Ај не тропај молим те, читај прво што пишуваме па после реплицирај. Реков хомо/хетеро парови, врска нема со хомосексуалност ова што ти пробуваш да го наметнеш.
Темата ја водиш во друга насока. Не е дали ти се допаѓа или не ако некој искажува емоции, туку дали би прифатил партнер со хомофобија.
А што има врска ако е хомофоб? Не можеме сите да имаме исто мислење за некој. И на мене можеби не ми се допаѓа некој негов другар, па тоа значи дека треба да го откачам затоа што се дружи со сељачиште?
Не за некој. За цела група на луѓе. И јас сум за тоа дека не е хомофоб некој ако не може да поднесе конкретен хомосексуалец. Ама личност што ги мрази сите хомосексуалци, смета дека треба да се лечат, смета дека не смеат да бидат на јавна функција, дека не смее да им се овозможат некои права... Не знам што е ако не е хомофоб. На темава, дечко ми не е хомофоб. Ама исто како што рекоа неколку членки, не е дека му се разјаснети некои ставови и погледи. Што секако, не ми штети затоа што никогаш не сум слушнал од него навреда кон цела група. Ми има кажано дека ќе падне болен ако детето му е геј, ама дека никогаш не би го сакал помалце ради тоа. Ама со хомофоб генерално не би била. Имам пријатели што не се хетеро и искрена да бидам ако тоа е причината зошто мој дечко не би ги сакал и прифатил, ќе бидам многу повредена. Сосема друга работа е несогласувања на основа на карактер.
Никој не рече хомо, ти викаш. Дечко и девојка да се лапаат на маса со мене, сметам дека им фали основна култура И ај да се тинејџери, ама возрасни луѓе? Тоа мене ми смета, нема врска со на партнерот дали му смета. Тоа пак ќе кажам, нема врска никаква со хомофобија.
Рече не постои хетеро маж што не е хомофоб. Не знам колку години имаш и со какви се дружиш, али тешко мнозинство од тие што јас ги познавам не се хомофоби.
На крајот испаѓа дека никој не е хомофоб, но сепак темите насочени према хомосексуалноста се покољ, содома и гомора. Од лечење и баење до крштевање на лицата со хомосексуалност. Факт е дека како општество не сме спремни да ги прифатиме оние со друга сексуална ориентација. Каде и да сум патувала, секаде имало хомосексуалци. Никој не се врти по нив, никој не ги гледа со гадење, туку се најнормална ситуација. Тука, има шанси да ги истепаат прво, второ да упатат тешки навреди, трето да буљаат како недоветни. Да се навратам на темата, хомофобијата ги опфаќа сите форми на негирање на хомосексуалците. Од тоа дали е природна појава, дали ми пречи некој да гледам како се бакнува, дали ќе ми пречи детето дали ми е геј, дали сметам дека треба да се кријат, итн. Од друга страна, јас разбирам некој да не е хомофоб, ако целосно ја прифаќа целокупната LGBT популација. Парцијална хомофобија не постои, или е во ред за тебе или не.
Нормално дека не би била во врска со таков човек. Зарем хомосексуалците не се луѓе? Не знам зошто некој би ги мразел кога ниту убиле некого ниту некаков друг криминал направиле. И тие се луѓе, на исто рамниште со тие стрејт што се. Дури и самата поделба на стрејт и геј ми е глупава. Божем овие геј се нешто многу поразлични од другиве, на крајот не е ни битно кој каков е се додека секој си го живее животот како што сака, а не како што му налага општеството.
Не сум тинејџер, туку возрасна индивидуа. Јас сакам да разменувам нежност до ден денес, во секое време, на секое место. Дозвола од комшијата да барам за истото, немам намера. Ширам љубов, не ширам омраза, што е најбитно. Што има послатко од тоа да го гледаш залезот на сонцето, прегрнат и да се бакнуваш. Ако си возрасен не треба да го гледаш партнерот само како личност со која го делиш домот, плаќаш сметки, и имате деца. До ден денес, се држам за рака, му скокам да го гушнам, го бакнувам по цело лице. Со тоа никому штета не правам. Дали сум била дома, во парк, во кино, во трговски, не ме спречува да ги покажам моите емоции према него. Всушност живеам за себе, а не за другите, што ќе кажат истите и дали сметаат дека истото е гадлива појава или ќе гледаат со блажена насмевка према искажаната љубов, не ме занима едноставно. Тоа и недостасува на ова парче земја. Емпатија, љубов, разбирање. Камо сите околу мене да се ,,шлапаат" и ,лигават". Нема ништо срамно во искажувањето љубов. Срамно е да крадеш, да убиваш, да вршиш насилство, да ја загадуваш околината, да вреѓаш, итн. Љубовта е убиец на сите овие работи. Така да, бакнувајте си ги партнерите секаде и секогаш, впрочем и само така ќе ја одржиш љубовта во живот.
Не некој ако е хомофоб ке е како прво многу ограничена личност и нарцисоиден и се околи него ке спушта и малтретира така да нема шанси луѓе кои се против животни, хомосексуалци, ниска класа на луѓе и феминизам и права на деца се спаѓа во едно.
Овие луѓе ако не се прифатени сега ќе биде сигурно за 5-10 години, ние сме поназад од сите. Другар на брат ми живее во Франција и таму најнормално си се држеле за рака дури се чуделе стрејт ако си. Ќе биде.
Не можам да се изначудам. Познавам личности кои се хомофоби. Тоа значи дека не треба да се дружам со нив? И како може хомофобот да не ги сака останатите луѓе?
Едно е да не ги поддржува ако смета дека не е природно или просто еве не ги сфаќа, ама мислењето да си го чува за себе и да не напаѓа никој поради својот избор. Друго е само ако види геј пар, или геј личност одма да почне со закани и насилство. Тоа е веќе пореметено. Со првиот, би била.
Се чуделе стрејт ако си Се прашувам некогаш дали читате два пати што сте напишале А, дечко ми не е хомофоб само не прифаќа такви луѓе, не е сигурен дали му е природно и ќе се разболи ако детето му е геј. Од збор до збор опишавте хомофоб, ама не... Таман работа дечко ви да е хомофоб. Он е само неразбран, непромислен, немал време и не го интересирало да мисли за тоа - ама стигнал да најде време за да размисли дека може не е природно