Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали би биле со хомофоб?

Дискусија во 'Врски' започната од GirlRose, 9 септември 2020.

  1. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Пример, никој не ме научил дека фут фетиш е нешто неприродно, болно перверзно и слично. Впрочем, со родителите и со заедницата никој не говори за овој фетиш. Но, јас доколку видам, ми доаѓа нагон на повраќање. Значи се гадам од таа помисла и колку што фут фетиш е нагон и е природна појава, толку и мојата реакција на истата е природна. Исто како и хомофобијата, некому предизвикува нагон на гадење кога гледа нешто што не е мило за неговото око, сосема природна ситуација.Доста одев оф топик.
     
    На IRBBB и christinnn им се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Стварно, доста беше. :D
    Мислам дека можеби порадо и хомофоби би читала отколку твоите обиди да ја отсликаш хомофобијата како природна (facepalm)
     
    На theowndemon и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  3. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Природна? Да. Етичка? Не.
    Како викаат битолчаните, Бооооо:)
     
  4. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.813
    Допаѓања:
    23.381
    Пол:
    Женски
    Да де, ама звучеше ко да велиш дека стрејт особа хомофоб ги мрзи стриктно гејовите, обично не е така. Може да се каже општо дека хомофобија е вид дискриминација кон ЛГБТ лица. А специфичности постојат, како што и ти кажа и геј може да биде бифоб.
     
    На raww му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Не мислам дека би била во врска со хомофоб бидејќи ако мрази една група на луѓе, големи се шансите да мрази и друга група на луѓе.
    Ова е токсично и таков човек не сакам свесно да си го доведам во животот. Ми делува премногу традиционално и мислам дека не би издржала така. :)
     
    На Purplelilac, raww, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Можеби обично не е така, ама никому не користи правење претпоставки врз основа на само една реалност. Ама тоа е одлика на us vs. them менталитетот наследен од клановите по социјалните мрежи.
    Како беше она, не може да си црнец или хиспано, а да гласаш за Трамп, а Трамп има еден куп такви гласачи.
    Не можеш да си геј и религиозен, а еден куп хомосексуалци се религиозни.
    И најбитното, еден куп припадници на ЛГБТ заедницата се хомофобни, некои дури и отворено. Ти буквално негираш дека хомофобијата во ЛГБТ заедницата е реалност и создаваш umbrella термин според кој било кој коментар насочен кон таа заедница можеш да го наречеш хомофобија, буквално како што проба девојката горе да изедначи неподржување на сасомазохизам со хомофобија, и како Евангелос што изедначува поддршка на хомосексуалците со поддршка на педофилијата.
     
  7. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.813
    Допаѓања:
    23.381
    Пол:
    Женски
    Не, не, не негирам сметам дека тоа е сериозен проблем во склоп на заедницата ама сметам исто така дека бифобијата е вид на хомофобија (како чадорски термин) кога доаѓа од страна на стрејт луѓе. Хомофобија е нешто што ги засега сите квир луѓе кога е во прашање општата дефиниција, а јесте може поединечни букви од ЛГБТ да си се спротивставуваат едни на други...

    Никако не се согласувам со таа личност што ја цитираше, само сакав јас да те цитирам зашто ти го видов и претходно мислење во врска со ова и ми беше битно да нагласам дека кога "заштитуваме" и браниме од хомофобија, тоа се подразбира дека ги браниме и бисексуалците на пример, затоа што таа и нив ги засега. Темава не е дали би била со некој што мрзи само гејови и лезбејки, а е во ред со бисексуалци или обратно, се мисли дали дечко ми нејќе хомосексуалност. Затоа ми беше глупо што си спомнала тоа воопшто.
     
