Нема да дозволам да се случи такво нешто. Ако не го сакам фино лепо ќе му раскинам и толку. Нема да се правам "паметна" и да го повредувам човекот и да го терам сам да сфати дека не го сакам.
Каква е таа врска ако ПЛАНИРАШ да го изневериш партнерот?! Или очекуваш дека е можно, дека кога тогаш при првата шанса и оооп, в тавче... Па зошто ти е партнер, човече... Свашта...
Не, заради тоа што би чувствувала грижа на совест која би ме убивала и плус зошто да повредам личност која ја сакам и не ме повредила мене? Ама пак ако тој ме изневерил, јас или би го изневерила САМО тогаш или би му раскинала така да...
Неее ! Никогаш не би направила такво нешто ама баш никогашш...Бидејки и мене да ми го направат тоа ке бидам многу повредена ... Тој е мој единствен !
Никогаш. Едноставно не го можам тоа,не сум така воспитана. Прво ќе се изневерам себеси,не ни сакам да помислам што би ми се случувало во главата. Експлозија најверојатно
ДА! И нема воопшто да имам грижа на совест. Не дека сакам, ама досегашното искуство со машките ме натера на тоа. И не би го изневерила со било кој. Само доколку навистина сакам да бидам со друг. Инаку не.
Сите вие што сте категорични во негативните одговори, би го кажале истово и за вашите партнери (дека го имаат истиот одговор по ова прашање) ??
Ако веќе сум почнала врска со него,не знам што е целта да изневерувам,ама и никој не може да биде сигурен , така да......останува на времето да покаже
Па ако продолжи Бред Пит волку да напиња, планирам да го изневерам дечко ми со него. Значи мора да го испоштовам еднаш за да се откачи. Неподнослив е веќе. Мислам дека само така ќе си ја спасам врскава. Сега со свадбава некако многу е напнат, излеа Енџи нешто го оптеретила и осеќам дека кај и да е ќе почне да ми прави проблеми со дечко ми, а јас не сакам да си имаме проблеми. Нека му еднаш, да се порадува па после секој на стариот пат.
Не сум изневерувала дечковци, а камоли сопругот! Ако дојдам до тој степен, да се фатам себеси дека имам намера да го изневерам, чувствата кон него изчезнале, би барала развод, чао пријатно и отпосле би си ја остварила намерата!
Па ваљда не мислиш дека може да се сакаат двајца истовремено??? Или овој вториот не е за сакање, тој е така.. за една вечер! Ма дај бре човече...
Јас моето злато никогаш не би го изневерила Не сум го изневерила додека ми беше дечко А камоли сега кога ми е сопруг