Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали би биле во врска со партнер кој нема возачка/ автомобил или не сака да вози?

Дискусија во 'Врски' започната од fantastic girl, 26 јули 2020.

  1. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Муабетов и темава ме потсеќа на ,,Женски домаќински муабети" (facepalm)

    Што има врска возачката и колата со љубовта еве не знам, просветлете ме.
    Или муабетов не би била со некој што има можност а не вози. Па добро бе на тоа ли ви се сведува вас љубовта, ако има кој да ве прошета, да ви купи парталчиња. Како куче искрено, и тоа чека дома пред врата да го прошета газдата и да му купи топче да си игра во парк :clap:
     
    На Biljarkata, cresa-jagoda, FVP и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Ако немаш финансии не е ништо глупаво, а има и луѓе што едноставно не сакаат да возат и тоа е тоа. Не мора сите да знаат да возат и имаат коли. Пред 70 години кога нашите баби, дедовци имале деца, немале коли па децата пак биле прошетани. И нема врска дали е 30 години или 25 е.
     
    На cresa-jagoda, Naked Gun, deskarada и 3 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.259
    По игра на случајност маж ми почна да вози пред 5 години... што значи на 40+

    Ни на крај памет не ми дошло, да ја доведувам врската во прашање... уште помалку бракот, заради тоа дали вози, или не вози.

    Да, полесно е ако возиш, ама и без автомобил се живее 'па дури и во голем град' како Скопје.
    Се дупнувавме од шетање и без приватно возило.
     
    На cresa-jagoda, Doozy, Naked Gun и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Iva9612

    Iva9612 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    ок мое мислење си е тоа
     
  5. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    Ќе си фатам дечко таксист, па коа ќе ме разнесува ќе си седам позади, бар ќе се осеќам дека имам личен возач, и плус бесплатно.
    Ќе гледам како сите други жени ми завидуваат додека мене мува не ме лази и чекам сѐ на готово. (highfive)
     
    На Biljarkata, cresa-jagoda, burthdaykake и 2 други им се допаѓа ова.
  6. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Не... Би била само ако има најмалку 5 коли во различни бои, срамота е црвена кола а јас во розова боја облечена...
     
    На smooch, poppie, Biljarkata и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Женски
    Ne ja svakam temata a ni poentata na ova debatiranje za decko so /bez avtomobil..?!?!
     
    На poppie, WildMk и candy.cane им се допаѓа ова.
  8. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Не знам ни јас што е фората. Уште малце да прашаат дали би биле со некој што нема зелен картон.
     
    На Naked Gun, Dust, smooch и 13 други им се допаѓа ова.
  9. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    664
    Допаѓања:
    456
    Пол:
    Женски
    Имаме и двајцата положено. Јас не возам, он вози ама нема своја кола и слаб шофер е, саат два макс може да вози. И кога сакаме негде да одиме пример еве на викенд во Крушево, одиме со автобус ама не е секогаш практично и покомплицирано е. Нема секогаш превоз кога ти одговара, ограничен багаж, некако хаос се создава и почнува ова да ми смета. Значи треба да почнам да возам а иам страв од возење :@
     
    На WildMk и candy.cane им се допаѓа ова.
  10. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.018
    Допаѓања:
    36.314
    Пол:
    Женски
    @fantastic girl Да ни кажеш ти какво мислење имаш на темава.
     
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.259
    :rofl::rofl::rofl:

    Ме насмеа!
    Господ здравје да ти дај :hug:
    :rofl:
     
    На Biljarkata и candy.cane им се допаѓа ова.
  12. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Женски
    A karton od Demir Hisar se vazi?
     
    На poppie и candy.cane им се допаѓа ова.
  13. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.099
    Допаѓања:
    26.943
    Исто, не би била со некој што нема нива.
    Многу ми е битно. Може земјоделието во иднина да цута.
     
    На Biljarkata, Nevenche26 и candy.cane им се допаѓа ова.
  14. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.012
    Допаѓања:
    51.884
    Пол:
    Женски
    Ако постојано чека некој друг да го вози наместо да положи, земе точак или почне да користи јавен превоз, да, би ми пречело.
    А генерално, не верувам.
     
    На WildMk, Nevenche26 и Angie1432 им се допаѓа ова.
  15. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.086
    Допаѓања:
    55.757
    Пол:
    Женски
    Би била. Се погоди дм да знае да вози и да има сопствена кола, ама и да не беше така повторно ќе бев со негo. Tаман работа единствен или најважен критериум да ми биди да знае да вози партнерот.

    Еве јас не знам да возам и не знам кога и дали ќе учам (ме плаши возењето). Па не би сакала некој да ми суди според тоа дали сум вредна за врска. Зошто па само од машките се очекува обавезно да знаат да возат?

    Апсолутно не е морално да знае да вози било кој. Ако ништо друго, услуга правиш на планетата. :)
     
    На WildMk и Lima24 им се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Недвижности, ууу, јеаааа...

    И залихи на злато, ама видливи да се.
    Ако нема барем еден дебел златен ланец - не е за мене.
     
    На WildMk, GirlRose и candy.cane им се допаѓа ова.
  17. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски
    Без приватен авион и џип не фрлам ни мрсул на него. :makeup:

    Шала на страна, темава е очобол.
    Ебем ви критериуми високи.
     
    На WildMk, cresa-jagoda и Nevenche26 им се допаѓа ова.
  18. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.742
    Допаѓања:
    21.408
    Пол:
    Женски
    Исто.
     
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Moментално има возачка ама од финансиски причини нема кола.
    Инаку би била.
    И јас никогаш не барам сега друг да ме вози. Често одам пешки до места кои не се апла далеку, кога морам и автобус. Ако некој сам се понуди да ме однесе, океј. Исто и он.
     
  20. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.935
    Допаѓања:
    31.290
    Во мојата околина има двајца типа, шо имаат мн добра работа, многу висока плата, секогаш во костум скоцкани, нема кај не биле, не зборувам за Грција, Германија, туку Малдиви и слично.
    И двајцата не возат, немаат ни кола.
    Со едниот многу си живееме, има возачка, ама од никогаш немал желба да вози, ни за кола. Жена му вози. И ?

    А на прашањево, наместо да се бара дечко со кола, ако толку сака некој возење, нека си положи, нека си купи кола и нека си се вози.

    Инаку јас сум сакам многи коњи ептен. Порано викав наместо кола, коњ ќе си купам.
    Сакам коњ да има, не кола.
     
    На Dust, Luminary, WildMk и 5 други им се допаѓа ова.