Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали би биле со хомофоб?

Дискусија во 'Врски' започната од GirlRose, 9 септември 2020.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.695
    Допаѓања:
    10.147
    Пол:
    Машки
    Според овие „критериуми“ секако дека ќе испадне дека не само 90% од мажите, туку 90% и од жените се хомофоби. Но за среќа не е ова дефиницијата за хомофоб :)

    Хомофоб, според генезата на зборот „хомо-фоб“, едноставно е човек што има фобија од хомосексуалци.
    Твојава листа на прашања не опишува хомофоби, туку опишува луѓе кои не ја веруваат/поддржуваат родовата ЛГБТИ идеологија.

    Еве на пример јас сметам дека не е нормално маж да се преправа во жена, не е нормално да го касапи своето тело со сечење на полов орган, не е нормално да става „гради“ (ставам наводници, бидејќи тоа не се гради, туку силикони), или со тероризирање на своето тело со хормонска терапија. Но јас воопшто немам фобија од вакви луѓе, воопшто не ми сметаат, нивно тело, нивен избор, нека си живеат како сакаат, согласно нивниот разум и совест.

    Не мора да се согласите со нечија животна идеологија или себеперцепција за да не бидете „фоб“. Еве јас сум верник (христијанин) и имам пријатели атеисти кои не веруваат во Бог, не сметаат дека е нормално кога јас се молам на пример, но сепак јас не ги нарекувам „бого-фоби“ или „Христо-фоби“. Едноставно тие не се согласуваат со моите убедувања и тоа е во ред. Човек со здрава самодоверба лесно ќе прифати некој друг да не се согласува со неговите/нејзините убедувања и лична перцепција. Доволно е да се толерираме и да имаме соживот во ова денешно мултикултурно и мулти идеолошко општество.

    Луѓето што ја поддржуваат ЛГБТИ идеологијата веруваат дека постојат стотина родови идентитети и сексуални ориентации, а останатите луѓе веруваат дека постојат само два (машко и женско) и една здрава и нормална сексуална ориентација (машко-женско). И тоа е во ред. Нема потреба сите да веруваат исто и нема потреба првите да ги принудуваат вторите да ја прифатат нивната идеологија/верувања и стил на живот, ниту вторите на првите.
     
    На Alisa22 и LadyMau им се допаѓа ова.
  2. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Грешка си, прочитај подобро, што значи хомофобија.

    20200911_101902.jpg
     
    Последна измена: 11 септември 2020
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.695
    Допаѓања:
    10.147
    Пол:
    Машки
    А што реков јас поразлично од ова? Јас немам ниту негативен став, ниту негативни чувства кон хомосексуалците, ниту аверзија, ниту омраза, ниту антипатичност... едноставно не сум застапник и не ја поддржувам ЛГБТИ идеологијата, исто како што на пример ти не ги поддржуваш и застапуваш и не си убедена во моите христијански убедувања.

    Дефиницијата за хомофобија е мноооогу поедноставна, согласно на генезата на зборот, но лобито на ЛГБТИ сака да ја прошири (петкратко) таа дефиниција со цел да може да ги НАВРЕДУВА и ЕТИКЕТИРА како хомофоби сите што не се согласуваат со оваа идеологија.
    Иначе, од самата генеза на зборот „хомо-фобија“, јасно е значењето: Ирационален страв од хомосексуалци.

