Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали би биле во врска со партнер кој нема возачка/ автомобил или не сака да вози?

Дискусија во 'Врски' започната од fantastic girl, 26 јули 2020.

  1. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
  2. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    3.641
    Пол:
    Женски
    иначе јас сум таа што се гледа во ретровизор..јас немав желба, моите имаа. Ми беше поклон за матурирање на некој начин..и не ради курч, туку затоа што како одат годините возачката реално станува луксуз и е сѐ поскапа. Не сум си купила кола сама, не знам да штедам, не е за фалење, ама така е.
     
    На WildMk, Tea678, Nevenche26 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Хаха леле ме насмеа многу, ама секоја чест, освежување си колку си директна :D
    Нема потреба од low self esteem инаку, а не е ни за фалење ни па за жалење, баш тоа и ми беше поентата, секој има различна цел. Сигурно твојот фокус е на нешто друго и тоа е сосема во ред.
    А и за партнерите е така, луѓето се различни и затоа секој бара некаков партнер со кој ќе имаат барем слични цели и насоки во животот. Не значи дека другите што имаат други цели се помалце вредни како луѓе, туку едноставно за компатибилност станува збор.
     
    На poppie, Frosty!, Tea678 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. liliput22

    liliput22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    546
    Пол:
    Женски
    Циркуз без пари и е мислењево ама ај....дознавме барем дека и возењето кола била некаква си амбиција во животот ако не друго
     
    На S.W.A.G, poppie, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. ImePrezime

    ImePrezime Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2020
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    33
    Секако. Не ми е проблем. Крај на крај во секое време може да се полага и да се земе возачка. Ако нема сега може ќе има во иднина. Е ако човекот е плашлив и не сака да вози подобро да не вози одколку нешто да се случи. Секако дека е предност да имате кола и да можете во секое време да одите каде сакате место да чекате превоз но и без тоа се може.
     
    На Lima24 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    5.610
    Пол:
    Женски
    Јас не возам и искрено жал ми е што партнерот сам вози, посебно кога станува збор за подолги релации. Ме гризе совест кога вози на пример 9 саати, а јас си дремам на совозачко. Ме фрустрира што не можам да му помогнам. Секако планирам да положам во иднина, кога ќе можам, зашто не ми е на врв на финансиски приоритети моментално а и кога би положила, пак ќе се возам со точак/воз на дневна база зашто ми е многу практично, поеколошки и неретко побрзо.

    Ама едноставно нит сакам да сум му на некој цел живот шофер, нит па сакам некој мене да ми биде. Напорно е.
     
    На lovestoneddd, edna_malecka, Aqualina и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    Не ги судам ни тие што не би биле cо ваков партнер ни тие што би биле ,секој си има свој критериуми . Еве лично јас кога се запознавме со дм немаше положено баш тогаш полагаше ама немаше негова кола туку ја возеше од мајка му но откако положи после две години си купи кола со негови пари и стварно е олеснително , кај и да сакаме да одиме во било кое време можеме . Никогаш не ми било критериум дали има кола или не јас пак ќе си го сакав еднакво ама вака е многу полесно ,кола не е луксуз туку потреба.
     
    Последна измена: 28 јули 2020
    На CameliaMiller, lovestoneddd, ImePrezime и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Ladybug2436

    Ladybug2436 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Женски
    Како што кажа, секој си има свои критериуми. На пример јас никогаш не би била со човек кој што нема возачка, не сака деца или кучиња. На некоја друга можеби не би и сметале овие работи, сите сме различни и тоа е нормално. Воедно факт е дека на некои луѓе им е пресудна возачката дозвола, не за џабе е направена оваа тема.
    Можеби на некој тоа му е "површно" или "смешно" но јас сметам дека секоја нормална девојка треба да има повисоки стандарди кога бира партнер. Често гледам убави, средени и успешни девојки што се задоволуваат со одвратни мажи што трошат пари по кладилници секој ден и ги тепаат кога ќе си дојдат дома со точакот (мало преувеличување но сосема реална ситуација). Само едно ќе кажам, жени, кренете си ги стандардите кога барате партнер.
     
