1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали би биле во врска со партнер кој нема возачка/ автомобил или не сака да вози?

Дискусија во 'Врски' започната од fantastic girl, 26 јули 2020.

  1. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Јас си положив и кола си купив сама ,немав и немам помош од мајками а не ни барам. Си положив да можам сама да си се однесам кај сакам. Мојот си има мотор и си тера со него , возачка нема ,ниту ми смета ниту ми е нешто особено битно ,други работи ми се битни.
     
    На thelittle17, SummerGirl, Nevenche26 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Ако тебе ти се кренати критериумите само на материјалните работи кај партнерот на сите на нас не ни се.
    Која младина бе девојче? Не дека ние порано бевме совршени ама кога ќе видам денешната младина кое дно го има допрено незнам дали да плачам или да се смеам.
    21 век сме научи да возиш сама кола да заработуваш и све да бидиш способна да си обезбедиш САМА .
    Само така ќе го привлечиш вистинскиот партнер.АКО ЗБОРУВАМЕ ЗА КРИТЕРИУМИ И СТАНДАРДИ ПРВО РАБОТИ НА СЕБЕ И КРЕНИГИ НА ПОВИСОКО НИВО...
     
    На LoneWolfGuy, SummerGirl, edna_malecka и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Ladybug2436

    Ladybug2436 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Женски
    Некако многу лично те погоди мојата порака :D
    Ако ги прочиташ моите претходни пораки ќе видиш дека веќе неколку пати кажав дека заработувам, сама си купив кола и возам. Меѓудругото, никаде не напоменав дека барам САМО материјални работи, секако имам и многу други барања кај партнер, мислам дека е нормално секоја девојка да бара некој што ја почитува, ја сака и ја прави среќна.
     
    На Nevenche26 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. P.S.love

    P.S.love Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    8.156
    Пол:
    Женски
    IMG_20200730_114419.jpg
     
    На LoneWolfGuy, edna_malecka, candy.cane и 5 други им се допаѓа ова.
  5. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    3.227
    Пол:
    Женски
    Мојот сопруг имa возачка, јас немам. Тој има кола но колата не е во МК. Навистина е потреба но не е никаков услов за да бидеш со некого или не. Јас бев таа која што му напомена дека доколку не сака да вози тогаш тоа е негова одлука која што потполно ја почитувам. Бидејќи тој е навикнат на поинаква култура на возење (не е Македонец) баш затоа му предложив да не вози овде во МК, доколку нема желба. Сепак ќе си ја земе колата (кога тоа ќе биде возможно) или ќе си купи нова кога ќе имаме доволно средства. Но секако во ниеден момент не сме си вршеле притисок еден на друг во врска за ова. Би се чувствувала навистина shitty доколку тој би имал некаков проблем поради тоа што не возам. Реално секој би се почувствувал така. И не е секој роден за возач. Ок е доколку сака да вози, ок е доколку не сака да вози. The world is not gonna crumble cause of it.
     
    На AngIv, Nevenche26, edna_malecka и 5 други им се допаѓа ова.
  6. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Немам време да ги читам сите пораки ,но ако е така тогаш мило ми е за тебе јас сум жена борец све пробвам да си обезбедам сама и за моето семејство и мојот сопруг е тука кој ми е десна рака секако но неможам да се замислам да чекам све од него.
    Ако имаш список на стандарди и сакаш слепо да го следиш тогаш само напред,но нема човек кој е совршен и ако партнерот првенствено не те сака и почитува џабе ти се неговите коли ,куќи вили и све што има сето тоа се постигнува со ВИСТИНСКИОТ ПАРТНЕР ПОКРАЈ СЕБЕ...
     
    На SummerGirl, Ladybug2436 и Nevenche26 им се допаѓа ова.
  7. Принцезичка1

    Принцезичка1 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    5.394
    Пол:
    Женски
    Да, би била во врска со дечко што нема ни возачка ни кола.
    Можеби и тој сака, но нема пари.;(
    Ако ми се допаѓа неговиот физички изглед и карактерот не ми е битна колата.
    Таман работа да гледам на материјалните работи.
     