    Класутрофобија = страв од затворен простор. (на латински claustrum значи кафез, а на грчки phóbos значи страв, фобија)
    Хемофобија = Фобија од крв (латински: хемо - крв)
    Некрофобија = Фобија од смрт, мртовци (грчки: некро - смрт)
    Аерофобија = Фобија од летање (грчки: аеро - воздух)
    Акрофобија = Фобија од височини (грчки: акрон - висина)
    Кинофобија = Фобија од кучиња (грчки: кино - куче)
    Хомофобија = Фобија од истополови луѓе (грчки: хомо - исто)

    Секој човек со здрав разум и објективност ќе укапира дека станува збор за иста генеза на овие зборови и од самата кованица може да се види и значењето на зборот.
    Еве така е дефиниран и на dictionary сајтот: https://www.dictionary.com/browse/homophobic
     
  4. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Дека хомофобијата е насочена према хомосексуалците, но не и останатите од LGBT заедницата. Тогаш подобро е темата да се нарекува-дали би биле со партнер кој не подржува хомосексуалци, а не хомофоб, бидејќи не е исто.
     
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.926
    Допаѓања:
    267.596
    Исто сра*е се де.
    Дали само хомосексуалци не поддржува, или и бисексуалци му спаѓаат у пресметкава... шо е битно?

    Секако не чини батката, нема што да се губи време со такви.
     
  6. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    Фобија од хомосексуалци?
    Се плашат да не ги каснат по ноџето?
     
  7. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.823
    Допаѓања:
    23.461
    Пол:
    Женски
    Според генезата на зборот хомо-фоб, тоа значи да се плашиш од се што е исто. Кога видам две исти чаши една до друга врескам.

    Буквалист ниеден.
     
    На lady0813, Lella, x.Daisy.x и 6 други им се допаѓа ова.
  8. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Па и јас не разбирам. Можеби потеклото на зборот доаѓа од фобија, но значењето е сосема комплексно и опфаќа многу поопширна тематика. Зборови кои имаат одредено значење, а упростени за олеснета вербална комуникација. Ако алудираме на истото, ако не никому ништо :)
     
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Ова ти е типичен пример за ИСКОРИСТУВАЊЕ на хомосексуалната заедница за пробивање на некои други цели или за нејзино демонизирање и оцрнување.
    Посебно тоа зедебеленото и поцрвенетото.
    Садомазохизмот нема никаква ама апсолутно никаква врска со хомосесуланата заедница. Знам куп геј луѓе на кои им пречи садомазохизам на паради. Автохомофобни се?
    Она со „ако не прифаќаш садомазохизам си хомофоб“ ми е паралела на она со педофилијата, кое често се вади како аргумент од хомофобната заедница, дека прифаќање на хомосексуалците ќе значело прифаќање на педофилијата, оти исто било се тоа.
    Немој да изедначуваш хомосексуалност со садомазохизам. Не помагаш никому.
    И да, садомазохизмот не е нормална појава никаде. Доволно е да знам што правеле оние по кои го добил називот за да ми се згади. Хомофобна сум?
    На сила се трудите да ја прикажете хомосексуалната заедницата како настрана, поинаква, а само ги искористувате за туркање на туѓи кампањи. Ти така ги гледаш хомосексуалците? Извитоперени, напалени, садо-мазохисти?
    Едноставно е, хомофобија не е umbrella поим. Се однесува на геј и лезбејската заедница и толку.
    Се плашат да не станат самите хомосексуалци.
    Еве ти логично објаснување @EvAngelos
     
    На crimson, candy.cane, martiiinna и 2 други им се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.658
    Допаѓања:
    167.872
    Пол:
    Женски
    Хомофобијата не е страв од хомосексуалците туку свесен или несвесен страв на индивидуата дека е хомосексуалец. Не мора да е, се плаши да не случајно е. Вака се вика ради ова, шо почна како теорија за хомофобија кај мажи. Како ваква е застапена кај мажи и се смета дека им удира на "машкоста". Некое време покасно се рециклира терминот и се користи за сите луѓе кои имаат негативни чувства кон хомосексуалноста. Така да не, не се плашите од хомоси, од друго се плашите. Чирс. :d:
     
    На martiiinna и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Па убаво е дефиниран.
    Сакаш да не убедиш дека немаш аверзија кон хомосексуалци?
    Никој нема да ти поверува :D
     
    На theowndemon и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  12. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Не го негира фактот дека такви лица се присутни на LGBT парадите. Дали е нормално или не, не станува збор за таква тема и да искажам мислење. А јас пред неколку страни напишав токму за ова. Не можам да го најдам и само себе си да се цитирам. Во смисла дека не треба овие лица да се гледаат само низ призма на искажување на сексуалност во јавност.
     
