Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали би биле во врска со човек што не ве сака?

Дискусија во 'Врски' започната од Laura., 8 јануари 2021.

  1. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    106.218
    Пол:
    Женски
    Можеби, но не се уште. Остави на времето, имајте платонска, другарска врска, ко досега. Остави на времето да му се залечат раните, да ја преболи прво па да почнете врска.
    А дека ќе ја преболи, ти гарантирам.
    Биди трпелива, ако ти прија односот ваков ко досега, терај така. Со тек на време ќе биде поинаку, верувај, знам.
    Сега е во фаза на негирање, повредено его, недоверба кон жените... Ќе дојде момент ќе ја замрази па ќе ја заборави. Со тек на време ќе биде поинаков кон тебе. Иако вели дека не те сака, верувај неговите чувства кон тебе се љубов, иако и сам не е свесен за тоа
     
    На mal.ecka, sunshinebabe, burthdaykake и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    19.558
    Пол:
    Женски
    Дентина прекрасен говор :bow:
    Што си во хороскоп?
     
    На Осе, thelittle17 и Dentina им се допаѓа ова.
  3. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.819
    Допаѓања:
    39.462
    Нема врска хороскопот драга Јустиција, иначе риби со подзнак бик, ама ниту верувам ниту имам карактеристики на риби баш-баш. За бик не знам, острам рогови со турпија на секои два дена.
     
    На FridaodaMk, Justicija и thelittle17 им се допаѓа ова.
  4. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.608
    Допаѓања:
    43.125
    Пол:
    Женски
    Ова не е ни љубов туку опсесија. Не би била со човек со вакво пореметување. Грубо звучи ама немам посоодветен збор.
    Мене ми треба многу време да преминам од една во друга врска (па макар и несериозна). Затоа, можеби би дала шанса на некој кој прекинал долга врска и во моментот му е тешко да се впушти во нешто ново ама слики од лажен профил, одење на свадбата...не ми е нормално.
     
    На Traveler91, KateKane, Bellaa1234 и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Ако он ме сака јас него не можда и да. Ама ако он не ме сака не :angel:
     
  6. Sindell

    Sindell Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2018
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    875
    Пол:
    Женски
    Јас би го оставила да тоне во минатото и да си пати по бившата. Така слатко би му завртела грбче и би си заминала со друг :hai:
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Вака Лаура не ги читав другите мислења јас ќе ти кажам од мој аспект.

    Љубовта не е само да се сакате и толку, љубовта е взаемна грижа,подршка, сигурност. Љубов е кога те држи да не паднеш,кога станува во два ноќе да ти даде апче оти те боли стомак, кога на забар ќе ти даде рака да го стискаш додека ти вадат заб...ме разбираш нели?!
    Ако тој тоа го прави за тебе зошто се грижиш дека не те сака?! Зошто би бил некој со тебе кога знае колку боли кога си оставен?!
    И јас ќе речев не, но кога гледам дека сака да сврти нова страница со тебе сепак би рекла да прифатиш.
    Љубов е кога сите те напаѓаат а он стои пред тебе и те штити,исто е и љубов кога плачеш и те гушка толку силно што чувствуваш топлина и сигурност во неговите прегратки.
    Сите овие дела се љубов.
    Ако тој се ова го прави за тебе предај се, не губиш ништо.
     
    На IRBBB, FridaodaMk, noteforself и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Па од ова напишаново, се гледа дека се грижи за тебе и се тоа, ама запрашај се дали еден ден ќе добиеш за возврат љубов каква што даваш?
    Тешка ситуација е, би ти рекла остани види дали ќе се сменат работите понатака, АМА дали вреди да седиш толку време покрај некој што толку е вљубен во личност од минатото?
    Јас би го оставила да сум на твое место. Ако не се потресе ни упола за мене после раскинување (или како и да го наречеме тој прекин во ситуацијава меѓу вас), не е за мене и крај. Преглупо и претажно за мене би било јас да сум покрај него, а он во телефон куп скриншотови од нејзини слики. Или да склучиме брак и оној глас од внатре да ме буцка дали ќе отрча да и каже за да и е криво? Значи долго време е скоро 2 години и уште да ја нема преболено. Мене ова ми е искрено лигавење. Госпоѓицата си го откачила фино, си тера живот, овој уште седи и плаче по неа. Сите сме сакале некого премногу, еве една од тие сум и јас. Парче душа ми се откина и ми остана таму. Ама, јас се трудев да го преболам и тоа го направив. Овој твојов не се труди. Јас не би можела така да живеам, колку и да е некој добар со мене, ако не е тоа тоа, џабе е. Ова за мене си кажувам, сепак ти си знаеш длабоко во душата како е навистина правилно.
     
    На Dentina и eliesaab им се допаѓа ова.
  9. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.223
    Допаѓања:
    7.440
    Не. Кажи му нека те побара кога ќе биде вистинското време, ако дојде тоа време. Едноставно, те повредува и не се ставај во ваква ситуација.

    За среќна врска треба обострана љубов. Ако не е така, тогаш е другарство :) Треба да направиш разлика меѓу овие две работи. Вака, ќе бидеш сама во врската.
     
