Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали би биле во врска со партнер кој нема возачка/ автомобил или не сака да вози?

Дискусија во 'Врски' започната од fantastic girl, 26 јули 2020.

  1. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Тука се согласувам со тебе и лично се залагам за такво функционирање на заедница. Секој со свои обврски но и да си помагаме за истите доколку е потребно, или да ги смениме обврските во одредени ситуации. На пример како таа да чисти доколку е болна? Или како јас да возам доколку сум со повредена рака или нога.
     
    На marija305, Angie1432 и edna_malecka им се допаѓа ова.
  2. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски
    Немав ништо против, се додека не се најдов во ситуација да лично увидам што тоа значи и како баш не е сеедно. Нејсе. Да не должам. Имав дечко кој што немаше возачка, а ни автомобил и на почетокот не ми сметаше. Одевме пешки, со такси. Но, колку далеку можеш пешки да изодеш и пари за такси да си одвоиш?
    Првиот пат бевме во кафана излезени и не врати другар негов. Мене ми беше незгодно, ама ај демек на поминување бил па не собрал.
    Вториот пат истиот тој не зема. Тогаш веќе ме фати срам и почнавме да се расправаме, а такси за жива глава немаше. Автобус не доаѓал во предвид :?:.
    Со текот на времето сфатив дека и те како е проблем.
    Сега Не би била со дечко без возачка, затоа што сметам дека возачката е една од по - приоритетните работи и неопходна ствар.
     
    На Nevenche26, marija305, edna_malecka и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Апсолутно неточно.
    Ако сакам партнер исклучиво црн или бел, не значи дека имам нешто против друга раса, едноставно имам некакви преференци, може сексуално само такви ме привлекуваат.
    Не мешајте расисам со прeференци за партнер. Се претерува некад со политичкава коректност.
     
    На Bezimenka90, Nausicaa, ForeverYoung и 6 други им се допаѓа ова.
  4. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Битна е и тоа многу. Можеш и ти да го возиш, не е правило дека тој мора да има возачка.
     
    На Milobebence, Nevenche26, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Велиш?
    Не може да ти се допадне некој од друга раса?
    Може има се' што бараш во партнер, ама не е белец.
     
    На arabella_ му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.172
    Допаѓања:
    39.806
    Пол:
    Машки
    А пред него со што се враќаше од кафана? Сама се возеше дома или некој друг те возеше?

    Ако сама си се возела, што ти сменило што тој не те вратил.
    Ако друг те возел или си се враќала со такси/автобус, пак, што ти сменило што тој немал возачка?

    Во двата случаи, зошто чекаш тој да те врати дома, а не ти сама да си се вратиш?
     
    На crimson, cresa-jagoda, Snowflake97 и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Не реков белец. Реков некаков. Може сакам исклучиво со жолти луѓе да сум. Ако не ме привлекува друга раса, може и совршен да е, а мене да не ме привлекува.
     
    На fana и Hellobeautiful им се допаѓа ова.
  8. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    31.289
    Приоритетна работа е првин за себе.
    А оти ти не возиш?
     
    На Nevenche26, crimson, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  9. sunmoonstars

    sunmoonstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2016
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    753
    Пол:
    Женски
    Јас не сум била во таква ситуација да бирам, можеби да, кога бевме помали мојот дечко немаше кола, но не ми сметаше тогаш тоа, и но го сфаќав како голем проблем, ...е можеби некогаш посакував да ме носи дома со кола а не со такси или пеш, па затоа немам некакво негативно мислење на таа тема, но имам пријателка којашто дечко и нема кола ниту пак таа, и стално тоа го посочува како огромен проблем. Вели скиснато ми е постојанно да се договарам и сообразувам со некој од друштвото кога треба да се оди на викенд до некое блиско излетничко место, мора да тргаме и да се враќаме според тоа кога ќе сакаат да си заминат сопствениците на колата, вели омрзазнето ми е летно време секогаш да се сообразувам кога одиме на еднодневно капење до Грција пример, исто и секогаш да планираме да одиме со некој на годишен одмор со некој од друштвото што има кола......секогаш сме зависни од тоа да планираме со некој кој има автомобил. Сами никако неможеме да одиме, со такси е скапо надвор од градот а со автобус пак нема секогаш автобуски превоз.
    Исто и друга пријателка којашто само таа е шофер а сопругот нема возачка и му е страв да вози, стално го кажува тоа како да им е проблем во врската, не како проблем конкретно за тоа да се скарат, но пример ако му е изнервирана или налутена за нешто, стално тоа го спомнува како тоа маж е неспособен да вози....како да ја прави тоа да се чувствува како таа да е маж во врската, така некако го кажува. ..Според тоа најверојатно за повеќето девојки тоа е проблем.
     
