Читам и баш сакав да се надоврзам во врска со лошите начини на воспитување од страна на родителите. Поранешниот дечко беше хомофоб, ама јас икогаш не сум била ниту ќе бидам и не ми пречело тоа кај него. Јас имав пријателка лезбијка и пријател бисексуалец, на бившиот не му пречеа поради мене, дури го спријателив со нив, ама попречија на неговите родители. Кога пријателов им доаѓал на врата да го вика за надвор мајка му на бившиот приметила пофеминизирано зборување и движења и стаса забрана да не излегува со него што ќе мислеле другите кога ќе ги виделе заедно да шетаат. И потоа се вадеа муабети од устата на истата жена дека јас сум во врска со пријателката. Така да најголемите втемелувачи на хомофобија се жените со вакви размислувања. Треба да се работи на ова поле да се сменат многу нешта. На темава не ми пречи да е хомофоб доколку него не му пречи што јас сум хомофил
Еве јас како полиберална сум со човек што не ги поддржува. Не ги мрази, ама вели дека не ги поддржува и не ги сфаќа. Не знам дали би го нарекла хомофоб. Ретко ја отвораме оваа тема бидејќи не нѐ засега на никаков начин. Има такви што да видат пар од ист пол на улица им довикуваат или се закануваат дека ќе ги истепаат. Дм не е таков па тука ја цртам линијата и затоа не ми е проблем да сум со него. Не е насилен воопшто кон никој и ништо. Голем дел од хетеросексуалните мажи имаат предрасуди кон хомосексуалци, барем овие во Мк. Сѐ додека не ги повредуваат и мислењето го задржуваат за себе мене не ми е проблем да сум со таков партнер и пријатели. Има други критериуми кои ги исполнува и нема смисла да се караме за нешто што не нѐ засега.
Што се хомофоби прво да расчистиме. Секој што ќе стави по некој прашалник врз било што што доаѓа од лгбт и нивните активности, или вистинска омраза кон било кој човек само зашто е геј? Глупо прашање, ама сум приметила дека фрлате етикети хомофоби на секој чекор па да си прашам.
За мене хомофоб е човек што буквално ги мрази тие луѓе и им посакува смрт. А хомофоб не е човек што го посакува тоа и не ги мрази само сето тоа не му е природно. Еве јас вака мислам
Либе на почетокот беше...не хомофоб ама онака малце му беа неразбирливи тие работи. Значи не дека ги мразел до степен да посакува смрт или да ги малтретира, него му беше нејасно дали е природно, дали некои фактори доведуваат до тоа, дали е до воспитување итн. И верник беше. Па еве со тек на време се смени, веројатно јас му влијаев Иначе не би била.
Мене само ме чуди делот на членките кои велат дека не би биле со хомофоб. Каде постои таков хетеросексуален маж?! Пробајте да му пуштите сцена од филм со хомосексуалци, ќе ја видите неговата искрена реакција. За лезбејки немаат ништо против, чак и добре дојдени се, што е контрадикторно. Мене повеќе ќе ми пречи ако партнерот ми упатува погрдни зборови, покажува физичко насилство врз мене, ме третира како средство за расплод и слугинка отколку неговото мислење на одредена тема. Едноставно доколку немате исто мислење, нема ни да почнувате такви теми.
Eве како машко ќе коментирам , имам обратен случај т.е школска добра другарка што е хомофоб. Неколку пати имаме дискутирано за ова и она вика ја би ги убила , би ги бесела само смрт за такви а јас само ја погледнав попреку. Не ги поддржувам , тоа паради па некакви си испади што го сквернуваат христијанството и Исус со т.н некакви перформанси се стварно еден огромен блам и срам , бљак. Но не сум хомофоб , ако имам познаник геј/лезбејка ако општествено се однесува нормално , не ми пречи во социјалната средина нема зашто да не се дружам со него/неа. Но ако е од овие другите што буквално се трн во око онда сори... не бива.
