Малце си грешка дека медицина има проблем со хомосексуалност. Исто и науката. Социолошки и религиски се работи на кои можеме и треба да работиме.
Медицина - природна Наука - природна Социологија - општествен конструкт религија - општествен конструкт. Според ова, хомосексуалноста е сосема прородна, ама хомофобија не е.
Оф мори мајко мила. Ти имаше напишано дека ако сте хомофоби народот мисли дека сте силувачи, насилници и сериски убијци. Јас ти одговарам дека не мисли така народот, џабе се пробувате да правдате за работи за кои никој не ги помислил. Проблемот е што никнувате во секоја лгбт тема ко кокичиња и плукате отров замаскиран као ау ама мене не ми смета. Ќе изнаредите секакви дијагнози, абнормалности, абоминации, мешате баби и жаби како социолошки, религиски, научни и медицински аспекти, ама ај да не ги линчуваме. Као демек јас не го поддржувам вашето постоење, вашата егзистенција, ама ај не мора еве да ве обесат јавно на плоштад. Јеј Треба ли хомосексуалец да се радува оти не го каменуваат јавно? Демек видете кој успех, кај не сме нормални ама не пуштаат да живееме, ајмо журка. Не знам дали воопшто резонирате дека тоа што ќе изнапишете дека некој е абоминација е тежок напад на нечиј живот. Не мора некој да го бесат за да осети како е цел живот да го рамнат со грешка од секаков можен аспект. Дури и поболно е цел живот да им објаснуваш на луѓе зошто и ти си најнормален човек како нив. Баш ме интересира како вие би реагирале некој да ве нарече абнормалност по некаков основ, ама ај не ми сметаш ехехехех постои си. Сигурно нема да дремете и да ќутите, еј да бе, јас не сум нормален, ама океј е не ме каменуваат па топ си е. Очите од главата ќе им ги извадите на тие што ќе ве наречат така. Ама ај, да не ве викаме хомофоби, да не ви падне круната оти како тоа кон вас нешто лошо да се каже иако вие сте нарекле цела популација грешка од секаков можен аспект, аспекти кои не ни знаете да ги разграничите кои се медицински непотврдени а кои се социјално наметнати.
Па ни Маркиз де Сад не бил нормален, ни Леполд фон Захер-Мазох не бил. Плус, темата не е садо-мазохизам.
Секоја појава е природна, да не била немало ни да биде дадена од природата. А ние како свесни сограѓани може да одлучиме дали нештото се коси со нашите морали и етички прашања. Едно е да е природно, друго е нештото да е нормално, етички или морално.
Оу љољ. Хомосексуалноста научно, медицински и социолошки е НОРМАЛНА. Не е нормално да ускратуваш права на некој затоа што природата го создала поинаков од тебе. Етички и морално лошо е да шиканираш цела група на човечки суштества затоа што не се вклопуваат во твојот ЛИЧЕН поим за етички и морално исправно. И тоа, не зборуваме тука за СЕКОЈА група, да се потсетиме, зборуваме за група која научно, медицински, биолошки и социолошки е нормална колку и секоја останата хетеросексуална личност. Нема тука исправно и неисправно, морално и неморално. Се раѓаш хетеро, се раѓаш хомо. Не е избор па сега, дали е ок изборот да судиме.
Знаеш дека истото го пишуваш, што и јас го мислам. Реков дека секоја појава е природна, буквално секоја, нагон кон нешто, страст кон нешто. Нашата свесност е таа која суди и одлучува истото дали е нормално или не. Каде прочита дека тврдам за хомосексуалноста дека е ненормална појава?
Па не разбирам ни што се обиде да тврдиш? Јас тврдам дека хомосексуалноста е ненормална или сакаше да ми објасниш нешто?
Дека и хомофобијата е природна појава, а не само хомосексуалноста. Генерализирав. Останува на нас како битија само да го осудиме таквото мислење врз база на нашата перцепција за совршен свет.
Дадена од Господ според религиозни луѓе, дадена од еволуција според Дарвин. Како сакаш толкувај. Дали е правилна или не е сосема друго нешто.
Хомофобијата не е природна појава. Хомофоб никој не се родил. Очекувањата за со кого и како треба да се секса некој се општествено креирани, што не значи дека се што е општествено креирано е неминовно лошо, има корисни работи што се општествено креирани, ама за да се бориш против хомофобија не ти треба промена во човекот како поединец, туку ти треба промена во општеството. Ако промениш мислење на еден хомофоб - пак не си направила ништо за промена на статусот на хомосексуалните лица, ако општеството изгради уште 5 хомофоби. Исто како што за да се бориш против силувањето не ти треба промена во поединци кои се силувачи, туку ти треба целокупна промена на општеството и погледот на тоа општество кон силувањето како чин. Ако општеството ги третира жените со „си го барала“, а силовачите со „машко е, му се ебе“, пак апсење и казнување на еден силувач нема да го реши проблемот. Исто како што очекувањата како треба да изгледа некој што се општествено креирани. Не е природно носењето штикли, шминкање, депилирање. Сето тоа се општествено контруирани „правила“ и норми за како треба да изгледа една жена.
Не се разбираме очигледно што е природно. Јас под природно разбирам целокупен карактер на една индивидуа, со сите маани и доблести, со инстинкти, страсти, фетиши, нагони. Значи природата те создала за да живееш со твоето ИД его. Понатака како ќе се оформуваш и градиш како индивидуа е според општествени норми, кои не се природни туку свесно формирани правила со цел да се одржи ред и мир. Јасна ли сум барем малку?
И како е според тоа размислување хомофобијата природна? Во принцип се што не ни се допаѓа е природно оти општеството само добри работи и ред и мир створило?
Затоа што можеби е нагон да ти се гади од некоја појава. Како што некој не сака да јаде боранија, некој спие цело време на левата страна на креветот. Нагон е природно, мислата е учена, стекната. Не секој сака да види двајца мажи како се бакнуваат, предизвикува морници и нагон на гадење. Но, нема да одам со глава во ѕид и да кажам дека истата не може да се стекне и да биде општествена појава, а не природна. Тука сме со размислувањето, но сепак сме далеку. Lets agree to disagree.
ОК, хомофобија и јадење боранија е исто. Разбравме. Хомофобијата не е нагон, нема ништо што би те нагонски натерало да почувствуваш опасност од хомосексуален пар. Нејадењето боранија од друга страна е еволутивно оправдано. Едноставно, организмот ти реагира така затоа што се плаши да не се отруе. И тоа е сосема нормално. Затоа многу деца не јадат нешто па со време се учат да сакаат некои работи, затоа што стануваат толерантно на „горчината“ која им вика дека таа храна може да е отровна. Спиењето на левата страна на креветот, или само во сопствениот кревет и никој друг... Како може тоа да е природно не знам. Ваљда човек пред да се роди знаел каков ќе му биде креветот