Очигледно имаш многу поразлично мислење од мене, а и од 99% од луѓево на планетава. Јас под врска и љубов разбирам двајца кои се сакаат, на кои им е убаво заедно, делат секакви работи и не им е потребен некој трет. Ако помислам на некој друг, ќе го оставам дечко ми, ќе раскинам со него и нормално ќе си продолжам понатаму. Ако останеш со дечкото со кој си сега, немој да мислиш дека ќе ти биде верен и во брак, без разлика дали имате деца или не.
богами и мене истото ме интересира. и како тоа немаш проблем да биде со друга? според мене тоа не е нормално. или не го сакаш. друго нема.
па досега не ми рекол...тој пред мене зборува за други девојки,ми кажува која му е симпатична,ми кажува која радо би ја легнал....јас не гледам ништо лошо во тоа.....сакам опуштена врска,а не љубоморни испади од типот ако ја погледнеш уште еднаш очи ќе ти извадам тој ме сака и јас го сакам него....се сакаме вистински со сите маани и недостатоци....убаво ми е кога него му е убаво...ама знаеш за некои луѓе е многу тешко да ја сфатат таквата слобода која меѓу себе ја имаат две личности кои се сакаат....колку и да ти опишувам нема да разбереш и нормално е тоа,ако не си била во таква врска доволно сме искусни и двајцата тој е доволно постар од мене и знам како се понашал со љубоморните испади на поранешните девојки...и знам како се понаша со мене.....и јас не можев да го сфатам ова кога имав 17 год ама сега го сфаќам перфектно и прекрасно ние .....многу поубаво од оние врски каде двајцата не дај боже да погледнат друг/а а камоли да имаат секс со некој/а...очи ќе си искорнат. Каша срцка нормално е сосема нормално....знаеш зошто:?зашто јас и тој правиме разлика меѓу љубовта и сексот....а тоа е многу важно да се прави таа разлика.....луѓето не ја прават таа разлика,ги мешаат љубовта и чистото физиолошко задоволство и затоа се осеќаат загушени со личноста со која се . затоа велам разбирам кога не ме сфаќате што сакам да кажам.....и јас не сум разбирала до пред5 год ама сега ми е совршено јасно
Порано имав поинакво размислување за врските, бев дете, не ја гледав вистинската смисла на љубовта. Имав еден дечко со кој идевме година и 3 месеци, ме сакаше премногу, толку што не ми даваше можност да го засакам и јас него. Се претвори во моја сенка, не ме оставаше на мира. Беше заслепен до некаде. Мене ми дојде преку глава, веќе тоа беше патетика, ме нервираат такви машки !! (Ако воопшто можат да се наречат машки ) Ако јас му речев види ја онаа каква плава коса има (а да имаше црна) ќе речеше да душичке плава има Хелооооооооооу .. Му прекинував многу пати, онаа љубов што требаше да се роди кај мене прерасна во иритирање. Му прекинував, паѓаше во депресии, ќе се убиваше, другарите негови ме молеа, од дома не искачаше, абе драми. А јас мала и наивна ајде му простував и повторно истото. Ми беше страв да не се повреди сепак помала бев, сеа да ми беше еден ќутек коа ќе му удрев па да има зашто да плаче ! Лигле... Да го доловиме потрагичниот момент живееше преку мојата улица, ма нема мрдање женска главо А јас па такво бунтовно, нема а? Под казни го ставав со недели не ме гледаше, шпиунски излегував од дома како крадец Кога си одев во куќата во другиот град си праев партал, си ги празнев батериите дури можам.. Сите знаеа за тоа, дури и он и пак не ми прекинуваше, аман бре што дете беше си викам. И сеа пазете, еднаш се случи да се испокараме ама ептен многу и му реков ајде пријатно ако сакаш и утепај се до тука беше нашето.. Тој ми се напна ми вика Анета те варав со ****** ја му викам само еднаш ? Вика да.. Викам добро е 10:1 пак водам ај поздрав И така, порано многу ги изневерував дечковците.. Сега се опаметив, не сум веќе дете. Почнувам врска ако навистина ми значи. Имам потреба од тоа. Да биде нешто сериозно. Еве има нешто на повидок, се надевам ќе испадне добро
Сонце, многу добро знам што е убава врска. Никогаш нема да постојат такви љубоморни испади кога се има доверба и разбирање. Никогаш не сум му забранила да ужива, да излегува... Не знам како не ти е криво да биде со други. Индиректно кажано, не си му доволна, па си шета на страна. И ако не е убаво да бидеш со некој што го сакаш, тогаш не знам што е убаво според тебе. Да се осеќам загушена со личноста со која сум?!!? Далеку од тоа. Ако ти така се чувствуваш, не го сакаш дечко ти.
