Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали би биле во врска со партнер кој нема возачка/ автомобил или не сака да вози?

Дискусија во 'Врски' започната од fantastic girl, 26 јули 2020.

  1. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Види јас имам слушнато и побизарни критериуми.
    Моја другарка откачи дечко кој беше онака баш супер само затоа што гласал за СДСМ. На неа и требал некој што е луд по ВМРО.
    Така да ова барање за кола ми е гола вода
     
    На Nevenche26, candy.cane, P.S.love и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.027
    Допаѓања:
    180.149
    Ова е сосем легитимно, и јас би раскинала ако некој гласал за СДСМ. И за ВМРО ако гласал исто. :rofl:
    Иако:!:, политички ставови и определби се реално посериозен критериум за компатибилност со личност, отколку тоа дали има возачка. Сигурна сум дека @WildMk на пример, под сместа би откачила некој ВМРОњ. И јас богами го праам истото, ама без дискриминација, ако било кој ме напнува за пресвета партија:)
     
    На Nevenche26, candy.cane, Doozy и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Само што ќе пишев :D Луд по партија ептен deal breaker. Ептен. Било која.
     
    На CameliaMiller, Nevenche26, candy.cane и 7 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Игзекли!
    Неќам на ѕидот ни слика од Делчев, ни од Тито.
     
    На CameliaMiller, Nevenche26 и Aqualina им се допаѓа ова.
  5. Aqualina

    Aqualina Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    921
    Пол:
    Женски
    Луѓе не се зае*авајте за партии, озбилна работа е тоа во компатибилност помеѓу партнери, поозбилна од немање возачка/кола. Замислете двајцата активисти од различни партии, а еден е само со возач/ возачка и кога ќе го разнесува партнерот/ ката на митинзи автоматски и него/неа ја има таму и оп црвен картон од партија шу бара на митинзи на другава партија. Озбилно е политичка определба, партија, политика е е е...:D
     
    На CameliaMiller, Nevenche26, candy.cane и 11 други им се допаѓа ова.
  6. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Слика веќе next level :D
    О Боже, си замислив. Лошо, лошо.
     
    На CameliaMiller, Nevenche26, Aqualina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Тетоважа од Бране или од Грујо tops it :D
     
    На CameliaMiller, Nevenche26, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    3.641
    Пол:
    Женски
    од Бране може и јас да стаам во новчаник, па ко ќе отворам да ѕирне.

    шала на страна, ама кога го фали Грујо ми иде да се разведам.
     
    На CameliaMiller, Nevenche26, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Aqualina

    Aqualina Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    921
    Пол:
    Женски
    Ме изнасмеа, да не пукнеш.
    Брачед на татко ми на брачедата и оставаше во наследство слика од Тито кога се омажи дома, ама оваа одби да ја задржи на ѕид па си ја спушти татко и во подрумските простории каде што си продолжи да си тера ''работна кариера'' по пензија.
    Ми даваш идеи да ја прашам што бидна со сликОто на Тито:rofl:
     
    На CameliaMiller, Nevenche26, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  10. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Ептен умерен пост. Нешто што пробавме неколку членки со истиот став, да образложиме, ама не, они решија да ја минимизираат темава низ мислењето на членката која ја има отворено темава.

    Да се повторам.
    Најмногу од се разбирам финансиска неможност за полагање и купување кола. Помалце разбирање имам кон оние кои се во можност а одбиваат. Првин за себе е полезно да ја имаш таа дозвола, утре за во врска, здравје за развезување на деца, често пати исто у зависност од работната позиција, налагаат да се поседува возачка дозвола. Немаш апсолутно никаква штета ако знаеш да возиш,макар и да не си активен возач. Некогаш може ќе се најдеш у ситуација во која минутите се битни и ќе треба да настапиш ти.
    Во последната врска, баш ко што рече Дајла, јас немав дозвола,партнерот имаше. Посетивме десетици места кои никако не би биле у можност да им пристапиме со друго превозно средство, неврзани со време, комфорт.
    Се осеќав ко гомце што после цел ден некаде, или после долга релација седнував на сувозачкото и чекав да ме возат. Секогаш тој да испие помалце пошто ќе треба да вози, секогаш да е во муд за возење, секогаш да внимава.
    Колку пати со таа кола ми има излезено у пресрет, за превезување некаде, за одење до болница, до ветеринар за кутрево, за пренесување на некои ствари, кога друг превоз нема ни за лек или пак таксито у еден правец ќе те чини пола резервоар. Сето ова ме мотивираше да заштедам и ете на чекор сум до возачката. До пред неколку години ќе речев дека не ми треба, ама низ илјади ситуации се уверив дека е ако не маст хев, бар пожелно е да ја имаш истата.
    Машко,женско, без разлика на полот, треба.
     