    На SummerGirl, Nevenche26, edna_malecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Bebushka135

    Bebushka135 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2014
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    95
    Епа ај ако не да се фаќаме со некој што не работи лежи дома на кауч на 30 години, уше боље да се коцка и/или дрогира и едино хоби да му е фудбал и пиво пред коперација по рамбовка на пуштен пивски стомак. За што сум учела факултети и сум работела со години, за да се фатам со некој без никаква амбиција? Критериумите, напротив, треба драстично да пораснат кај жениве во земјава. Да имаш девојка треба да е престиж, а не секоја будала да манипулира со женски пол. Жал ми е кога гледам колку си ја смалувате вредноста.
     
    На mssuniquee, tinka-mace, eliesaab и 8 други им се допаѓа ова.
  9. poi

    poi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    2.390
    Пол:
    Женски
    Ако ме сака, црни и поддржува; ако работи; ако се грижи за семејството зошто да не? :bow::)
    Кола не е синоним на успех, ниту па на среќа!
     
    На edna_malecka и SummerGirl им се допаѓа ова.
  10. The Saturdays

    The Saturdays Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2015
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    1.886
    Пол:
    Женски
    Каква тема (facepalm) страшно , според мене ако навистина ти се допаѓа дечкото нема воопшто да ти смета,а според мене единствените на кои им смета ако дечкото нема кола или не сака да вози се девојките кои уште незапознаени прашуваат "каква кола возиш" и ако не е бмв, мерцедес.. повеќе не ги гледаш а тек да немаш кола :rofl:
     
    На edna_malecka и SummerGirl им се допаѓа ова.
  11. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Немој снаа ми вози таква, не е крива она да го јаде за други:rofl::rofl:плава околу 40 години, во сива кола :rofl::rofl:
     
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.986
    Допаѓања:
    261.070
    Јок.
    Битен дел од живот ми е да седнеме во кола и да се однесеме некаде.

    И не можам само јас да возам.

    Така што - освен ако нема некоја сериозна причина за невозење... да речеме дека е обврска да седне во кола и да испазари за дома, во најмала рака.
     
    На crimson, Jana06, AngIv и 2 други им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.986
    Допаѓања:
    261.070
    Важи и за двајцата, според мене.
    И мене ми е важно да возам, ама ми е важно и тој да вози, оти иначе возачот секогаш ќе биде магаре за товарање, ако е еден :D

    И нема врска маж-жена, треба да возат двајцата, освен ако никаде не одат, не знам.
    Барем јас не знам како би функционирале без коли.

    Автобус... фала, ама никогаш повеќе, за Скопје зборам. Ако се преселам у Њу Јорк рецимо, ќе се возам у метро, пошто барем таму не ме газеа како во вагон за Аушвиц. А у Скопје тоа ми се дешаваше секој ден.
    И најголема мотивација за возачка ми беа ЈСП.
     
    На Nevenche26, Bezimenka90, Lolipop23 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.986
    Допаѓања:
    261.070
    Сама ги заработев, до душа за возачката ми плати дел партнерот, колата сама си ја отплаќам од плата.

    И не е исто дали имате 18 или 28.

    На 18 јас немав ни возачка, ни кола, некаде на 24-25 положив. Партнерот околу 20 год имаше кога тој положи.

    Така што, ако збориме за студенти и ептен млади, нема врска колата.

    Ама со годините се менуваат и потребите, јас во средно, на факс, апсолутно немав потреба од возачка и кола, колешки имаа и возеа.
     
    На Nausicaa, edna_malecka, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  15. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    1.251
    Пол:
    Машки
    Чувството кога ќе ти рече, "да имаше кола, че ме однесеше на Водно сега и убаво ќе си поминавме," искрено не знам што и реков тогаш но и тогаш и сега некоја пак да ми рече вака ќе и да имав кола тебе не би те зел со мене.

