Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали би биле со хомофоб?

Дискусија во 'Врски' започната од GirlRose, 9 септември 2020.

  1. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.932
    Пол:
    Женски
    Следно можеме да смислиме теми: Дали би биле со човек кој не поддржува проститутки? Дали би биле со човек кој не сака луѓе со зелена коса? Дали би биле со човек кој не поддржува веганство?

    Сѐ додека некој е пристоен човек кој луѓето ги третира исто, љубезен е без да му е гајле дали си стрејт/геј, што има врска што мисли за хомосексуалност?

    Секако дека во врската е битно да се имаат колку толку блиски погледи, но како мислењето на дечкото за работа што не нѐ афектира, треба да ми биде пресудно за дали да сме заедно?

    Има многу луѓе што по дефиниција би биле хомофобични или па се неутрални ама не, не идат наоколу да ги стрелаат гејовите, не мразат животни и жени, како што човек може да добие впечаток кога ве чита.Либерален=добар, нелиберален=лош испаѓа.

    Добро, и јас мислев вака до пред 1-2 години, среќа се вратив во реалноста, каде што големината на нечиј карактер навистина не е условена од тоа дали се декларира како дел од одредено модерно движење или прифаќа се што може да се прифати.

    Што партнерот мисли е негова работа, сѐ додека не се однесува насилно, вреѓа или му е на пр.проблем да седне на кафе со човек што е отворено хомосексуален.

    Воглавно тие што имаат толку бурни реакции и не сакаат никаков контакт со поразлична личност, се луѓе што мразат сѐ живо и диво околу нив, тоа што некој е геј е само плус причина да бидат кретени.

    Ниту такви тврдокорни конзервативци, ниту спротивните ултра либерални не ми требаат.
     
    На Billy Idol, burthdaykake, Hellobeautiful и 5 други им се допаѓа ова.
  2. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
    Не ги сакам ЛГБТ ама не сум хомофоб.. Во мојот мозок ЛГБТ измислицата и се што е против Бога не постои. Исто така и се што е против природата, такаа да само подалеку од такви луѓе. Нека праат што сакаат само да не ги гледам и слушам.
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  3. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Машки
    Не си хомофоб, тачно :handshake:
     
    На smooch, mkdvesna, violetblue и 15 други им се допаѓа ова.
  4. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    51.831
    Пол:
    Женски
    Па ако мисли дека луѓе со зелена коса не треба да имаат деца или да стапуваат во брак, не.
     
    На smooch, mkdvesna, Purplelilac и 13 други им се допаѓа ова.
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.932
    Пол:
    Женски
    Ок?:D
     
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.811
    Допаѓања:
    266.922
    Човек што мрази друг човек и му ускратува основни човечки права, е лош човек.

    Или:
    оној што е добар со мене, а лош со келнерот, не е добар човек.

    Не е виша математика.
     
    На mkdvesna, candy.cane, Stephen Amell и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Темава ме потсети дека во светов уште постојат хомофоби. :D Стварно не знам со какви луѓе се дружите, ама од моите другари ниту еден не е хомофоб, и тоа според најмлитавата дефиниција на хомофобија. Можеби бидејќи моето меурче главно опфаќа само луѓе на моја возраст со кои сум на иста бранова должина. Кога си правиме муабет, теми ко хомосексуалност не се интересни дебати, жестоки дискусии или што ти знам, туку само нешто што се протнува низ муабет како ,,леле тој што помина ептен е сладок", ,,уф една девојка видов со виолетова коса се заљубив" итн. За другарите од странство пак да не правиме муабет, кога и да сум спомнала некој си романтичен интерес, никој не си претпоставува автоматски дека за машко зборам, зборат во џендер нутрал пр. "Do you like them?".

    Поентата ми е, да, постојат машки што не се хомофоби, во 21 век ги викаме нормални личности, а фактот што сте опкружени со толку хомофоби што го кажувате тоа ме тера да ми е жал за вас.

    Инаку, фала богу не би била со хомофоб, и секако не ми е доволно само да не сака да ги стави на клада. Ако не му е нормално и природно и што ти знам, ако се мршти на спомнување гејови, ако дига паника при најмала импликација за негова хомосексуалност, ако се однесува чудно околу феминизирани машки, reeeed flaaaags. Сè е тоа дел од хомофобија.

    И ај би ги разбрала тие што викаат па што ако е хомофоб не значи дека не е добра личност (лол) јер и самите се хомофоби очигледно. Ама вие што викате дека не ви пречи, доволно е вас да ве сака, и демек не е хомофоб само има став дека не ги прифаќа? Ваљда грото од вас планираат деца да имаат со нив, зарем не размислувате што ако детето испадне геј? Ќе имате ли различни ставови и тогаш? И да не имате деца, ќе го поминете целиот живот со некој што уште ја смета хомосексуалноста за нешто покомплицирано од само обичен демографски податок?

    Не знам еве, вакви работи за мене се апсолутни deal breakers. Не гледам ни како би се поврзала со таков тип личност. Досега ми се нема десено некој да е перфектен ама да е хомофоб. Хомофобите по дифолт ми се надвор од секоја можност за комуникација, дури и оние безопаснитe. :D
     
    На Someonespecial, Srckata28, злоба и 14 други им се допаѓа ова.
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.932
    Пол:
    Женски
    Аха, затоа што некој што е либерален по автоматизам не може да е зол човек, да сака да ти наштети, да те манипулира во врската и слично. Каква груба поделба на луѓето правите алал да ви е.
    Јас па на момент помислувам дали живееме на истата планета.:D
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.811
    Допаѓања:
    266.922
    Не, не значи.
    Ама има едно плусче повеќе.
     
