Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали би биле во врска со партнер кој нема возачка/ автомобил или не сака да вози?

Дискусија во 'Врски' започната од fantastic girl, 26 јули 2020.

  1. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски
    Никаде не кажав дека чекам он да ме вози. Прочитај убаво. Јас додека немав кола инсистирав и со бус и тоа беше проблем. Јас кога го возев и тоа беше проблем. Секоја моја постапка во врска со таа ствар беше проблем.
     
    На Nevenche26 и eliesaab им се допаѓа ова.
  2. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Епа тоа сакам да кажам.
    Не било до немањето возачка и кола туку до тоа што му смета бус или тоа што возиш ти.
    Мене не ми смета бус или било што од работите што ги наброја.
     
    На cresa-jagoda, Billy Idol и Veta им се допаѓа ова.
  3. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.693
    Допаѓања:
    16.243
    Пол:
    Женски
    Би било убаво да има возачка и да вози автомобил, би оделе без проблем каде сакаме, не трошиш доплнително пари за такси, превоз. Но воопшто не е проблем и да нема возачка и да не вози автмобил, јас имам дозвола, само автомобил ми фали :D.
     
    На edna_malecka и WildMk им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    А ти реков дека треба да бидеш со некој?
     
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.192
    А кој збори да оставиш некого?
    Мислам сериозно?

    Ама не сте реални ич.
    Не би го оставила ако нема возачка.
    Не би го оставила ако не мие тањири.
    Не би го оставила ако не пегла.
    Не би го оставила ако не работи.
    Не би го оставила ако игра спортска.

    Мислам, не е баш толку просто.
    Ако не па, јас се' да правам, него за приплод да го чувам?

    Ако веќе решил да сме партнери, тоа си носи обврски со себе, не е само - ама се сакаме. Фино што се сакаме, ама џабе ми љубов ако во него нема грам амбиција или самоиницијатива.

    Возачка е само делче од цела слагалица.
     
    На crimson, noteforself, Emy867 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    6.800
    Пол:
    Женски
    Би била во врска со партнер кој сеуште нема положено или нема кола, но има желба за истото.
    Не би била со партнер кој воопшто не сака да вози, освен ако нема некоја оправдана причина за тоа.
     
  7. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.095
    Допаѓања:
    26.941
    И?
    Мојата реалност е дека нема потреба ЗА МЕНЕ да има возачка. Тебе ако ти е битно, арно.
    Не знам од каде дојде до заклучок дека не сме реални и немам појма оти ме цитираш.
    Прашањето е дали би биле.
    Амбиција е да имаш возачка или потреба?
    Не те разбирам.
     
    На IM.TMKQ, deskarada, Hellobeautiful и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    На крај испаѓа дека ние треба се да правиме, а мажот за туршија да го чуваме. Не е жената, помалку жена, ако каже јас вака сакам, јас ова можам, јас вака не сакам, јас ова не можам. Не туку си ги штедите мажите за све нешто, утре низ нос ќе ви излезе. Тогаш зошто ни се воопшто потребни, кога можеме ние се сами. Живејте како што они си живеат, јас волку давам, толку и ти ќе дадеш. Крај! Ми е гајле дали му е тешко да вози, а мене сералникон убаво ми е да го рибам.
     
    На Emy867, fana, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.192
    Карактерна особина е да се малтретира жена ти/маж ти, а ти да си чмаеш си курот во раце оти ама не сакаш да возиш.
    Тоа зборува за личноста мнооогу, значи кога ИМА потреба, да мољакаш наоколу комшии и роднини, ама ти да не стегнеш гз и да створиш, да направиш нешто за себе и семејството.

    Буквално е исто, ама не сака да кречи/пере/џогира/мења пелени. Значи не се само желбите негови во прашање, некои работи просто мора.

    Во мојот случај мора да вози, затоа што без возачка и возило, не може да ги извршува своите обврски кон ова семејство.
     
    На Noemi, Emy867, tinka-mace и 2 други им се допаѓа ова.
  10. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.345
    Пол:
    Женски
    Не би ми било проблем ако мм нема возачка и не вози , доколку јас имам и возам . Проблем настанува кога дечкото/сопругот се чувствува понижено од фактот што девојката/сопругата има возачка и вози .

    Додека бевме во врска со мм , тој немаше возачка , ниту пак јас ( впрочем , немавме право на истата , малолетни бевме ) и воопшто не ми беше проблем кога одев со јавен превоз , такси или што и да е за да се видиме или да излеземе , ниту пак нему му беше проблем да дојде за да се видиме . Возеше скутер , па често и со него доаѓаше .

    И сега го имам истиот став , се додека едниот од нас вози , не е воопшто важно кој е тоа дали јас или мм . Моментално само тој вози , но наскоро и јас ќе возам , реално затоа што ми е потреба највеќе имам осетено кога синот го носев на вакцина еднаш . Чекав половина час да прекине дождот за да си одам дома . Иако имаме доста такси компании , баш тој ден немаа слободно такси во ниту една компанија (facepalm) . И тоа не се случувало само тогаш . И друг пат ми се има случено . Затоа би рекла, потреба е да имаш свој автомобил и возачка дозвола . Се додека еден од партнерите вози , не е важно кој е .
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.172
    Допаѓања:
    39.803
    Пол:
    Машки
    Абе работава е сералникот и двајцата да го рибате, и да не очекуваш тој да те вози, сфаќаш?
    Оти ако тој очекуваш да те вози, а тој очекува ти да му чистиш и готвиш по дома, тогаш вие не сте во брак од љубов, туку од корист.
    Секако дека треба да си способен се сам да правиш во животот, а не да бидеш паразит и да чекаш од друг.
     
