Фантазира и тој дека цел живот ќе ја сакал бившата,па и после 50 год. Како не. Сакал да верува во тоа,ќе му помине,ќе ја отсака. Со девојчево колку што сфатив не се во врска,почнале да се гледаат 3 месеци откако бил напуштен,тогаш верувам бил под силни емоции за бившата. Но после година и пол да му кидне девојчево што искрено го сака,може ќе соочи со чувствата и што и кого сака.
Само мене ми се повраќа од "ај вил лав ју форевер"?? Да се заедно и да ја сака вечно, ај мож ќе пројде некако. Ама да не се треба да си глуп да си го упропастиш животот со ваква фикс идеја...
Јас лично не би била. Врската е взаемна љубов, а не еднострана. Човек не љуби еднаш во животот, но моментално не е спремен да го отвори своето срце према друга, а можеби само према тебе. Наместо да ја вложуваш својата енергија во нешто што нема видлива иднина, побарај нешто што знаеш дека ќе биде обострано. Според твојот пост, ти служиш само за пополнување на празнината што ја има оставено неговата бивша. Бегај подалеку од такви, освен ако не сакаш директно и индиректно да бидеш споредувана со нечија ,,муза" во животот. Она што го прави дечково е чист егоизам, користење на емоции во замена за рамо за плачење. Треба да си прва во врската а и единствена, а не да се бркаш со духот на бившата.
Лично не, никогаш не би била. Познавам парови кои во некој почетен период од врската не биле на иста бранова должина (едниот бил заљубен, другиот не) а продолжиле и со тек на време се стабилизирале и засакале. Сепак, во ситуацијава типот изгледа опседнат со бившата и како да не сака ни да проба да ја заборави. Тоа никако не е здраво и нема зошто да си го трошиш времето на таков. И тоа со скрин шотовите е многу крипи и вознемирувачко.
Љубов без почит и разбирање - никако. Почит и разбирање без љубов - можеби ,ама не и во случајот ти што го опишуваш. Човекот не да е опседнат со девојчето... Еве ќе се ставам на твое место. Никогаш веќе да не го погледне ,да не се сретнат ,мене секогаш би ми било сомнеж што ако... Што ако неа после 2-3 години и текни да го побара ? Што ако тогаш е "спремна " и "изживеана" па сака да си се омажи со него ? Мислиш би ја вратил? Би и рекол имам свој живот ,девојка која беше тука за мене ти ко требаше ? Евентуално да оставите некој простор за да ја одболува ,да види дали ќе му помине ( и јас мислам дека би му поминало ,ама дури не помини не би прифатила ништо) па ако помине да пробате нешто.
Не. Никогаш не би била во врска каде што љубовта не е взаемна. Ако нема љубов во врската, нема почит, разбирање, доверба, поддршка кои се пресудни за една врска да успее. Не гледам зошто би била со некој на кој сум му опција, кога имам можност да бидам нечиј приоритет во животот. Моментално да му пише бившата, без размислување ќе те напушти. Сигурен е дека нема да ја заборави т.е дека не сака да ја заборави, што реално може ако сака. И прави работи за никогаш да не ја заборави. Никој не е незаменлив, без секој се живее. Не судам ама ме чуди што ти си океј со ова. Неговиот однос кон тебе, мене ми е чисто другарски, си била покрај него кога му било најтешко и си го тешела. Толку. Искрено, мене ова ми е губење време, нерви, трошење енергија...безпотребно. Имаш 22 години и пред тебе многу време и можности да ја искусиш љубовта.
Не. Не би била со човек кој нема расчистено со минато, човек на кого не му се мислите и чувствата средени, не би си губела време. Зошто да не си најдеш некој и што ќе те сака и ќе ти прави убаво? Возможно е и реално да постои таков човек, само ако останеш со типов никогаш нема да дознаеш и ќе бидеш несреќна, ти сигурно не си среќна затоа што ако размислиш на поодлги стази, сомнеж, несигурност, создава само фрустрации, а натрупани фрустрации создаваат кавги и несреќа, а он не се кара со тебе пошо не се замара за тебе
Не. Бев со таков човек, кога бев некаде на твоја возраст, тој ми е врсник. Нешто слично се случуваше, сакаше друга, ама не можеа да бидат заедно, никогаш не ми кажа од која причина. И јас како тебе, млада, луда, го засакав, се изгубив по него. Тој цело време ми збореше дека не може да ме сака како што ја сакал неа. Ама ептен ме почитуваше, ме третираше како кралица, залудно. Го видов со неа после некое време. Доволна причина да раскинам и да си се посветам на животот, а ич не ми беше лесно да го преболам. За среќа, поминав преку тоа, добра лекција ми беше во животот. Барем научив се' да земам со резерва, и да не влетувам во врски како мува без глава. Денес уште сме во повремен контакт, тој е уште сам. Јас не го сакам како што го сакав, преминав преку тоа. Подобро е вака, за сите. Што да ти кажам, не знам. На крајот ти одлучуваш. Ама не е убаво да бидеш со човек кој не те сака, без оглед на тоа што ти го компензира на други начини. Ќе се умори од тоа, кога тогаш и ќе замине.
