Поттикната од скорешна дискусија, сфатив дека не би била со некој кој е хомофоб. Едноставно, кога прочитав погрдни зборови за ЛГБТ+ луѓе од машка особа ми падна доста неугодно. Иако сум стрејт, ги поддржувам овие луѓе и сметам дека заслужуваат права како и стрејт луѓето. Кога кажав дека ги поддржувам добив одговор „епа чим ги поддржуваш оти не си лезбејка“ и бев ко втф Едно е некој да нема размислувано на таа тема и да нема некое оформено мислење, но мене ми е сосем нелогично да бидам со некој хардкор хомофоб. Ме асоцира на тврдоглавост и малку на заостанатост. Вие што мислите за ова? Дали ви е важно ова или сте сосем опуштени и не ве засегаат вакви теми? Спојлер Ако е дупла темата-канта.
Јас лично не би била со хомофоб затоа што омразата кон еден тип на луѓе сосебе повлекува и омраза кон друг тип на луѓе.
Ако не прифаќа и не подржува такви луѓе не значи дека ги мрази и дека е хомофоб. А и незнам кој воопшто има фобија од такви луѓе, мислам дека не постои таков, зборот е несоодветен како прво.
Искрено....не би ми пречело. Битно ми е мене да ме сака. Нормално дека секој има различен став за хомосексуалноста.
Не би била со никој, кој дискриминира по било која основа. Роднини отпишувам за такви работи, не пак да 'додавам' нови такви луѓе во моја непосредна близина.
Не би била со некој што мрази животни, а не пак со некој што е хомофоб. 21 век сме, зарем уште со застарени сфаќања?
Имам блзиок случај каде што мажот е хомофоб и во неколку ситуации, каде што не било време и место има почнато да си ги искажува ставовите проследени со навреди и направено секој околу него да се почуствува непријатно. Не би бил. Ниту со хомофоби, ниту со расисти, ниту со сексисти. Со никој што немам ист поглед на работите.
Хомофоб е човек што има предрасуди или негативни чувства кон хомосексуални луѓе. Ни бисексуални, ни транс, ни опрстќуф од плусот не спаѓаат во тоа. Ставање на ЛГБТ+ под umbrella термини и штети на заедницата. Посебно, присвојување на термини кои се наменети за една група од заедницата, негирање и заборавање на другите групи, сето тоа се штетни пракси. Тоа доведува до бифобија од типот „не може да си бисексуална, веројатно си само збунета лезбејка“ и хомофобија од типот: „геј мажи се мажи во шминка и фустани“
Уф колку сакам ко ќе 'ми падни' некој/а ваков/ва на маса. Не ме интересира кој е и колку ми(е) е битен... одма влегувам во дебата.
Секако дека не би била. Не сфаќам како некој што не е хомофоб би бил со некој што е? Како би функционирало тоа? Ете ако имам пријатели што се хомосексуални, зарем да ги откачам или тие да трпат навреди заради партнер? Што ако имаме дете и е геј? Или да се молам дека не е? Цела тема со страници и страници дебата има за тоа дали би биле со партнер кој не преферира кола како основно превозно средство, а не па дали би била со партнер кој отфрла и дискриминира човечки суштества чисто поради нивната сексуална ориентација. Одговорот секогаш е не.
Тоа те прави тебе хомофобофобна. Ги нарекуваш тие луге: заостанати и тврдоглави. Не ли си ти иста како хомофобите? Да не си и ти скриена хомофобка?
90% од хетеросексуалните мажи се хомофоби. Ретки се тие кои се либерални кон таа тематика. Мене не ми пречи туѓото мислење, се додека не премине во акт на насилство кон таа популација. Јас ги почитувам сите луѓе, без разлика на нивната сексуална ориентација. Ама услов за да бидам со некој, не ми претставува хомофобијата. Дури изненадена би била ако поголемиот број не се хомофоби. Ќе треба сама да бидам цел живот. Проблемот не е партнерот, туку грото на самите родители, кои уште во утроба те задојуваат дека хомофобијата е болест. Разликата што можам да ја направам е моето дете да го воспитувам да ги прифаќа сите луѓе со љубов и разбирање.
Да, ама да кажеш дека негативни чувства кон цела ЛГБТИ+ заедница е хомофобија на крај прави дека негативни чувства кон било кого или што поврзано со сексуална ориентација или родов идентитет е хомофобија. Излегува дека и мислењето на членкава дека негативни чувства или омраза кон хомофоби е хомофобија е во ред и има логика Замисли, да те нарече некој хомофоб затоа што мразиш хомофоби Што да не, секое негативно чувство кое на било кој начин вклучува сексуална ориентација - хомофобија. Негативно чувство кон хетеронормативност - хомофобија Да си хомосексуалец - хомофобија
Сум била со хомофоб(не ги мрзеше ама не прифаќа) и не значи дека тие се лоши луѓе. Се слагам со @SummerGirl
Што збориш жити се? Да, мислам дека хомофобите ме асоцираарат на тврдоглави и заостанати. Како тоа ме прави хомофоб не знам. Го ставив насловот хомофоб мислејќи и на трансфоб и сите тие термини пошто ќе беше долг. Поента на темата е таа, т.е се опфатени сите припадници на ЛГБТ+. Ако мислите дека е грешка океј, тогаш нека е стрикно за хомосексуалци темата. И нема потреба да се осеќате навредени пошто темата е општа дискусија, а не сами да се пронаоѓате и да лепите етикети. Не сум хомофоб @truffles Едит. Ако сметате дека темава е беспотребна, банална и не е вредна за дускусија може да и стават клуч.
Џабе везеш, не разбираш/ разбираме . Ако имам негативно чувство кон еден конкретен геј дали сум хомофоб? Пошто ако само жените имаат матки сум терф, нели? Темава исто ко таа што мислите за луѓе што не чуваат миленици А дали би биле со либерален капиталист, а?
Не знам од каде е границата дали е некој хомофоб или не. Се додека нема насилство и вербално и физичко не ми смета. Мм не е хомофоб, имаме и пријатели хомосексуалци и воопшто не му пречи. Едина работа што му пречи е искажување нежности јавно, макар што мислам исто е кај повеќето мажи. А со човек што дискриминира било кого по било каква основа не би била. Тоа не е човек додуше.