1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали би биле во врска со човек што не ве сака?

Дискусија во 'Врски' започната од Laura., 8 јануари 2021.

  1. Laura.

    Laura. Активен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2021
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, би сакала да слушнам повеќе мислења околу мојата ситуација и општо околу ситуацијата да бидеш со некој што не те сака, а сепак те почитува и те прави среќна.

    После година ипол излегување ми предложи врска, и иако го сакам повеќе од се на светов, се замислив што би било кога би било тоа...
    Еве ја мојата приказна.
    Почнавме да излегуваме летото 2019, пред точно година ипол. Само 3 месеци пред да почнеме да излегуваме, излегол од 6 годишна врска, т.е. биле свршени и таа го оставила иако со направена веридба, планирале свадба и се тоа. Причината за тоа била што таа имала 23 години и одлучила дека не сака толку млада да се мажи и врзува за некој, ја изгубила младоста само со еден, немала видено ништо друго освен него бла бла. Кога тој ја прашал тогаш зошто прифати да се вериш со мене, му рекла епа ти ми клекна пред сите, не можев не да ти речам.
    Тој неа ја сакал премногу, буквално се во животот имал жртвувано за него, од заедно средно продолжиле заедно на факултет, 24/7 заедно, по одмори, по фамилијарни собири итн. Ја молел премногу на крајот, се правел за да ја задржи врската но залудно.
    Година ипол бев заедно со него и го гледав како не може да ја заборави и како премногу го боли. Милион пати имаме стигнато до темата љубов, секогаш ми вика дека уште еднаш во животот никогаш нема да сака, дека никогаш за неа нема да му биде сеедно, има другар кој пред 5 години раскинал 4 годишна врска и уште ја сака, се огледува на него... Вика дека ако некогаш ја сретне ќе се уништи начисто.. Таа го има блокирано на социјалните мрежи, тој ја следи од некојси друг профил и си прави скриншат од сите селфиња што ги постира за да може барем да си ја гледа... Буквално како што кажува никогаш нема да ја одсака и да засака друга, ни после 50 години нема да му било сеедно за неа, вика дека ако некогаш се женел, би отишол на свадбата кај неа за да и докаже дека сеуште му е единствена.

    Од друга страна, јас го засакав премногу и почнав да правам се за него, во 2 на полноќ се имам искрадувано од дома за да отидам кај него кога му било лошо и премногу други работи. Тој кога сфати колку го сакам, почна да се понаша се поубаво и поубаво, причината - не сакал да ме повреди или остави. Цело време викаше дека му е лошо затоа што сум се појавила толку совршена (не за изглед, туку за тоа како се вклопуваме и колку убаво се однесувам и се грижам за него), а во толку погрешно време. Почна многу да се труди за мене и да ми покажува љубов на милиони начини, иако вистински не ме сака. Поминаа месеци, ситуацијата стануваше се поубава и поубава, и на крајот ми предложи врска.
    Мене целта не ми беше врска со него (не дека не го сакав тоа, туку знаев дека тој не го сака и не спомнував ништо), туку едноставно премногу го сакав и го сакам, и затоа го правев се тоа со најчисти мисли, иако премногу ме боли тоа што уште ја сака претходната.
    Со него ми е совршено, како со никој никогаш досега, многу се труди да ме направи среќна и што е најбитното за мене се труди да ги дознае моите најдлабоки проблеми, се што психички ме мачи, ми дава поддршка и утеха за се, секогаш е тука. Ама не ме сака вистински.. Иако се труди да покаже дека ете ме засакал, сепак знам дека е се лага (со добра намера).

    Кога не би бил тој што е, одговорот одма ќе го знаев, никогаш не би била со некој што не ме сака. Буквално никогаш.
    Меѓутоа, тој е се што цел живот сум посакувала, бил тука за мене кога никој не бил.
    Толку сум хаос во главата што не знам што понатаму. Инаку за врска е ептен сериозен, и кога би биле заедно, би биле за сериозно. Има 26 години, јас 22.

    Што мислите за ситуацијава, поставувајќи се на мое место?
     
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.582
    Пол:
    Женски
    Не би била со некој што не ме сака и што не може да ја преболи бившата.

    Не разбирам, се гледаш со него а не сте заедно? Колку време трае тоа?
     
    На Ane_na_Bisera16, Justicija, bicycle и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Laura.

