искрено..не никогаш. таква личност сум што и да не го сакам дечкото не би го изневерила, да не зборуваме па ако си го сакам ако ми затреба друг, прво расчистувам со едниот
Никогаш да имам во врската се што ми е потребно да сакам да ме сакаат почитуваат никогашшш!!Несакам ни мене да ме изневерат несакам ни јас може зачто знам какво е чувството да си понижен на тпј начин ако дознаеш се разбира!
Убаво викаш ама кој да те слуша? За веќе обработени теми, пак се отвора нова тема. Инаку НЕ, не би го изневерила дечко ми.
Иако не сум во врска сега, можам со сигурност да кажам дека никогаш нема да изневерам, поглупа работа за мене нема. Значи ако сакаш некој искрено, ако го цениш и почитуваш, прво и основно како особа, со која делиш барем нешто, нема потреба од варање.
НИКОГАШ! Зашто тогаш би била со него ако имам потреба од некој друг? По мизерно нешто од изневерувањето нема. Само слабите луѓе без морал и самопочит изневеруваат!!! :n:
Да во право си. едно време сакав да го изневерам дечкото, не знам зошто. ама баш во тој период многу се искаравме за ситница, тогаш дознав колку многу го сакам, и колку тој мене ме сака. Сега размислувам многу поинаку, никогаш нема да го изневерам. Многу си го сакам
Без навреда али баш се насмеав за темава... Како почнавте сите `ја нема, ја никогаш..` а кога реално ќе погледнете ке сфатите дека тоа е само превез за очи и дека денес скоро 60% од луѓето па дури и повеќе се изневеруваат. Немој да ме сфатите погрешно, може некои од вас стварно не изневериле никогаш, ниту пак ќе го направат тоа, али сепак сакам да кажам дека за жал има многу кучки во градов (извинете на изразот) Иначе што се однесува до мене, многу мразам изневера али да бидам најнајнајискрена постои само една личност со која можам да изневерам а тоа дечкото што го сакам. Можеби тоа е поради искрената, и досега најголема љубов што сум ја чувствувала кон некој, и поради тоа што ни сами не знаеме на што сме, денес заедно, утре не, али знам дека он е единствената личност која не би ја изневерила, и физички и психички, а знам дека и за него важи истото. Али затоа пак, со него би можела да изневерам било кој, али само со него, со никој друг. ( за жал. не дека сум светица али стварно неверствотот е лоша работа... се тешам што барем кај мене никој не дознал кога сум варала, едноставно тоа е меѓу мене и типов, не дека тоа може да смени мисленње на другите за мене туку затоа што знам дека сепак тоа е лошо, бедно и болно ) али едноставно не можам против тоа кога го сакам едноставно
Најискрено, НЕ! До сеа што сум била во врска никогаш не сум изневерила и мислам дека никогаш нема да можам да го направам тоа. Таков карактер сум, колку и да не ми оди со него попрво би прекинала па би отишла со друг отколку да го изневерам за време на врската.
da... denes spored mene nema vernost. Sekoj vara pa makar i toa da bide samo ednas.... Jas ne veruvam vo ljubov i vo vernost ... zatoa si ziveam za momentot bidejki momentot pretstavuva zivot ... ne treba so sekoj no ako imate doverba vo nekoj i vredi da se vara zosto da ne
не сакам да го изневерам дечко ми! Премногу го сакам и никогаш не би го сторила тоа!!! А се надевам нема ни тој мене!
И јас не сакам да изневерувам и сум сигурна 100 % дека имам самоконтрола и сл...и дека не сум способна тоа да го направам! Сепак имам едно мислење.....сметам дека во денешно време машкото не може да остане верно! Причина го давам примерот, кога околу него се врткаат тако звани гладни кучки.....кои сакаат на секаков начин да го привлечат и користат валкани методи....нормално машкото тогаш е најслаб и неможе да се контролира.....и ке ја запусти работата! Сметам дека денеска изневерувањето е на толку висока стапка, само поради Дел од женскиот пол, кој е расипан...пример земам девојки, кои и покрај тоа што знаат дека дечкото и девојката се пар, сепак сакаат да ја уништат врската, и да си ги задоволуваат своите хирови! Но не ги обвинувам само таквите женски особи.....машкото го обвинувам што е толку слабо, и не ја негува својата љубов, туку трча по такви расипани....и на крај кога се тоа ќе се дознае се лижи како мало кутренце...ќе вика ќе моли за опроштај! Таквите ми се најгадни, а што е најтрагично, таквата личност не се ни покајала што го направила тоа!.........
веројатно е веќе излишно да се отвараат вакви теми,кога и покрај тоа што форумот е анонимен пишуваат само тие то верохатно не изневериле.а тие што тоа го направиле или би го направиле никаде ги нема и темата станува еднолична...
Неверството го сметам како непочитување на партнерот, а јас премногу го сакам и почитувам, па не би го изневерила. Освен тоа ако сум задоволна од една врска нема потреба да изневерувам, а доколку не сум задоволна ке ја раскинам а не да си играм со двајца истовремено
Овој сега дечко што го имам , премногу го сакам и не би имала душа да го изневерам . Доколку имам друг што не сакам тогаш не знам ама за овој сигурно дека не би го изневерила . Баш вчера правевме муабет и викам ако некогаш посакаш да си без мене , варај ме за да ми биде полесно да те преболам , а не да ми раскинеш од причина не сакам да сум со тебе , па да си го тупам мозокот што би било да ако .. Забегав од темата , ама такво мислење имам .