Не, никогаш не би го изневерила. Самиот збор изневерување е толку понижувачки. Мислам дека многу подобро е ако имаш желба да заминеш со друг, прво расчисти со овој....па после оди каде сакаш, со кого сакаш и прави што сакаш! Тоа е мојот став. Прво ставам крај на веќе постоечкото, ако душата ми посака некој друг.
Е сега би го изневерила со Марио Касас (актерот од Три метри над небото) или некој друг... Ама вака, кратко и јасно НЕ!!
Имаше моменти кога помислував на такво нешто ама никогаш не се осмелив. Тоа беше пред 2 години. Заедно сме 6 години и многу сум среќна. Не помислувам повеќе се надевам и нема. Не сакам да се урочам, пу пу ! Го сакам ептенски онака, внатрешно ме исполнува како никој.
Се водам според Не му го парви на некој она што не сакаш тебе да ти го парават! Никогаш не би го изневерила,зошто знам дека и тој не би го сторил тоа... Љубовта е света работа за двајцата љубејте се,сакај те се и ќе бидете сакани!
Никогаш ама баш никогаш.Имам се со него.Тој ми е и пријател и дечко и родител (бидејќи е постар од мене и се утепува делејќи совети ) + многу го сакам и не гледам причина зошто.
нема потреба од такво нешто за мене фамилијата е нешто за кое треба да ср трудиш да ги направиш срекни како тие што те прават среќен секој ден со нивното присуство
Многу понизен чин е изневерувањето. Со тоа ја намалувате вредноста на партнерот, а истовремено и својата вредност. Зошто би си дозволиле да ве поседуваат две личности? Ако врската/бракот е далеку од сјаен, едноставно ставете крај на тоа, па потоа одете со кого сакате. Читам погоре доста мислења од типот: Дечкото би го изневерила, ама сопругот не. Логика??? Која е разликата? Прстенот на рака, дадениот збор во црква или хартијата на која пишува дека сте венчани не ја менуваат љубовта и посветеноста кон партнерот. Што ако дечкото кој сте го изневериле еден ден ви стане сопруг? Тогаш ќе си играме пу-пу не важи и одеднаш душата и совеста ќе ви станат чисти? Глупости.
Порано сум можела,но среќа што не сум го направила тоа затоа што би се каела довека.А сега НИКОГААААШШШШ...Едноставно со него ги имам сите работи кој ме прават среќна и задоволна..Се надевам дека ќе остане така.
не би го изневерила ниту дечкото ниту сопругот. зошто би го направила тоа? поарно ќе раскинам или ќе се разведам за да бидам со некој друг отколку тоа да го направам. се согласувам и со другите феминки премногу е низок удар
Нема шанси ,кога сакам еден сум го одбрала и ке го сакам цел живот,нема ништо и никогаш да се смени и по 60 години за мене секогаш ке си биде ист
А зошто би изневерила некој кој сакам? Ако сум со некој, ако делам со него од најситни секојдневни работи, до најголеми тајни, среќи, стравови, сигурно го сакам, и зошто би го иневерувала токму него? Зошто би се понижувала во неговите и во очите на другите луѓе. За мене тоа е еден низок, прост, безчуствителен чин, кој може да го направе плитка личност без душа. Никогаш не би го изневерила тој што го сакам. И викам тој што го сакам, пошто за некој да ми биде дечко, или маж, морам, ама морам да го сакам. Ако не го сакам, фала богу, прво ќе расчистам меѓу нас, па дури тек после тоа би била со друг. И пред да направам нешто си се прашувам, дали би сакала личноста од другата страна мене да ми го направе истото.
Не, самата да ми текни да помислам да го изневерам-не, немам потреба. Ама во случај тој да ме изневери, и јас да дознаам за тоа ке го изневерам без размислување, за да осети истото што и јас. Да,да..
НИКОГАШ!! Како што не сакам јас да бидам изневерена, така никогаш и не би дозволила да изневерам некого!!
Не. Не сум склона кон уништување убави врски, за да ми помине меракот со некој си таму, што до утредента најверојатно и името би ми го заборавил. Па и да е еве во криза да речеме самата врска, не би се трудела да ја докопам со ваков чин. Според мене, ова го прават само лабилни луѓе и кукавици кои не сакаат да се борат. Јас бирам да задржам нешто, да поправам ако може, тешкото сигурно би го издржала и без да се укотвам во нечија друга прегратка дури сеуште не сум ставила крај. Така да, како што кажав и претходно, не.