Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали би биле во врска со партнер кој нема возачка/ автомобил или не сака да вози?

Дискусија во 'Врски' започната од fantastic girl, 26 јули 2020.

  1. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Абееееее, некој бара девојка невина или со само еден претходен партнер, некоја бара дечко со кола или државна работа. Секој со своите желби и интереси. Па не мора сите од љубов да се мажат :)

    Шега на страна, кола е потреба. И добро е ако барем еден од партнерите е „мобилизиран“ зошто не е исто со и без кола. Квалитетот на живот е поразличен а да не збориме за во брак кога децата ќе се родат.
     
    На CameliaMiller, P.S.love, Giovanna и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Никој не рековме дека не е потреба.
    Ама тој што осеќа потреба, слободно да си купи кола и да вози.
    Тој што не осеќа потреба, не мора да вози.
    Ама проблемот настанува кога некој осеќа потреба да го возат :D
     
    На SandStorm, Nevenche26, Lima24 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Јас искрено не гледам проблем.
    Секој си има некоја замисла, или еве да речеме- критериум за партнер.
    Не е муабетот дали е тоа е во ред или не.
    Девојката што ја почнала темата бара дечко со кола. Не значи дека е материјалистка, зошто кола може да е старо југо или најнов џип. Ок, да и посакаме среќа во потрагата :) Толку. Не ја осудувам, нејзин критериум е тоа. Друга може бара дечко што е повисок од неа или да не носи наочари.
     
    На CameliaMiller, Nevenche26, KateKane и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Само што таквиот ќе ги нападнеа сите дека е сексист, за девојкава што маж без кола не е маж е сосема океј. И тоа е поголемиот проблем на темава.
     
    На candy.cane, WildMk и Mantub им се допаѓа ова.
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    20200728_005003.jpg
    Еве што пишала, според мене ова не го пише некој на кого не му е гајле дали е југо или најнов џип ама според мене, што значи може да грешам
    Инаку, во право си за критериумите, некои маж со кола, други жена што знае да прави компир манџа, ама па на муабетите од маж - жена што не знае да прави компир манџа не е жена, нели одма реагирате?
    Пошо женскава пиша маж што нема возачка не е маж, чисто за споредба
     
    На Nevenche26 и Tan4ence им се допаѓа ова.
  6. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.433
    Пол:
    Женски

    Да се надополнам - и дека нешто психички му фали.
     
    На candy.cane, deskarada и Mantub им се допаѓа ова.
  7. Aqualina

    Aqualina Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    921
    Пол:
    Женски
    Јас повеќе ова прашање би го преформулирала во тоа зошто тој еве не мора да е машкото или таа нема возачка и не сака да вози. Би го преформулирала од аспект што зад овие изговори може се крие посериозна причина од здравствена природа, за ова пишувам поучена од лично искуство на кое не би да се навраќам.
    Инаку немам ништо против таква причина туку против криењето на таа причина зад овие изговори, не сакам да возам, нема пари за кола итн.
    Е сега кога станува збор само за немање желба или иницијатива да се сака да се вози мене лично не би ми пречел таков партнер доколу обострано не би ни се одразувало тоа врз квалитетот на живот.
    Мислам ако можеме да си приуштиме личен шофер што имам него да му замерувам што не сака да вози:D
     
  8. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @Tan4ence, искрено? Стварно не се замарам околу тоа што значи колата за угледот на мажот и како е перцепиран во општеството без неа :)

    @Mantub, јас општо пишував, не го ни коментирав мислењето на членката :) Ниту пак знам што кола е таа што ја спомнала :D


    Признавам, не го ни прочитав мислењето кое ја почнало дискусијата, туку си одговорив на прашањето со кое е поставена темава:
    Дали би биле во врска со партнер кој нема возачка/ автомобил или не сака да вози?
    Да нагласам, не ми смета што ме цитираш, ама не знам што очекуваш од мене? Да плукам по неа, да ја осудам што бара дечко со јака кола? Ок, и да е апла материјалистка нема да е ни прва ни последна :) Ако си најде таков дечко каков што бара, супер за неа :) Јас лично барам дечко што ќе оди со мене на Водно :)
     
    На CameliaMiller, KateKane, candy.cane и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.247
    Допаѓања:
    8.489
    Во држава со никаков јавен превоз, особено во време на епидемијава, возачката и колата и те како се потреба.
    Возачката и колата даваат слобода и купуваат доста време, што со денешново темпо на работа и живот многу ни фали.
    Возачката нема да ја подобри врската ама ќе разбие монотонија од секој викенд на исто место, чекање таксиња, губење пола ден во менување 2/3 автобуси за еден ручек итн.
    Ми смета немањето желба за полагање или инвестирање во просечен автомобил од лица кои заработуваат многу добро. Важи и за двата пола.
    Сум била и без и со автомобил. Многу повеќе чини таксирањето, автобусите и слично од сопствен превоз.
    Во родениот ми град нема такси кое работи трета смена.
    Треба да се молиш на бога да не му се слоши на некој или да те фатат породилни болки пред 00 часот.
    Лани лето на свадба во Скопје (на која за несреќа си решил да пиеш и не си тргнал со кола) чекавме такси точно 1час.
    За врските на далечина да не ни почнувам.
    Така да светици, ако јас сум заштедила парички, сум положила и сум купила просечно возило не е "спонзорушко" да очекувам да има положено на 30 години па да може да ме смени на подолг пат.
     
