Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали би биле во врска со партнер кој нема возачка/ автомобил или не сака да вози?

Дискусија во 'Врски' започната од fantastic girl, 26 јули 2020.

  1. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Можеби нема амбиција за возење и не му претставува тоа некој приоритет. Можеби има амбиција да се надоградува во кариера и ред други работи. Голема тиква ако немаш амбиција за возачка.
    Кога ќе си бремена можеш и ти да возиш. Ако мажот ти е на работа нон стоп личен шофер ли ќе ти биде? И ти си способна, раце и нозе имаш, памет имаш па можеш да возиш. На одмор можеш да одиш и со автобус и со авион, и со брод. Луѓето на марс се качија, вие уште разглабате и исправате криви дрини дека маШ не бил маШ ако немал возачка.
     
    На Priroden, Осе, elenaxbbg и 10 други им се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Бремени вртат точак у теретана ти важно кола бараш.
    Замина тоа време кога туѓото не се сакаше, сега алчност до немај каде.
    Ако он нема пари за возачка ете ти плати му,помогни му. А не да го гледаш како пропаѓа и да го откачиш ко да е на закачалка.
    А во авион кога ќе идеш и за колата ли ќе купиш седиште.
    90% од луѓето авион користат.
     
    На S.W.A.G, Stephen Amell, poppie и 4 други им се допаѓа ова.
  3. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.416
    Допаѓања:
    60.274
    Пол:
    Женски
    Мене ова ми е една од најголемите причини зошто не сакам да живеам во голем град со огромен метеж. Затоа што за секаде ти е потребна кола. Не возам, со бус и точак одам секаде, ама последниве години откако работам сфаќам која предност е да имаш сопствено возило.

    Не си зависен од никој, не ти се бутаат у фаца 10000 накрцани луѓе од кои најчесто се без осет за personal space и со бањање се скарани, можеш да отидеш кај сакаш и кога сакаш, а за навечер ако сакаш да си искочиш нема да треба да брзаш за да не ти кидне бусот. Кола е каде каде подобра опција од јавен превоз и тоа е факт.

    Нажалост осетив што значи да имаш сопствено возило кога морав да чекам другарка ми да дојде да не собере со член од фамилијата за на болница. Немав со што да отидам до таму, такси не доаѓаше во предвид кога беше коронава уште во таа фаза кога не знаевме што е, среќа со другарка ми сме премногу блиски па неа и верувам дека не беше во контакт со никој. Да си имав сопствена кола ќе си отидев и ич немаше да зависам од никого. Коронава убаво даде до знаење колку е потребна, особено кога јавниот превоз е место на кое многу, многу лесно може да се заразиш.

    Сакам да си заштедам пари и да си положам за возачка, па здравје некад и кола да си купам, макар што сакам сама да си го постигнам тоа а не да ми е поклон од некого. За партнер би сакала да вози и да има кола, ама дека ми е некаков критериум по кој се водам не ми е. Многу, многу побитни работи има што ми се приоритетни, а ова прашање ќе гледам да го решам со некаков компромис или со некакво заедничко решение во иднина. Сакам да си имаме нешто наше, баш за завршување на некои основни потреби.

    Дм има положено, ама уште не вози, исто чека да си заштеди пари па да си купи некоја кола. Моментално финансискиот момент е проблем, ама се надевам ќе се реши во иднина.

    Нормално дека можам да преминам преку некој што не сака да вози или не вози од некоја друга причина. Има многу, многу други работи што ми се побитни. За кола ќе гледам да најдам некој компромис, ќе гледам јас да си положам и да си купам кола.
     
    На CameliaMiller, P.S.love, Doozy и 15 други им се допаѓа ова.
  4. Ladybug2436

    Ladybug2436 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Женски
    Да се разбереме, јас имам возачка и кола, и не очекувам никој да ме возика навака натака. Затоа и напоменав, ако све можам да постигнам сама, сакам и мојот партнер да ја има таа амбиција. Сакам некој што е еднаков на мене. Зборувам за амбицијата, НЕ за превозот како превоз.
     