Темава е многу концизна, не е општо за хомосексуалност, ниту за посвојување деца од хомосексуални парови, има други соодветни теми за тоа, затоа ве молам само да одговарате во склоп на темата.
И ја се слагам со @SummerGirl Додуша никад до сеа не ми се отворила ни тема за хомосексуалност со некој, не знам зашо уопште би дошле до таа тема освен ако не е некој шо секаде хејта тоа, па иде на контра паради и е очигледен... Битно ми е да ме сака, да се слагаме и да ни иде врската, не ме интересира толку за некои работи шо мисли, не мора ни исто да мислиме за се...
И јас како Амели , мм не е хомофоб ( или барем јас мислам дека не спаѓа во хомофоби ) , бидејќи најнормално си комуницира со луѓе кои се во хомосексуални врски ( имаме комшивка геј и братучед геј ) , воопшто не ги навредува или малтретира , зборува со нив како и со секој нормален човек , но приметив дека кога ЛГБТ заедницата почна да протестира по улици ( пред неколку години ) за своите права , му беше некако чудно и правевме еднаш муабет на таа тема , као што мислиш дали е тоа природна појава кај некои луѓе или има други фактори што би натерале една стрејт личност да стане геј . Дојдовме до заклучок дека кај повеќето е природна појава сепак . Едноставно се чувствуваат како да живеат туѓ живот , заробени во туѓо тело . Искрено , и мене ми беше несекојдневна ситуација на почетокот , кога одеднаш гледаш луѓе од ист пол како се гушкаат и бакнуваат ( што порано не беше случај , барем јас не сум сретнала таков случај ) , но со тек на време се навикнуваш и ти станува сеедно . Јас се навикнав веќе и не ми пречат воопшто , ако така се чувствуваат свои , зошто да немаат право да го покажат тоа како и стрејт луѓето . Не правиме често муабет на таа тема , бидејќи не сме директно засегнати ( не е во прашање наше дете , што не значи дека еден ден нема да биде ) , па затоа и не сме правеле муабет поопширно .
Имам еден што не е хомофоб. Живее со мене. И не станува збор колку му е слатко или не му е слатко или не знам што веќе да гледа хомосексуалци како разменуваат нежности, еве мене сите ми сметаат ако веќе тоа збориме, и хетеросексуален пар да се залапа на маса со мене седнати, ќе ми смета. Исто и хомосексуален пар. Тоа нема врска со никаква ни хомо ни хетерофобија, основна култура е да не се лижеш со партнерот јавно. Човек кој дискриминира друг човек по било која основа, не може да биде дел од мојот живот.
Упатување на бакнеж, не е лижење, туку размена на нежност, љубов и внимание. А мене не ми пречи да гледам некој како искажува љубов. Не значи ако е некој хомосексуалец дека љубовните дејствија ги прави во сексуална конотација за да бидат забележани. Нормално ако не ми е убаво за око, ќе се свртам на друга страна, баш напротив се радувам доколку видам хомосексуалец во јавност. Значи дека се повеќе се прифатени во општеството. Зарем не е убаво некој да те држи за рака, да те бакне и да те прегрне, без разлика дали ќе биде партнер од ист или спротивен пол?! И сепак твојот партнер не е хомофоб, а и ти исто, но ги негирате и покажувате гадливост према размена на емоции. Што сакаат нека си прават, не се во твојот дом, ако не ти се допаѓа, сврти го погледот.
Не, за жал нашата мила земја во 2020. Собери 30 души и размени мислење на оваа тема, ќе видиш само какви гадости ќе излезат од нивните усти. Ако твојата околина од пар луѓе не е таква, не значи дека грото популација сеуште не е спремна да ги прифати хомосексуалците.
Ајде мајке ти, да се натртат на маса у сред кафич значи разменување нежности и љубов ? Треба да се има осет и култура за постапките, без разлика дали е хетеро или хомо пар.
А зошто мора инстант во мисли да ви доаѓа дека ако некој е хомосексуалец, по дифолт се трти, се лиже, се соблака, парадира, вади секс играчки, што уште не.