    На CameliaMiller, mssuniquee, annii и 13 други им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.048
    Допаѓања:
    180.307
    Мене сериозно, без сарказам, ме интересира каква претстава се добива за човек од муабетот- дал има возачка? Каква личност е тој без возачка? :?:

    А да си најдеш дечко со друга амбиција? На пример да се преселите во странство? Таму негде, реално, возење кола е бес и компликација, измислиле јавен превоз како швајцарски саат;)
     
    На candy.cane, Doozy, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    А темава да ја прекрстите у "Ставот на Fantastic Girl ", пошто гледам 10 страни за неа се фативте ?
     
    На Nevenche26, Angie1432, Celltica и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Ladybug2436

    Ladybug2436 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Женски
    Јас лично никогаш не би можела да сум со партнер кој што не вози кола. Ако јас сум доволно способна да положам и да соберам пари за да купам кола, исто може и партнерот.
     
    На Nevenche26 и fantastic girl им се допаѓа ова.
  13. fantastic girl

    fantastic girl Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2020
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Никаде не споменав за вредноста на возилото само кажав за големината на возилото кога можам јас да возам толкаво возило може и секое машко макар и некое помало возило. Тука во таа споредба беше способноста за возење но не беше луксузната на возилото.
     
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    А зошто не би можела?
    Точакот не е превозно средство?
    :drunk:
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  15. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.011
    Допаѓања:
    36.295
    Пол:
    Женски
    Која е разликата на возење мала и голема кола? Дека нели се вози, не се гура колата? Освен што помалата е полесно да ја паркираш и во потесно?
    Полесно е да се вози бмв х6 поголема кола отколку југо.
    Се збунив со големиниве...
     
    На Aqualina, Lima24, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    17.591
    Пол:
    Женски
    Малку се измеша темава некако.
    Според коментарите очигледно има разлика меѓу дали би биле во врска и дали би биле во брак.

    Кола е потреба, особено со деца и никој не го оспори тоа. Но, овде станува збор за заеднички живот, каде пожелно е двајцата да возат и имаат заедничка кола.

    Он топик: Би била во врска.
    За итен случај, што корист ми е колата, ако живееме на различни краеви од градот? Ако мене ми е потреба, тогаш јас ќе положам и ќе купам кола. Не ради феминизам, туку чисто од практичност.

    За шетање, дефинитивно во земјава е полесно со кола. Ама од искуство, не е невозможно и без неа. И баш, побрзо ќе ги потрошам парите на шетање, отколку да штедам за кола. Ни едно возило нема да се рамни со тие спомени.

    ЕДИТ:
    Всушност, најбитно ми е ова. Да не живееме во земја каде ако имаш итен здравствен случај ќе поцркаш ако немаш кола.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Зашто темава не се заклучи? И доста носот сегде си го пикате. Не знаете едноставно да одговорите на прашањето и не сте живи без да префрлите нешто и да нападнете некој. Секој има право да си бира партнер каков што му одговара.
     
    На Nevenche26, Aqualina, Angie1432 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. invisible23

    invisible23 Активен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Машки
    Tolku prost i zaostanat narod samo tuka kje da ima kaj nas a i zato sme tamu kaj sto sme. Vo 21 vek cekate na partnerot da ve vozi, ko ke se mazite mazot da bide dobro situiran, da ima kukja/stan, da ve nosi po odmori, da ve nosi po ruceci, cekate kafeto da vi go plati. Znaci se ova ke mi bese jasno da sme 1903 godina ama denes? I da sekoj saka da ja najdi ljubovta na svojot zivot a i plus da e bogat/a :D:D ama samo edno ne mi e jasno. Dali od doma uste ve terat na takvo ponasanje? :?: Da ne begam nadvor od temata ama prasanjeto mi e zosto ti ne polozis i ne go vozis? Neli barate ramnopravnost? Stvarno ne mozam da razberam kako mozi da pagjate tolku nisko i da cekate od drug na ovie raboti, trgnete sami od sebe i potrudete se da stvorite nesto sami.
     
    Последна измена: 28 јули 2020
    На **prcla**, Feminka22, buba4e89 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.476
    Допаѓања:
    96.927
    А јас па не сум видела таков прост и клет народ кој никако да престане да се меша во туѓото ' што сакам, а што не сакам'.
     
    На Kimberly11 и raww им се допаѓа ова.
  20. invisible23

    invisible23 Активен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Машки
    Kolku so znam ova e forum i tuka se iskazuva svoeto mislenje i se cita tugjoto, se debatira itn. Dokolku ne te zasega tugjoto mislenje sigurno ne bi otvorila tema i ne bi postavila prasanje.