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Нема што да ти е глупо за мои мислења. :D
    Нормално дека бисексуална личност може да е жртва на хомофобија, ама жртва е заради хомосексуалниот дел од бисексуалноста. Сигурно ако некој хомофоб види хомосексуалец и бисексуалец како се држат на улица, нема да застане и да праша: "ти хомо си или би" и само на оној што е хомо да му каже "уа педеру".
    Останатите букви од супата со букви не се ни однесуваат на сексуалност, и не можат да бидат жртви на хомофобија.
    Нема да се објаснувам што и како, snap out of it. :D
    Дали ти е уште поглупо сега?
    Well, that's fine.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.496
    Допаѓања:
    165.952
    Пол:
    Женски
    Кога некој вади книга од нафталин, кога има нова едиција ама решава да не ја користи оти не му е во корист и одбира селективно ( оВа Се ВаЖи ОтИ јАс ТаКа МиСлАм АпДеЈтОт Е кОрУмПиРаН оТи Не Ми ОдГоВаРа), и смета дека хомосексуалноста е болест, иако официјално оооооодамна не е, зборам од аспект ако е болест. Ако хомосексуалноста е болест не повредва никој. Имаш две возрасни индивидуи кои прифаќаат да имаат сексуална врска меѓусебе. Не штетат на никој. Дали ќе се разболат, дали ќе раскинат не е релевантно оти ги засега само нив и никој друг.

    Педофил повредва дете кое не можи да се заштити и можи да го уништи психички. Исто и за груминг. Има жртва, директна или индиректна. Дури и во инцест има жртва, јеп. Нероденото дете. Пошто е под ризик да има дефект ради спој на фамилијарни болести и впрочем причина зошто инцестот е нешто лошо и се избегнува до одредено колено. Ако потпишат дека нема да имаат деца, или се стерилизирани, поправете ме ако грешам, инцестоидна сексуална врска можи да постои. Пошто само во тој случај не повредва никој. Дали некој смета дали то е океј или не е нерелевантно.

    Хомосексуалноста од друга страна не повредва никој. Ако един повреден е тој кој го прај изборот, кои сме ние да му речиме да не греши за себе? Ова го мислам за сите избори кои ги правиме кои би ме повредиле само нас. Ама сум многу против некој да ограничва некој друг само зошто се коси со негови верувања. Туѓ живот не влијае на твојот. Никој нема право да ограничи некој друг или пак да повреди.

    Заклучок: Хомосексуалноста и општо секс со кој сакаш можи да ја "повреди" само индивидуата ( ова на ваш јазик повреди пошто сакате да вадите статистики шо не ве засегаат), а не вас или општото добро. Ама кога вие ограничвате некој, вие го повредвате тој некој и сте агресори. За то извајте статистика. Зошто % на самоубиство е поголем кај lgbt популацијата. Колкав % булинг доживуваат и изживување и дискриминација. Онака, ситници. И шо е полошо, некој да се еби со кој сака или некој да врши булинг врз некој друг и општо насилство шо можи да донеси до самоубиство?

    П.с. Сексот е нагон. Сексуалноста е нагон. Хомофобијата е социјален конструкт. Шо кур ве боли кој шо прај в кревет. Али сите знајме дека оди подлабоко од шо кур ве боли.
     
    На Lella, BlackAndWhiteSwan, Someonespecial и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.813
    Допаѓања:
    23.381
    Пол:
    Женски
    Ја мислам дека сме на исто ама твојот првичен контекст беше нејасен и ме наведе да мислам кон друго. Веќе не е ни битно ајде.
     
  11. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Кримсон одлично кажа.
    Хомофоб не би бил со мене. :D

    Навистина не знам што таквите ги тера толку да ги мислат хомосексуалците.
    Ако ве интересира дали ги усреќува да се во истополова врска, да, среќни се.
    Ако ве интересира дали имаат секс, да, имаат.
    Ако ве интересира дали им е океј некој да не се смара со нив, да, многу би им било океј да ги оставите на мир.

    И многу ми е шкљ кога некој ќе рече „Абе еве јас ни ги тепам, ни ги навредувам, ништо. Ама едноставно не ми е природно“.
    А дали размислувате дали хетеросексуалноста е природна?
    Не, така? :D

    Епа другари жалам, ама штом сте стигнале да размислувате дали одредена љубовна и сексуална врска со дадена согласност од двете страни која на ниту една од вклучените страни не остава физички или психолошки последици е природна, имате нотка на хомофобија во себе.
     
