Сите се овде чесни и верни, па со кого тогаш изневеруваат мажите? Или можеби неверните жени немаат време да читаат Фемина. Како што реков во една друга тема сум изневерила и сеуште активно тоа го правам, несметам дека е тоа нешто страшно, секако ако се прави тоа дискретно и без да дознае партнерот, инаку ако одиме во крајност и мастурбацијата е неверство, и глумењето оргазам за да не го повредиш е неверство, и кога мечтаеш за друг додека имаш однос е неверство...... Не само физичкото неверство е неверство, постојат уште десетици работи кои се неверство.
Не се согласувам со твојот став и мислење. Зошто си се омажила ,зошто си се согласила на таков живот далеку од твојот маж кога знаеш дека не би можела да издржиш.Разбирам дека немањето овде работа е тешко и мора да се бара спас во друга земја но доколку тоа неможе да се издржи и поднесе не би го ризикувала љубовниот живот. Сопругот или дечко ми да го оставам овде сам а јас да заминам далеку и да се гледаме еднаш во годината.(оваа го прочитав во друга тема дека еднаш годишно се гледате и дека неможеш да издржеш без секс па затоа и го изневеруваш) Не ли ти е измачување таквиот живот ? Да имаш двајца мажи а со никого да не е тоа тоа.Пријателот со кого го изневеруваш маж ти не е во можност секогаш да е до тебе ,исто и сопругот не е до тебе кога најмногу ти треба. Немаш ли грижа на совеста ? За тебе таковот изневерување што дискретно и скришно као демек не е ништо лошо,никој ни видел ни слушнал ? А ако дознае маж ти за таквиот твој љубовен живот и за твоето активно изневерување ? Ах на таквите луѓе како тебе имам толку многу прашања да им поставам и од сите добиени одговори нема да ми е јасно зошто го правите тоа. Можеби не сум почуствувала на своја кожа такво нешто не во никој случај не оправдувам изневерување.
Пепелашка многу ироничен ник имаш. ти слободно варај си а ние што СЕ ПРАИМЕ чесни ке си седиме мирни наа гзот. и следен пат пред да го кажеш тоа иронично помисли дека некој може не иронично туку ИСКРЕНО да ти каже ШТО СИ ТИ.
Pepelaska е шизик на ризик Жал ми е за сопругот нејзин,што рмба во туѓина за парче леб,за да и обезбеди на неа и децата се што им треба,а она без грам совест,си го праи меракот со друг типац.Кај ќе ти оди душата грешна жено,само стај се на неговото место на еден ден и тој наместо тебе,да ти го правеше ова со друга жена. И ова твоево не е брак,еднаш годишно да се гледате само со сопругот,поарно раскрсти со него,па после како слободна жена прави што сакаш,ама не со женети мажи. Или поарно ти е вака,он да праќа пари,а ти тука да уживаш со други мажи,без грам совест во мозокот
ау шо те глеам чудна! па кој ке ја издржава после бе!? само надам се си има и тој таму некоја 823094370970 пути бољи од неа па затоа не се враќа хахха
Хаха, типично патетично оправдување на оние коишто изневеруваат. Од сите коишто знам дека изневериле, сум ја слушнала теоријата. Не е толку едноставно и спонтано неверството колку што може да биде обичната мисла/мечта. Се знае што е изневерување. Не ќе измислуваме нови дефиниции за да се оправдаат оние коишто си се по швалерајот. И не значи дека сме светици ако не си дозволуваме таква нискост. Некои си држат до сопственото достоинство.
Се плашам од варање,тоа никогаш не би му го направила. Сум имала можност,но не сум можела! Како би го погледнала во очи после? Имам две другарки кој при секоја можност си ги вараат дечковците и им се чудам како успеваат да изглумат рамнодушност кога се со дечковците. Па јас да искочам така,цело време би си мислела дека дечко ми е позади мене.
Не никогаш ако не го сакам ке разговарам со него ама дека ке го залажувам дека го сакам а всушност се гледам со друг е тоа не никогаш
Никогаш. Моето злато, мојата единствена љубов, мојот прв и последен, мојата сегашност и иднина и најпрекрасниот човек на светот, моето се? Попрво би скокнала од највисокиот кат на Џевахир Скај Сити.
Не. Никогаш. Ако сакам да сум со некој друг ќе му раскинам, а за една вечер не би уништила нешто што градам со години. Си замислувам како би ми било тој да ми го стори тоа на мене... поради почит, љубов, доверба, пријателство и се што имаме заедно не би му направила такво нешто.
Не не би се осмелила. Несакам на мене некој тоа да ми го направи а водејќи се од тоа ни јас неможам истото да го направам. Според мене тоа е само еден вид на омаловажување како прво спрема себе а потоа кон партнерот. Не вреди да трошиш време со некој доколку немаш намера да бидеш верен
Не. ако дојде до тој степен да го изневерам значи од нашата врска е толку,нема љубов нема ни грам надеж за понатака.ако отидам со друг значи тој повеке ми значи од дечко ми.мада искрено пре би му раскинала па би отишла со некој друг затоа што неам храброст за такво нешто а и никој не заслужува такво нешто
Никогаш не вели никогаш ... и најцврсти карактери се ударале у гради и викале јас тоа никад ама ете се дешавало. У овој момент не, ама за натаму никој не гарантира