Како што гледам дека се повеќе женски се повеќе се уфарлуваат во постари мажи ми дојде идеја да подискутираме ние жените какво мислење имаме за помаладите мажи и да споделиме искуства за тоа какви се дали се доволно здрели и како се однесуваат спрема нас. Е сега овде ќе дискутираме за тоа дали некогаш сме имале врска со помлади мажи и какви се во кревет. Ќе споредуваме помлади мажи и постари мажи за тоа колку се здрели и колку можат тие да придонесат за нас жените. Би сакала јас да го скршам мразот, еве пример јас имам искуство со 5 години помлад од мене па иако раскинавме би сакал да кажам дека беше доста добар кон мене иако го изневерив тој сеуште ме почитува како жена и сега за сега сме во добри пријателски односи. Но според мене и според тоа како гледам дека многу жени одат со постари мажи би сакала да ги посоветувам за тоа дека да си ја пробат среќата и со помлад маж затоа што се полни со енергија и многу добри знаат да бидат во кревет(ова од искуство ви го зборувам). P.S : Нова сум на форумот го разгледав и навистина многу добар форум, се каам досега што не сум се регистрирала. Се надевам дека ќе ме прифатите и уште многу ќе дискутираме на форумот. Поздрав.
Јас НЕ! Мислењето ми е индивидуално.. но за разлика од тоа што го гледам секојдневно моето мислење е дека не би ошла со помлад од мене... За мене се тие дечиња недоздреани.
Јас искрено би сакала да пробам да бидам во врска со некој што е помал од мене. Се разбира врската нема да трае долго, ама што знам онака интересно изгледа. Ете јас имам 19, тој ако има 17 замислувам дека ќе сака да одиме во парк, можеби прва љубов ќе му бидам и многу ќе се затреска. Не верувам дека би се осудил на нешто повеќе. Знам дека јас кога имав 17 годни најважно нешто ми беше дечкото да знае убаво да се бакнува и уште ми е. Би пробала, зошто да не, можеби поубаво ќе се однесува и ќе размислува од некој 22 годишен. Тука ќе си бидат на ниво хаахах
Јас лично не би била во врска со некој кој е премногу помлад од мене, јас имам 20 години а тој да има 18, 19 или сеуште да е во средно не ми одии во глава. Имам пријателка со дечко година дена помал и имаат доста проблемии сепак тој беше средношколец а ние матурантки. Таму после 25 години разликите можеби и не се толку приметуваат, на пример таа 27 а тој 25, или пак после 30 години но до 25 години таа разлика е много приметлива и мажите и така касно созреваат па уште и ако се помали ќе си имаме работа. Лично за мене разлика во месеци одобрувам но години не.
Јас би можела мал да бидам, зошто да не ќе се чувствувам помлада покрај него. Ама не многу мал да се рабереме Најмалку 18 Спојлер ај еве може и 17
Врска не. Авантура некоја кратка она ова, може. Така размислувам сега, понатаму ќе видиме. Спојлер Нормално, тоа кога би немала дечко.
Можеби..но не апла помлад.Година,до две најмногу Кога машките можат со постари жени да имаат врска,зошто не и ние.Се зависи од искуството на парнерот,нели годините не се мерило за зрелост Спојлер И јас како mili4ka123,нормално кога не би имала дечко
Не. И не сфаќам како функционира тој однос. Викаат - ете едноставно се случи, љубов. Па што знам...јас мислам дека не би можела да развијам емоции со сознание дека некој е помал од мене. Колку сака нека е зрел, сепак не може да е позрел од мене, не дека јас паметната, туку познато е дека и онака поспоро созреваат, така што тоа е невозможно да е толку зрел за да си парираме. А друго, сериозно го имам забележано од туѓи искуства. Жени кои се залетуваат за помали од нив најчесто е тоа така зошто не можат да доминираат или било како да влијаат и да се носат со врсник или соодветно постар од нив, па помаливе им се полесен плен. Не мора да генерализираме, но од она кое што јас сум го видела,така е. Баш и викендов начнав една ваква тема, па една и така и си се изјасни. Вика, мене ми е полесно, како ќе му кажам така прави. Не знаев што да кажам,а да не биде круто, па си преќутев. Да не должам, не... не гледам иднина, следствено на тоа нема зошто да си го трошам своето време и нерви, па и неговото на нешто кое нема да има поента.
