хе, нема потреба да го правам тоа и не разбирам зошто го прават другите ако не сакаш да си повеќе со него едноставно кажи му го тоа а не да правиш будала и од него и од себе, како што не сакам никој да ми го направи тоа така и јас не сакам да го правам кога сакаш фер игра мора и ти да играш фер
Не не би го изневерила не правам ништо што не би сакала некој мене да ми го направи изневерувањето ми е најглупава работа и најголемо понижување за самоиот себе ако повеќе не го сакам и ми се допаѓа друг првин ќе му раскинам па потоа ќе бидам со тој што ми се допаѓа
Секогаш сум била против изневерувањето. Многу го сакам дечко ми така да никогаш не сум ни помислила на тоа. Знам дека никогаш нема да го изневерам, премногу го сакам, така да за 5 минути уживање не би си уништила преубава врска со него.
мислам дека не се имам изјаснето на темата но ќе кажам само НИКАКО не би го изневерила дечкото прво јас се ценам,и него го ценам и никогаш не би му го сторила тоа а и немам никаква потреба за тоа изневерувањето е најподлото и најниското нешто ако после све дечко ми ми го стори тоа мене нека му служи на чест
Кога би имала, НЕ - никогаш не сум помислила на тоа. Додека имав другарки кои што одеа со еден, а се мотаа со 2-3ца Мразам такви личности.
Не, не гледам никаква причина да го изневерам, се што ми треба го добивам од него дури и превише добивам отколку што треба, така да не би го изневерила никогаш и дај боже и тој мене никогаш да не ме изневери
Никогаш не би го изневерила. Ако сум со еден, со еден ќе си бидам. Како што би рекле на народните приказни, СО КРСТ на чело сум Како прво, не е убаво за мене, муабети, триста чуда. Потоа, не би се чувствувала убаво, јас лично. А замислете партнерот, посебно ако вистински ме сака? Дефинитивно не. Попрво би му кажала, ми се допаѓа еден, ваква е работата. Ни тој повреден, ни јас чувство на вина Нема потреба од такви чуда. Погрдо нешто од изневерување, нема. Знам едно девојче, одеше со еден, а се смува со неговиот најдобар другар...
ке речам никогаш не вели никогаш - но само кога се работи за дечко, но за сопруг ке речам никогаш затоа што тоа ми доаѓа исто како да сум се изневерила самата себе а тоа не сакам ни да помислам да ми се случи
Никогаш! Немам потреба од тоа,а кога би имала би му кажала во очи дека не сакам да сум со него повеќе и дека ќе барам друг.Пониско и поглупаво нешто од изневерувањето за мене нема! Луѓето кои изневеруваат ги окарактеризирувам како луѓе без самодоверба,лабилни.без свое `јас`,бесчувствителни и себични суштества кои немаат грижа дали повредуваат некого. Ги мразам таквите Егоисти!
Никогаш, навистина. Не сум го направила тоа ни во минатото кога сум била со личности што не ми значеле ништо, а не пак сега кога сум во врска со некој што искрено го сакам..
со тие 57 % кои го стиснале копчето "ДА" и мн јасно тоа дека сите женски не се исти а исто така тоа важи и за машките Некои машки кои искрено ја сакаат девојката тоа не би го напраиле во никој случај.ретки се овие случаеви но сепак ги има
До сега не сум го изневерила, понатака можеби, од кај знам што ќе ми брчне во мозокот, никогаш не се знае