    На cresa-jagoda, noteforself, Guns N` Roses и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Јас не сум со него затоа што сум неспособна сама да живеам.
    Јас сум со него затоа што избирам да сум со него, а не за да ми завршува обврски.
    И не сакам некој со мене да е од корист, туку да биде и сам независен.
    Јас и пред маж ми не возев и пак одев до сите места кај што сакав да одам.
    Убаво е кога ќе ме префрли некаде.
    Ко што е убаво кога јас ќе му зготвам вечера.
    Ама за да си ја имам слободата да одбијам да му зготвам вечера кога сум уморна или просто ме мрзи, треба и за работите кои тој ги прави да има слобода да одбие па јас да си барам друго чаре, во случајов такси или слично.
    За излегување низ нос нема да ми излезе.
    Колку ми е жал кога ве читам некогаш со какви луѓе сте заедно и мислите дека сите се такви.
     
    На oblace1, cresa-jagoda, noteforself и 6 други им се допаѓа ова.
  13. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Настрана љубовта, бракот е и корист. Ти треба едноставно некој, за дружење, за помош, за размножување, за осигурување. Да можеш сам, да сакаш сам да бидеш, нема да бараш брачен другар.
    Јас сакам да ме вози, не сакам да размислувам на друг начин, освен јас лично ако немам потреба. Знаеше каква сум, таква и ме зема, со таква и живее. Никој со сила не натера на нешто.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.172
    Допаѓања:
    39.803
    Пол:
    Машки
    Е после овој заклучок може темата слободно да се заклучи. Се е кажано.

    П.С. Барам женска, домаќинка, што знае добро да сука. Јас и нудам секој викенд шеткање со кола и шопинг у Сити Мол. WC-то заедно ќе го рибаме. :D
     
    На CameliaMiller, cresa-jagoda, noteforself и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    И тој седи некаде со другари и вика, сакам да ме пере бе, не сакам да размислувам на друг начин, како да не, ќе ја штедам, секако ја земав за размножување, знаеше каков сум, со сила никој не ја натера.
    :puke:
     
    На cresa-jagoda, noteforself, Guns N` Roses и 4 други им се допаѓа ова.
  16. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Зошто си во брак? И зошто сакаш да бидеш во брак, тогаш?
    BTW машина немам уклучено, ниту пак сушара. Кога сме кај перењето. Она што е мое ќе си го средам, тоа што е негово, сакам да биде средено. И така функционираме.
     
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Во брак сум затоа што го сакам ама за тоа да го сфатиш треба и пред брак да си независен, инаку ќе бараш некој на кого можеш да се шлепаш.
    А ако функционирате така за перењето, ти твоето, тој неговото, функционирајте така и за возењето, тој нека се вози себе си, ти вози си се сама.
     
    На oblace1, cresa-jagoda, eliesaab и 6 други им се допаѓа ова.
  18. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Види Мантаб, мој брак, моја работа. Не се жалам, топ ми е. Ама јас зад волан не седам. Со мојов сум мажена, не со тука некој на форум, па да барам совет или да ми треба лекција како да функционирам. Барам, давам. Како и се во животот.
     
    На Veta и eliesaab им се допаѓа ова.
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.596
    Допаѓања:
    39.037
    Пол:
    Женски
    Сите луѓе на планетава имаме меѓусебна корист, затоа функционираме и живееме така како што правиме, инаку ништо немаше да биде од нас.Корист како корист не е нешто лошо, нејзиното злоупотребување е тоа што е за :puke:.
     
    На noteforself, Emy867, tinka-mace и 3 други им се допаѓа ова.
  20. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    На крај краева, сите сме пораснати во семејства каде зборот на мажот е последен, каде он е глава на семејството, едноставно токсичен патријархат, кој почнал од памтивек, а трае и ден денес. Наместо да се бара пола пола, минимум, зошто еднаш ние, жените, да не бараме 90-10. Не сме заслужиле? Рамноправност во врска, брак, ни во бајка не постои. Секогаш едниот е повеќе таргетиран од другиот, работата е да се сврти тркалото. Еднаш и жените после работа да кренат нозе во вис и да пуштат фешн тв, додека чекаат ручекот да се направи. Прашајте ги вашите партнери како се третирани они, запрашајте се себе како сте третирани во своите матични семејства. Обврските на мажот се 0, во споредба со истите на жената. И сепак ние ги штитиме своите партнери, не дај боже обврска да им дадеме повеќе. Што се однесува до темата, погледнете го сообраќајот и земете да броите мажи vs жени. Така да, џабе вергламе кога повеќето седиме на сувозачко седиште, што значи битно ни е, партнерот да вози.
     
    На Veta, eliesaab и edna_malecka им се допаѓа ова.