Би одел со друга..не ради љубов одмазди неверста или што ти знам што..само ради секс..и потреба од нешто ново..
Крис Рок на темава гаѓа во центар. Да не бркаме други... ајде некако ќе смогнеме сили. Ама кога таа ти се дава... Што тогаш? Тоа е тешкиот дел.
Гласав за НЕ бидејќи сум личност чиј карактер тоа го смета за негативна постапка. Ако дечкото во овој случај би ме изневерил мене тогаш подобро да напуштам отколку да бидам иста како него,
Па со оглед на тоа што мажот и жената после неколку години во брак се чуствуваат како брат и сестра , јас би го изневерила но би му кажала , и ке му речам фати си и ти девојка и ке водиме модерен брак
Реално не дека не ми се завртело во глава да изневерам,плус и сум била во ситуација ако на пријател сум претерала во блискост/дружба дека сум можела да завршам заедно со него сепак досега не сум изневерила. Се надевам никогаш нема нит да изневерам. Тоа е најголемото изигрување воедно и повредување кое можам да му го нанесам на партнерот. Дури и да не функционираме ние заедно порадо би се разделила па потоа нешто ново.
Никогаш,не сум ни помислувала на тоа. Доволно го сакам за да не го сторам тоа. Ако сакам да одам со друг ќе раскинам прво,нема заради мене да му се исмејуваат другите и да си шета со "рогови" наоколу. Имам пишано мислам,сум се нашла во ситуација да после 2год врска дознаам дека сум изневерувана будала со месеци,и тоа не со една..Па не го изневерив од "инат",туку прекинав секундарно контакти со него, ни име сум му спомнала нит па сум му цмиздрела Најголема одмазда ми е тоа,што се однесувам спрема него ко со дух.
Би изневерила во случај некој многу да ми се допадне а врската да ми е пред распад па во тој кој би изневерила да гледам нов потенцијален дечко. Ми се има случено тоа, имав дечко со кој бев пред раскинување, излегов со друг 2-3 пати, се мувавме и потоа раскинав со тој кој бев во врска и се фатив со новиот. Искрено јас ќе раскинев и пред да почнам со новиот но ретко се гледавме со тој кој го имав, еднаш неделно најмногу па затоа така испадна, прво да започнам нешто со овој. Неможев да го начекам тогашниот за да му соопштам Инаку не би изневерила од забава а потоа пак да си останам со тој што сум.