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.926
    Допаѓања:
    267.596
    На парада можам јас хетеросексуална да искочам и да барам право да се декларирам како машина за перење... мислам Џизс.

    Ич ги нејќам чадорскиве термини, ама нејсе.
     
    На crimson и candy.cane им се допаѓа ова.
  14. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Целта на постот не ми беше да навлагам во детали за секое прашање посебно, туку да се оформи јасна слика дали е некој хомофоб или не. И дали хомофобијата е насочена према хомосексуалци или опфаќа и останати лица.
     
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.926
    Допаѓања:
    267.596
    Значи НЕБИТНО Е ЗА ТЕМАВА.
    Дали би била во врска со некој што е ок со хомосексуалци, ама не е ок со бисексуалци?
    Де не драпајте кај што нема потреба аман.
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  16. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Очигледно не ме разбираш или не сакаш да ме разбереш за работите да одат во твоја полза. Имам мислење и истото сакам да го изнесам на оваа тема, како и ти. Ако ја разбра суштината на мојот пост, добро, ако не, нема потреба да дискутираме само на изваден дел од моето мислење.
     
  17. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.823
    Допаѓања:
    23.461
    Пол:
    Женски
    Хомофобијата Е амбрела поим, иако може да не биде. Што бидна сега бисексуалците не се доволно геј или?

    Се согласувам дека има стрејт луѓе што се специфично бифоби, па и хомофоб, ама хомофобијата е поим воопшто. Таа може да биде насочена кон индивидуи и истополови бракови за кои не можеш да знаеш дали се баш лезбејки или гејови. А во склоп на ЛГБТ заедницата постои лезбејки што се бифоби, и обратно и трансфоби.

    Гејткипинг хомофобија. :D
     
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Па не, туку бифобијата е структурно различна од хомофобијата.
    Да кажеш некому „не си би, сигурно си само збунет геј, геј кој не ја прифатил својата сексуалност“ или нешто слично е бифобија и е нешто што хомосексуалец нема да го доживее.
    Има и бифобични хомосексуалци, на пример.

    Сеедно.
    Не може хомофобија да се користи за туркање на садомазохизам, дали тоа озбилно? :D
    Гејткипин, мислам :D Дај, не можете за се што не ви одговара да врискате гејткипинг...
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    И во смисла „за да не те декларираат како хомофоб апсолутно мораш да прифатиш се што се гледа на паради“
    Тоа што жени претепаа на неколку паради лани, и тоа.
    Ајде да нормализираме насилтво кон жените, што да не :D Ако не прифаќаш насилтво кон жените - хомофоб си.
     
  20. dev08

    dev08 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2020
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    466
    Пол:
    Женски
    Не се пикаш во тие теми да какаш, ама затоа какаш тука. Браво. Како што знам секој своето мислење си го кажува. Ако нешто ти пречи слободно можеш да го прескокнеш мислењето. Ако се смета за хомофоб тоа што не ги оправдувам таквите бракови/врски, да хомофоб сум. Од кој и аспект да се разгледува оваа појава ќе се дојде до заклучок дека е абнормална (социолошки, религиски, научен, медицински аспект итн...). И не би ме бендисало воопшто да мои блиски бидат хомосексуалци, но далеку од тоа дека треба да бидат линчувани јавно. Не ми пречи да бидам со некој што е хомофоб (ако под хомофоб не спаѓа кога ќе ги види да ги вреѓа и плука, туку мислењето да си го држи само за себе)
     
    На Аргентина * и EvAngelos им се допаѓа ова.