Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали би го изневериле партнерот?

Дискусија во 'Врски' започната од barby, 28 мај 2010.

?

Би го изневериле ли партнерот?

  1. Да

    220 глас(а)
    19,1%
  2. Не

    933 глас(а)
    80,9%
  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.726
    Допаѓања:
    322.821
    Значи да не се лажеме, после 20-30 години брак нема жив човек кому не му е потребно па и НАЈМАЛ ФЛЕРТ (ај еве да не испадне дека сите тежнеат кон неморал)...
    И дискретно-недискретно НЕМА ...неверство е неверство.
    И дискретно да е, ако ти тежи на душа (ако си искрен и ако си го сакаш партнерот) тогаш ке го носиш како товар.
    Не значи дека ако изневериш не си ја сакаш жената/мажот...ама неверството од секогаш било повод за разделба.
     
    На okcenzi, Strumka22 и Petar80 им се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.513
    Допаѓања:
    201.538
    Пол:
    Женски
    Референтче, во право си, и тоа како си во право. Ама јас си знам што карактер сум - го почитувам човекот со кого сум во врска/брак. Никогаш не би го изневерила додека сме заедно, ама ете, ако сретнам таков човек со кого ќе посакам да го изневерам, тогаш ќе се запрашам што не е во ред со нашата врска/брак. И би разговарала, па ако треба и да ставам крај. Факт е дека на сите ни се потребни промени, особено кога си подолго време со некого, ама едноставно не е во ред да се изневери партнерот, барем јас не можам бидејќи го почитувам како личност и човек пред сè, и знам како јас би се чувствувала да било обратно (сум поминала низ неверство, тешко ми падна, ептен). Подобро ќе раскинам и ќе си го истерам ќефот, отколку да го изневерам и да кријам. Башка што јас не можам да кријам, совеста ме јаде и сè ми се чита на лицето, ко букварче сум.
     
    На Mishela, Umbrella22, butterfly4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.726
    Допаѓања:
    322.821
    @Annath не само ти, и јас сум таков карактер како тебе.
    Но верувај ми на збор - понекогаш незнаеш кога нештото ке те ,,стаса,,....нема да си свесен а веќе ќе бидеш во вител од кој нема излез.
    Не сум јас полна со морал и несакам никого да обвинам, секој си има приќина за нешто, но еве се чувствувам компетентна да дискутирам на оваа тема.
     
    На Boni top, Strumka22, Petar80 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Точно, но доколку не дознае парнерот барем него нема да го повредуваш со тоа што го изневеруваш. Што се однесува до тоа дека ќе го носиш неверството на душа како товар, делумно се согласувам, тоа важи за оние што имаат совест. Ако еднаш некој изневери може да се каже дека ќе има грижа на совест, но доколку тоа го прави постојано за каква совест зборуваме? Да се разбереме и јас сум далеку од светица но никогаш не сум се правдала за моите постапки бидејки некои работи свесно сум ѓи правела а доколку сум имала совест таа ќе ме спречела да не ѓи правам тие неубави работи, кои во моментот се убави но последиците можат да бидат далекусежни.
     
    На Arthur, Boni top, BoyL и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Не обвинувам никого што изневерувал, ваљда имал добра причина за тоа. Јас едноставно не можам тоа да го направам, бидејќи ќе се осеќам лошо и одвратно. Токму поради тоа што го сакам премногу мојот дечко. Да ми е некој за несериозно или за глупирање, тоа не би било ни неверство, бидејќи од одма ќе му кажам што и како стојат работите.
    Фала ви @mims-89 и @Annath
     
    На Boni top, referentka, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.303
    Допаѓања:
    22.593
    Пол:
    Женски
    Ај да отвориме една тема Дали би ја изневериле девојката/сопругата - молим
    Баш да видам како би се изјасниле мажите..
    Еднаш еден пријател вика “ако не најдам вечер ништо гајле ми е, жената дома секако ќе ми даде“. Леле очај, сепак мислам жените се помалку склони на изневерување. Јас лично ни дечко немам изневерено до сега, мажот па ич не планирам, ама како што вика референтка поарно да не се опињаме многу, не знае кој на што ќе налета и што се не очекува во животот.
     
    На drasko, Arthur, Boni top и 3 други им се допаѓа ова.
  7. veren

    veren Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    1.270
    Зависи од карактерот дали изневерува, не е битно дали е машко или девојка тој што сака да изневери ке изневери
     
    На Petar80, Boni top и joy1 им се допаѓа ова.
  8. Kala.

