Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали би биле во врска со партнер кој нема возачка/ автомобил или не сака да вози?

Дискусија во 'Врски' започната од fantastic girl, 26 јули 2020.

  1. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    31.289
    Јас никого не прашувам општо каде работи, посебно не колку плата зема, поглупаво од тоа нема.
    Мене некој на прв дејт да ме праша колку плата земам, ќе станам и ќе си заминам.
     
    На honey.11, noteforself, Bezimenka90 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.361
    Колата е потреба. И јас немав интерес да возам пошто немав ни кола а немав ни желба ама по извесен период положив со сила ама се рајатисав оти во секој момент имам безбеден превоз било за арнно било за лошо.
     
    На christinnn, IRBBB и Stark им се допаѓа ова.
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Јас сакам маж што вози точак и што е свесен за загадувањево во кое се отрувме, овие се тепаат кој појака кола возел :rofl:
     
    На DrMTR, FridaodaMk, Luminary и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Boy Mkd

    Boy Mkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2019
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Машки
    Ако не си информирана појаките коли помалце загадуваат , кај нас 70 % се стари коли и се загадува повеќе , затоа владата веќе не дава увоз на постари коли .
     
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Извини не сум информирана, сакаш да кажеш има кола што загадува исто колку точак? :rofl:
     
    На arabella_ му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Boy Mkd

    Boy Mkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2019
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Машки
    Поштувам (y)
     
  7. Boy Mkd

    Boy Mkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2019
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Машки
    Да електричните автомобили(на струја) воопшто не загадуваат , да нема забуна немам електричен автомобил само ти појаснив.
     
  8. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.361
    Епа не се сите исти како тебе за жал да барат кујча и бесна кола.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.166
    Допаѓања:
    39.786
    Пол:
    Машки
    Мислам, со самото постоење на темава на форумот и тоа како еден дел се изјаснија на неа, муабетот на @Boy Mkd држи вода.
    Да ги немаше такви кои им беше ова битно прашање, немаше ни оволку страници да се испишат овде за тоа кој какви очекувања има.
    Е сега, чим има такви кои приоретизираат партнери со кола, ќе има и овакви како @Boy Mkd кои ќе го нудат истото.
    Не за џабе викаат, за секое лонче, поклопче.

    Тоа што е позитивно од темава е дека не на сите им е битна материјалната состојба, а посебно пак имање партнер кој ќе ги возика со кола. :)
     
    На KittyAgnes, СуперДевојка, noteforself и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Boy Mkd

    Boy Mkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2019
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Машки
    Јас тоа зборам , 10 од 10 кога кажав да ги носам со кола , ни една не кажа ке си одам со такси или автобус , а чудно на форумов пола кажаа дека излеа ке оделе со автобус или имале своја кола така нешто .
     
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Нема автомобил што загадува исто или помалку од точак. :)
    За да се произведе една електрична кола, се остварува многу поголемо загадување одколку што се остварува за да се произведе еден точак.
    За да се постават и да работат електрични приклучоци на кои ќе се полнат батериите на колите, се остварува многу поголемо загадување одколку што се остварува кога се произведува еден точак.
    Далеку, далеку поголемо.
    Ако за ова треба на прв дејт да те учам, втор нема да има сигурно :D
    Затоа полека со тепачките кој е појак маж врз основа на тоа кој појака кола возел.
    Само им давате на девојките идеи за муабет со другарките после :)
     
  12. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.176
    Допаѓања:
    169.221
    Пол:
    Женски
    Кога се омажив со мм немаше кола,а не ни возеше. Добри 20тина год како немал седнато зад волан.
    И возачката му беше истечена.
    Уште првиот ден коа се земавме си купивме количка. На почетокот строго јас возев ,дури и на работа го носев и го земав.
    Сега веќе сам оди на работа:Dи зема да извози бар до соседниот град:).
    На далеки дестинации строго јас возам.
    Неретко си седи и позади и си спие|-)|-)
     
    На hello-kitty.90, FridaodaMk, IRBBB и 8 други им се допаѓа ова.
  13. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    181
    Ама сите ја бараат твојата кола да ги носиш во Охрид?
    Епа да знајш бато, од курназ има покурназ.
     