никаде не реков дека не е убаво да бидеш со некој кој го сакаш боже мој,фала богу дека е прекрасно,никаде не спомнав дека дечко ми има секс со друга,само дека јас му го имам тоа дозволено.....но тој не го направил тоа досега....зошто?затоа што имаме прекрасен секс....а зошто имаме прекрасен секс?затоа што сме опуштени и двајцата и доволно се познаваме? а опуштени сме затоа што не се задушуваме со љубомора и казни и стравови дека тој ќе има секс со друга
во ред го разбирам сето ова ама знам само едно..... без разлика дали правите разлика меѓу лубов и секс ако тој не е задоволен од тебе тогаш ќе зборува оваа ќе ја легнам онаа ќе ја легнам а ако е задоволен од тоа што го има нема да зборува така.... ама гледам дека ти си мислиш дека ти оти си опуштена одите многу време.... и си знаела како се однесувал тој со др девојки кој ги имал и биле љубоморни а како со тебе поинаку.... според мене најде овца за стрижење и си прави како ќе му прдни на газот.... чисто мое мислење немој да мислиш дека те навредувам..... напротив... и да се надоврзам на твојот последен пост кога веќе ти нагласува дека оваа ќе ја легнел онаа... ти кажува се само ти нејќиш да сфатиш.... и ако имате одличен секс нема да изразува желби дека сакал некоја да легне... а нели вие правите разлика меѓу секс и љубов.... како тоа имате секс.... ако вистина се сакате тоа нема да го наречеш секс туку водење љубов..... извини ако грешам...
не не мислам дека ме навредуваш и го почитувам твоето мислење....е сега вака велиш ако не е задоволен од мене тогаш ќе зборува за други?не бе срцка сосема си грешка......машката психологија е таа.....колку и да му е добар сексот со тебе колку и да ужива во тебе и колку и да те сака,секогаш ама секогаш ќе гледа по други...и ќе се прашува како би било кога би ја легнал....така функционираат машките тоа и ме во душата ....јас искрено би се загрижила ако не гледа по женски и ако не приметува кога ќе помине некоја згодна девојка.... по згодни девојки јас се вртам а камоли пак тој.....не можеш ти да кажеш што сум му јас него....ако ме гледа како овца за стрижење нема да планира дом со мене.
и најдобро да не се повторувам моето мислење го кажав,нема потреба од препукувања и погрешни сфаќања.ви реков нормално е да не сфатите ако не сте во таква врска(нормално ова не значи дека јас имам секс со други...и тој има секс со други) само кажувам како гледам на работите
дај боже супер да ви е... само пази се има многу такви што земаат овци за стрижење за жени и цел живот ќе прават што сакаат... и кога ќе му се спротивставиш ќе ти ги удри клоците... сепак ова е само мое мислење.... твој живот твоја работа...
Е сега го сврте муабетов.. ок, ти си знаеш. Демек сега, нема да те изневери никогаш зашто си има слобода и не му е забрането да го прави тоа. Добро ај. Пак ќе речам, мене не ми е нормално ова. Зошто ај, зошто да има караници, љубомора и не знам уште што. Се знае дека еден на друг се верни и што е најбитно, ДОВОЛНИ СЕ ЕДЕН НА ДРУГ.