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.105
    Допаѓања:
    163.626
    Пол:
    Женски
    Не, turn-off ми е секаква конзервативност и предрасуди кон луѓе според фактори на кои не можат да влијаат и со кои не повредуваат никого. Ретко е хомофобијата да не си повлекува и други ограничени гледишта, не е ни туку-така изолирана. Башка ако некој мисли дека со хомосексуалноста нешто не е во ред и е неприродна конкретно оти не може да се роди дете по природен пат, I've got some serious, deal-breaking bad news for him на лично ниво за сопствените избори околу тоа ко жена што ја привлекуваат мажи.

    A cо оглед на тоа дека воглавно имам тенденција да ме привлекуваат и неколку години постари од мене, тешко дека би можела да очекувам да сменам оформена личност со проблематични ставови, а и не би требало да биде потребно тоа. Basic decency е едноставно во ова време да поддржуваш секаква обострана, консензуална љубов меѓу возрасни луѓе, не се согласувам и мислам премногу песимистични се проценките дека толку голем дел од стрејт мажите не расчистиле со ова.
     
    На smooch, violetblue, crimson и 11 други им се допаѓа ова.
  11. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.739
    Допаѓања:
    21.378
    Пол:
    Женски
    Не ми пречи, би била а и веќе сум.
    Јас сум скроз океј со лгбт заедницата, имам другарки лезбејки така да нормално ми е тоа. Од друга страна дечко ми има маалку порадикален став. Не му пречат, не ги хејта и мрази, али ете не ги разбира, има некои размислувања како тоа не е природно и тоа е тоа. Не планирам да му менувам мислење, и онака 90% од луѓето тука размислуваат така.
    Да не е насилен, да не плука и пцуе по нив, тоа ми е доволно. Па реално скоро на сите чии родители растеле во времето на Југославија имаат горе-долу ист став за хомосексуалноста, еептен ретко некој да е либерален по тоа прашање. И што сеа, пошто за нив хомосексуалноста не е природна, да ги отпишиме од родители, лоши луѓе по дифолт се? :^) Едноставно избегнувам да зборувам на таа тема, кога веќе имам спротивни ставови со некого а не ми менува нешто многу како размислува, не ни почнувам дебата.
     
    Последна измена: 9 септември 2020
    На Amellie13, Feminka22 и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    А другарка ти и дечко ти никогаш не седнале заедно на маса?
     
  13. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.788
    Пол:
    Женски
    Сѐ што сакав да кажам откако ја видов темава прв пат.
    Делам мислење од збор до збор, сметам дека хомофобијата секогаш со себе влече и други карактерни маани.
     
    На buba4e89, Srckata28, Stephen Amell и 5 други им се допаѓа ова.
  14. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    51.831
    Пол:
    Женски
    Ова што го наброја е минимумот што треба да го исполнува, кој критериум е тоа да не сака да ти наштети?
    Тоа се подразбира, а понатаму си бираме партнер кој ни одговара на секое поле.
     
    На Someonespecial, Bezimenka90 и Sejfullai им се допаѓа ова.
  15. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.739
    Допаѓања:
    21.378
    Пол:
    Женски
    Седнале, тој ја познава и знае за неа. Ама не се почнува таква интимна тема дури сме заедно сите, нема потреба да се дебатира со кој легнува другарка ми в кревет и дали дечко ми се сложва со нејзините избори, и обратно.
     
    На Luminary, candy.cane и Angie1432 им се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Значи дечко ти не знае дека другарка ти е лезбејка и никогаш нема да седнете ти и дечко ти, другарка ти и девојка нејзина на дабл дејт :D
     
  17. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.739
    Допаѓања:
    21.378
    Пол:
    Женски
    Знае дека е лезбејка и имаме седено заедно. Прочитај убаво. :D
    За дабл дејт можеби во иднина некогаш, зошто да не.
     
    На buba4e89 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  18. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Конкретно за на маса во кафана збориме, или општо во јавност, да знам на што бранова должина сме? Јас барем не сум начекала некој во кафана да бута некому јазик во грло, во какви кафани искачаш ти? И ако бакнежот за тебе е бутање на јазик во грло, не знам што да кажам. Тоа се некои хипотетички ситуации, а може и се случило, само што не гледам јас по други луѓе на маса.
     
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.932
    Пол:
    Женски
    Секако, затоа секој си има право на индивидуален избор.
    Само, сакав да покажам дека многу е апсурдно тврдењето дека либерални ставови по автоматизам значат добар човек, а обратно лош човек.
     
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.
  20. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    60.023
    Пол:
    Женски
    Joк. Само хомофоби.

    Што упорно ве пецкаат вакви теми и во 2 години на форумов не разбрав зошто е тоа така :D Мене еве пример злобни свекрви ме нервираат, па ниту еднаш не сум отишла во темана за истите да им попувам на жените како треба. Или пример мразам хорор филмови, гнасни и чудни ми се за гледање, не сфаќам што е уметност во колење и крвишта ама не се пикам во таа тема упорно да какам за истите.

    Што феномен сте што упорно и упорно се пикате во вакви теми не знам :D Нешто ве копка, сакате да знаете што и како, не знам друго како да го објаснам вашето однесување.

    Онтопик: Сигурно, најпривлечно ми е кога некој мрази луѓе кои апсолутно никако не му згрешиле. Немало стрејт нехомофобични мажи, I was today years old кога го научив ова :o
     
    На Nausicaa, theowndemon, Stephen Amell и 8 други им се допаѓа ова.