Мене ми се врати но него ептен го гризеше совест и ми кажа а јас му простив бидејки знаев што ми правам јас и не гледам така на работите но сега се обидувам да се стабилизирам и да прекинам секаков контакт со другиов бидејки се е претерано и врскава ептен почна да ми станува сериозна од негова страна инаку идеме 4 години
Никогаш во животот не сум ни помислила на тоа,а со сигурност можам да кажам дека и никогаш нема да го изневерам мојот сопруг,ни додека не бев мажена не изневерував,а камоли пак сега ма нема шанси.Пред се помислувам како би ми било мене кога некој би ме изневерил тоа страшно ме ежи и ми ја крева косата во плафон и ни би простила неверство ни би изневерила.Животот е едно големо тркало све се врти и враќа,и за секоја грешка дупло се плаќа.
Би го изневерила.Дечко да,ама сопруг не,тоа е веќе нешто друго. Па дури изневерува тој можам и јас...
Сопругот не, зошто во црква ќе си дадеме збор дека ќе сме еден покрај друг се додека смртта не не раздели, а дечко да. Ако не оди работата и ако погрешно се однесува кон мене и прави работи што ги мразам и што ме иритираат. Може да го изневерам, па да му раскинам.
Јас не би го изневерила сегашнот дечко. А нити било кој друг. Прво би му раскинала, а потоа со друг. Мислам дека тоа е правилно. И никој да не биде повреден.
Дечко ми да, зашто да не. Не сум мажена со него, онака само сме. Ако сакам да му се скарам некако, ќе го изневерам. Ама ако ми прости за да не ми се скара, е тогаш, we have a problem. А сопругот не. Сум ветила со него до крај, уште да го изневерам. Незнам, сум се одлучила да бидам со него до крај, моја лична одлука, зашто да го изневерам.
Не, никогаш не сум била добра во такви работи, а и мразам турски и шпански серии од таков вид. Што знам не сум таков тип, плус се обидувам да не им го правам на луѓето тоа што не сакам да ми го прават. Со 2 збора изневерувањето за мене е ниско и бедно.
Никогаш!!! Зашто да си расипувам нешто што ми е убаво и што сме го граделе двајцата со години заради една непромислена забава или една ноќ помината со друг дечко тие работи не се за мене.
Ако навистина го сакам НИКАКО не би го направила тоа ама ако сум со него само заради тој што ме сака и ако нема доволно старсти емоции... зошто да не секој е желен по нешто возбудливо
Еве неколку недели и јас си го поставувам ова прашање, па ради тоа дури и направив профил на форумов. Кога бев помала, мислев дека кога ќе го најдам принцот на белиот коњ ќе се омажам со него и среќно ќе си живееме до крајот на животот... Е сега сум голема и го најдов принцот, еве веќе 8 години е крај мене, и тој е во вистинска смила на зборот принц, подобар , попаметен, покултурен... не можев ни да сонувам. Всушност кога ќе ја видите таа “осмица” од погоре, ќе сватите дека станува збор за здрела врска со двајца зрели личности . Односно не се работи за осум годишна врска туку се работи за 8 години живот .. Осум години бев безгрешна, тој ми беше прв сексуален партнер Но се може ли против природата... всушност се појави една личност што почна да ми го ремети спокојот. Деноноќно мислам како би бил секст со него, иако и тој како мене има веќе изграден живот со друга личност , едноставно патиштата ни се вкрстија и двајцата сакаме да направиме нешто забрането... почнавме да се слушаме и по телефон , готова сум да потклекнам и да се предадам но секогаш истат мисла "што ако се дознае што ако разбере мојот дечко...." не сакам да го изгубам бидеќи го сакам повеќе од мојот живот, не сакам да го повредам бидеќи тој ми е се, ... Се обидувам при пишувањето на овие некојлку реченици да најдам друга смила на ова што ми се случува, можеби напишано ќе ми изгледа посериозно , но залудно е се, ...затоа оставам на вас да ме искритикувате (значи од самиот старт знам дека ќе ме критикувате) ...
Се наоѓаш во иста ситуација како мене , јас имам само разменето неколку бакнежи, допири ова она без секс, а мислев дека никогаш нема ни да бакнам некој друг ама ете се најде тој да ми се испречи пред патот , едноставно лесно паднав на искушението еве и ден денес збориме се слушаме на телефон , ме привлекува а ни во никој случај несакам да го изгубам дечкото со кој идеме скоро 4 години, од една страна си викам зашто па да не од каде да знам може и он има друга ма да не ми се верува ама ајде колку да не ми биде само криво понатаму ако се случи нешто. Значи ако мислиш дека дечко ти може да дознае и ако мислиш дека понатаму ќе чуствуваш грижа на совест подобро не се впуштај во таква авантура, да не ти биде после касно да се каеш можеби што си го направила тоа ама терај си како знаеш како што ќе ти каже разумот или послушај го срцето така прави и нема што тука кој да те критикува не се сите "цвекиња", и никој нема што да те осудува на ова време ништо веќе неможе да те чуди едноставно сите паѓаме на искушенија а со тоа покажуваме колку слаби личности сме.
Изневерив еден пат, и затоа после неколку години се уште се кајам....ПРЕПОРАКА ДО СИТЕ НЕ ГО ИЗНЕВЕРУВАЈТЕ ОНОЈ КОЈ ГО САКАТЕ ЗА ОНОЈ КОЈ ВИ СЕ СВИЃА ми се случи еден пат и затоа и ден денеска се кајам, фала му на бога добив нова шанса да си ја поправам грешката но како и да е никогаш не требаше да ја направам таа грозна работа...А сега после некое време за мене неверството не нај лошото нешто...Знам дека сите велат никогаш не вели Никогаш но кај мене никогаш е никогаш !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Абе сите се сме светици... кој како нас ... Не, стварно не би го изневерила без разлика дали го сакам или не, мислам нормално ако го сакам нема зошто да го изневерам ама ако не го сакам прационално е да го решиме проблемот на разумен начин а не па јас нешто да си правам на страна и после оп ! јас кривата . Чиста сметка дуга љубав !
Ако сте изневериле повеќе од еднаш (без разлика дали сте изневериле еден или повеќе партнери), не ја гледам смислата во тоа да кажете дека се каете. Ај еднаш, па се покаав, не знаев што праам, ама после ми се услади, па после пак се покаав... И до кога така? Јас не сум изневерила, и никогаш не би. Ако има некој друг со кој би сакала да бидам, барем од култура ке му раскинам на дечкото, отколку да му правам нешто позади грб.
Не изневерувам. Сум сакала во некој миг да пољубам некој, но никогаш не сум се осмелила, несакам да си го повредам , ни изгубам. Вели „ не го губи оној кој го љубиш, за оној кој го посакуваш“
Погоре сум пишала дека би го направила тоа а сега го читам и се чудам сум со дечко во кој не сум заљубена но немам срце да го изневерам иако имам шанса -.-
како само лесно ни се менува мислењето... и јас исто на моменти мислам дека се е возможно во овој живот, но кога ќе ја треснам главата и кога ќе измерам што губам а што добивам, тогаш дури неможам ни да си поверувам на сопствените зборови....