Планирав да пишувам ама кажано е се со претходниот пост. Никогаш!!!!! Подобро е да се седне и да се разговара што не е во ред отколку така кукавички да се постапи.
Што ќе постигнам со тоа што ќе го изневерам? Ќе си го нахранам егото? Мене тоа ми изгледа како да барам многу машко внимание и не знам што сакам. А тој ќе се дига - еве со мене го извара дечко и, неодолив сум! И толку ќе биде, дечко ми сум го направилан будала, јас сум се изглупирала... Во минус сум, не сум добила ништо. Ако веќе не ми се допаѓа врската, не сум задоволна од неа, подобро да ја прекинам и да си бркам други што мислам дека ќе ми одговараат повеќе. Како би ми било на мене, да ме извери дечко ми, да седи до мене гушнат, а да си пишува слатки порачиња со друга. Тотално понижувачки!!!!
Aко веќе не оди попрво ќе ставам крај, отколку да изневерам.Не ги разбирам т.н.модерни бракови за кои неверството преставувало освежување, ова она ,триста оправдувања ,а всушност е блуд, неморал. Како живеат тие луге , кај им е совеста, своето јас. ?Не сфаќам.
никогаш ... не би можела. ако веке сакам нешто друго, прво би расчистила со дечкото па потоа би отишла кај некој друг.
Не, не Никогаш немам некого изневерено, а и не ни планирам, ништо не се добива од тоа освен што би изгубила личност која можеби има сериозен план со мене и ме сака навистина.
Не Ќе раскинам па ќе правам тоа што планирам да го направам. Додека сум со него,без разлика дали ми е дечко или сопруг,никогаш. Нема причина што би ме натерала. Он ако сака нека ме изневери,дури и кога би дознала не би му вратила.Едноставно,ќе раскинам,фино и културно,онака како што ми доликува.Тоа повеќе би го болело,одколку да направам скандал.Скандалот би бил очекуван. Но,со одбрани зборови кои така убаво би го испецкале,ќе направам за цел живот да ме памти
Не би изневерила никого. Таква личност сум по природа, најмногу мразам неверства, изневерувања, игри зад грб... Така да, ни дечкото не би го изневерила.
Не! Ако дојдам до ситуација дури и да помислам да го изневерам партнерот, тоа (за мене) значи дека јас не го сакам и дека не го ценам. Тогаш нема причина зашто да одам со него. Подобро да раскинам отколку да се срамам и себе и него. Во една врска најважно е да има љубов, меѓусебно почитување и доверба. Врската е меѓу двајца, а место за трет, четврти, итн НЕМА. Изговор и оправдување за изневерување НЕМА!
Имам изневерено ама кога бев во лабава врска и двајцата не бевме сериозни ич а сеа коа сум во сериозна врска е многу подруго и не ни помислувам на тоа.. еднаш ми се прикажа можност за да направам нешто, ама несакав оти знаев и бев свесна дека можам да го загубам тој шо го сакам и оној кој мене ме сакаа
Не би.Ако нешто и фали не девојката нека раскрсти со сегашниот,нека бара нешто повеќе. Се обложувам дека е одвратно чувство.
Не! Тој не заслужува такво нешто. Доколку човек има чувства кон некој друг тогаш треба сериозно да размисли што понатаму, но ова не е сигурно правилниот чекор!
Не би го изневерила, не би можела да му направам такво нешто е Сакам да ми биде совеста чиста и ништо да не ме мачи
Не. Али не ради тоа што -тој не заслужува такво нешто,туку лично ради мојот образ да е чист и мирно да спијам. А тој може и да заслужи па да не го сторам тоа.
Малце и тапа е прашањето , која би кажала тука да ќе го изневерам , знае дека после ќе и се наредат 5-6 поста со зашто така , кучка , бла бла.... Така да нема некоја поента прашањево .....