Па темата е дали би го изневериле дечкото, значи ако имам дечко не го варам, ама сеа ако друг дечко има девојка, а јас сум слободна и ми е гајле за неговата девојка дали тука јас спаѓам у тие што го изневеруваат дечкото, или дечкото спаѓа во тие што ги изневеруваат своите девојки?
xaxaxa малку ме изнасмеа streli4ka и до некаде во право е. Сите се прават светици велејќи дека никогаш нема да го изневерат својот дечко а вистината е дека доколку им се појави некоја подобра можност без расмислување би изневериле својот сакан познавам многу такви девојќи и јас љично сум против тоа.
Строго сум против неверството,сега за сега со ова однесување,чувства емоции ... НЕ! Но, доколку неговото однесување спрема мене е недолично, доколку ме вреѓа, доколку не ми обрнува внимание, ДА, би го варала токму тогаш !
Во мојата предходна врска, на почеток се беше совршено. Но по 2 години нашата врска почна да се распаѓа. Неговиот однос почнуваше да станува ужасен, јас едноставно не можев да го поднесам повеќе. Но се лажев дека е само период и повторно се ќе е во ред. И тогаш почна една долгогодишна симпатија да ми се удвара и такви ствари... бев мноооогу против неверство, но кога го видов вистинското лице на мојот дечко... И да, го изневерив и воопшто не се каам, оти ми беше прекрасно И искрено, сметам дека неверството воопшто не е страшно... Затоа што доколу го сакаш некој, НИКОГАШ нема да го изневериш А во некои вакви ситуации, си го правиш животот поубав и што е најважно свакаж дека не е единствен и дека ТИ со совршена личност и не е секој за во твојот живот ))
До сега сум имала две врски и тоа долги и плус од други герадови, ама никад за време на тој период не паднав во искушение да изневерам . Не велам дека нема утре да изневерам ништо не се знае, ама сега за сега можам да речам дека не би иозневерила, зошто патем неверството многу остро го гледам од моја страна, а доколку се случи партнерот да ме изневери не планирам под никаков можен услов да се спуштам на негово ниво и да му вратам со иста мера . Едноставно Енд ...
во постов се пронајдов самата себеси исто како јас да сум го пишала ова. за да го изневерам треба тој вториот да ми се допаѓа мн за да се смувам со него а кога веќе би ми се допаѓал друг дечко нема зошто да бидам во врска со некој и да го правам будала. не сакам никого да повредувам и не сакам никој да ме повреди едноставно гледам да не правам работи кои не сакам мене да ми ги прават. ама ако ме изневери доволна казна ке му биде што дозволил такво нешто да направи
за мене бакнувањето не е страшна работа....е веќе сексот е страшно ....и не би имала секс со дуг додека имам дечко ....
Дечкото сум го изневерила и тоа онака, дебело... Арно ама, бидејќи бракот е свет и искрено го мислам тоа, се надевам дека нема да паднам пред искушенијата што ќе ми ги приреди животот... Никогаш не се знае, ама се молам да имам сила и да бидам верна во бракот...
Искрена сум, никогаш не би го направила тоа. Ако помислам да го изневерам, значи дека нешто не ни штима во врската. Ако почнам да размислувам за други, треба и да се замислам дали навистина тој е тоа што ми треба. Раскини му фино лепо, па после оди прави што сакаш и со кого сакаш.
Never say never. Кога сум со некого, не размислувам да го изневерам. Ако не ми е доволно тоа што го имам, ќе му раскинам и ќе си најдам некој друг. Пијанство, досада, монотонија, ако сакам можам 1001 причина да најдам - секогаш има една причина плус зашто да не изневериш.
После вакво прашање,не е ни чудо што некои девојки се третирани како кучки. А ние секогаш ама секогаш сме жртвените јагниња ...yeah,right.
море бре светици....многу многу дури темата стана досадна за во врска не знам...ама во брак нема да го изневерам сигурно зашто тогаш имаме нешто што не врзува а тоа се децата. А тоа што се дешава у врска па не би го нарекла изневерување или прељуба туку само истражување...зашто можеби баш оној со кој ќе легнеш у кревет (освен дечко ти или девојка ти)можеби е човекот со кој ќе го минеш животот...има такви случаи многу. А и има огромна разлика меѓу бакнеж и секс.Огромнаааааа воопшто не е исто
Не е неверство? Тој што е во врска со тебе ти верува и те сака. Може не сте во брак и немате деца, ама по некоја логика постои љубов, верност.. Како може да речеш дека е истражување? И да, светици сме. Нека истражува дечко ти додека сте во врска, сигурно е преубаво чувството.
до сега сум имала 4 дечковци со се сегашниот а 3цата бивши ме лажеле и јас дознавав и се чувствував Спојлер лајно (извинете на изразот) и затоа знам колку гадно е да изневериш некој.... затоа сегашниот дечко си го сакам најмногу на цел свет, одиме 3 и пол години и никогаш во животот нема да го изневерам а знам дека и тој мене нема да ме изневери затоа што и тој знае какво е чувството има и тој искусено..... побрзо ке се скарам или разведам доколку сум во брак ако веќе го нејкам и ќе кршам глава одколку да лажам некого.... ЕДНОСТАВНО МРАЗАМ ТАКВИ РАБОТИ и МРАЗАМ ЛИЧНОСТИ КОИ ИЗНЕВЕРУВААТ заради некој такви невини личности патат.....
од мене му е дозволено ако некогаш посака да легне некоја и он тоа го знае...не сум љубоморна и немам проблем со тоа,се додека тоа е само секс....како викаат тоа што го сакаш пушти го и дај му слобода ,ако е судено за тебе ке ти се врати ако не се врати воопшто не било твое е,ако веќе се заљуби во некоја друга,тоа е друга работа во една тема спомнав дека ние не се плашиме дека партнерот ќе има секс со друг/а туку дека ќе се заљуби во друг/а
прашањево е многу конфузно и нелогично.....не,не нмораш да имаш деца никогаш,ако не ги сакаш децата...но многу нормално е дека кога сум во брак,и ако ги сакам децата ќе ги имам фала богу.....кој не сака деца од човекот кој го сака и со кој планира да остаре?
ме интересира само како се чувствуваш кога ќе ти рече дечкоти истражував и имав секс со друга.... ако си тргнал да истражуваш на друго место значи не ти е доволно тоа што го имаш... па го бараш на друго место...не ми е јасно која е твојата цел.... да имате секс со кој ќе посакате ама битно е да се сакате... извини ама мене ова ми е малце смешно...