    Последна измена: 29 јули 2020
    На Unicornus, Giovanna, KateKane и 12 други им се допаѓа ова.
  11. Ladybug2436

    Ladybug2436 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам со ова мислење.

    Иако мене лично возачката ми е пресудна кога бирам партнер, никогаш не би се дрзнала да кажам дека е помалку или повеќе маж ако нема.

    Е сега, да се надоврзам за нешто друго што сметам дека е многу важно да се каже. Реалноста е дека кога бираме партнер првично не привлекува физичкиот изглед. Тоа е човечката природа, сите светици што се прават на темава мора да го признаат тоа. Исто како што секој има различни поими за физичка убавина и различни критериуми (некој сака бринети, друг сака плавуши) истото се применува и во карактерните особини на партнерот. Ниеден маж не треба да се осеќа дека е помалку маж ако некоја жена го одбие поради тоа што нема возачка исто како што јас не се навредувам кога некој маж ќе ме одбие поради тоа што сум бринета а сака плавуши. Тоа е реалноста, сите сакаме различни работи и имаме различни мислења.
     
    На fantastic girl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Помалку разбирање имаш за тие што имаат можност а немаат возачка, па ти не знам дали разбираш тука у темава милион пати е напишано дека некој едноставно НЕ САКА да вози и?! Има траума можеби, нема желба и ред други причини да не набројувам.
    Убаво пиша една членка што имале кола со партнерот ама не излегувале дури ни на клупа пред зграда.

    Само не ми е јасно, како со некое машко кога се запознавате, го прашувате прво за возачка, па ако нема одма игнор/блок? Или му викате чим немаш возачка не си маШ и ти фали нешто (facepalm)
     
    На Mantub и deskarada им се допаѓа ова.
  13. fantastic girl

    fantastic girl Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2020
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Па јас не сум психијатар или психолог па да мислам дали на некој ќе му ја турнам самодовербата или што ти ја знам што ако на некој му падне самодовербата има стручни лица и за тоа.
    Еве јас работам како службеник за заем и кредитен советник па не ми паднало на памет да одобрам ризичен кредит само поради тоа што може да му падне самодовербата на клиентот дека не е кредитоспособен/на.
     
    На candy.cane, Aqualina, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Touché :D
     
    На candy.cane, Frosty! и Aqualina им се допаѓа ова.
  15. DACIA

    DACIA Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2017
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    151
    Пол:
    Машки
    Колку е едноставно кола да имаш.... Само шо се вратив од мајстор, ме нацртаа 4000 илјадарки :)
    И уште не е досредена.
    Значи кола е уште една гладна уста во фамилијата
     
    На candy.cane, mssuniquee, sierra и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Ladybug2436

    Ladybug2436 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Женски
    Кога се запознаваш со некој тоа прашање често само се одговара, не ни мора да се прашува. Нема ништо чудно, дури можам слободно да кажам дека сум добивала и многу почудни и ненормални прашања на прв дејт.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Абе, секој нека си одбира партнер, како што му е ќеиф.
    Само да не навредувате такви кои немаат исти очекувања и желби како вашите.

    Тоа е цела суштина на муабетов.
     
    На candy.cane, elenaxbbg, Frosty! и 9 други им се допаѓа ова.
  18. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Мојот сегашен сопруг кога го запознав немаше ни возачка дозвола ни кола се запознавме во Катар :D.
    Денес и двата имаме возачка дозвола и двата возиме и имаме автомобил:D.
    Оваја тема ми е толку смешна но не успеав да се воздржам да не искоментирам .
    Не сакам никого да навредам но денешните девојки станале навистина површни и ефтини навистина жалосно...
     
  19. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Не тропај глупости и не ми ставај зборови у уста кои не се мои.
     
    На Traveler91 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Ако погледнеш убаво овој пасус ми е одделен од цитирањето наменето за тебе.