    Последна измена: 13 септември 2020
    На mode-kristina, Lella, raww и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Ако толку хомофобијата ви е битен фактор во врска, алал да ви е. Секако дека важни се ставовите на другата страна, тие не' привлекуваат или одбиваат, ама дали пред да почнете воопшто нешто, ќе го прашате дали е хомофоб, за да знаете дали да избегате од него? А ако дознаете подоцна во врската, а имате и љубов и среќа и се', ќе му раскинете дека е хомофоб? Абе, еден фактор, што да ви кажувам. Ако покаже склоност кон насилство или вербални напади, тоа е алармантно, ама само ако има негативен став кон lgbt, не е којзнае што. Знам, ќе почнат сега нападите кон мене, ама немам намера да враќам. Јас би била во врска со човек покрај кој ќе се чувствувам сакано, па дали ги прифаќа или не lgbt, мање битно. Еве и сега сум во врска и супер ми е, а немам поим дали е хомофоб или не. Така да, уживајте во животот и не се замарајте многу. ;)
     
    На nevermet18, Аргентина * и Billy Idol им се допаѓа ова.
  13. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.468
    Допаѓања:
    12.414
    Пол:
    Женски
    Дали би била со хомофоб?
    Да
    Но, дали би била со хомофоб ако неговите ставови се обидува цело време да ми ги наметне на мене или постојано ме критикува поради мојот начин на размислување?
    Не!
     
  14. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.739
    Допаѓања:
    21.378
    Пол:
    Женски


    Морам на болдираното да обрнам внимание, no hard feelings, се сложувам за се' шо си пишала.
    Не можи хетеросексуалноста да се доведи во прашање колку е природна, пошто за да се створи нов живот (ако се задржиме на репродукцијата), потребна е машка и женска полова клетка. А не две женски или две машки.
    А тоа дека хомосексуален пар добиваат деца, за што немам ништо против, е бидејќи се замешува "хетеросексуален фактор" , сурогат мајка, сперма донор итн..
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.813
    Допаѓања:
    23.381
    Пол:
    Женски
    Да... буквално да. Јас друштво бирам според ова (и други ставови) не пак партнер цц.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.786
    Допаѓања:
    266.818
    Не треба да прашам.
    Сам човек се издава, за "педеришта" и сл.
    Имам пријатели геј, така што лесно можам да приметам.
    Не само дали е хомофобичен, било што што "низ редови" ќе каже за да омаловажи друг човек, црвено знаменце е.
     
    На Lella, raww, Purplelilac и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Е ова баш.
    Не мора да прашуваш.
    Обично се гордеат со тоа, па едвај чекаат да кажат
     
    На raww, Nausicaa, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.496
    Допаѓања:
    165.952
    Пол:
    Женски
    Јас немам проблем ако некој реши да е со хомофоб од таму те цитирам само ради прашањата зошто се е избор и некој можи да е индиферентен кон тоа прашање или пак самиот да е хомофоб. Крај краева исто со исто се привлеква. Не сметам дека треба да менваме партнер целосно за да ни одговара иако низ години се менваме како луѓе, туку сметам дека треба да одбериме то шо ни одговара.

    За прашањата сега, јас не прашвам дали некој е хомофоб туку обично имам ептен лош хумор и на крај имаат потреба да ја отворат темата со мене и вриштат фрустрации. Ова го дознавам пред врска. А рачунај претходната ја почнав по 4 часа познанство и знаев дека не е хомофоб и горе долу какви ставој има оти зборавме за социјални норми.

    Ако дознам покасно би раскинала оти јас во партнер не гледам само моја среќа туку гледам татко на мое идно дете. Развојот на детето ми е приоритет, а позитивен развој не гледам со омраза шо тлеј во позадина. Следно, детето можи да е геј. И то мислам е главна причина зошто ова прашање ми е толку важно. Можи да имам геј дете. Јас немам проблем да имам геј дете иако се плашам каков живот ќе има ради тие околу него. Неќам проблемот да иди од татко му. Накратко @Nausicaa мислам беше шо го праеше овој муабет со поранешен партнер и ставот му беше: "нема да имам дете геј", а не шо ако има. Дете многу сакам да имам и кога гледам партнер гледам колку и да ми одговара мене, да одговара ако би имале дете.

