Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали би биле во врска со партнер кој нема возачка/ автомобил или не сака да вози?

Дискусија во 'Врски' започната од fantastic girl, 26 јули 2020.

  1. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Вие што кажувате дека парите за возачка, па и за кола не се ништо, сами ги заработивте, или вашите ви ги платија?
     
    На elenaxbbg, Pixi5, S.W.A.G и 19 други им се допаѓа ова.
  2. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    1.980
    Колата е потреба да, ама бодат во очи вашите очекувања дека за возењето одговорноста е на дечкото. Секој има право да си бара партнер како што сака, ама девојкава поставила тема и даваме мислење.

    Во првата година од врската со дечко ми и двајцата немавме кола ниту па возачко искуство и знам колку е ограничување да не можеш да појдеш каде сакаш и кога сакаш, сме се возеле во автобуси и слично ама во ниеден момент не ја префрлав топката кај него. Тогаш мене не ми беше приоритет вложување во кола сепак, па си ќутев и гледав да најдеме добри опции со тоа што имаме на располагање.

    Посебно ако се работи за дечко на 20тина години, ако е истата членка од другата тема, сосема разбирливо ми е на тие години да не сака да работи со години само за купување и одржување на колата кога потребата не му е толку голема. И немање кола во одреден период нема никаква врска со амбиција како што некои спомнувате... дури смешно е. Тие што поседување на кола го гледате како амбициозност стварно заслужувате партнер што најголемо достигнување му е купување на кола.
     
    На annii, Ketchup, Dream-Girl и 2 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Ако има желба, има и начин.
    Ние бевме во врска на далечина, и кога добивме дете, сеуште ни еден од нас не возеше.
    Има работи кои ми сметале кај него, ама возењето, дефинитивно не беше една од тие... во ниту еден момент.
    И да, се согласувам дека е потреба автомобилот, ама не и нужност, до толку, па да не може да се функционира без истиот.
    Еве ние, функциониравме одлично, кога е во прашање превоз во случај да не вози ни еден од партнерите.

    -----------------------------------------------------------------
    Секој може само за себе да зборува, за другите не.

    Глупаво е што темава се претвори во 'битка' на различни желби и потреби.
    Нема универзално правило за одбирање партнер.

    Воедно, навреди од типот: 'не е маж' и 'нешто не е во ред со неговата психа', се сосема непотребни.

    Сакајте што сакате, ама не им кажувајте на другите што да сакаат.
     
    На Amellie13, annii, Spidy и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Се согласувам дека колата е потреба, дали за пазарење, за деца па и за шетање нормално. Ама да очекувате нешто од партнерот ако и вие сте способни за тоа тогаш нема потреба од дискусија понатаму.

    После 4 години си купивме кола, ама во ниту еден момент не ми сметало тоа што сме немале кола, па сме се снаоѓале, со друштво, со автобус. Сега можеме да одиме каде сакаме без да прашаме и да молиме за превоз ама денес ја имаме колата утре може дда ја немаме. Битно е дека ние се разбираме, почитуваме и сакаме, па нема да ми биде проблем и да немаме превозно средство.

    Како и да е, вие што мислите дека така лесно може да се земе возачка и кола кажете кај растат парите и јас да земам да си купам некоја кола, за некое време и јас ќе бидам со возачка во рака.
     
    На Stephen Amell, invisible23, Snowflake97 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.476
    Допаѓања:
    96.927
    Си можела да ме цитираш, не мислам дека НЕКАДЕ растат парите, ама ете, штом си нашла за возачка, ќе најдеш некој ден за некое количе кое ќе те служи.
    А и веќе сте си купиле, сте НАШЛЕ пари, супер(fingers).

    И пак ќе кажам, многу повеќе трошите од што се правите тука, смешни сте со патетиките за пари (и далеку сум од богаташка! ако ова ви олесни нешто), така да, не сте скромни, лицемерни сте.
    Надвор излези, сето налицкано, одмори зиме/лете (корона оган да ја изгорЕ), инстаграм гори со порции од места кај што си ручкате и пијуцкате, а тука јер је форум, патетишете како богомолки парите та парите!
     
