Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали би го изневериле партнерот?

Дискусија во 'Врски' започната од barby, 28 мај 2010.

?

Би го изневериле ли партнерот?

  1. Да

    220 глас(а)
    19,1%
  2. Не

    933 глас(а)
    80,9%
  1. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Не ,никогаш ! Ако сакам и ако имам потреба од друг ,попрво би раскинала со дечкото отколку да го изневерувам ...затоа што јас сум човек кој се води по мислата не прави им го тоа на луѓето што несакаш да ти го прават тебе !
     
  2. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Потполно се согласувам со тебе, и јас го велам истото :* :)
     
    На elcezelce му/ѝ се допаѓа ова.
  3. flowerdust

    flowerdust Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    19
    Не. Никогаш. Ако си заљубена во некој друг подобро е да раскинеш на дечкото или да се разведеш со сопругот и да отидеш со тој другиот отколку да го изневеруваш. Сигурно и вие не сакате да бидете изневерени, така да не го правете тоа што не сакате да ви го прават на вас. Замислете само како би се чувствувале тие, а и вие.
     
    На Gaabbii му/ѝ се допаѓа ова.
  4. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    227
    Не, никогаш.Што и да се случи не би направила такво нешто.
     
  5. CuteLittleGirl22

    CuteLittleGirl22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пред некои 4-5 години мислев дека не би можела да бидам верна :) на некој,НО .. „ се појави ти и знам не си кaко сите други .. “ :) :) Неколку месеци сум во врска и воопшто не ни помислувам да го изневерам дечко ми. Не вреди поради некое минливо задоволство,некој момент,да се направи тоа. Добро е и убаво е да го цениме,сакаме и негуваме она кое го имаме со саканата личност :angel:
     
  6. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Машките штом им се фати прилика да изневерат верувајте нема да пропуштат. Така да, ако дознаам дека ме изневерил истото ке му вратам и јас. НО, :!: само ако тој прв ме изневери! Инаку не.
     
  7. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Апсолутно не мора да значи ! Зависи од карактерот на машкото најмногу а и од самиот квалитет на врската .
     
  8. ELT-S

    ELT-S Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    12
    Не, никогаш! Многу ми е убава врска со дечко ми, многу ме сака, дури и премногу (повеќе од јас него! :$ ). Не би погледнал друга, а не па да ме изневери. Ова што го кажувам може ќе ви изгледа на наивно мислење, НО НЕ! Многупати ми го докажал ова! :) :inlove:
     
    На Black.Beauty му/ѝ се допаѓа ова.
  9. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    :!: Ко бев помлада и јас викав така ,,демек ако ме изневери и ЈАС ке му вратам во иста мера ,, Ама сега поинаку размислувам прво ДОВЕРБАТА мене ми е водилка за се во животот па и во бракот ете јас имам голема доверба и му имам речено ако ја изгубиш довербата тогаш џабе ти е прошка ,џабе св и за мене истото важи ! Јас не би го изневерила никогаш додека сум во брак а ако се случи да ме изневери и тогаш не би го изневерила ако останам во бракот и тоа не заради себе или заради него туку за да им покажам на децата дека треба да се прости ама да не се изневерува !
     
    На eli25 и Anabela09 им се допаѓа ова.
  10. Anabela09

    Anabela09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    16
    НИКОГАШ! Значи никогаш нема да изневерам... а ако ме изневери тој епа... тогаш ке видиме што ќе се случи... за простување треба ептеен да размислам значи ЕПТЕН НАПЕТО... а да вратам на неверство со неверство, се извинувам ама нема да испаднам иста сорта со него да му се сневиди... значи не враќам со неверство на неверство и НЕ ИЗНЕВЕРУВАМ! :fubar: :D
     
  11. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Не би го изневерила никогаш оти го сакам премногу а и без разлика на тоа не сум таква личност, не би можела да изневерувам
     
  12. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Не би изневерила-имено мое мото е "не прави на друг она што не сакаш да ти го прават тебе"!!!
    Без разлика на тоа не би изневерила и не сум изневерила,доколку не можам да бидам со некоја особа пре ке му кажам,ке се разделам па потоа ке бидам со друг-а да го лажам па да се кријам и да живеам во тонус-НЕ Е МОЈ СТИЛ
     
    На Black.Beauty му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AnichkaButterfly

    AnichkaButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    7
    Во никој случај не би го изневерила...Со него имам се што ми е потребно.
    Имам дечко кој секоја девојка сака да има! Немам потреба за да изневерам! :)
     
  14. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Никогаш не би му го направила тоа. Среќна сум покрај него, исполнета, имам се што ми е потребно...
    тој е една прекрасна личност
     
  15. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Ако сум среќна со него,зошто да го изневерувам? НЕ! Изневери прават оние на кои им фали нешто во врската и оние кои не знаат што е љубов и доверба.А и подобро е прекин на врска отколку изневерувања,лаги,па кавги и напаѓања...А да му вратам ако ме изневерил? НЕ! Тоа ми е под ниво. Нема да му се врзувам на неговиот ум. Тоа за мене означува дека тој човек е недостоен да е со мене.Ако има друга,да си остане со неа.
     
  16. Strav

    Strav Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Никогаш не би го изневерила бидејќи ми е преубаво и се чувствувам сигурна кога сум со него :)
     
  17. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Никогаш не би го изневерила дечко ми . Освем тој ако ме изневери мене ама незнам . :D
     
  18. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Еднаш досега сум изневерила и тоа на претходниот дечко кој го заслужуваше тоа и пак ми беше криво. Го изневерив со некој со кој стварно тогаш сакав да сум.
    Ама сега, на овој дечко, со кој сум во врска скоро 2 ипол години не сум го изневерила и мислам дека нема ни да го изневерам, зошто чувството да изневеруваш за мене е подеднакво грдо како чувството кога си изневерена.
     
  19. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    nekogas ne fajkaaaat krizi ama se vozdrzuvam oti go sakam a i mislam deka ne zaslusuva takvo nesto sepak da ne go pravime ona sto ne sakame i nas da ni go pravaaaat ;)
    [mod-kirilica:16dymxin][/mod-kirilica:16dymxin]
     
  20. Marina89

    Marina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    42
    Многу проста работа ми е изневерувањето,не е подобро да се раскине,и да се продолжи со некој друг или со повеќе други :D отколку да го изневеруваш некој?нема смила,моето мото е ако вејќе не го сакаш,не му готроши времето,можеби има некоја кој би го сакал и почитувал ;)