Дефинитивно не. Не сакам ни да изневерам ни да бидам изневерена. Ако не оди врската се кажува во очи а не зад грб неверства.
Доколку врската вие цврста и прелиена со љубов нема да сакаш да погледнеш друг. Но доколку ти шаркаат очите значи дека нешто не е во ред и треба да се стави крај на губење на времето. Изневерувањето не е никакво решение, само понижување не се игра со нечии чувства, зошто во таа игра си играш и со сопствените. Имам изневерено, но од тоа научив една добра лекција како шамар за будење и го сватив баш ова што го постирав.
Не! Поради причина што самате себе што се почитувам и поради тоа што не сакам мене да ме изневерат, зошто се познавам доколку ме изневерат буквално ке се срушам и ке бидам мн повредена.
Ne sakam neverstva iako mi se ima sluceno bivsiot go izneveriv i taka zavrsi nasata vrska ama si zasluzi na pocetokot na vrskata i se pustase na edna poznanicka strasno me povredi so toa inaku ne sum odmazdoljubiva ama taka se poklopija rabotite i spored mene kolku i da ti e ubavo vo nekoja vrska nikogas nemozes da znaes dali nema da go izneveris ili nema da te izneveri se se slucuva
прво многу ми е чуден самиот наслов на темата,дали би? од каде да знам уствари што може да ми дојде на памет у следните 20 години имам пријателка се омажи беше нај против тие работи,секогаш плукаше по жените кои го прават тоа и знаете на крај шо се случи? таа онаа која викаше никогаш не,го изневери сопругот. Затоа повеќе се водам според она што навистина се случува надвор од форумите
Сум изневерила, да. Ама никогаш повеќе нема без разлика дали заслужил или не... не за друго туку да ми остане чиста совеста, тоа е сепак најважно
Го имам изневерено и никогаш не дозна за тoa Нема никогаш ни да му кажам (Може секој да ме осудува за ова што го пишав но јас си знам најдобро)
Неверството се случува за миг, и никој или многу малку особи можат да кажат со сигурност дека не би изневериле. Обично најлесно им е на оние помалку убавите на кои никој и не им нуди ништо па по некоја логика и да сакаат и да не сакаат ќе бидат верни. Но за млада атрактивна, успешна жена многу е тешко да каже дека со сигурност не би изневерила затоа што пред нејзе се огромни предизвици на кои не е лесно да се одолее. Да се вратам на прашањето, дали јас би изневерила? Да, но за да изневерам ќе треба тој со кој ќе го изневерам мојот партнер да ми понуди добра причина. Во суштина јас и кога бирам партнер го бирам најдоброто а не првиот што ќе ми пријде па така потоа треба да се појави нешто баш она екстра за да јас помислам на неверство.
Иако сум слободна сепак ќе кажам НЕ. НЕ прифаќам изговори од типот бев пијана, се случи наеднаш, несакав или вака така тоа никако. Ако ја сакате една личност доволно ма не знам шо да се случи не би ја изневериле. Ако сакате некој друг едноставно раскинете со првиот па бидете со кого сакате. Ако сте го изневериле првиот и по одредено време тој дознае нема ли вториот да има сомнеж во вас? Чим еднаш сте изневериле сигурно ќе го сторите тоа пак.
Велат Никогаш не вели никогаш, ама јас велам никогаш не сум го направила ниту ке го направам... Попрво би му раскинала,па би била со друг,отколку да праам будала од него. Не практикувам да правам работи шо не сакам да ми ги прават...
Не, никогаш не би го изневерила, во никој случај, па дури и да можам и тој да не дознае, НИКОГАШ, од причина што премногу го сакам. Не можам тоа да му го направам ниту нему, ниту себе. Погоре една феминка спомна финансиска состојба и изглед. Но, тие се пролазна работа. Важно е само она што човекот од внатре го има, бидејќи само тоа засекогаш останува во нас. И најубави машки со многу пари да се појават, не можат да ме купат. Едноставно, не можам да бидам во прегратка на некој што не го сакам. Кога некој ќе ви побара авантура, тоа не треба да ве гордее, туку да биде навреда. Најлоша и најподмолна работа е кога работиш на некого зад грб. Штом со вас е човекот што го сакате, тогаш не ви ни треба некој друг.