  5. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски

    Не можеш да очекуваш нешто од некого ако тој тоа не го сака. И треба секогаш да си најдете средина. Еве ти ќе го возиш ако он не сака. Тпј па ќе прави нешто друго што ти немаш амбиција за тоа и така. Тоа се вика компромис помеѓу партнерите а не да очекуваш некој да прави нешто. Секој си има различни амбиции и ставови во животот. На некои побитно им е да изградат кариера, на некој му е побитно пасош у рака и на авион. Некој како вас амбиција и најголемо достигнување да има возачка и кола и мисли дека се што лета се јаде. Туку вие сте ги иствариле амбициите сеа шо друго ќе прајте? За јахта немате ли амбиција?
     
    На deskarada, buba4e89 и ForeverYoung им се допаѓа ова.
  6. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    1.980
    Твој избор е ако тоа ти е критериум, само нема никаква врска со амбиција. Пример имам неколку колеги над 30 и над 40 години што не возат воопшто. Имаат добра кариера, заработуваат супер, паметни и културни луѓе се и генерално би рекла дека се амбициозни. Ама ете не се возачи.
    Како што кажав, твое си е ако тоа ти е критериум само површно е луѓето што не се возачи да ги правете неспособни и неамбициозни.
    Од друга страна па знам еден куп со ниски примања ама битно секој член од фамилијата има кола. А што немаат прозор да си сменат ако им се скрши, нема врска битно кола имаат. За мене тоа е 'растури куќа' за некои од вас изгледа е амбициозност.
    Мене лично повеке на амбициозност ме асоцира некој што не се залетува да купува кола по секоја цена, дури и ако потребата не е голема во тој период подобро е да се инвестираат парите во нешто што ке донесе приход отколку само трошоци како колата :D
    Така што никако не би можела да поистоветам купување кола со амбициозност.
     
    На Doozy, Aqualina, deskarada и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Unicornus

    Unicornus Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2019
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    1.268
    Пол:
    Женски
    Да, сум и би била.
    Јас скоро почнав со часови, тој уште полага. Точно дека е олеснителна околност и потреба, но не дека не сме шетале и без кола. Со авион, бус сме иделе на авантури, па фала богу во денешно време имаме многу опции. За ручеци и такви работи пешачиме, фаќаме бус/такси ако ни е некаде подалеку или нè мрзи во тој момент да пешачиме.
    Убаво е да возиме кола, еве здравје и тоа ќе бидне па би можеле полабаво да шетаме низ Мк и соседните земји ама за подалечни патувања сепак авион си е прва опција :) Баш зборевме пред некое време огромен плус ќе биде и тоа што ќе можеме во странство да рентаме и полесно да стигаме од едно место до друго, па и за со куфери е олеснително доста. Но, пак се навраќаме дека е тоа предмет на договор и зависи од желбите на партнерите - ништо не треба да биде исфорсирано. Ако мислите дека не можете да бидете со партнер што не вози, едноставно раскинете - ваша одлука си е и не треба да ви е битно мислењето на другите.
    Мене би ми пречело да нема амбиција да положи и да заработи за да си обезбеди подобар живот, секако доколку нема фобија или на некој друг начин (што нема врска со финансии) е спречен да вози.
    Парите се заработуваат, кога-тогаш секој што е амбициозен, трудољубив и има таква желба ќе собере барем за количе од 2-3 илјади евра.
    Па јас на 21 година од стипендии и хонорари имав соберено доста и тоа со живеење лабав живот без штедење, не пак некој што има постојана стабилна работа.
    Така да, би била со некој што сега не вози или нема кола, ама сакам да е трудољубив и да има амбиција за во иднина да си обезбеди исто ко мене :)
     
    На Dream-Girl и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  8. Ladybug2436

    Ladybug2436 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Женски
    Затоа тука станува збор за преференци. Не очекувам партнерот да прави нешто што не сака, ама од друга страна јас не би одбрала таков партнер. Мене лично тоа ми е пресудно. Исто како на некој што можеби мојот изглед би му бил пресуден, така мене возачката кај партнер ми е пресудна.
    И едно е да имаш нормална амбиција а друго е да имаш болни амбиции како јахта. Смешно е ова што го читам.
     
