Нити сум била со помлад/моја генерација нити сакам. Се знае дека мажите покасно созреваат па затоа не сум сакала никогаш дете покрај себе
Што мислите дали е во ред да се оди со доста помлад дечко (мислам да е помлад од девојката 6, 7 години).
Што ќе правиш со дечко помлад 6, 7 години? Пред се', различни интереси ги двојат двајцата со таква разлика и нема смисла таква врска.
Зависи женското колку години има. Гласав не затоа што моментално дечко помлад 6,7 години од мене би имал 14-15 Кога би имала над 30, не знам, може ќе ми делува поприродно.
Не, се имам пишувано со некои што се помлади од мене, (не многу, година-две) и воопшто не ми одговараат.
Во минатото би рекла, дефинитивно не. Секогаш сакав позрел од себе си, или бар на исто ниво. За во следниот живот со овој памет сега, би пробала.
Не би била. Леле помлад, не можам ни да замислам. Пилиштари А пак кога маж зборува за постара жена во сексуална смисла и користи изрази ко "тетка", ми се превртуваат црева
Зависи на која возраст. До кај 20 години мислев нема шанси, ми се допаѓаа постари а со тоа и позрели, ама веке над 25 мислам дека таа разлика во зрелост се намалува т.е. има многу попаметни и позрели мажи на 30 години додека други и на 40 и 50 уште се зелени во умот Вака кога ке размислам од тој аспект дури и би преферирала помлад маж за брак со оглед на тоа дека кој си е паметен и емотивно зрел ке биде таков и на 30 години, додека физичките последици на телото пример од 10 години разлика не се мали, ниту во изглед, здравствена состојба, издржливост
Не сум била во врска со помлад од мене, но не би ми сметало да е помлад 3 - 4 години максимум. Гледам многу членки пишувале дека помладите не се созреани и имаат тинејџерско однесување, воопшто не се согласувам, однесувањето нема врска со годините, на 20, 25 години какви дечки има амбициозни, културни со манири, многу повеќе созреани од некој на 30, 40 години, а познавам и такви што на 30,40 години немаат ни карактер ни однесување. Годините не се мерило за тоа колку некој успеал да се изгради како личност.
Никако. Два-три ред муабет да сврзи човек со нив ќе те извреѓаат ко демек ако си една до две години поголема си крива. Од основна култура што се нема, понатака не би навлегувала во ништо.
Кога бев тинејџерка и до 20-21 год сакав постари, најголема разлика ми беше 10-11 години. После на 20 години доживеав преокрет, бев со дечко 3 години помал од мене неколку месеци, не знам шта ме је спопало. Али фино беше, не се жалам. Сега три години покасно мислам дека е понезрел од тоа што беше тогаш. После него, сите ми беа во глобала 1-2 години постари. А и тоа што порано ми било постаро, сега јас сум веќе на таа возраст или приближно, а тие што би биле 10 години постари од мене во моментов најчесто се во брак а и тие што не се не ми прават филм. Така да, сега најчесто преферирам од 1 година до кај 3-4 години постари. Језда секогаш има исклучок од правилото. А за жени, не знам зошто ама преферирам помали од мене или негде моја возраст да се, 1 година плус минус.
Ако е помлад, не значи дека е незрел. Сепак зависи и колкава е таа разлика. Сум со помлад и можам да речам дека е позрел и од дечки што се 5 години постари од мене.