    Кога имаш почитување за некого и се надеваш на врска или нешто слично после изречениве зборови гледаш ја личноста и почитта што си ја имал за неа се губи, тоне, пропаѓа во некоја црна темна бездна тотално исчезнува.
     
  16. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.845
    Пол:
    Женски
    Пошто јас не возам (возачка имам 12 години, ама не возам), не би била со партнер кој нема возачка или нема автомобил или како мене не сака да вози.
    Не е фер, да, ама тоа е.
     
    На oblace1, Angie1432, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  17. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Во денешно време, колата е нужно средство за се. Секако дека е битно, со оглед дека сакам да патувам често. Некој ќе рече, што не возиш ТИ. Сакам, ама ми е страв и не чувствувам сигурност кога возам.
    Особено ако се работи за формирање на семејство, не можеш без кола да се оставиш. На загаденово и на пандемијава, со автобус не се возам, па што сака нека биде.
    Не е понижување за жената да си бира партнер врз неколку потточки. Напротив, се работи за жена, која знае што сака. Ќе се сакате на почеток, ќе биде се розево, ама ако не си го правите животот интересен, љубовта ќе биде уште помалку интересна. Да, во средно и основно, ќе кажев, каква кола, во колиба да живеам со него само, доволно ќе биде.
    Е не е баш така, т.е зависи што сакаш од животот и колку сакаш авантури.
     
    На AngIv, Nausicaa, edna_malecka и 4 други им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.986
    Допаѓања:
    261.070
    Остај по страна авантури, тоа е веќе некст левел потреба.

    Не дека без кола нема да стигнеш до болница или пазар, ама мрцварењето не е исто, да се товарам со кеси од паркинг до дома, или од маркет/пазар до дома.

    А претходно мнооогу повеќе имало планирање, за една таква обична работа како пазарење храна, одење на лекар во сред зима или не знам, носење животно на ветеринар.

    Освен ако не живееш негде кај што ептен блиску ти е се', се друго бара повеќе планирање.

    Мислам, пред да возам, буквално зависев во сабота да ме носи некој до дежурната амбуланта за да примам инјекција, пошто далеку е за пешки, со автобус да ти се смачи животот е.

    А тек со деца... за се' да зависам од такси/ЈСП...
     
    На Nevenche26, Bezimenka90, LoneWolfGuy и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Наидеално би било така.
    Јас не сакам многу да возам, па ако сакам некаде да ме однесе маж, или ме носи само ако сака/може или си земам такси.
    Не му се наметнувам толку за да се нервира што мора да ми е возач. Пошто си знам дека ако одлучувам да не возам, треба сама да си најдам начин да се превозувам од едно на др место.
    На поголеми релации ако одиме, во др држава кај што мачно е само еден да вози, подобро ќе платиме двајцата заедно автобуси или авион.
    Сакам да кажам не е за мене причина за да не бидам со некој ако нема возачка, ама зависи од карактерот на човекот, пошо јас не возам ама маж ми да го прашаш нема да ти рече дека сум му досадна многу.
    Не возам од причина што лесно губам концентрација и брзам. За свое добро и доброто на другите :D
     
    На fana, IM.TMKQ, GirlRose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.986
    Допаѓања:
    261.070
    Затоа реков и лајфстајлот е битен.
    Јас ако можам некаде (реално) да стигнам со кола, тоа ми е првиот избор. Нема сигурно за Барселона со кола да тргнам, ама за секаде до Италија да речеме - да :)

    Самиот пат е авантура по себе, дел од забавата, барем за нас. Кај и да тргнеме, на 10 места одиме пред да стигнеме до дестинацијата :) road trip луѓе сме, вечна желба трејлер да купиме :D

    Мал пример - бевме во Тирана, ни' се приоде до Подгорица. Седнавме во кола и отидовме. Да не бевме со кола, не знам баш дали во рок од пола саат ќе најдевме превоз, па и возење низ Подгорица за да најдеме смештај според буџет и желба итн.
     
    На fana, Nausicaa, Mantub и 1 друга личност им се допаѓа ова.