  9. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.980
    Допаѓања:
    10.228
    Мене ми е најважно јас да возам и да имам своја кола. Тоа значи и да не се чекам на ред со маж ми кој ќе си брка работа. А он дали вози не ми менува многу, се дур не треба секој ден да правиме распореди за користење кола кој, како, зошто, или да ме бара 5 пати во денот на телефон да го развозувам низ град.
    Сега ова да го замислиме кажано во обратна улога маж-жена :D
    Нека звучи колку сака размазено мојов исказ но, мојот начин на живот, обврските и времето што го имам на располагање, како и поинаку да ги замислам би било далеку покомплицирано и на долг рок ќе ми смета. Имањето свој превоз го прави сето ова возможно.

    Кога бев помлада, значи крај на средно, факултет и сл. навистина не чувствував потреба ниту јас ниту било кој околу мене да вози. Лесно било да се организирам и пешки, со точак, со автобус. Како јас така и сите, додуша. На одмор сме оделе со автобус, сме менувале станици, сме киснеле по чекални со саати и најубаво ни било, ден денес се сеќаваме и се смееме. Ама денес ете не би сакала да го правам тоа, затоа што динамиката на животот и времето со коешто располагам ми е многу поинаква. Да ангажирам шофер и батлер исто така не сум во можност : ))
    Сакам да кажам дека понатаму во животот постојано има случки поради кои и те како се менуваат приоритетите за тоа дали треба некој во домаќинството да вози. Секако не мора тоа да е исклучиво мажот. Секако може и никој да не вози, но истото ќе си бара менаџирање од друг тип. И сето тоа е во ред, ако на сите така им чини.

    Ако зборуваме од материјален аспект, не се мешам во туѓ џеб ќе зборувам исклучиво за мојот. Положив со тоа што сама си платив од заштеда моја, сама си купив кола и 3 години отплаќав кредит. Дали жалам? Ниту денар. Иако тргав од не толку голем куп кога решив да го направам тоа.

    Не е спорно дека се може без кола, дека љубовта е најважна и слично, но зборувам за одредено ниво на удобност и ете квалитет на живот. Не мора да сме почнале од таму, не мора ни да значи дека ако некогаш паднеме со стандардот дека ќе е крај на светот.

    Конкретното прашање на темава, за мене лично е незамисливо нешто толку да ми е пресудно во животот а да не се обидам најпрво сама да си го обезбедам пред да го барам од друг. Од друга страна некое бате што ни под разно не сака да отстапи волан на жена кога се патува на пример, би се фатил за врат со мене. Поентата ми е, за секое лонче има капаче, дај боже да си се најдат.
     
    На macysh, smooch, Noemi и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски

    Па не е болна амбиција да имаш јахта, за некој можеби е и твојата амбиција болна да имаш возачка па никому ништо.
     
    На Aqualina, S.W.A.G, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Јас немам пишано овде, ама ќе ти одговорам.
    За мене не беа баш "ништо"(не ги осетив дека ги изнадавав голем дел од парите), ама си скратив многу работи и успеав. Се изнадавав пари, што за полагања што за сервиси, ама све ова дур бев сама го постигнав, пред брак, пред дете, сега малце потешко дека ќе успеев.
     
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    322.849
    Јас.имам возачка ама не сакам да возам:)
    Треба да ме остават?:?:
    Не сакам и точка.
    И нема да сакам.
    :)
     
    На P.S.love, Doozy, S.W.A.G и 7 други им се допаѓа ова.
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.153
    Допаѓања:
    36.517
    Пол:
    Женски
    А дали Рефо вози?:D
     
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    322.849
    Да.
    Ете за да не се тепаме.за колата му се погодила не шофер жена.
     