    Laura. Активен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2021
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Женски
    Да, се гледаме често но не сме во врска. Година ипол трае тоа. На почетокот мислев онака ќе трае колку летна авантура, секако нејќе врска, ама го засакав премногу, се искомплицираа работите и ете дојдовме до година ипол.
     
  4. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    Прво ми дојде да пишам не.
    Од друга страна, свесна сум дека заљубеноста со тек на време може да избледи и дека чувствата нема да бидат исти како на почетокот.
    Опширна тема е сега разликата помеѓу љубов и заљубеност, но почитта и довербата мора да постојат. Љубовта со тек на време ,,еволуира'' и од страст и пеперутки во стомакот преминува во нешто друго.
     
    На saki13, Ane_na_Bisera16, Jane.Birkin и 11 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Викам јас дека јавните запросувања само притисок прават, ништо друго.

    Он топик: Не можеме ние да ти кажеме дали да останеш со него, или не.
    Ти ќе треба да живееш со одлуката, не ние.
     
    На Ane_na_Bisera16, 1209, Justicija и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.582
    Пол:
    Женски
    Ако за година ипол тој не те засакал, мислам не треба тоа да го очекуваш понатаму.
     
    На saki13, Tanjamm, Ane_na_Bisera16 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Laura.

    Laura. Активен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2021
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Женски
    Не мислев да ми кажете дали да бидам со него, туку онака мислења дали вие би биле и би можеле да живеете со тоа.

    Иначе, дете сум на луѓе што премногу се сакале и се зеле само од љубов, а немаат доверба и разбирање и хорор им е бракот, па од таа траума можеби главното нешто што го барам кај некој е почит, разбирање, доверба, мир.. Само се плашам дека кога нема љубов, нема да ги има ни овие работи.
    За сакање, се помирив дека нема да ме засака.

    Само сакав да видам мислења од повеќе девојки и жени, дали би можеле да бидат во таква врска/брак.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски

    Од моментите што си ги искусила со него за 1,5 год. имаш сосема јасна слика (во замена за љубов карактерна привлечност)
    Не знам каква би била таа сериозна врска во која треба да се компензира со статус опција, наместо приоритет и тоа на 22 год.:?:
    Зарем подготвена си и трета личност (бившата) да биде присутна во заедничкиот живот?
    Хаосот што сега го имаш не е ништо во споредба со избрзана одлука.
    Размисли добро.
     
    На lovestoneddd и Осе им се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.075
    Пол:
    Женски
    Секако дека не би била.
    Отворено ти кажал дека нема да сака друга како неа, уште е лудо заљубен во неа, ќе одел на свадбата за да и докажел дека таа му била единствена, си прави скрин шотови од нејзини слики за да си ја гледа и ти уште се прашуваш дали да бидеш со него во врска?
    Што ако ти се понаша убаво, те гледа само како пополнување време и тоа е тоа.
    Зошто да си со таков кога можеш да бидеш со некој кој тебе ќе те гледа како што овој моментално ја гледа бившата.
    Зошто да си со некој кој знаеш дека не те сака кога можеш да уживаш во љубовта од некој друг.
    Еден ден ако бившата реши да се смират, што мислиш, што ќе се случи? :)
    Мој предлог е да пазиш да не си го трошиш времето со ваков човек пошто си во најубавите години, никогаш не треба да си со некој кој не те сака, ама особено не треба кога имаш 22 години.
     
    На Traveler91, KateKane, Maša8 и 29 други им се допаѓа ова.
  10. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Не.
    Човек со самопочитување тоа не го прави.

    Едноставно, тип што често спомнува бивша, може да ми биде само другар. Дури и кога би престанал да ја спомнува и кога би се свртел према мене емоционално, секогаш ќе го имам тоа шубе на главата дека не сум јас таа, големата љубов.

    Типот од твојата приказна е едно големо лигле и несериозен и не ти треба таков, дури ни за секс.

    Научи да се почитуваш себеси пред да те остави на најгрозоморниот можен начин, пример со дете.

    И запамти дека вредиш многу повеќе од неговите трошки.
     
    На Mr.Mary, Maša8, Bojana890 и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.760
    Допаѓања:
    17.266
    Пол:
    Женски
    Не. Така би се осудила никогаш да не бидам среќна.

    Можеби на почеток ти делува дека ќе можеш да функционираш. Ти го сакаш, он е со тебе и се однесува добро, супер е се. Ама до кога?