    На Veta му/ѝ се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Не да е совршен, туку да е она што ТИ бараш од партнер... значи карактер, хемија, разбирање, ставови, желби, планови за иднина итн... ама... е од раса која 'не ти е привлечна'?

    Мене не ми прави разлика од која раса е.
    Ама за тебе, ти си знаеш...
     
  11. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски
    Не, не напоменав дека Мора да ме врати, таман работа, меѓутоа кога бевме излезени со него насамо он чувствуваше како обврска да ме довезе до дома.
    Е, сега на прашањето како јас сум се враќала до дома : Додека немав кола со бус најчесто, затоа што студенти јбг толку се има, што значи дека мене со бус ич не ми смета. Нему му сметаше.
    Положив,заработив, купив мини количе; доволно за мои потреби. И тоа не чинеше, како јас возам, на се маана ми наоѓаше. Ајде викам...он нека вози не е проблем...и тоа не, туѓа кола не фаќал.
    Не ни се наоѓаше крајот Били.
     
    На Nevenche26, crimson, Noemi и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски
    Возам...образложив погоре во цитирањето на Били што беше нашиот проблем :)
     
    На cresa-jagoda, CameliaMiller, Billy Idol и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Ја промашуваш поентата.
    Јас не сакам да сум со партнер пушач. Не значи дека ги мразам пушачите.
    Сакам партнер кој е хетеро маж. Не ги мразам хомосексуалците и би луѓето, уште помалце сум анти жени зошто сакам партнер маж.
    Не сакам партнер кој е транс. Не идам да тепам транс луѓе.

    Ми ја сфаќаш поентата?
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    не
     
  15. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    21век, 2020та година и уше има жени на кој шо еден од приоритетите у врската им е мажот да има возачка.

    Неспорен е моментот дека е потреба, далеку од луксуз, НО, има луѓе кои едноставно не сакаат, не можат, имаат трауми од некое искуство претходно, страв, не се безбедни ни за себе камоли за некој друг.. и тоа е тоа шо најмногу на свет го поштувам. Со сила шоферишта не може сите да бидеме.
    А у таков случај, и да иам ваков партнер, не, нема да го оставам.
    Затоа сум тука ја, со своите можности и способности. Не ми е трн оф, напротив.
    Трн оф ми е да бидам со некој со кој нема да сум безбедна, тогаш ќе се карам, и тоа како ќе се карам и нема ни да сакам у кола да се качам со него.
     
    На Milobebence, Bezimenka90, noteforself и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Епа тоа е, здравје, веќе не знам како да ти објаснам :D
     
    На cresa-jagoda, Nausicaa, Hellobeautiful и 2 други им се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Ќе си ќутиш и нема ни да се трудиш да објаснуваш.

    Преференци за партнер не го прават некого анти-нешто, ама тешко ќе и докажат.

    Тоа е муабетот, дека лезбејките се анти-мажи и ако не легнеш со мене значи ме мразиш.
    Иста реторика, само од друга страна. Вака кога наводна левица се користи со десничарски принципи...
    @WildMk мислиш вака пред да напишеш нешто, се препрочитуваш, или слабо?

    Дека е Витали расист не негира никој, расист е поради милион други причини ама тоа што не сака партнерка од друга раса никако не е една од причините.
     
    На Nausicaa, fana и Celltica им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Добро бе.. Аман...

    Шо ви прај разлика моето мислење? :D
     
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Значи не било проблем до тоа што не возел туку до други работи.
    Не разбирам, зошто да чекаш некој од кафана да те врати ако и ти самата не си возела во тоа време? Зошто ти да можеш да му кажеш него - проблем ми е што другар ти не враќа од кафана, кога ни ти самата немаш кола за да се вратите со твојата кола од кафана.
    А ако возиш, нема да ти е гајле дали друг вози пошо нема да чекаш од никого.
    Јас не возам. За кафанки, кафиња со другарки и слично, фаќам такси. Не чекам на маж ми да ме вози и покрај тоа што ми е маж, а па од дечко ич не би чекала.
     
    На cresa-jagoda, deskarada и IM.TMKQ им се допаѓа ова.
  20. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Настрана каков е витали.
    Ама ти во други теми ќе се потепаш да се докажеш за преференци, вакви или такви а тука обратното.
    Јас не би била со транс дечко.
    Можам да се дружам, можам да ги сакам како луѓе, ама повеќе од тоа не.
    Зошто и како, не сум должна да објаснувам.
    ***
    На темава се имам изјаснето.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.