Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали би биле во врска со партнер кој нема возачка/ автомобил или не сака да вози?

Дискусија во 'Врски' започната од fantastic girl, 26 јули 2020.

  1. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    У реду.
    Да. Помалце разбирање имам, ама тоа не значи дека им се мешам у одлуката. Без притисок.
    Мое право е дали јас би била со некој таков или не. Преференци и тоа е.
     
  2. Ladybug2436

    Ladybug2436 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Женски
    Ако некој маж ме одбие поради тоа што сум дебела тоа според тебе е сосема нормално, но ако јас барам да е функционален граѓанин со нормална работа и возачка НЕДАЈ БОЖЕ јас сум спонзоруша.
     
  3. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.099
    Допаѓања:
    26.943
    @Ladybug2436
    Функционален да си треба да си со возачка и кола?
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ladybug2436

    Ladybug2436 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Женски
    Теоретски не, според моите стандарди - да.
     
  5. Fluffy^-^

    Fluffy^-^ Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    16.761
    Пол:
    Женски
    Темава, каша попара сте ја направиле. Ама забавно беше да се чита, морам да признам. :lol:

    Самово прашање е толку многу површно и материјалистичко секако. Нешто како: Дали би биле во врска со некој што нема пари? Пошто и парите се потреба, и убаво е да се имаат нели.:angel:

    Да одговорам: да, би била. И мене некој да ме исквалификува како "помалку вредна" пошто немам возачка а Бога ми ни кола, би била бесна во најмала рака, и јас ќе ја оставам личноста, не ни мора "да го спушта критериумот" за да биди со мене.

    Кај отидоа бе критериумите како: да е добар, љубезен, фин?! Да ме почитува, да ме сака?! Што е ова? (facepalm) Ако немал положено, немала да биди со него. Свашта!

    Карма ис а бич, само то ќе речам.
     
    На Осе, candy.cane, neno0o и 13 други им се допаѓа ова.
  6. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.433
    Пол:
    Женски
    Битно на темава се испофалија кој што работи и кој што вози.
    Не ја читам веќе темава, катаракта на очи ќе фатам. (facepalm)
     
    На candy.cane, edna_malecka, buba4e89 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Ladybug2436

    Ladybug2436 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Женски
    Чекајте малку другари, не смее да бараме партнерот да е љубезен, добар И меѓудругото да вози кола? Или има лимит за такви работи?

    Ако викате дека немате никакви критериуми за партнер или се лажете самите себе или навистина имате некаков проблем.
     
    На Angie1432, Aqualina, lovestoneddd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Што знам, мене овие работи ми се како given. Ако не си љубезен, фин и не ме почитуваш или сакаш ни за другар не те сакам, па не за партнер. Нормално и самите критериуми за партнер си се менуваат во годините, ама искрено јас во моментов имам дополнителни критериуми за партнер освен овие кои сум ги имала на 18-20 години, кога само тоа ми било битно.
     
    На CameliaMiller, Aqualina, Giovanna и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Fluffy^-^

    Fluffy^-^ Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    16.761
    Пол:
    Женски
    Толку ти е нелогично пишаново што нема ни да се мачам да ти одговарам. :angel:
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bebushka135

    Bebushka135 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2014
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    95
    Не. Живеам подалеку од градот и самата морам да се развозувам наваму натаму. До кај мене нема друга опција за превоз што не е изгор скапа, така да не гледам како би имале функционална врска а да не може да дојде до кај мене итн.
     
  11. Fluffy^-^

    Fluffy^-^ Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    16.761
    Пол:
    Женски
    Прашањето е многу концизно, се одговара со да и со не. Ако одговорот е не, автоматски не е битно ни дали е добар ни дали е не знам што. Ако нема возачка, џабе. Јас така ве сфаќам
     
  12. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Кого сфаќаш? :)
     
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.111
    Допаѓања:
    163.673
    Пол:
    Женски
    Дечки океј е, на крајот на краиштата секој има право на свои преференци и приоритети во врска и околу ствари како физички изглед или материјална состојба, колку и да изгледа површно можеби, ваш живот е. Само немојте да идете во правец „нешто треба да му фали на човек (над x години) ако не вози (и тоа со акцент на мажите)“, или пак уште повеќе проценки од типот дека на овој стандард во државава би требало на повеќето од нас илјадници евра да ни се гола вода. Не велам дека е скроз небитно материјалното, не мислам дека се живее само од љубов и ич не сум од оние што романтизираат сиромаштија, баш напротив... ама спуштете се малку на земја, плс.
     