    Изгледа до тогаш. Додека на вашата свадба не отиде кај бившата да и каже колку ја сака? Не знам дали е ова за смеење или за плачење.

    Може сега не ти делува многу лошо, ама мислам ова е како да си пукаш сама во колено. Ќе почнеш да се фрустрираш од тоа што не те сака, ќе му здосади и него и на крај може пак да раскинете. Со изгубени нерви и време.
     
    На Bojana890, raww и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  12. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.313
    Пол:
    Женски
    сум била да и грозно е уште од почеток
     
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.468
    Допаѓања:
    82.144
    Пол:
    Женски
    @Laura.
    Како не ќе ја сакал бившата цел живот.
    Ќе ја преболи.
    Готово е тоа.
    Човечкото срце се регенерира.
    Како што ја засакал ќе ја отсака.
    Пробај ако ти одговара, можеби му треба повеќе време,си му дошла пребрзо,не му се јасни чувствата кон тебе.
     
    На Tanjamm, Stressed Out, burthdaykake и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.075
    Пол:
    Женски
    Нема да ги има. Не може да ги има без љубов.
    Врските и бракот треба да се со љубов, не се живее со некој со кого не го сакаш, не се гледаат деца со некој кого не го сакаш.
    Така да ако се смират со бившата или се заљуби во некоја трета, веројатно само ти ќе останеш со празни раце пошто кога тој ќе ги има за некоја друга, тие чувства што ги имаш ти за него, знаеш што ќе биде - Извини, мила си, добра си, не е до тебе, до мене е.
    Со две реченици ќе те остави.
    И ќе замине низ врата и ќе си ужива во животот без да се сврти назад.
    Ајде бе, на што личи тоа, 22 години имаш.
    На 22 години да ти вика дечкото дека бившата му е единствена и ти да се прашуваш уште дали да си со него.
    Не се почнува ништо со никој кој нема раскрстено со минатото.
    Повеќе сакај се себе си.
    Можеш далеку подобра врска и брак да имаш од твоите родители.
    Не може да има доверба без љубов.
    Тој ако има доверба во тебе, тоа може само тебе да ти изгледа како доверба, да ти изгледа дека ти верува за се', а уствари тоа незамарање да доаѓа од што не му е гајле.
    А ти кон него за што имаш доверба, па тој ти кажал јасно и гласно дека ако има шанса ќе те изневери.
    Ќе одел кај бившата на свадба да и кажел дека му е единствена, боже.
    Ај тој е неодговорен што предлага врска на една, а сака друга друга, тој не се грижи за тебе, барем ти грижи се за себе.
    Никогаш немој да му бидеш пополнување време на некого особено па кога јасно ти кажува дека не те сака.
    Девојки имаат проблем што дечковците им прават работи за кои не се сигурни дали се одраз на љубов, па ги толкуваме овде на форумов, овој твојов јасно ти кажал и ти уште се прашуваш.
    Апсолутно нездрава ќе биде вашата врска.
    Наместо да сте двајца млади кои се сакате, кои едвај чекаат да се видат, вие ќе бидете девојка која го теши дечкото за бившата затоа што се заљубила во него и дечко кој си пополнува време се додека не му се пружи друга шанса.
    Тогаш ќе ти биде уште покриво што си потрошила време со него, ќе се осеќаш ко искористена.
    А и да не се случи тоа, кога ќе гледаш како другите девојки се сакани од своите дечковци и ти ќе го посакуваш тоа дури и да не си признаваш, ама верувај ми дека еден ден ќе дојде момент и ќе се каеш.
    Да не кажеш дека имаш 22 години, по пишувањево ќе звучеше ко да имаш 50 и да си во лош брак 30 години и си се помирила со ситуацијата.
    На 22 треба да го живееш животот, тогаш треба да ја почувствуваш љубовта и вниманието од друг, какво помирување е тоа на 22 години.
    Ако преминувал преку бившата, ќе преминел, година и пол не е малце, па особено 3 месеци пред тоа, скоро 2 години.
     
    На KateKane, Mr.Mary, Maša8 и 13 други им се допаѓа ова.
  15. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    52.639
    Пол:
    Женски
    Не би била, ако не ме сака повеќе можи искрено да ми кажи, бидејќи подоцна ќе се појават поголеми проблеми и фрустрации.

