Не, не би бил во врска со некоја која ги мрази, во ред ми е да не подржува, ама да мрази и да оди против нив НЕ.
Што има некој да поддржува или не поддржува кој кого свиѓа? The audacity.. Пази молим те ми треба одобрение од рајата кого да сакам.
Има луѓе кои што не се согласуваат со тој начин на живот и тоа не значи дека се хомофоби.. Јас под хомофоб подразбирам никој што ги мрази ги дискриминира и не ги остава да си се борат за правата и им пречи нивното присуство... Исто како што постојат луѓе што не подржуваат религија, атеист или било која припадност на нешто ама не ги мразат и дискриминираат поради нивниот начин на живот.
Па не е исто баш ако детето ми е верник, да не се согласувам ама да го почитувам и оставам слободно да си верува, и да ми е геј, да не ги мразам гејовите, ама да се срамам од детето, да му викам прај што сакаш надвор од дома итн. . . Сум пишала одамна и си стојам на истото, со хомофоб не можам ни другарка да бидам, а не партнер да ми биде.
Секој си има право на избор според мене дали ќе ги сака или не ги сака хомосексуалците па така и мојот партнер.Мене тоа апсолутно ништо не ми менува во врската или бракот.Јас лично мислам дека секој си има право на определба па така и хомосексуалците и нивно право си е како се определиле.Ако некој ми се допаѓа и физички и карактерно ама мрази хомосексуалци не ми пречи негов избор јас би била со него.Ако така размислуваме што би било кога би било ќе треба да барам некој што се му се допаѓа за какво и да испадне детето да го прифати. Детето ќе го оставам само да бира како ќе се определи негов живот негов избор.
Епа татко му нема да го остави да "си бира". Да, треба да бараш некој со кој имаш ист поглед за многу значајни работи, една од нив е "што ако детето ни е геј"?
Како прво, никој не сака пијаници и наркомани, и секој нормален би се грижел да не му стане детето зависник. Како друго, тие дијагнози, немаат врска со сексуалност. И атеизам исто нема врска со пороци, каква е таа споредба? Веројатно е битно да имаш партнер кој општо не носи омраза во себе и со кој можете да израснете дете кое може да живее автентично и слободно да прави свои избори. А не татко му да мрази било кој аспект од него.
Ако детето биде атеист,припадник на секта,наркоман,коцкар?Тогаш што ќе правиме.Да се бара некој што се му се допаѓа за какво и да испадне детето да го прифати.
Како споредуваш неспоредливи работи, не знам Атеист е личен избор, не е погрешен Припадник на секта исто така Наркоман и коцкар е зависник, болест која треба да се лекува Сексуалноста нема допирни точки со ништо овде. Ама генерално, не биди со некој кој нешто мрази и не биди човек што мрази, омразата кон различности не е карактеристика што треба да ја толерираш кај партнер.
Како да има разлика дали сексуалноста е избор или можда ... се раѓаме со неа. Мислам замисли, кој би одбрал да е геј во ова општество шо мрази хомосексуалност? Атеист, секта, наркоман, коцкар, е избор и производ на животот шо го живеј то дете. Ама не и хомосексуалноста.
Ако е атеист палење на клада.Кој век сме со мислењево? А ако ти е детето зависник, ваљда треба да го сакаш и такво и да му пружиш помош. Ко за безусловна љубов многу услови.
Каде пишав ако е атеист палење на клада ајде кажи ми? Неможам некој што многу ми се допаѓа и е добар карактерно да не го сакам само оти не сакал хомосексуалци, можеби ете детето ќе биде хомосексуалец можеби ќе биде зависник,атеист,пијаница јас како родител ќе бидам тука за него секогаш и во добро и во лошо ама од каде да знам дали ќе биде или нема да биде тоа е Божја работа. Кој му е ќејф нека ги сака кој му е ќејф нека не ги сака хомосексуалците.Мене лично не ми сметат.Ама да барам некој што сака хомосексуалци само да детето да не е такво ни на крај памет не ми паѓа ќе барам некој што ми се допаѓа и е добар карактерно. Какви услови, каква безусловна љубов? Прочитај убаво што пишав.
Карактерно добрите луѓе не мразат, тоа пробуваме да ти објасниме. Човек кој мрази воопшто, не е карактерно добар човек.
Добро де, не мора да ги мрази ама не мора ниту да ги сака. Треба сите да прифатат хомосексуалност како нормална? Не. Ги прави тоа лоши луѓе? Не. Перење мозок и пропаганди на Фемина пуштени на најјако.
Нема начин да се "излечи" хомосексуалност, не е избор, не е желба (кој побогу би одбрал овде да е хомосексуалец не знам) и не, не е перење мозок да го уклучам мојот пред да родам дете со некој кој не може да го прифати истото ако пупупупу е "ненормално". И да, ако "не ги прифаќаат" хомосексуалците, ако се занимаваат со ускратување на права кои никому не штетат, апсолутно се лоши луѓе.
Нема начин да се излечи ни шизофренија, ни педофилија, ни некрофилија, ни повеќето други душевни пореметувања
Не знам какви луѓе ти познаваш ама човек може да е супер личност и само тоа што не е широкоград кон хомосексуалноста, не значи дека е лоша личност. Ништо не е само црно или бело. Никој никогаш не сум ги прашала хомофоб дали е, па да одлучам дали ќе бидам со него. Одлучувам спрема карактерот, однесувањето кон мене и кон другите, културата, стабилноста, важно ми е да знам како би го воспитувал утре нашето дете. Има такви луѓе кои се хомофоби со изразена омраза, но има и такви кои имаат негативен став кон хомосексуалноста, но ниту се мешаат ниту коментираат за тоа. А човек ако е човек вистински, ќе си го сака своето дете без разлика на сексуалната ориентација.
За мене не можи да е супер личност хомофоб. Дом сакам да градам со стабилен чоек, шо нема утре да сака да ми го брка детето од дома зошто е геј (истражете колку родители си ги бркат децата од дома зошто се геј, и не зборам за полнолетни). И то е, како да кажам, зло.