Не, а особено откако веќе бев со еден. Секако тоа го открив along the way. "Јас не сакам да бидам со некој што има пореметување во хормоните" проследено со неартикулисани фаци и агресивен призвук. Па после: не ми ги спомнувај уште еднаш тие педерите кај што беше да се шишаш, те упропастија.. Мене некој таков да ми се погоди, ја не влагам кај него, па тука некои муабети боксови ќе јаделе.. Оф, оф, не ми се верува со кого сум била. Ама ај, си се тешам сите грешки правиме у животот...
Не Имам геј луѓе кои ги обожавам и нема да дозволам еден лош збор да им се каже. До толку ги сакам што не ми смета у парови да искачаме. А и на дечко ми не му сметаат воопшто. Не можам да натерам некој некого да прифати, ама можам да одберам со кој ќе сум.
Не. Порано замижував, сега ми е баш еден битен критериум и хомофобијата заедно со сексизам рака под рака.
Не сакам да бидам со никој кој мрази одредена група луѓе што само си живее и никако не го афектира. Не мора да парадира со нив и носи виножита, доволно е да им го почитува постоењето на светов. Можеби некогаш ќе имам пријатели такви, не сакам некој кој би знаела дека потајно не ги сака во близина.
Повеќето хомофоби се ограничени или припрости и првично затоа не би одбрала контакт, не заради тоа што се хомофоби. Нешто што до петни жили ме иритира се трансфоби, ич не можам да ги поднесам.
Многу сакам да ја читам Демон од минатото. Уште исто. Апсолутно не гледам поента да бидам со некој кој е хомофоб. Нема нешто посекси од партнер сигурен во своја сексуалност и незасегнат од туѓата сексуалност. Следно, го гледам како црвено знаме од поќе аспекти, два ќе издвојам: 1) едноставно има многу неоснована омраза кон цела група на луѓе и 2) утре можи јас ќе имам дете со "различна" сексуалност и местото на кое треба да е најбезбедно (домот), неќам да има некој (партнерот мој) кој ќе ја загрози таа безбедност. И реално, сакам контрање со партнер за забава ама на забавни теми, не на вакви теми, каде ми е важно да сме на иста страна.
Озбилно, многу ме интересира зошто е полошо од хомофобија. Јас па сакам да дејтам исклучливо ,,трансфоби", ама на едуциран начин, не пошто се хејтери. Не дека има дефицит на трансфоби, ама за жал повеќето не ги доволно интересира темава да имаат убаво оформено мислење, туку само мразат. Многу барам. Хомофоб одамна не сум сретнала.
Според мене, Не, бидејќи тоа значи дека или е геј или не е сигурен во својата машкост. Either way, no bueno Маж сигурен во себе не се чувствува загрозен од тоа како живеат другите ниту пак има потреба да изиграва полицаец за сопствената и туѓа машкост
@Srckata28 Трансфобијата во целост се коси со моите убедувања. Јас верувам дека секој заслужува потполна автономија врз своето тело, својот идентитет, врз себе. Трансфобијата е таа што се употребува во политички цели и преку неа успешно се изманипулираа масите, трансфобите нанесоа прв јавен, општествено прифатен атак против индивидуалните слободи во денешницата што допрва нормализира нови. Ме нервираат трансфоби, не можам да ги слушам/читам и ги блокирам и игнорирам секаде онлајн.