    Јас би бегала што подалеку од ваков. Мислам дека е очигледно оти се гледа со тебе за утеха, колку време да му поминува. Можеби и не е навикнат да биди сам после толку време во врска.
    Ако сакаш "врска" без обврски продолжи да се гледаш со него, ама очигледно сакаш нешто сериозно, што сега е невозможно.
    Премногу си млада за да си со некој кој дури отворено кажува дека не те сака.
     
    На lovestoneddd и tinka-mace им се допаѓа ова.
  16. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Не. Тоа не е врска, тоа е измачување.
     
    На Mr.Mary, Elf, Bojana890 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Јас мислам дека ќе ја отсака бившата.
    Како што рече и @Cosmi

    Дете е... 26 години има...
    Има уште муви за лапање и тој.
     
    На Stressed Out, cresa-jagoda, marama и 2 други им се допаѓа ова.
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.596
    Допаѓања:
    155.805
    Пол:
    Женски
    Леле пред да излезам да шетнам читав ова и се фрустрирав, а не смеам да дозволам нешто вакво да ме изнервира. :D

    Прво ќе одговорам за насловот. Не. Не би била во врска со човек кој не ме сака. Не би била ни во врска со човек кој не го сакам. Мене лично, и нема смисла. Би била посреќна, многу посреќна кога знам дека чувствата му се кон мене. Макар и да се соменвам во тие чувства - мене то ми е извор на несреќа.

    Е сега за конкретниот проблем. Човече. Тој ја сака неа.

    Дали ти си океј да бидиш во врска со некој кој од скриен профил си прај скриншот од сликите на бившата? Дали ти си океј да бидиш во врска со некој кој јасно и јавно кажува дека уште има чувства за бившата? Дали ти си океј да бидиш во врска со некој кој вели дека никогаш нема да има друга после неа која ќе биди на ниво? Дали ти си океј да бидиш во врска со некој кој вели дека ако ја види бившата ќе се побрка? Дали ти си со него само зошто ти дава внимание, особено добро, позитивно внимание само зошто си „совршената девојка“ и му даваш љубов, внимание и грижа која во моментот ја нема?

    Не ми ги одговарај мене прашањата. Одговори си ги сама. Ако тебе ова те прави среќна, јас искрено не гледам проблем со ова. Ама и да немаше друга во миксот, едноставно да не ме сакаше некој, лично, не би трошела време кое можам да го насочам поинаку. Одговори си ги прашањата најискрено што можи и према ова донеси одлука во кој правец ќе продолжиш.

    Со сила не можиш да засакаш некој.

    И сега за вториот дел кој беше уствари тој дел кој ме изнервира е јавни запросувања. Па уште полошо, изненадување јавно запросување. Значи ако сакаш и гледаш иднина со партнерот прв чекор не е да купиш прстен и да изненадиш. Да видиш дали тој некој е на иста страна со тебе. Да разговараш. Ако кажи дека да, гледа иднина со тебе и сака да се венча, ете мисли по месец- два како ќе изненадиш на некоја специјална пригода. Многу подобро него да исфорсираш некој во позитивен одговор, или шокираш и на крај да се донеси одлука пред време кога еден од партнерите не е сеуште спремен. Тој со бившата очигледно не беше на иста страна. Можеби и немаше таа да раскини воопшто ако тој не запросеше ама после то едноставно стана awkward. И следна работа, сите од долги врски не излегват осакатени по бившите. То е скроз индивидуално. Ми копаше очи дека тој се огледваше на пријателот кој бил во долга врска каков бил и како не се опрајл. Не е мерило то. Сите сме индивидуални.
     
    На KateKane, Milobebence, naturallmess и 4 други им се допаѓа ова.
  19. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.034
    Допаѓања:
    26.583
    Не.
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  20. AgentGinger

    AgentGinger Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2020
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.583
    Пол:
    Женски
    За случајот погоре мое мислење.
    Млада си, сеуште пред тебе е живот којшто ТИ одлучуваш како ќе го поминеш и живееш.
    Како што напишаа погоре, зошто да не си најдеш момче, што ќе те сака? Да си уживаш со него во љубов.
    Секако на крајот на денот е твоја лична работа и одлука, но јас никогаш не би била во врска со некој кој не ме сака. ;)
     
    На Ane_na_Bisera16 му/ѝ се допаѓа ова.