    На Lima24 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  15. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    4.182
    Пол:
    Женски
    Кога сме правеле муабет со мм на оваа тема, често и јас сама си размислувам колку поолеснителна околност ќе ни биде кога и тој би имал положено.
    Еве се случи да си ја повредам ногата, кола имаме во дворот неможеме да отидеме на лекар, чекавме до вечерта а заврши пријател од работа и тој да ме носи. Секој ден станував во 5 сабајле да го носам 30км на работа и да го зимам. Додека чекам по 3часа на мајстор, можам дома да завршам некоја работа, или може тој да отиде да испазари, а не секогаш јас. Изигравам таксист цело време, не дека ми пречи тоа сепак за мм се работи ама страшно иритира. Уште толку се нервирам оти знам дека нема страв, има желба да положи ама не е мукаетен.
    Братучедка ми беше тотално сама додека беше бремена, маж и не беше во државата и секогаш сама одеше секаде. Дури и на пораѓај тргна сама 40км да ги извози сама со болки страшни. Еве маж и има положено ама немала друг избор тогаш. Од друга страна имавме соседи со три деца и само жената возач, толку многу се нервираше оти сите обврски беа нејзини. Мора да ги однесе и да ги врати од градинка/школо, мора да оди да испазари, дома да среди деца, ручек, пеглање, перење па ако врне или е ладно мора и маж и да го вози иако тој со точак си оди секаде. Бев секојдневно со нив и гледав како се одвиваат работите, тој колку и да помага не е исто.
    А за приоритет да ми биде тоа дали и каква кола вози, не. Оти и мене ако не ми уплатија моите да положам и ако не ми купија кола сега ќе одев уште пешки.
     
    На CameliaMiller, Noemi, Aqualina и 11 други им се допаѓа ова.
  16. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Некој може да нема возачка, а да има далеку поголеми постигнувања од тебе, мислам дајте со ова АМБИЦИЈА, збориме за возачка за кола ко да е некој успех, јаката амбиција, мислам тоа ако ви е амбиција во живот... :D
     
    На Lady D ❤️, candy.cane, S.W.A.G и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    3.641
    Пол:
    Женски
    ааа и тоа како амбиција :Dособено ако си со low self esteem па се гледаш у ретровизор си викаш..па што ми фали, си работам, си завршив факс., Си возам...ќе биде за некого, се додека се гледа на возењето како "машка ствар", па чекај да положам и да збрчам голема кола што само муж може да ја вози.
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  18. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.336
    Допаѓања:
    5.869
    Кола ако е ти е неопходна, тргни од себе и положи си. Не гледам причина зошто би мотивирала, убедувала партнер да положи и пак да зависиш од него.

    Не ме интересира дали има положено или тек допрва ќе полага. Гледам да положам за себе, за утре ден да не чекам да заврши со работа па да трчаме обврски да средиме.
     
    На Aqualina и edna_malecka им се допаѓа ова.
  19. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Абе види, те сфаќам дека многу побитни работи и достигнувања има во животот од возачката, ама не гледам лошо некому да му е амбиција да заврши факултет, да има возачка дозвола, купи кола, стан или било што друго. Мене на 18 години ми била амбиција возачката дозвола и сум го доживувала како успех, сум сакала да го постигнам тоа и сум го постигнала. На некои 23-24 години си купив кола за која што штедев подолго време, ете и тоа ми била амбиција и тоа си го доживувам како успех. Еве постара ми е колата, мала е, ама мене ми е убава и не сакам да ја сменам иако можам финансиски, ама сега имам друга цел за која штедам :) Значи немам амбиција да возам најнов модел, а некој ако има во ред е. Телефон имам стар, зошто немам амбиција за понов. Некој сака најнов и тоа е во ред. Не значи дека некој лечи комплекси, туку има цел што сака да ја оствари.
    Некој како успех си ги доживува децата, ете и тоа е во ред. Некој па има амбиција да го прошета светот. Некој сака да има многу пари. Во ред е не секој да ја има истата амбиција.

    Едит: Работа имаш спомнато, работа е друго, настрана од амбиција. Тоа веќе не е амбиција, зошто не знам некој што би сакал да биде невработен на 30 години.
     
    Последна измена: 28 јули 2020
    На CameliaMiller, Ladybug98, poppie и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Traveler91

    Traveler91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    916
    Пол:
    Женски
    Ne bi bila
     
    На fantastic girl му/ѝ се допаѓа ова.