Не си ситна, не си воопшто лош човек по ова што те имам читано низ форумов. Баш напротив, мислам дека си емпатичен човек, ама дека едноставно не си имала вистинска прилика да осетиш болка од човек кој не е стрејт. Ќе ти кажам за мојот најверен другар, човек што го сакам како роден брат, кој ми има помогнато кога ми било најтешко, односно уште пред 12 години кога бев во најлошата психичка состојба во мојот живот. Коа професионално паднав во бездна. Кога ми требаше пријател. Врска немав дека сака мажи, ми кажа многу, многу подоцна. Другар ми е многу модерно машко. Не е феминизиран, ама е секогаш облечен по последна мода, педантен, чист, убав - паметот да ти зајде. Досега има изедено неколку пати ќотек. Физичкиот ќотек кој колку и да го боли не е најстрашен. Потешка е таа психичка тортура што го пратеше дури бевме помали. Кога уште го немаше Нетфликс, кога уште хомосексуалец во јавни медиуми немаше. Односно имаше, ама пропратени со стигма од типот на Фреди. Што преживеа не можам да ти кажам во еден пост. Од малтретирање дома, до тоа неговите да го тераат по манастири да се влечка за да го оправат таму, среќа со крвави нокти се бореше да не го испратат таму. Потсмевање, плукање од другари, во лице му имаат кажувано дека треба жив да го запалат. Не претерувам, пред мене се случи ситуацијата. Кога почна веќе да не се крие, добиваше закани во инбокс, знам еден му имаше пишано дека ако се доближи блиску до него дека аркадата ќе му ја пукне. Отвори на интернет, од сите можни страни бациња со ланци и теткици кои имаат слики од икони а ваму колнат, кажуваат Содома и Гомора. Некни излегува дека некој македонец ги утепал брачен пар кои биле геј во Малта, долу фалби за него, споменик да му се дигнело, браво, нека умре педераната и слично. Охрид бев тој ден иначе ќе направев сс и ќе ги објавев сосе име и презиме. Дури имаше ескалација кога се гледаше со еден тип за кој не знаеше дека е женет со деца, за на крај кога дозна овој се уплаши пошто му прсна тој bubble од лаги и му се закануваше дека ќе го убие на лице место ако нешто каже. А нема ни 30 години. И не е само другар ми. И не можам да не бидам емпатична, не може срце да не ме боли кога гледам колку се измачи во државава. Се доусовршува на професионален план и кај да е ќе иде за странство. И тоа е претажно. Што заради бациња и кокошки кои не можат да прифатат нешто што нив апсолутно не ги засега и немаат аргумент зошто тие луѓе да не стапат во брак овде животот им е пекол. Затоа што колку и да имаш дебела кожа, имун на сите грди коментари никој никаде не останал.
Со хомофоб дефинитивно не. Еднаш, одамна беше, се погоди еден со кој искочив да е такооооов лик што беше у стил "педерите да се убијат". Малце фалеше насред! јавно место ние двајца да се убиеме... Додека со некој кој не поддржува хомосексуалци би била. Треба да имаме слични гледишта, но не мора и ставови.
Имам неколку критериуми кои ги пратам за дејтинг и радо би умрела сама него да ги прекршам. Сите се сведват на еден збор: да не биди кретен. Не. Не би била со хомофоб. Би сфатила некој да не сфаќа како можи да постојат истополови парови, можам и да сфатам да не збора на таа тема ако го прај да се осеќа „чудно“ ама сепак да се обидува да разбери и да не суди. Не сфаќам кога некој има омраза, кога не е отворен да сфати и кога не е отворен да увиди дека пред се и тие во истополови врски се луѓе. Не се убијци. Не се педофили. Не се ненормални. Тие се двајца возрасни кои се привлечени сексуално, а можеби и романтично, еден на друг и кои си даваат дозвола меѓусебе да бидат заедно. Ни повредуваат некој, ни убедуваат некој да бидат како нив ( за разлика од хомофобите), се што сакаат е да бидат среќни со себе и никој да не пика нос во нивниот сексуален живот. Ќе повторам пак, не, не би била со хомофоб зошто некој ден можи ќе имам хомосексуално дете и знам дека со цело мое битие ќе го штитам од гнидото општество шо ќе проба да го повреди. Неќам гнидото општество да ми биди во иста куќа.