    На candy.cane, BlackAndWhiteSwan, elenaxbbg и 7 други им се допаѓа ова.
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.301
    Допаѓања:
    125.963
    Пол:
    Женски
    Леле,темава... :rofl:
    А,да пише некој дечко и да се жали дека девојка му не го чистела домот,одма сите ќе му рипнеа дека девојка му не му е слугинка и дека може сам да зачисти.
    Да одговорам...
    Да,би била со таков.
    Не сакаат сите да возат кола.И тоа е нивно право.
    Тоа дека партнерот треба/мора да има кола и да ве вози е материјалистичко гледиште и не е во ред.
    И да има кола,може да е најголем гад и да ве крши од ќотек и/или да ве изневерува.
    Некои луѓе немаат пари ни за возачка,ни за кола,некои имаат возачка,но не сакаат да возат(ради страв или едноставно,не сакаат да ја загадуваат околината).
    Колата не е потреба и приоритет за секого.
    Некои луѓе си се снаоѓаат на друг начин.
    Некои иако возеле кола решиле да престанат оти им се развил страв од некоја причина.
    За некои приоритет е да платат сметки и долгови поврзани со домот и/или образованието.
    Многу причини има.
    Не барајте и не чекајте од друг.Ако толку многу ви значат возачка и кола,обезбедете си ги вие самите.
    И...
    Ни еден од партнерите не е должен да има кола.
    Ни еден од партнерите не е должен да го вози другиот.
    Глејте ја душата,глејте го карактерот,не материјалното.
     
    На candy.cane, Aqualina и Lima24 им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Да ви кажам нешто искрено, сакате?

    Имам 42 години.
    После се' што имам видено и чуено, сега да треба да одбирам партнер (за озбилно-уште така се вели?), не знам дали некогаш би се одлучила за некој, од шо имам дестина милијарди критериуми за тоа каков треба да биде.

    Само едно ќе ви кажам:
    Be careful what you wish for.

    Не секогаш како е во фантазија, испаѓа и во реалност.
     
    На Aqualina и Emotional123 им се допаѓа ова.
  16. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Твојата споредба нема никаква логика.
    Ако размислиш поубаво ќе ја сватиш поентата на мојот пост, СВЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОСТИГНИ АКО ИМА ЉУБОВ И ПОЧИТ И АКО СИ ВРЕДЕН И РАБОТЛИВ.
    Moжеби дечкото неможе сега да си приушти возачка зарем тоа треба да ти биди мерило за да бидеш со некој?.
    А сигурна сум дека еден ден ќе има ретко кое машко останало без возачка а и тоа не е никаков грев ни мерило за неспособност или среќа.
    Можеби ќе ви звучи смешно но јас сум единственото женско од страната на родот од мојата мајка која вози кола,но тоа незначи дека јас сум поспособни од било кој од нив,а некои не сакаат воопшто ни да возат секој си е различен...
     
    На *Amethyst* и Lima24 им се допаѓа ова.
  17. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Од една страна велите дека сме еднакви и мажи и жени и се борите за тоа а од друга страна ви смета ако партнерот нема можност да ве вози. И сами не знаете што сакате. Побогу ако сакате еднаквост купете возило, полагајте за возачка дозвола и гас.
     
    На edna_malecka, elenaxbbg, Billy Idol и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Ова прераснало во фантазија и илузија а не критериум.
     
  19. Ladybug2436

    Ladybug2436 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Женски
    Само едно нешто ќе кажам се додека имав мислење дека *премногу барам* од партнерот никогаш не бев среќна. Откако си ги кренав стандардите и критериумите кога се работи за партнер го најдов совршениот маж. Затоа не се плашете да имате повисоки стандарди. Животот е премногу краток за да бидете несреќни со толку важни животни одлуки само поради тоа што општеството ќе ви "суди". П.с. Да имаш возачка во денешно време и не е така големо барање, очигледно немате слушнато какви све критериуми има младината
     
  20. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    има и друг момент,... можеби партнерот учествувал сообраќајка, нема вина, ама има психолошки оштетувања па не би возел/а... или, има вина па доживотно е одземена возачката.:)
    тука е момент од објективни околности, не од лична определба.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.