    Последна измена: 28 јули 2020
    На Frosty! му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски

    Не те означив ама гледам си се пронашла :lol:

    Не сум нашла за возачка туку мајка ми и татко ми, ми уплатиле за возачка за да не чекам да ме возат туку дека јас сум способна и можам и сакам да возам. Така лесно ако се наоѓале пари сите ќе биле денес со коли, вили и триста други работи. Трошоците месечно без кола и со кола не се исти инаку да ти кажам.

    Не знам дали се разбираш и возиш ама годишно една регистрација е најмалку 300 евра, осигурување, па месечно за гориво, не дај боже да се расипе нешто одма 50 евра најмалку. Така да не се споредува тоа. Убаво е да имаат возачка и двајцата партнери, но не е морално, и не треба човек да го проценуваш според тоа дали има или нема возачка. Ако имаш финансии и сакаш да возиш зошто се останува на мажот? Зошто па морало он да има и да те вози? Или ако ви кажат дека на мажот не му е обврска дома да пере да чисти да прави ручек одма се буните (facepalm)
     
    На Pixi5, Aqualina, Stephen Amell и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.476
    Допаѓања:
    96.927
    Е не знаев колку се трошоците, фала ти за просветлувањево.
    Јас мислев на вода оди:(.
     
  8. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Дај боже сите да си најдете дечко/ маж со кола,јахта и авион амин. Да прекинете да го тупите у темава
     
    На invisible23 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски

    Па како шо кажувате како е лесно да се има кола од две иљадарки не се сомневам да мислите дека оди на вода.
     
  10. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Кој шо бара тоа и ќе си најде.
    Дане ти смета тебе што пишуваме на темава? Човек да не може да напише мислење одма скокате како попарени.
     
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Некој ти вели парите се проблем а ти упорно -имате та имате, видов луѓе јадат, шетаат, на одмор одат, доста со патетики (facepalm)
    Некои имаат и за кола и за одмор и јадење и пиење по ресторани. Некои се само неколку дена на одмор и немаат за повеќе. Некои се собрале со друштво до Дојран или Охрид, поделиле сметка за бензин и седнале да јадат. Значи ли дека треба да имаат и за кола и за возачка? Некои седат во кафиќ со кафе и вода. Некои минуваат одмор со 200, 300 или 400 евра и не можат да одвојат повеќе и значи ли дека треба 10тина години одмор да не видат туку да штедат за возачка и кола? Да не излезе човек од дома, веднаш сметки дека ако има за едно треба да има и за друго. Дај смири се малку, ти зошто не си купи кола ако е толку лесно?
     
    На LivingGlam, elenaxbbg, Pixi5 и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Нели. Како да не знаат колку е скапо и дека секоја 3та фамилија у нашава држава тешко да има пари за тоа.
    Да не ми платеа моите за возачка искрено тешко пред 25години ја лично да положев. Па може и повеќе години ќе ме фатеа.
    Еве искрено кажувам со се паѓања и се и сешто 56000 денари ме фати. Како 18 годишен студент никогаш ова сама немаше да успеам да си го платам. А не па кола уште да имам и да ја одржувам.
    Ќе имам ама кога сама ќе сум способна да си ја плаќам, а не од нив да чекам.
    До тогаш кој ме сака вака без кола океј.
    Моите тоа лето откажаа реновирање и кречење за да се плати за моја возачка.
    Уште ми е незгодно шо се скрати буџет за друго за таа возачка.
    Ама некој може ги нема ни тие одвишок пари. Едвај крај со крај врзува, не па толку да издвои.

    Причини има разни. Психолошки или финансиски.
    Добро, може и да е мрза некој ама ова поретко... Бар јас ко шо знам луѓе лично, сите сега за сега возачка немаат зошто немаат пари за тоа, не па за кола...
    Не рекле никогаш нема да полагам, туку ќе одложам до момент кога ќе имам финансии. Со тие 1000 евра со месеци ќе јадат.
    Ама искрено мислам дека луѓето повеќе од срам ќе кажат страв ми е да возам него да кажат дека немаат финансиски услови за возачка и кола.
    Па и да имаат пари може сакаат моментално во друго да ги вложат, како што кажав више ние студентите со бесплатен јсп билет преку цела година, не ни имаме потреба од кола реално.
    Ја за 10-15мин со бус секаде стигам, за 30-40 пешки.

    Бар за возачка нема правило, може и на 18, може и на 38 да ја земеш, може и ти да возиш, не мора баш мажот.
    Глупо е за ова да оставиш некој, без разлика дали дечко или девојка.

