За мене изневерувањето е многу низок чин! Не сум најдобра и нај нај, го имам направено тоа! но затоа толку многу сум се изгорила и толку многу сум се каела што дури се мразев самата себеси. и од тогаш па натаму никогаш не ја повторив истата грешка.. и да, не сакам да го правам тоа што не сакам да ми го прават на мене.. во моментот кога мислам дека не сакам да бидам со личноста со која сум ке седнам и ке направам муабет. можеби ке ми треба подолг период додека се одлучам, зависи од врската, но нема никогаш да изневерам..
Не се изневерува личност која се сака. А кога не се сака подобро е да се раскине врска одколку да се изневери. Јас никогаш не би изневерила, ако ми се допаѓа друг можам лесно да кажам ЧАО ПРИЈАТНО и после како секоја сингл девојка ќе се впустам во авантури. Изневеруваат само кукавици, па чекаат да бидат фатени и тогаш да се стави крај.
Кратко и јасно НЕ ! НИКОГАШ ! Зашто некој кој ти е се во животот,го сакаш,градите се заедно и ти за една вечер се тоа да го сјебеш и да го направиш будала ? Изневерувањето е премногу недостоинствен потег,дури би рекла дека е потег на кукавица,ако има човек проблем или недостиг во врската може да го реши поинаку и да остане човек со образ.
Искрено да ви кажам,како мм ме запоставува сек..ално,не му ни текнува,почнав да размислувам за такви работи,но од некакви морални причини неможам.Ако продолжи вака,а мене ми удрат хормоните,па и се создаде ситуација,незнам тогаш дали би подлегнала на искушението.Инаку да е се во ред не ни помислувам на такви работи.
НИКОГАШ!!! НИКОГАШ!!! НИКОГАШ!!! и сопруг кога ќе ми стане, знам дека никогаш нема да го направам тоа затоа што тој ми е се,мојата прва љубов и со него ги доживеав најубавите работи што можат да и се случат на една девојка и знам дека допрва ќе идат уште поубави моменти со него! толку Спојлер кога ја видов темава се зачудив ваква останав
Нешто не е во ред со статистиката. Верувајте ми на збор 20% наспрема 80% нема везе со реалноста. Тие што прават, за тоа и не се фалат. Ви признала некогаш другарка дека го вара мажот? Нема шанси. Абе жива ја фаќам другарка ми и во очи ме гледа и вика нема везе. Каење? Грижа на совест? Ни ронка. Знам типови што се фалат, но обично и тие (машките) што стварно прават, не зборат.
така е апсолутно се сложувам со тебе-а за мене не би го изневерила се додека е оваков каков што е така да немам причина!!
Ах ние женски колку сме наивни, добри воедно и глупави И јас не би сакала да дојде до таа ситуација,НО камо и мажите да размислуваа вака.. п.с не велам дека се сите машки исти, но поголем дел имаат изневерено а уште поголем дел од жените незнаат за тоа...
Да ljubam,кога ќе разговараме неколку дена ќе биде ок,па после пак исто.Неможам нон-стоп тоа да зборам,веќе многу пати сум му укажала на тоа.Ми ја уништува самодовербата како жена,се фрустрирам и сум многу многу тажна .
Чекај,ти тоа озбилно? Петнаесет години имаш. Зошто да не?! Па за почеток затоа што го сакаш дечко ти и не сакаш во никој случај да го повредиш. Зошто сте инаку во врска? Трофеј ти е? Ако не се развила емоции за него зошто сте во врска? Никогаш нема да ми биде јасна мојата генерација со ова! "Па се фанаме бееееее,убав ми е ногу ама не го сакам! " И ако веќе толку не сакаш да бидете во врска,кажи му во лице без маски а не да му се фрлиш на првиот дечко се со цел да го повредиш....
^ Каде ли го најде мислењево и на кои дроги сум била ? Немам поима зашто сум го пишала ова, али дефинитивно не размислувам вака. Имам дечко сега, и на крај памет нема да ми текне да го изневерам. Најлошо нешто, сега. Подобро ќе му се скарам, па со друг, него ли вака. Инаку, морам да признаам, многу ми е мило што досега не сум паднала во искушение и не сум го направила тоа. I wanna kill myself.
Во никој случај не би го изневерила дечко ми , а за сопругот кога ќе го имам не би ми ни паднало на памет па ако веќе сум се омажила за него зошто да го изневерувам.
Пред да бидеме во врска, имав за себе мислење како девојче со немирен дух и неспособно да се смири со еден (иако искуството не го говореше тоа), но откако сме заедно, не сум помислила дека имам потреба за друг. Порано му се смеев кога ми велеше - Што ќе ми е друга кога со тебе имам се` ?!, мислев е некој машки трик, но сфатив дека има вистина во тоа. Ниту еден не би можел да ми понуди поголема стабилност, да пронајдам поголема добрина и смиреност во него, ниеден нема повеќе да ме инспирира, ниту да ми биде толку добар пријател и партнер со кој можам да споделам се`. А најмалку, да ми предизвика чувства само со допир на дланките.
Кажав и во друга тема, што и да се случи јас не би изневерила. Едноставно не сум таков тип. Попрво би раскинала, па би барала друг. Еве, толку време сум во врска, што се не се случи, имавме и проблеми, караници, недоразбирања и тоа така поголемки, а јас не паднав во искушение да го изневерам. Сметам дека за тоа не сум способна, психички и физички. Некаде прочитав дека мажите изневеруваат заради секс, а жените од љубов. Па вие видете
Дефиниитвно не ! Попрво би му раскинала одколку да го изварам... јасна е ситуацијата ако веќе ми се свиѓа друг и сакам да се мувам со него значи дека не ми стало повеќе до тој што е до мене
Не би можела да заспијам од грижа на совест, барем така мислам, до сега не сум изневерила, немам ни намера. Немам причина, ниту потреба од друг за да го сторам тоа.
Не. Се додека имам чувства кон него ќе бидам само со него. Во оној момент кога ќе сфатам дека веќе нема чувства помеѓу нас и неможеме повеќе да бидеме заедно, тогаш секој по свој пат. Јас со друг тој со друга.