Никогаш не би направила нешто такво го сметам за многу ниска работа тоа не би сакала најпрвин јас да се понизам а потоа и дечкото\сопругот.
Не. И јас прво би му раскинала а потоа би пошла со друг од проста причина што не сакам тој другиот да си крева цена како тоа сум го изневерила дечкото со него.
Не. Дури и кога би ме изневерил не би вратила на тој начин. Во секој случај со неверството би се посрамила сама себе, а потоа и него. Тоа би било само дефинирање на мој слаб карактер.
Никогаш не би го изневерила а мислам дека и он мене , а доколку се деси тоа да ме изневери не би му вратила само би го оставила мислам дека тоа ќе му биде доволна казна.
Кратко и јасно - НЕ! Нема оправдување за неверство од било која причина и никогаш не би простила неверство. Ако не си среќен со некого зошто да ги комплицираш работите и дополнително да повредуваш нечии чувства? Особено чувства на човек, кој најверојатно доколку сте во врска е вљубен во тебе? Ако не сте среќни едноставно заминете си!
Не! Никако! Не би имало никаква причина ако љубовта помегу нас би била вистинска и ако сме доволни еден на друг. А доколку тоа не е така тогаш би му раскинала па потоа ке дозволам некој друг да влезе во мојот живот! Нејкам од никого да правам будала а ни мене да ме прават, не би го дозволила тоа! Една од најистакнатите карактеристики кај мене е верноста без разлика за каква врска се работи!
НЕ !!! се штоо сакам и се што ми треба го имам со мојот партнер ..не би го менувала за ништо..дури не ни погледнувам други машки..едноставно не ме интересираат.презадоволна сум со мојот избор. поздрав милички
си знае и он кажано му е хахаххах се додека сум зајлубена во него нека си спие мирно нема шанси да го изневерам затоа нека се труди стално да сум залјубена во него нека гледа да не утне
НЕ ... Безразлика кој е, а посебно ако е сегашниот партнер ... Доколку би се нашла во таква ситуација би му раскинала мизерно со една порака па би го изневерила ... нО СВЕСНА СУМ ДЕКА ТОА НЕМА НИКОГАШ ДА СЕ СЛУЧИ
hmmm...se dodeka partnerot ti dava dovolno vnimanie i ljubov i se dodeka ne te zapostavuva nemas nikakva potreba od drug ama ako pocne premnogu da zapostavuva ...moe mislenje deka ako ima predolgo zapostavuvanje od strana na partnerot deka zenata vo nekoj slab moment ke posegne po drug maz sepak sekoj saka vnimanie i ljubov
не, никогаш... не дека ги осудивам оние што изневеруваат секој си има свои причини.... но јас не би изневерила поради некои мои лични рпинципи, јас никогаш не би се помирила партнерот да го делам со друга, и токму поради тоа не го правам она што не сакам да ми го порават......
Не и не знам која причина треба да ја имам за да го направам тоа. Што и да се случи ако не го сакам ќе заврши се и толку. Во никој случај не го оправдувам тоа.Никој не сака да биде будала пред другите.
Никако тоа според мене е најдолното нешто што може да го направи една девојка. Зошто да го изневерувам па ако сакам да одам со некој друг фино лепо ќе му раскинам и ќе одам со кој сакам. Мислам нема смисла и не е фер спрема дечкото.
Ллелееее значи само јас сум безобразна кучка.Али дефинитивноп нешто ке да е до мене.Дечко ми го изневерувам веќе активно 2 години со еден ист тип иако го сакам и ми значи и неможам без него сега е на пат два месеци и буквално ги бројам деновите да се врати.Се имам обидено да му раскинам да не мислам на него со тој другиот се гледам али пак ми недостига дечко ми а ако не се гледам со другиов и тој ми недостига,а најстрашно од се мн се слични на изглед али со карактер ептен различни
Нечесно од твоја страна, јас верувам во карма што им правиш на луѓето тоа ти се враќа порано или подоцна. Немој после да плачеш кога тебе ќе те снајде.