    На black-angel му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.361
    Сите во друштвото имаме коли така да стално се менуваме. Никогаш не сум гледал на то дали ќе возам јас или некој од друштвото или женсками. Битно ни е дружењето и шетањето.
     
  15. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Идемо, уште еден најс гај.
    „Абе знаете како јас не сум дојден да се фалам, ама..“.
    Јеп, не си. :handshake: (fingers)

     
    На busybee, noteforself, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    29.007
    Пол:
    Женски
    Што се шокирате, сите го познаваме овој профил на личност. :D Паркираат пред врата во кафич, го силуваат клучот од колата додека седат на кафе, тераат некој муабет брат денес женскиве ако немаш кола пиши пропало, и секако имаат ламборџини на насловна на фб. Практично живеат во македонско рап видео од 2008-ма. Целиот карактер им е колата, а вие очекувате да не се појават со неа на прв дејт. :lol: И ако не зборат за лошите женски спонзоруши за што ќе зборат кога не знаат друг муабет?

    На темава, не ни знам како да и' пристапам. :D Исто како да отворевме тема ,,Дали би биле со девојка што не знае да готви?". Ко прво, ептен невкусно звучи, како да ги мериме партнерите за тоа колку би ни биле корисни. Второ, зошто тоа да е предмет на дискусија воопшто?

    Ај ќе сфатам за луѓе што веќе заедно живеат или се во брак со деца ова она, тогаш секој ваков хендикеп на партнерот станува и твој личен хендикеп. Ама тука гледам се збори за обични врски. Не можам да замислам да треба да зависам од некој за што било, без разлика дали е готвење или возење или нешто сосема трето. Секој со своите преференци секако, ама услуги од партнер ни блиску не спаѓаат во моите преференци.
     
    На RoseRain, Blue.Sky, noteforself и 17 други им се допаѓа ова.
  17. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    :rofl: аууу, тоа е тоа. :nod: Најдобар опис, браво. :clap: :D
     
  18. arabella_

    arabella_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2020
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    364
    Пол:
    Женски
    Како бе може фактот дали поседува некој предмет или не да ви биде пресуден за врска?
    Глупости живи.
    Или никад не ви се свиѓал човек како човек или не знам.

    Ова испаѓа математички дека бираш дечко , да ти одговара (удоволува), а не заради изглед и карактер .
     
    На Tanjamm, FridaodaMk, AAKG и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.608
    Допаѓања:
    43.125
    Пол:
    Женски
    Работата испаѓа: мојот поголем е:muscle:
    Отворам во категоријата врски:
    разлика во години, килограмите како фактор, разлика во висина, партнер без возачка, партнер без факултет, од село или од град таму нешто...

    Многу критериуми бе деца, не можам јас толку на се' да му ја мислам, или кликнувате одма или не. Ехх колку побитни работи има од овие за да е една врска здрава.

    Јас не возам и никогаш нема, то сите јасно го знаат. Автобус ми е тотално океј, засега. Ама затоа па и не очекувам никој да ме вози.
    Ок, очекувам од татко ми, ама душа чоек никогаш нема да речи: "Аман ова пајката само за колата ме сака".

    Светица не сум ич (сум :P), ама дечко ми точно три пати ме има земено од дома и му дадов пари исто колку на таксист. Не живеам блиску до него, уште на прв дејт кога понуди да ме земи од дома, му реков: "Јас тука живеам и то е само мој проблем".
    Го спомнавте Охрид, исто, тој вози а гориво делиме на пола.
    Е сега, шо дека не му барам да ме носи и зема ко во други работи не чинам.
    Така да, АМАН од материјални работи и АМАН од предрасуди.
     
    На DrMTR, Izaabella, LoneWolfGuy и 14 други им се допаѓа ова.
  20. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    909
    Пол:
    Женски
    Дали би биле во врска со партнер кој нема возачка/ автомобил или не сака да вози?
    - Во никој случај не би била.