Нанааа со ова ненамерно или намерно велиш дека сум овца за стрижење,а тоа е веќе навреда....од каде тоа право не знам али нека ти стои...секој е господар на своето .....јас знам дека мене т.с нас ни е прекрасно за другите не знам а и не ме интересира.....
Секако дека не-ако сум во врска, во врска сум и нема тука ни трет, ни од моја ни од негова страна. Барем што се однесува до мене, нема. Со дечко ми сме заедно 3 и пол години.. Имаше еден период кога јас несвесно ќе направев беља. Се задружив со едно дете, наеднаш така станавме блиски. Тој ми се пушташе. Мене некако ми стана помило излегувањето со него, отколку дечко ми (добро, не бев сама со детето, друштво бевме-неколку машки и неколку женски и дечко ми знаеше дека излегувам со нив). И не сакав ни да си признаам дека ми е помило! Кога ќе ме гушнеше јас си "сфаќав" дека е другарски, од друга страна ми беше убаво, а од негова страна воопшто не било другарски. Тоа цел свет си вадел муабети, а јас си се смешкав и велев-Абе луѓе мене чиста ми е совеста! И навистина ми беше, бидејќи ништо не направив. А од друга страна пак, чувствував огромна грижа на совест што ете така, едноставно ми стана прекрасно во негово друштво. Можеби немав време да се запрашам до каде ќе стигнеме вака, бидејќи не размислував на начин на кој светот гледаше. Самото тоа што тој период ете, се зближив со него ми направи катаклизма во врската! Кога дозна дечко ми (до него стигна информацијата дека сум правела нешто со детево, па како тоа сите знаеле само тој не знаел) беше нормално, пререволтиран. Му објаснив се убаво, дека јас сето тоа го гледам другарски, дека ништо не направив, дека немам никаква грижа на совест (но сепак, имав..) Ми прости, ми веруваше, но морав еден добар период да го трпам неговото ладно однесување кон мене, за што целосно го оправдувам. Повреден беше. По некое време се се врати во нормала. И денес сме заедно, а тој дел од минатото нема никакво влијание на нашата врска. А за мене тоа беше една добра лекција и ум за друг пат.
затоа ти реков дека тоа е само мое мислење и дека тоа е твој живот и твоја работа... нема пореба да се навредуваш.... немав намера да те навредам..... така напишав затоа што знам повеќе такви случаи..... ама тоа нема врска....
wooooow! што ја нападнавте девојата, се светици на форумов, 80% не, а само 20% да Камо во реалноста да беше вака Не би ја изневерила личноста со која планирам да го поминам животот, а не личноста со која сум во врска одреден период. Сето тоа зависи од тоа колку некому му веруваш колку го сакаш и пред се колку го почитуваш. A сопругот е многу повеќе од постојан сексуален партер, тоа е личност со кој го делиш не само креветот туку целиот живот. Така да во тој случај не би, ма да никогаш не вели никогаш, незнаеш што иде А за врските, има разлика од врска до врска ... Моментално сега, во оваа врска не би
Стварно се светица се прај на овај форумот...и глупаво е да напагате секој се има право да постапува како сака.Епа што се однесва на моето мислење не би го изневерила дечкото,ако некој се однесва спрема мене преубо ме поштова и слично,треба да сум морон да го напрам тоа а ако не го сакам повеке едноставно ке му се скарам и тоа е енд.А ако тој ме изневери н во тој случај не би го изневерла и јас едноставно му се карам и крај нема потреба да пагам на негово ниско ниво и готово...
Не би го изневерила дечко ми бидејќи тој не го заслужува тоа,а нема ни причина зошто со него имам се што ми е потребно и сум среќна ете само толку имам да кажам
Не би го изневерила, иако има некои моменти кога го мислам спротивното. Не сакам да им го правам на другите она што не сакам да ми го прават мене.
нема потреба од изневерување.. кога ти се здосадило или ти се сака со друг,раскини му па после оди со други !