Имаш 22 години, најубавите за да запознаваш различни луѓе, карактери, да градиш различни односи и врски. Имаш и време да се запознаеш и сама себе, да сфатиш што сакаш и што бараш во партнер. Никаде не брзај, верувај дека луѓе доаѓаат и проаѓаат низ животот. Јас искрено не би си го трошела времето со дечкото. Додека човек не е чист со минатото и со сам себе, никогаш нема да може да биде со друг човек. Ментално, емотивно, целосно. А примерот со твоето семејство, апсолутно не ти е издржан аргумент за да останеш во врска без љубов. Секој трет брак почнува со љубов, па завршува со развод и тоа не е причина за да се оправдаш сама на себе дека би прифатила цел живот да бидеш сенка на некоја невозвратена љубов.
Не би била. Тоа за мене е измачување и непочит. Типот ја следи од секаде, си прави скриншот од нејзини слики и нон стоп зборува за нејзе колку ја сакал, тоа веќе ми личи на опсесија. Зошто да бидам со некој кому секого ќе му биде бившата на прво место? Никогаш нема да дозволам да бидам втора без разлика колку некого сакам. Таа врска би немала иднина. Без разлика на годините сепак не е во ред некој да ме користи само за да заборави друг. Не би дозволила да помине толку време како во случајот, премногу е година време. Уште на старт би раскрстила а не да се надевам на чудо. Чудо нема да се случи.
@Laura. не се понижувај самата. Типот ти ја збори, си игра мајтап од една страна со тебе и што понатака? Не ми мириса на добро и на крај ќе те батали од што и самиот не знае што сака. Големата работа ако го оставила. Искрено не знам како губиш време на некој начин со ваков. Јас лично не би била со некој што не знае како да комуницира со мене и не ме почитува, а не уште и да не ме сака. Слободно патот ќе му го ослободам.
Оддалечи се и види како ќе изреагира ликот. Некогаш мислиме дека нешто сеуште секаме, додека тоа поред нас не го ни цениме вистински. Кидни бе, види дали му е стало вистински.
Не само што не би била во врска, туку не би била ни во друштво на таков човек, дури нити на 'здраво'. Што си го губите времето на такви луѓе? На што се надевате? Тој што не ве сака нема да ве засака никогаш, толку е просто.
Ова е најдобриот совет кој го прочитав на темава и мислам дека девојката која има проблем треба да го послуша.
Не ги читав одговорите на другите , само првите два три. Мислам дека решение на ваква дилема е многу индивидуално. Секој за себе да си реши без совет од никого. Јас лично не би. Би патела цел живот ако знам дека оној кој го сакам тајно пати по друга. Дека сум утешна награда. Љубовта и заљубеноста еволуираат и се прелеваат една во друга кај мене, фигуративно речено. По 30 години можеби нема да имам пеперутки во стомак за маж ми ама секогаш, секогаш ќе знам дека ми е прв избор. Уште 5 пати да бирав пак него ќе го изберев за сопруг. И богата и сиромашна, и богат и сиромашен, и болен и здрав , го сакам и тој е тој со кого сакав и имам дете. Да знам дека сум му утешна награда, би овенала. Луге можат да сакаат 2 или повеќе пати . Мене маж ми не ми е прва сериозна обострана љубов. Ама не патам ич по првата сериозна љубов со која плановите од одредени причини не се остварија. Туку си имам речено, ох фала богу и што не се остварија , инаку немаше да го сретнам маж ми. Ако се отсакаме, што не би сакала, нема да барам утешна награда со некој кој нема да го сакам но ќе го користам за емотивна празнина да пополнувам. Ќе го одболувам ако можам и тек тогаш ќе продолжам. Вакви лебедови доживотни имагинарни во фантазијата вечни љубови на 23 години!!!! или колку и да имал тој кога го оставила ми се: причам ти причу. Фала ,не. Јас имав 20 кога се оставивме од надворешни причини со првата голема љубов, се отселија во странство фамилијарно. Го преболев. Едноставно престанав да го сакам по извесен дооолг период и двата ја прекинавме комуникацијата телефонска писма и мејлови продолживме понатаму. Кога бев во рана врска со мм, добив од дотичниот обновен контакт по случајна средба и квази понуда да заминам со него во неговата странција. Му се изнасмеав во лице и му кажав дека нашето за жал или среќа немало иднина. НО! Познавам неколку луге и машки и женски особи кои "весело" си тераат со утешната награда, а таа весело скакута околу нив, и или нема појма , или се прави дека нема појма. Ама ете на крај до неа или до него е овој прекрасниов а не до големата љубов која па сосем друг живот тера. Поента: не е крај на свет да си оставен на 20 и нешто, life goes on. Вечно патење ми е бљак.
Јас не би била. Би се чувствувала како животот да ми е лажен. Секогаш кога ќе ме гушне, баци, спие со мене би се осеќала како да би сакал да е друга на мое место. А и таа опседнатост со таа или било која девојка не е здрава, колку и да е дечкото добар. Не дека ќе ја сака вечно, но он тоа си го фиксирал и изградил ѕид меѓу вас кој со текот на времето тебе ќе почне се повеќе да ти смета. Сепак, ти најдобро си знаеш, но ако си свесна дека не можеш да живееш со тоа, пресечи што порано и продолжи со животот.