Како може да ви е само битно како дечко ви се однесува спрема вас? Карактерно кога збориме, ако некому му смета нешто како хомосексуалноста, според мене тоа значи дека ќе е вечен мрчатор за секакви ситници со типичен балкански синдром да се жали 24/7 за се и било што. Зошто би биле со некој кој има оформено негативен став во врска со ова? Треба да сфатите дека гејови се реални луѓе, а не само предмет на вашата дискусија. Ако некој троши време да оформува ставови за нечиј живот, нешто има погрешно тука. Како една личност се општо однесува и како мисли за другите е... нешто клучно за карактерот. Ама не, битно вас да ве сакал, па нека плука по се друго. Јас разбирам дека на типична стрејт особа, не и е да се замара и расправа на вакви теми. Ама да се мисли дека размислувањето во врска со истите не е битно е апсурдно затоа што е разлика меѓу добра и лоша особа. Некој погоре спомна една многу добра поента за која јас најискрено не ни размислив, а тоа е колку е битно вашиот партнер да биде прифатлив доколку се одлучите за иднина со деца. Ако се случи да биде родител на геј дете, нема ли да ве засега? Никогаш не би била со машко кој е хомофоб. Не дека имам високи стандарди, го барам минимумот. Треба да си размислите со какви луѓе сте во врска и секако какви луѓе сте вие.
Been there, done that. И страшно е и грдо. Да објаснам. Годинава излегов од шест годишна врска која почна супер но заврши крајно токсично. Не знам дали од сам почеток батето ми правеше лице па се преправаше дека е нормален човек со културен поглед кон светот па кога после неколку години повеќе не можеше да тера со шарадата скроз му падна маската и му се покажа вистинското лице. Или (поверојатно) промената се случи кога од ултра атеист стана хардкор верник. Последната година се изнаблуја хомофобија и мизогинија. Пет години врска беше на став дека не се замара со другите луѓе, сите имаат право да живеат како што сакаат. Последната година од врската? Почна во се да гледа „педери“ и „курви“. Ликов почна да мрази жени. Последните неколку месеци почна со некоја чудна red pill, mrm реторика. Го прашав отворено дали почнал такви сајтови да посетува, порекнуваше. Ок, он си знае. Не знаете колку поразено се осеќав кога омразата почна да излегува на површина. Разбирам дека луѓе се менуваат низ годините, очекувано е тоа ама сериозен проблем е кога партнерот со кого планираш иднина од корен го менува ставот за повеќе животни прашања. Во овој случај, почна да ги мрази тие што црквата му кажуваше дека треба да ги мрази. Баш кри крај на 2019 имав една ситуација каде на форумов тргнав да исправам Криви Дрини за лгбт ама се сопрев зошто се осетив крајно лицемерно. Виртуелно ќе продавам муда за бубрези а во вистинскиот живот, оној кој се рачуна, не можам ни да разговарам со оној кој треба да ми е најблизок. Не допирав до него, џабе беше се. Разговор, повикување на емпатија? Лол. Не можам да опишам колку беше грдо. Цел живот сум либерална, лгбт луѓе сами ми кажувале за нивната ориентација зошто знаеле дека сум ок и кул, а еве со што лик сум си го врзала животот и иднината. Последната недела од врската бевме собрани кај другарка, и он беше поканет. Требаше повеќе машки да има, ама откажаа и беа само он и уште еден дечко мажи. После коментар? „Се лезбејки собрани“. И како после ова да продолжиш? Што живот ќе биде тоа со ваков човек? (И да нема недоразбирање, две од „лезбејките“ се мажени Сите што бевме таму сме стрејт. Од каде дојде тој коментар не знам. ) Пробав да направам муабет што би било кога би имале дете лгбт. Немало он да има син педер. Добро, ама што детето е геј? НЕМАЛО ОН ДА ИМА СИН ПЕДЕР!