    И јас лично одам по логика "hurt no one" и често во секоја ситуација гледам негативното кон други, а после кон самите поединци за да одлучам колку ригорозно би застанала зад нешто или пак против. И би сакала и партнерот да ја има таа логика и замисла за животот. Пошто да си геј никој не повредваш. Да си хомофоб повредваш. И лично, преку то не можам да поминам.

    П.с. Имам еден шо ми се пушта и пробва да ми смени ставови за се шо ќе збораме. Не да дискутираме, не да размениме мислење туку прај се по ќе кажам како е невалидно. И во мое искуство секој хомофоб шо го имам запознаено е ист и со душа чека да кажи дека нЕќИ пЕдЕрИ. А, јас уживам да зборам и дискутирам за социјални теми and I'll be damned ако некој одбива да збора и повторва иста реченица за да ме разубеди и уз пат да проба да манипулира и на крај глупа да ме напрај. А, многу сакам да зборам со неистомисленици. Пример, знам дека оф бевме со @Vitaly и ваљда зато избришаа али во последно најцивилизираните дискусии со неистомисленик на форум ми се со него. И ова го пишам оти не знам дали го мисли истото како мене и сакам да знај дека од моја страна е се добронамерно. Поз.
     
    На Lella, CameliaMiller, Purplelilac и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.889
    Допаѓања:
    179.054
    Интересно и убаво елаборирано, фајнали:clap: Пред скоро 20 години не ми паднало на памет да елаборирам со некого дали е хомофоб, оти би можела да имам геј дете. Сум имала геј пријател и пријателка, не оделе со реклама дека се геј, не биле спешл сноуфлејк. Не сум приметила да страдале во општеството заради својот сексуален избор, едната си купи стан со партнерката, ваљда и нејзините дома биле ок со изборот. Кога сум бирала партнер сум го бирала по принцип да е човек, со две чисти, со емпатија и разум и мислам фино сум одбрала ( без навреда, ама со оглед на тоа каква баруштина е мк). И ден денес не знам што мисли за гејови и посвојување деца, пошто е небитно, не работи на владини политики и социјални програми. Ама знам дека ќе си го сака детето, па макар и марсовец решило да биде, оти е човек со две чисти а не со мозокот пуштен на центрифуга:).

    Малку оф топик- и дедо ми беше комунист и атеист, па пред да умре си побара поп да му пеел ко ќе умре, за секој случај. Сдк луѓето се менуваат.

    Малку он топик- ако пред 20 години немавме хомофоби, што се смени во прогресивната демократија што станале толку честа и изразена појава?:?:
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Точно, за хомосексуален пар да добие дете тоа оди преку донор, сурогатство или посвојување.
    Со оглед на тоа што процесот се одвива со согласност на условно речено „третата“ (хетросексуална) страна на доброволна основа, не се нарушуваат ничии права и не се повредува ниту една единка од вклучените, го прави сосема легитимно како и кај хетеро браковите во кои поради здравствени причини, партнерите применуваат некоја од погоре споменатите процедури.

    Од друга страна пак имаме и хомосексуални парови кои немаат „повисока“ цел во врската т.е. не сакаат да остават потомство и не се гледаат себеси во улогата на родители.
    Истото го имаме и кај некои хетеро врски.

    Поентата ми е изборот да имаат или немаат деца, како и начинот на кој стигнуваат до потомство не ги прави нив помалку природни, помалку нормални, помалку заљубени и едноставно помалку луѓе од другиве.
    Ме иритираат оние кои ги нарекуваат неприродни, бидејќи не сфаќаат дека тоа се навистина тешки зборови.

    Да речам сексуалните нагони на педофил дека се неприродни, има смисла од многу причини.
    Но тука навистина нема простор за такво нешто и сметам дека не треба да дозволиме да ни е сеедно да се доведува во прашање исправноста на нивното постоење и врска. :)
     
    На Lella, Someonespecial, Waverly Raven и 2 други им се допаѓа ова.