Не. Не би можела да бидам во врска со некој што е помлад од мене или пак моја генерација. Општо познато е дека мажите покасно созреваат. Би рекла да биде од мене постар 5-6 години
Со генерација неможев да се разберам, а не па со момлад оффф најпаметно постар 2-3 години ,јес да и тие не се којзнае колку зрели али барем не се деца...
Мене па годините не ми се никакво мерило за зрелост. Не сум имала врска со помал, ама не ми пречи и не би ми сметало во иднина на пример да имам. Познавам мажи што на триесет години се изгубен случај, не знаат што со животот и исто познавам мажи на само 20 години кои ќе те засенат со еден муабет, околу тоа како ги согледуваат одредени работи, а исто и физички не изгледаат дека се на 20, туку како малце постари. Е сега, не би преферирала 20годишна девојка со 15 годишен. Мажите на тие години се буквално бебе за мене, уште детенце. Ама на пример девојка 26-7 години се дечко 22-23 зашто да не.. Девојка ако се одржува и негува, може и да има 30 а да и позавидат сите 20 годишни, а исто и за момците не сметам дека годините се пресуден показател за зрелост и памет.
1/ 6 години помал 2/ 3 години врска 3/ најчесто ПРАВИМЕ тоа што ПОМЛАДИОВ ќе каже-од едноставна причина што е смислов /и тоа мнооогу зрел/ 4/ доминирам-ДА /погоди каде / 5/ иднина-ухууу итекако со него ми има поента заклучок- да не ГЕНЕРАЛИЗИРАМ и јас, ама ако не сте доживеале и преживеале овакви врски, не давајте непотребни коментари
Па ако се работи за 1 до 2 години помлад можеби, незнам, би размислила се зависи од карактерот на истиот тој човек.
Јас со помлади мажи не би бил, но со помлади жени или девојки со задоволство. Јас сум џентлмен и никогаш нема да кажам за некоја жена дека не е убава, но доколку имам право на изор би одбрал помлада. За разлика од повекето овде кои им е битно карактерот како некое клише што го кажуваат дури и децава кои самите немаат оформено карактер а камоли да проценат дали некој друг има карактер, јас за почеток бирам да е убава, насмеана, духовите, да немора да го мерам секој збор.... За да процениш карактер и памет треба прво да ги имаш изградено сопствениот карактер и доволно искуство за да можеш за себе да кажеш дека си паметен и карактерен, а јас за себе неможам да кажам такво нешто, пред се од скромност па потоа се останато. Невелам дека и постарите девојки и жени немаат своја вредност но сепак јас сум за убави, млади згодни, а за карактерот ќе го оформиме со тек на времето
Се` ќе зависи од карактерот бидејќи апсурдно е да се прават генерализации по ова прашање од типот дека ако бил помлад ќе бил незрел, или постар - зрел и сериозен. Пошто сум одела и со двата типа мажи и можам да кажам дека нема некоја значителна разлика освен секако темите на разговор. Помладите повеќе се осврнуваат кон жанрот на музика, и поедноставно функционираат. Додека постарите се со истиот детски дух само во некоја извитоперена верзија. Значи овие првиве ако сеуште излегуваат во град, парк и гледаат да те изневерат со првата девојка која им налета во пијана состојба, овие вториве ќе го направат истото, само единствената разлика ќе ја најдете во изговорот. Демек овие вашиве посериозни истата вечер гледал фудбал со другарите и не биле никаде таа ноќ. Патем, ова со помладиве ми нема врска со доминација и желба за манипулирање. Не знам ниту од каде идејата дека е тоа така. Еве јас на пример имам постари другарки/другари кои имале искуство со помлади партнери па никогаш не се поставиле во улога на алфа женки и мужјаци со желба за диктаторство, туку напротив претпочитале еднаквост. Сепак, искуствата се индивидуални. Не велам дека не постои и оној тип на жени/мажи за кои помладите се полесен плен за ловење и поаѓаат со вакви намери, но се надевам се ретки. Сепак според моето лично искуство, сметам дека претежно жени со авантуристички дух и желба за експериментирање во полето на љубовта повеќе би се согласиле на една ваква врска. Оние сериозните пак, вообичаено си бараат партнер согласно нивните критериуми. Но, пак не може ни ова правило да важи за сите, бидејќи постојат и случаи каде спротивностите се привлекуваат.