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Не ми одговори конкретно што би направил ако еден ден детето каже дека е геј, ама меѓу редови си сватив дека ќе го избрка од дома. И што правам јас со ваков човек? Сега малку за практичниот аспек од одење со хомофоб. Зошто врската низ годините стана ептен монотона и тапа, некако заедничката активност се сведе на гледање серии и филмови. Е ама, проблем. Во скоро сите понови серии има барем по еден лгбт лик. Па тука говори држење, геј агенда, преку телевизија нормализирале „педерштина“, децата гледаат и имитираат...Јас умирам во себе и се помирувам со фактот дека набргу ќе бидам сингл. Зошто јас и онака бев за се задолжена во врската (негово беше само на готово да се намести и да ужива, за било што), јас бев таа што бараше и симнуваше серии кои од сам старт беа компромис пошто: 1. не сака хорор, 2. не сака мистерии, 3. не сака комедии (се што јас сакам реално). И не само што поради него голем дел од потенцијалните наслови отпаѓаа од сам старт, сега пред да симнам нешто мораше да проверувам дали во серијата се појавува лгбт лик, зошто ако ми се промакне некој следеше драма и трескање од земја дека намерно го малтретирам Леле, сега се смеам додека го пишувам ова ама верувајте, тогаш ми се плачеше. Ја има некој гледано Vicious? Дечки, предобра е! Ама навистина е предобра!!!! Играат Иан МекКелен, Дерек Џејкоби (и двајцата феноменални глумци) и Иван Реон (кој почнав да го толерирам само поради серијава). Станува збор за саркастичен и ептен остар на јазик стар геј пар кои цело време се караат меѓу себе и нивните дешавки. Премногу ми се допадна и сакав на батево да му пуштам барем една епизода, зошто збориме за сериозно квалитетна и смешна серија. Еве како одеше тој муабет: Ј: „Серијава е супер, ептен е смешна.“ Ех: „Не сакам!!!!“ Ј: „Пет минути барем? Ѕирни ја, па ако не ти се свиѓа, ќе пуштиме нешто друго“ Ех: „НЕ САКАМ ДА ГЛЕДАМ ПЕДЕРИ!!!!!!“ Ј: „....Игра Ремзи од ГоТ...“ Ех: „ТИ МЕ МАЛТРЕТИРАШ!!! ТИ МЕ ТЕРАШ ДА ГЛЕДАМ ПЕДЕРИ! ТИ САКАШ МЕНЕ ДА МИ СЕ ЗГАДИ ЈАДЕЊЕВО!!!!! !!!!!!!!!!!!!!! !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! J: „........oк,, нема да гледаме Vicious.......“ Ех: „ЈАС ТЕБЕ ТЕ МАЛТРЕТИРАМ ДА ГЛЕДАШ НЕШТО ШТО ТИ НЕ САКАШ???????“ J: „ Да, шест години ми пушташ ствари што тебе ти се интересни а мене ич ама толерирам зошто ТИ сакаш да ги гледаш и зошто сакам тебе да ти е убаво“ Ех:..... И така Не, не би била со хомофоб
Да ги мрази хомосексуалците е едно, а да не поддржува и да не ги разбира е друго. Мое мислење, не мораш да сфатиш!
Мене ми е сосема ок тоа "не разбирам". Не разбирам ни јас многу работи, тоа не ми дава за право да агитирам за забрана или осуда. @Nausicaa ела да те гушнам во други услови ќе речам жал ми е, ама тебе ќе ти речам честитки, си спасила душичка
Не, не, не, никогаш не би била со некој што е хомофоб. Не може хомофоб да биде добар човек, не мора да тепа гејови по улица па по тоа да се процени дека ете не е лош човек. Не би била со хомофоб зошто тие се тие што кога/ако имаат син ќе биде толку насилен со детето за да не биде педер, не плачи, не си пи*чка а не сфаќа дека и тој од пи*ка излегол глупак, тој е тој што не дај боже да фати синот кукла ќе го по модри од ќотек да му го истера педерот од него, нееее неее никогаш не би била со некој што ќе има тенденција да биде насилен со синот ако не одговара на неговите стандарди на маШ. Не е работата абе во врска сме што ми е гајле каков став има за хомосексуалците, има врска, ете после брак, деца, каков ќе му биде односот кон децата, што ќе ги учи, не е само супер е се сакаме, ме сака, ме почитува, дали тој утре ќе го сака и почитува и синот ако не е маШ според неговите стандарди, што ќе ги учи тие деца, тие работи се битни да се знаат уште пред да стане озбилна врската а камоли кога се стапува во брак. И не станува збор ако синот е геј, не мора да е геј, ете сака со кукли да игра, не е тоа предзнак дека ќе е гејтуку каква ќе му е реакцијата кога ќе ја фати куклата, не верувам дека хомофоб добро ќе се однеси со детето.