    На Dentina, hermosa и Billy Idol им се допаѓа ова.
  10. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    4.557
    Пол:
    Женски
    Не би била искрено. Додека седи јаде /спие/пие/има секс со мене да ми поминува мисла дали сега ја мисли/ја замислува неа ? ситуации не ми требаат во животот. Во прво време ај да речеме да бидат некои 2-3 месеци би била толерантна би го разбрала што се вика тешко е не викам не , ама после година ипол тој сеуште да го прави истото , би расчистила не ми требаат додатни нервози во животот . Или јас или она кратко и јасно,you don't cry over spilled milk така и ова не го бива секој по својот пат.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.938
    Допаѓања:
    33.513
    Пол:
    Женски
    Темава ме погоди ептен, лани лето јас се најдов за жал во ваква ситуација.
    Толку болна врска, толку молење од моја страна, толку залагање, толку нервоза, за што? Од што бев толку повредена, се прашував каде грешам, толку ли не вредам, што ми фали што тој неможеше да ме засака како јас него?
    Човеков беше заљубен во друга, беше со мене а мислеше на друга, и што е најтрагично јас му поверував дека ме сака, глумеше заљубен во мене, се додека не ми раскина пак за неа, а и му благодарам за тоа раскинување, затоа што многу научив, и да не беше тоа, немаше да го имам моментално човекот што ме сака повеќе од себе.
    Со мојот пост сакам да и кажам и на членката што ја отвори темава, и на сите вас, дека немојте ве молам да се понижувате себеси, вредите многу повеќе од тоа.
     
    На KateKane, Emotional123, Bojana890 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    5.415
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со ова, но неговата љубов не е онаква каква што таа ја заслужува. Повеќе е од сожалување и не сака да ја повреди, поради тоа што знае како боли.
    Вистина е дека нема да ја заборави бившата, но може да ја преболи ако се потруди, а ко што вели @Nevenche26, не се ни труди.

    :!: и да ја преболи и да те засака, секогаш, еден дел од тебе @Laura. ќе се сомнева за таа љубов дали е вистинска или не... Твое е дали ќе продолжиш или не.
     
    На Nevenche26 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    А каква треба да е љубовта?!
    Ако ја сожалува веројатно му е гад да ја држи за рака,да ја бакнува итн.
    Не е тоа сожалување.
     
  14. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Ова не е љубов. Да се уклучуваш од лажен фб и да симнуваш слики од бившата во телефон за да си ја гледаш, а до тебе да седи друга, сигурно не ја сакаш таа до тебе. Оваа грижа што и ја нуди тој и се што добива од него, може и пријателска да се нарече, зошто истово ова освен интимни работи (нормално) го добивав (и ги добиваше од мене) мојата најдобра другарка, до пред да се иселам и омажам. Сега е слично ама преку видео повици и пораки.
    Значи девојчево има само 22 години и не вреди да седи покрај некој, да си ги губи годините, дур се лигави по бившата. Греота е, може од друг многу повеќе да добие, од што дава.
     
    На Bojana890, hermosa и LadyLollypop им се допаѓа ова.
  15. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    5.415
    Пол:
    Женски
    Сигурно не ваква
    Ги помеша сожалување со гадење.
    Ти кога чувствуваш жал за некого, чувствуваш гад или ти оди да го прегрнеш и да му понудиш рамо за плачење?

    Ја сожалува затоа што не сака да ја повреди, а всушност бетер и прави.
     
    На Nevenche26 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Дечкото искрено и кажува дека нема да сака повеќе така. И тоа е сосема океј, никој ама баш никој кој сакал толку нема да сака по втор пат толку.
    Еднаш сакаш силно.
    А второ сожалување ти е равно на гадење, да бидеш со некој од сожалување предизвикува чувство на гадење,нема да сакаш да го бациш,ни гушнеш.
    Зборам кога така гледаш на тоа чувство.

    А трето она може на почетокот му била утеха, и сама кажува дека не им било за сериозно.
    Ние сите имаме некоја своја непреболена љубов па сме продолжиле напред,тој може нема да ја заборави таа,но затоа може ќе ја засака девојката на некој свој начин.
    Во секој случај она ништо не губи.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Да биле во врска би се сложила,ама бидејќи не се,не се согласувам.
     
  18. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    5.415
    Пол:
    Женски
    Во ред е тоа што е искрен. Ама не мора до толку брутално да и кажува дека кога ќе се жени, ќе замине од свадбата, да оди кај неа :^):^) а притоа и предлага врска...
    Ок, твое гледиште, почитувам. Јас сожалувањето не го гледам со гадење.
    Секако дека може да ја засака, сепак има два исходи од ситуацијата ако остане:
    1. Да ја засака ко што го сака и таа и да бидат среќни заедно
    2. Да не ја засака, а таа да се уништи себе си и да си изгуби години во надеж дека ќе ја засака...
     
  19. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Не би, никогаш, а најмалку во јасна ситуација како твојава @Laura.
    Тој е само добар спрема тебе и ништо друго.
    Но, не ти е језиво, да спиеш со човек шо мисли на другата и чува слики нејзини за да си ги гледа?
    Не би се ни нафатила да бидам нечија утеха, а камоли да се прашувам дали треба да сум со чивек што не ме сака.
     
    На Dentina и Nevenche26 им се допаѓа ова.
  20. ☆P!nselsp!tze☆

    ☆P!nselsp!tze☆ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2020
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    814
    Пол:
    Женски
    Не би била. Би се чувствувала како да сум тука само за да потполнувам нечија празнина.
    Можеби ако паузирате некој период ќе сфати дека ја отсакал и те засакал тебе. :^)
    Како да си му рамо за плачење, другарка, психолог...
     
    На Dentina, Nevenche26, thelittle17 и 1 друга личност им се допаѓа ова.