    На CameliaMiller, Angie1432, Traveler91 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    Точно така, јас никогаш не би била со партнер кој пуши цигари , ако некој не би била со партнер што не сака да вози и нема кола не значи дека е спонзоруша туку си има секој свои критериуми по кои го бира партнерот.
     
    На Traveler91, lovestoneddd, Aqualina и 2 други им се допаѓа ова.
  10. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    Јас не би била со некој кој не сака животни. Ни ту пријател ниту нешто повеќе.
     
    На liliput22, Traveler91, edna_malecka и 3 други им се допаѓа ова.
  11. jasbi

    jasbi Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2016
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    7.572
    Пол:
    Женски
    Jas ke bidam vo vrska so tipot, a ne so negoviot aftomobil.
    Nebitno dali vozi ili ne, postojat i dr prevozni sredstva....
     
    На Lima24 и edna_malecka им се допаѓа ова.
  12. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Абе ако не сакаш дечко што нема кола тоа си е твое право, мислам ти си бираш каков партнер сакаш/неќеш. Ако сакаш висок, земи си висок, ако сакаш со пари земи со пари , земи со стан, со вмровско знаме, што сакаш и што те прави среќна/среќен тоа бирај си, се разбира тука е прашање дали другиот ќе прифати, али пак нема што да се мешаме во желбите и критериумите на другите.

    Но тоа што не можам да замижам.

    Дали ти знаеш дека голем број на мажи го читаат форумов и категорииве и покрај малата самодоверба и проблеми да пријдат на некое женско ќе наидат на вакво мислење каде што некоја си личност им вика вие не сте мажи ако немате тоа и тоа, и уште толку ќе им се сјебе самодовербата и остало...
    Ти како ке се чуствуваш сеа да почнат мажите да постираат што ако жената немало ова или она не е жена, ќе се чуствуваш убаво?, какви се овие невкусни и глупи размислувања без да се размисли за последиците.
    А друго што си ти па да одлучуваш кој е маж а кој не е?
    Сигурен сум да машко напишеше вакво нешто ќе имаше 20 цитирања и драматизирања и глупости....

    Друго немаат сите машки мама и тато што можат да им купаат количе или што знам што па да можат после да солат памет и да зборат дека успеале нешто у животот. Некои од нив не ни сакаат да возат кола од милион причини, било страв, било немање желба итн итн...нивно право, а која си ти да им викаш дека не им чинела психата поради тоа?
    Срамотно е вакви мислења да постираш.


    Фала што ми кажа што кола возиш, следен пат кога ќе видам таква кола со женско внатре да сака да се убаци на моја лента и слично нема да ја пуштам.
    Е така да знаеш...
    Патем не знам дали видовте како индиректно се пофалив дека имам кола со последниот пасус, отворено е ЛП, очекувам жешки писма ммммм.
     
    На Nevenche26, Snowflake97, P.S.love и 27 други им се допаѓа ова.
  13. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.433
    Пол:
    Женски
    @Yipman2 ќе ти пишав, ама немам возачка, дали се прифаќа? :(

    Мислам, сериозно... Не виделе подалеку од својот нос и кажуваат кој каков е.
    Размазени принцези што чекаат од друг.
    Срамота е, 21 век сме.
     
    На buba4e89, Mantub, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  14. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    Охх, @Yipman2 не ни прави вакви работи.. Возачка имаш па дури и кола.. А пак аватарот и нешто друго покажува.. :angel:

    Он топик, немаа пари моите кога јас сакав да полагав, мене ми беше побитно да отидам на факултет отколку да полагам за возачка па затоа не форсирав. Слаби амбиции нели? 4 години по ред работев преку лето, наредното лето здравје ќе полагам и ќе си купам кола со мои пари. Инаку да, дечко ми почна да вози после 2-3 години од кога се фативме. Мака немав тие 3 години, ми беше гајле дали вози или дали има кола битно ми беше да сме заедно. Се имаме испраќано на -15 степени и тие моменти не би ги дала за никаква кола.
     