    Kala. Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2015
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Женски
    Не, под никакви околности! Подобро раскини му, бидејќи кога тогаш ќе се дознае, така и двајцата излегуваат повредени. Ако го сакаш вистински, никогаш нема да се осмелиш да направиш такво нешто. Изневерувањата често се случуваат во врски без љубов, барем јас така мислам.Што знам, можеби јас сум таков карактер и никогаш не би изневерила, ниту пак би простила неверство.
     
    На Boni top му/ѝ се допаѓа ова.
  9. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.503
    Пол:
    Женски
    никогаш нема да ги осудувам тие што вараат , имав една другарка беше во брак имаше и керка , мн мала се мажи , и после 8 год во брак она си најде љубовник и го превари нејзиниот маж , и нормално се разведија , и кога ја прашав зошто го стори тоа она ми рече дека од нејзиниот маж не добивала воопшто љубов , немале ни редовен секс , мн се одалечиле и мн се карале , кога била со љубовникот се чуствувала жива , сакана , исполнета ,среќна и не можела да живее во иронија и безчуствителност , и потполно се согласувам со неа , мажите ги запоставуваат своите жени и забораваат пак да ги освојуваат и да им даваат љубов и никој не е должен да ги трпи :)
     
    На Petar80 и Boni top им се допаѓа ова.
  10. Lavina :)

    Lavina :) Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2015
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    215
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не постои помизерно нешто од неверство. Кога се игра ваква игра најчесто главниот играч бидува изигран.Останува меѓу два огна да се смрзнува.
    Лично не би паднала на такво ниво. Доколку се има неисполнетост и недостиг од нешто во врска мислам дека комуникацијата е најдобро решение.Ако и тоа не успее мислам дека среќата треба да се бара на друго место но, ОТКАКО две еднинки ќе си ги расчистат сметките и ќе завршат еден со друг.
     
    На Arthur и Boni top им се допаѓа ова.
  11. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Абе ако некој го сакаш со цела своја душа, ако го сакаш искрено и вистински, никој и ништо не може да те натера да го изневериш партнерот. И да сакаш да го направиш тоа, срцето нема да ти дозволи.
     
    На m.i.g, Boni top, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Boni top

    Boni top Активен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2015
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Не ја чувствувам потребата да изварам.А кога веќе сум се одлучила да бидам во врска нема потреба од пролазни работи,тоа за мене е многу глупаво.А за во иднина никој неможе да гарантира никој незнае како и со која мисла ќе отвориме очи утре.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. peperutka.95

    peperutka.95 Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    nikogash ne veli nikogashhh.. sepak vo dolgogodishna vrska na sekogo mu se zdosaduva , nemajki hrabrost da raskinime.. izneveruvame, no sepak ne se otkazuvame od vrskata.. kako i da e sekoj ke go iskusi toa barem ednash vo zivotot..
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Boni top

    Boni top Активен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2015
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Јас сепак мислам дека таа превара повише ја има кај врските што се секој ден заедно....тоа го имам забележано кај голем број на мои другарки и другари.
     
    На Arthur, veren и peperutka.95 им се допаѓа ова.
  15. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Машки
    Кога бев мал, ми се случија неколку трагедии, и од тогаш не сум имал верна врска. Немам желба за варање или слично, чисто имам страв дека ќе се деси нешто лошо во врската и гледам да бидам првиот што ќе го отвори проблемот. Звучи жално... Се надевам додека да дојде време за нешто по озбилно или брак ќе се средам...
     
    На Водолија, eloves и Boni top им се допаѓа ова.
  16. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Не би го изневерила. Едноставно ако почнам да сакам друг, или тогашниот партнер повеќе не ме привлекува тогаш ќе прекинам со него. Зошто да се вовлекувам во проблеми кога може на плесен начин да се реши.
     
    На Boni top му/ѝ се допаѓа ова.
  17. photograph

    photograph Активен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2015
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Не, никако. Нема причина да бидам во врска со таа личност, ако не чуствувам ништо спрема неа. Мора да се биде искрен, пред се. Самите ние знаеме кој и што е добро за нас, нели? :D
     
  18. Водолија

    Водолија Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2015
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    106
    Пол:
    Женски
    Ако сум била изневерена ако е ладен ако односите не ни се добри подолго време и се гледе крајот на врската ДА би го изневерила и тоа како .
     
  19. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Хахахахах уште прашуваш...прва добра тајна прилика....промената е како зачин во бракот се додека знаеш колку е мерата, ни повеќе ни помалку:f::D
     
    На peperutka.95 и Petar80 им се допаѓа ова.
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.619
    Допаѓања:
    79.338
    Пол:
    Женски
    Кога машките тоа го прават, зошто не и ние? Дека се правиме светици затоа си го "јадиме" на крај.
     
    На baba Rada и Petar80 им се допаѓа ова.