Дечко ми така е малце хомофоб ама тоа е не ми смета ,најбитно ми е он како се понаша со мене и што прави за мене ,јас сум неутрална и не ме интересира кој што сака нека си прави се додека не ме закача мене.
А прочита погоре? Битно е и со другите како се понаша. Затоа што тие другите идат со вас двајца во пакет.
Битно е како се понаша и со другите, да. Не знам како може да не ви е важно каков е со други луѓе. И на крајот, може дете да ми е геј. Многу ми е важно каков ќе е со него/неа.
Исто како што на тебе ти е битно. Исто како што ти имаш право да не бидеш, така имам и јас да бидам. Секој за себе си одлучува. Не ги осудувам оние што не ги сакаат хомосексуалците. Нивно право е.
Хомофобијата не е насочена само према хомосексуалната заедница. Тоа е комплексна гранка составена од повеќе групи. Пред да ставите акцент дека некој не е хомофоб, прашајте ги овие прашања. Дали сметаш дека треба да постојат истополови бракови? Дали сметаш дека истополови брачни другари, треба да посвојуваат деца? Дали сметаш дека е мала нивната застапеноста во медиумите и дека треба се почесто да гледаме сцени, дали сексуални или не, со учесници на LGBT заедницата? Дали сметаш дека е во ред да се прават паради со садо мазохизам елементи и истите да бидат следени од пошироката јавност? Ова е трики...Дали сметаш дека е нормално еден маж да го задржи својот полов орган, но да направи естетска хирургија за зголемување на гради? Дали сметаш дека трансџендер популацијата треба да стапува во бракови и да посвојува деца? Доколку одговорот на сиве овие прашања е ДА, тогаш честитки... Вашиот партнер не е хомофоб. Но, доколку се одговори НЕ, на барем едно прашање, тогаш сепак се работи за хомофоб, како што пишав и претходно, парцијална хомофобија не постои. Од таму и моето мислење дека мнозинството хетеросексуални мажи сепак се хомофоби. Мојот партнер е условно кажано хомофоб. Нема против да биде во околина на некој од LGBT заедницата, но смета дека тоа е неприродно и точка. Некој погоре има пишано, ако е хомофоб, тогаш човекот е, карикирам, спремен дури и за убиство. Не, одредено мислење не го прави човека зол, туку делата кои ги прави и афектира одредена маса на луѓе. Самата хомофобија можеби е трулеж за правата на овие лица, но истите не се загрозени само затоа што некој смета дека бракот е заедница само од маж и жена и ништо повеќе. Доколку хомофобијата веќе преоѓа во насилство и вербален напад, само тогаш можам некој да го врамам како личност без емпатија, без свест и без чувства и секако не би била со таков партнер. Да се разбереме, повторно алудирам дека немам ништо против LGBT популацијата, но и немам ништо против некој да има оформено негативно мислење за истата. Истото се случува и со оние кои не би биле со хомофоб, само не е веќе тој термин, туку пак се работи за одреден тип на дискриминација. Премногу е опширна и комплексна темата и можам да пишувам цели реферати. Сепак мислењето во текот на животот, со самото искуство, се менува, но линкот кон насилството е веќе вродено и во тој случај не е секогаш насочено само према одредена популација, туку према секого. Се работи за мислење, но не карактер. Мислењето можеби е наметнато, стекнато или недооформено и истото може да претрпи промени. Така да, поважно ми е сепак да бидам со партнер кој ќе ми покаже неизмерна и несебична љубов, почит, разбирање, прифаќање на сите маани и негативности, отколку да бидам со некој само затоа што не е хомофоб. Едноставно не е индикатор, ниту пак мерило за карактерот на човекот. Ќе дадам само еден прост и глупав пример. Хитлер... Има убаво мислење за ариевската раса, чиста раса, ама холокаустот и гадостите се дел од неговиот карактер. Да бидам со него само затоа што, карикирам, го делиме мислењето за ариевската раса?! Оттука и повторно се надоврзувам, одредено мислење не е карактерна особина.