    На Snowflake97, Lima24, jasbi и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Ти сеа одиш од екстрем во екстрем.
    Ако на мажот не му се вози тогаш е ок 21 век сме.
    А ако на жената не и се вози тогаш е размазена принцеза што чека друг да ја вози, срамота 21 век сме.
    Јас како што разбрав девојкава вози ама сака и дечкото да вози. Не е дека го чека.
    Луѓе едноставно е, нема тука размазени, мрзливи, (не)мажи, принцези или јунаци. Има само приоритети и желби.
    Нема потреба за вреѓање на двете страни.
     
    На Unicornus, fantastic girl, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Ми стои дека на темава ѝ фали уште само некој падобранец балканец да влезе со "мене жена нема да ме вози", и може да се затвори после :D
     
    На CameliaMiller, I.want.to.sleep, P.S.love и 18 други им се допаѓа ова.
  17. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.433
    Пол:
    Женски
    Види, секој со свои стандарди и критериуми.
    Ама ако збориме општо не е у ред за некој да збориш дека му фали нешто у мозок ако нема возачка или кола или пак да кажува како да ги троши парите.
    Ете јас нит сум имала желба за полагање, сум имала партнер без возачка и кола ама не сум се мешала во негови финансии а уште па да го убедувам да полага.
    Ако е негова одлука јас ја почитувам.
    Кола сега е луксуз, а не секој може да си ја дозволи.
    Сакала да ја шета и вози и дечко и, океј се у ред, ама се запрашала дали може да си дозволи и тој, или лесно е од страна да збориме и да наметнуваме свои желби?
     
    На ForeverYoung, jasbi, S.W.A.G и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.033
    Допаѓања:
    180.173
    Абе нека си најде друг дечко, решен проблем.
    Оти сета компатибилност со партнер во колата и возачката лежи|(

    Инаку @Yipman2 не е ова ново светско чудо, памтам брат ми какви фрустрации имаше, немал кола, не ќе можел женска да фати(facepalm). И ова пред 15 години сигурно. Критериуми ли се, предрасуди ли се:?:

    А кола од родител се важи, или мора лично и персонално сопствена да биде?:^)
     
    На jasbi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Aqualina

    Aqualina Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    921
    Пол:
    Женски
    Подобро да нема тој или таа возачка( или нека имаат ама подобро нека не возат!) отколку заради комплекси од тоа 21 век е срамота да не знае или не сака тој- не маШот или таа- размазената принцеза, а има причини заради кои не е пожелно да управува со моторни возила ама ради лечење баш на тие комплекси управува и потенцијално може да унаказува нечии животи.
    Знам пример од ваква природа и само еднаш се имам качено во кола со неа, не знам со кој памет се качив, ама сега со овој би оставила на еднаш и никогаш повеќе. Кога ќе размислам можда па и од љубопитство се качив со неа во кола, ама сега за жива глава не би. Иако знам дека заради друг изговор сега не вози иако ја има таа возачка што многу ме радува и смирува во врска со безбедноста на граѓаните во градот каде што сега живее. И така. Не силувајте по секоја цена некој да вози, сака да вози, има возачка итн. има многу причини зошто подобро да не вози што ги поддржувам, само прикривањето на фактичката состојба зад изговори не ја поддржувам. Инаку во врска/брак ќе си бидете и фактички сте со него/неа не нејзината кола, амбиции, финансии, цели итн. Во превод или го/ја сакаш или не.
    Мислам по запознавање да вртам муабет кон тоа дали е шофер или шоферка за да одлучувам што понатаму ми е мизерија од размислување, а не па понашање во живо. Ама се си има така да ништо чудно.
     
    На Lima24 и edna_malecka им се допаѓа ова.
  20. Aqualina

    Aqualina Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    921
    Пол:
    Женски
    А мора ли кола, може ли трактор рецимо?
    Ух прашање што ми не да мира да заспијам во овие ситни ноќни саати:wasntme:
     
    На jasbi му/ѝ се допаѓа ова.