам каков е тој предуслов да бидеш со некој дека мора да има кола и положено, па положи ти и купи си кола.

    И да се омажив за таков што нема ниту положено, нема ни кола, а нема ни намера да полага некогаш во животот. Јас имам положено веќе подолго време и каде и да треба јас сум таа што вози (брат ми, ми ја дава колата кога ми треба), сме разговарале и едноставно не сака да полага, не може секој да е шофер, а и не сака секој да биде.

    Моментално сеуште немаме кола со мм, но во план сме да купиме бидејќи е потреба, поготово во моментот кога ќе стаса бебето, е сега како што имаше и погоре напишано, убаво би било кога и партнерот би имал положено па да дојде по мене од болница кога ќе треба да се земе бебето, и слични ситуации кога не би можела јас да возам, ама ќе се снаоѓаме. На крај краева сама ќе си го донесам и ќе си возам а маж ќе го држи. :D
     
    На buba4e89, S.W.A.G, poppie и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.279
    Пол:
    Женски
    Да.
    Па сум со дечко кој нема ни кола, ни возачка. :lol:
    Иако во план е да полага за брзо, не ми смета, како сака нека прави, кога ќе му се полага нека полага. Со него и со ЈСП и пешки коа идеме ми е убаво. ;)
     
    На MayDiamonds, Gi.ir.ll192, poi и 14 други им се допаѓа ова.
  12. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.468
    Допаѓања:
    8.036
    Пол:
    Женски
    Да,он ќе ми биде доволен.
     
    На poi, cresa-jagoda, piksooki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.213
    Пол:
    Женски
    Ај реално,не
     
    На Luciferka, IvanaJenner и simoncelicius им се допаѓа ова.
  14. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.885
    Допаѓања:
    49.904
    Пол:
    Женски
    Би била зошто да не т.е бев, кога се запознав со дечко ми немаше положено а ни кола немаше.
    Сега скоро сите категории ги има положено уште за автобус му фали. :D И кола си купи.
     
    На poi, Seli20, poppie и 2 други им се допаѓа ова.
  15. burthdaykake

    burthdaykake Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    2.328
    Пол:
    Женски
    Од големо олеснување би било да има возачка и автомобил за него, а и за мене. Но, секако дека не е важно или пресудно за тоа дали би била со него или не.
     
    На tinka-mace, staycalm, poi и 12 други им се допаѓа ова.
  16. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    14.689
    Пол:
    Женски
    Мојот одговор:
     
    На poi, poppie, SURF и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.452
    Пол:
    Женски
    Ни самата немам возачка ниту кола, не сум имала прилика а и страв имам донекаде засега. Свесна сум дека и покрај алтернативите е многу корисно и го олеснува животот, но прво себеси би се натерала во иднина за учење да почнам а и за вложување во кола исто, не да чекам од друг. Во секој случај ни блиску до приоритетни критериуми не ми е за кај партнер.
     
    На Nausicaa, cresa-jagoda, Amellie13 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.488
    Допаѓања:
    21.234
    Пол:
    Женски
    Па нели принц на бел коњ беше, не со авто. :D
     
    На Abeja, staycalm, buba4e89 и 13 други им се допаѓа ова.
  19. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.423
    Допаѓања:
    8.882
    Е и ова ли се гледа? Па ако нема може во иднина ќе има.

    Јас знам такви што купија кола за да фатат женска, ене ги сега и женска и кола изгубија.
     
    На staycalm, poppie, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.397
    Пол:
    Женски
    Некогаш ми се ....... од вакви и слични теми..
    Гледате секој дечко да има количе, да вози, да ви биде личен шофер, да ви ги исполнува желбите, ако е од различен град да доаѓа само тој со количето, ако не доаѓа па не ве сакал или не ви обрнувал внимание.
    WTF :drunk::drunk::drunk::drunk::drunk::drunk::drunk::drunk::drunk::drunk::drunk:
     
    На staycalm, Hellobeautiful, buba4e89 и 13 други им се допаѓа ова.