    Мене побитно ми е да е амбициозен, да се труди и сам да успее, па макар возачка и кола првпат на 30 земал и купил, но да е вреден и да си ја спечалил со труд.
    Не сум заборавила кај живееме и свесна сум колку се кај нас можностите за млад човек. И не ме чуди зошто се покасно успеваме еве основни потреби да задоволиме.

    Ама сепак има разлика за која возраст маж збориме.
    Не е исто за 19 годишен и за 35 годишен.
    Ако планирам деца и фамилија секако прво ќе сакам да имам обезбедено автомобил. Но, првично ја. Па еве ја чим би имала и да нема тој не е проблем, битно еден ќе има за недај боже носење деца до болница и слично.
    Друго е живот во заедница, кога веќе делите и дом и финансии. Ама еден да има кола и возачка доволно е, не мора баш МАЖОТ да е тоа.
    За во врска ич не ми пречи. Не очекувам од дечко ништо и нејќам од него да зависам. Не ни живеам со него, не ни делиме пари, не можам да се мешам ја на што тој ќе троши и неговите шо ќе му платат или не.
     
    На BlackMistery, Doozy, Aqualina и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Следно - ако секој ден купувате по еден леб, место два и место една банана, јадете пола, ете ви за неколку години ќе имате кола. Вие сте запнале леб да јадете.
    ...
    Да бе, така се штеди.
     
    На elenaxbbg, invisible23, Lima24 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Еве јас со парите од стипендијата си шетам и јадам надвор. А за своја кола сега немам.
    Сега ќе речете - е да ги чуваше двете стипендии ќе имаше сега за кола:rofl:
    Пошто ништо друго не ми треба аха.
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.109
    Допаѓања:
    66.998
    Пол:
    Женски
    Ајде малку смирете го тонот и без лични препукувања, ќе следуваат банови.
     
  16. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Беспотребно се скаравте на темава. Зошто тешко дека ќе го убедите другиот во вашиот став, особено за преференци за партнер.
    За пари трошење, секој ќе си ги троши на тоа него што му е приоритет. Може за другите не е правилно, ама не се тоа ваши пари, па не им се пикајте во џеб. За двете "страни" на темава зборувам.
     
    На SummerGirl и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  17. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Се степавте за колата и возачката, како небаре 100 денари е да си купиш возачка од трафика а кола како на ГТА, истепај го и извади го од колата и твоја е :D
     
    На Doozy, elenaxbbg, Aqualina и 3 други им се допаѓа ова.
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.732
    Допаѓања:
    168.745
    Пол:
    Женски
    Мака ми беше да дам сериозно мислење ама ај ... :D Би била со некој без кола. Бев со некој без кола. Не раскинавме зошто немаше кола. Колата, кај нас, е потреба и то е факт. Ама потреба е и за вас и буквално "секој за себе" да си гледа е најдобро.

    Лично, имам страв од возење, некој има аверзија, некој е само див возач. И не треба секој да е возач, за добро на пешаците и другите возачи. Ни помажествен, ни помалку женствен си ако имаш и возиш кола. Башка финансиите.

    Дали некој ќе бара партнер со кола или не - на нив си е. Ама да кажвате зошто е важна кола - сите знајме. Положете, купете си кола и уживајте ги благодетите од неа, не треба некој друг то за вас да го прај.
     
    На Doozy, elenaxbbg, Aqualina и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Ladybug2436

    Ladybug2436 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Женски
    Не споредувам од аспект на превозно средство. Ако мојот партнер нема ни малку амбиција за да добие возачка дозвола или пак да собере за кола тогаш тој момент ми е пресуден. Не би сакала да сум со таков партнер. Ако јас сум се трудела и сум постигнала све сама без никаква помош, сигурна сум дека може скоро секој да го постигне тоа ако има доволно амбиција.
    Да не зборуваме за фактот дека во денешно време морално е (според мене) да се вози кола. Такси ли ќе викам кога ќе сум бремена? На одмор со точак ли ќе одиме?
     
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    1 И бремени жени возат кола.
    2. На одмор ако ти се оди ќе си одиш со твојата, нема да чекаш од никого.
    Мене па во денешно време морално ми е веќе да излезете од тој патријархат кај што се чека на мажот и да станете малку независни
     
    На Priroden, smooch, elenaxbbg и 13 други им се допаѓа ова.